Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.

           Без разлика колку е успешна, сакана и влијателна нејзината работа, кога жената автор ќе умре во девет од десет случаи е исфрлена од листите, антологиите, курсевите, додека мажите остануваат… Повеќето литературни дела на жените – како и повеќето дела на жените во која било друга област – од страна на маскулинистичките критичари од обата пола се нарекувани неважни, секундарни; а литературните жанрови и стилови константно се редефинираат со цел жените да се држат на втор план.

                                                                                                               (Ursula K. Le Guin)

Парадоксот на библиотеката за кој зборува Вирџинија Вулф – кога жената влегува во библиотека, наместо да се пронајде себеси во цивилизациските придобивки, библиотеката парадоксално засведочува за женската исфрленост и замолченост од светот на писмото и пишаната историја – е присутен и кај нас, посебно кога станува збор за жени-авторки од 19 и 20 век. Историјата на македонската литература бавно се развива (поради долгогодишното турско ропство, подоцна и неможноста за создавање на посебна држава и јазик), односно прескокнува неколку литературни правци (хуманизам, ренесанса, барок, класицизам) и се приклучува на западниот свет (со доцнење од еден век) со Просветителството и Преродбата. Македонскиот книжевен 19 век скромно го одбележуваат неколку имиња  на автори: Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Теодосиј Синаетски, Ј. Х. Џинот, Димитар и Константин Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов и Кузман Шапкарев. Помеѓу овие имиња, не се сретнува ниту едно име на жена, која на било каков начин допринела во развојот на образованието, културата и општествено-културниот живот во Македонија. Борбата на овие просветители и преродбеници се состоела од тоа да се изборат со асимилаторската политика на соседните земји и да се изборат за сопствен (книжевен/литературен) јазик на кој ќе можат да творат. Нивната борба и заложби, во поголем или помал процент е присутна во македонските антолгии и историја на литература, меѓутоа тоа што недостига во историјата на тој книжевен авторски (машки) свет се имињата на: Славка Динкова, Султана, Евтимица Јанчева, Екатерина и Елена Дукови, М. Хр. Зрнева, кои освен против асимилаторската политика и борбата за свој книжевен јазик – ја воделе борбата и за женската еманципација, право на образование и присуство на жените во книжевниот и образовниот свет.

Вирџинија Вулф е првата современа авторка која пишува за  системската исфрленост на жената од  симболичкото поле на јазикот. Жената мора да има пари и сопствена соба ако сака да пишува романи. Можеби токму тие привилегии ѝ дозволиле на Славка Динкова  јавно да го користи својот глас и нејзиното име да биде присутно во културниот живот на Македонија во 19 век. Меѓутоа, тие „предиспозции“ кои ѝ дозволиле да пишува (иако не пишувала романи) и да зборува јавно, за жал, не го зачувале нејзиното име од заборав.

Славка Динкова е една од првите (ако не и прва) македонски преведувачки од француски и од грчки јазик, една од првите македонски учителки, прва новинарка во Македонија и прва жена која се бори за еманципација на жените во Македонија. Родена е во Солун, во истакнато богато и преродбничко семејство, кое и‘ овозможило уште од најмала возраст да почне да се образува, да го изучува грчкиот јазик, а подоцна и францускиот. Нејзиното семејство ја забележало нејзината желба за учење и знаење, затоа постојано и‘ обезбедувале книги и списанија кои и‘ овозможувале да се запознае со Балканот, Европа и светот. Отсуството на жените во книжевноста, образованието и политичко – општествениот живот, со поддршка од нејзиното семејство, –  ќе ја натераат да го отвори Првото македонско женско училиште во Солун во 1866 година, кое било сместено во нејзината семејна куќа.

Тоа женско училиште, подоцна го поттикнало и создавањето  на првото македонско женско друштво – Ученољубие. Славка Диноква освен по нејзината образованост, ерудитност и посветеност на темата и проблемот со женското образование, позната е и по нејзините статии кои ги објавувала во тогашните весници.

Проблемот со несериозното доживување и исмевање на литературата создадена од жени, ги натерале едни од најважните писателки од 19 век Мери Ен Еванс и Амантин Лисил Орор Дипен, односно Џорџ Елиот и Жорж Санд, да пишуваат под псевдоними за нивните дела не бидат споредувани со нивната женска (не)талентираност.

Славка Динкова во првата своја објавена статија (1868 година) „За воспитувањето на девојките“, се потпишала како Славка К. Динова и во таа прва статија воопшто не се осврнува кон женското прашање, туку статијата претставува филозофски трактат преку кој ѝ се спротивставува на црквата и нејзината неполезност. Тие нејзини критики кон црквата и црковните лица се доста радикални, меѓутоа таа и самата  кажува дека ѝ е должност да ја посочи неученоста, а со тоа и неполезноста на тие отци, со цел нивните наследници да бидат поискусни, пообразовани и пополезни во општеството чии членови се.

Во продолжението на статијата, кое било објавено во следниот број на весникот Македонија, Динкова го отвара прашањето за потребата на образование на жените.

Во нејзината втора статија „За моралното воспитување на момите“ (1868) го разработила митот за нужоста на образование само на мажите. Читањето на Русо и други други филозофи ѝ овозможило  во својата статија да ја побие теоријата дека на жените не им е потребно образование, бидејќи тоа ги прави сеумни и високоумни, а на жените им е доволно да знаат да ги гледаат работите во куќата и да му се потчинуваат и угодуваат на мажот. Во статијата зборувала и за тоа кои се најдобрите години за да почне жената да се образува и за полезноста која ќе ја има општеството од образованите жени. Динкова иако пишува за еманципацијата на жената во општеството, во нејзните статии често се сретнуваат и теми кои не се поврзани со женското прашање, преку кои сака да покаже дека има храброст и знаење да стои рамо до рамо со мажите. Затоа пишувала за забраната на македонскот население да пишува на свој мајчин јазик, за узурпаторските политики, за општествено-политички положби на земјите, за потребата од развој на културата на свој мајчин јазик и сл.

Освен овие оргинални текстови, Славка Динкова праќала и објавувала свои преводи до редактори како што е „Мненија за женското домаќинско воспитување“.

Пријателството со Димитар Миладинов ѝ овозможило одблиску да се запознае со македонското творештво. После неговата смрт, во една од нејзините статии, ќе ја прикаже неговата важност и значење за македонската култура.

Починала на 20 години и по нејзината смрт нејзиното училиште било затворено. Во тој краток, но активен период на феминистичка активност, успеала да охрабри многу жени, кои по нејзината смрт ќе го продолжат нејзиното дело. Со нејзината храброст охрабрила многу жени да бидат учителки, преведувачки, да се борат – но и да знаат ги одбранат своите професии и одлуки.

Иако имињата на Славка Динкова, Султана Чикмакова, Евтимица Јанчева, Екатерина и Елена Дукови и М. Хр. Зрнева многу ретко се сретнуваат – постоењето на преведувачките, учителките, професорките, новинарките и феминистките денес – се доказ дека нивните заложби и дела биле успешни.

НАПИШАНО ОД:
  • Дијана Петрова
  • April 11, 2022
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гасеница
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Абортусот е неопходна здравствена услуга за жените и за време на пандемиска криза
Денес е 28 септември – Светскиот ден за безбеден абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – Веднаш да се обезбеди безбеден и легален абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кристина Ивановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram