Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.

Од самиот почеток на кризата со Ковид-19 во земјава, граѓанските организации кои се залагаат за правата на текстилните работнички предупредуваа за зголемените ризици на кои се изложени оваа група на граѓанки.

Помеѓу текстилните работнички владееше голем страв од ширењето на вирусот. Имајќи ги предвид условите за работа во погоните за производство во текстилната индустрија, како и условите во групниот превоз кој го користат работничките до работа, уште во март имаше апели до работодавачите да се искористи годишниот одмор каде што е можно и да се ослободат работничките од работа за времетраењето на кризата. Немаше посебна уредба и мерки за регулирање на работниот процес во производствените погони, па работничките и работодавачите се соочуваа со проблем од недостиг на информации кои би го регулирале ,,новото” нормално во текстилната индустрија.

Како прогресираше состојбата со вирсуот во државата, текстилната индустрија го предводеше бранот на колективните откази, одјавувањата од страна на работодавците, прекувременото работење, исплатата на плати под минимално дозволената, како и злоупотребите на договорите на определено време и непродолжувањето на договорите на најранливите и оние кои беа заштитени со владините одредби (како хронично болните, бремените жени и мајките на деца под 10 години).

На 28.03.2020, техничкиот премиер Оливер Спасовски најави дека за фирмите кои отпуштаат вработени за време на кризата нема да следува парична помош од државата. Во април, според Кристина Ампева од Гласен Текстилец, престанаа колективните отпуштања, но продолжи трендот на не продолување на договорите на работничките и работниците кои се ослободени од работа со потврди дека имаат деца до 10 години. Исто така, утврдени се прекршоци во делот на намалување на платите, па така Ампева изјави за Слободна Европа дека работниците земале и по 4, 6 или 9 илјади денари кои се под минималната плата во државата, но инспекторите си ја завршиле својата работа и наложиле исплата на минималната плата.

Истиот месец, со воведување на полицискот час и карантинските викенди, на конфекциите и погоните им беа издадени дозволи за да се продолжи со непречено работење, уште еднаш игнорирајќи ги опасностите од условите во превозот на работничките и условите за работа во погоните за производство.

Денот на трудот, 1ви мај, Министерката за финансии им го честита на работниците со објава дека фирмите кои сепак отпуштиле работници ќе можат да аплицираат за субвенции од владата. По острите реакции од страна на синдикатите и граѓанскиот сектор, Втората уредба сепак пропиша можност за склучување на спогодба помеѓу работодавачите и работниците одјавени од задолжително социјално осигурување во периодот од 11.03.2020 година до 30.04.2020 година за враќање на работа како услов за аплицирање за субвенциите.

На 28ми мај, Министерството за здравство објави дека во конфекција во Штип која беше затворена поради позитивен случај на Ковид 19, има уште две позитивни работнички. Тој ден, 130 лица беа во самоизолација. Веќе на 1ви јуни, со вкупно 55 заболени и 169 решенија за самоизолација по однос на контакти, на предлог на Општинскиот штаб за заштита и спасување и Централниот кризен штаб, се донесе одлука за затворање на 5 конфекции и почна скринингот на сите вработени. Како најголем ризик за пренесување на ризикот беа посочени автобусите со кои се пренесуваат работничките, нешто што го посочи и Министерот за здравство Венко Филипче. Инспекторските контроли повторно замижаа и не утврдија никакви недостатоци по ова прашање.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Гласен Текстилец алармираа дека повеќе текстилни фабрики во Штип ќе работат за време на полицискиот час во викендот што следи, по што градоначалникот на Штип побара целосна забрана за работа на текстилните фабрики во Штип, а Владата го прифати барањето и донесе забрана за работа на сите фабрики во текстилната и кожарската индустрија викендов.

Проблемот со прекршувањата на правата и злоупотребата на работничките во текстилната индустрија не започна со кризата предизвикана од коронавирусот. Неиплаќањето на плати, субстандардните услови во погоните, бланко отказите, неплатените одмори и прекувремената неисплатена работа, како и вознемирувањето на работните места се само дел од проблемите со кои текстилните работнички се соочуваат со години наназад. Додека граѓанскиот сектор посочува на одредени подобрувања во последните години во дел од фабриките, состојбата во текстилната индустрија е ужасна. Кризата предизвикана од коронавирусот само дополнително ги кристализира и ги направи уште повидливи недостатоците од страна на институциите и системот за заштита на работничките права, како и нехуманите услови во коишто работат текстилните работнички.

Во овој серијал, Медуза ќе пренесува сведоштва на текстилните работнички за време на и по кризата со коронавирусот во државата. Сведоштвата ви ги пренесуваме во нивната оригинална форма.

 

 

Денови

 

Колку пати наутро кога одам на работа помислувам на Рациновата ДЕНОВИ и со грутка на душата си викам дали е можно со текот на годините да не бледнее, туку напротив сè повеќе си ја кажуваме како во основно, ама сега како сушта реалност за нашите животи.

Одам со ташна на рамо, а чуствувам како нозите ми се враќаат назад, ама душата ме боли, како ќе го издржам дено кога мислите ќе ми бидат дома, зошто гајлето што го имам ми е големо и болно ама кога се мора, мора!!!

Па и овоа време невреме, со оваа корона шо нè фати со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг…..Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам ….

Се качуваме во автобус стиснати едни до други, какво растојание какви бакрачи, какви мерки на претпазливост, иако со маски, ама еден до друг си дишеме во шија. Изговорот на газдите е нема автобуси, од наредниот ден ќе пуштат и ќе имате доволна раздалеченост едни меѓу други….

Внатре во погоните се расчистува за да имаме простор меѓу нас, дадените две, три маски си ги преперуваш оти други нема, а ракавици почнавме и сами да си купуваме си шепотиме една меѓу друга и со страх да не бидеш пренесена на мајсторица, шефица па на газда. Работеш со наведнана глава и слушаш викање: жени на тие шо се дома со мали деца да им кажете да довагат на работа, нека се снајдуват како претходно, а оние со поголеми деца нема шо да седат дома, децата можат да се чуват и сами големи се и да им пренесете како ќе бидат исплатени не се знае.

Доаѓа и време за пауза ама не ти се јаде чепнуваш по некој залак и трчеш на кафе и цигаре едноставно само цигарата те смирува и релаксира. Изминале дваесетината минути и се враќаш на машината и како програмирана почнуваш да шиеш и тоа се под прсти по навика едноставно чекаш да дојде три часо да си појдеш дома.

Ја поминуваш таа голгота на работа и кога улаваш дома мора да имаш смирен израз на лицето за да не ги тревожеш домашните, ни сопругот, ни ќерката. Со самото стигнување одма си спремен на критики од черката дека многу се задржувам во маркет и по пат. Не ѝ се лутам туку душата ме боли дека ја оставам дома да го негува татка си и да ги прави сите работи кои се моја обврска и гледам да и се насмевнам широко и да и речам да оди да се одмори…

Сопругот само молчи и упорно гледа во телевозорот, го молам со јадење а тој ми вика покасно не можам сега. Седиме двајцата и тишината ја прекинува звонењето на телефонот, сите се разведруваме кога ќе ни се јави другата ќерка која привремено работи во Дубаи, светла точка во нашите животи која ни е морална и финансиска подршка…

Разговараме, а на душата толку многу ми е мачно од самата мисла колку многу ја теретиме ама кога го видам озареното лице на мажот ми благодарна сум му на бога што сме одгледале вакви одговорни деца.

Велат сè минува, само да сме живи и здрави, ама тоа здравје бара пари за живеачка а за лековите многу тешко ама до сега некако се снајдувам со помош на децата….
Што ни носи утрешниот ден никој не знае, ама надежта е голема дека ќе дојде подобро утре, а Рациновата поема ќе биде само сеќавање на нашето културно историско минато, а не потсетница на експлоататарскиот однос кој што трпиме во конфекциите!

НАПИШАНО ОД:
  • Ена Бендевска
  • June 4, 2020
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“
Знаевте ли дека жените не се смешни? Јас дознав пред некое време. Штета, а баш мислев дека јас сум смешна, барем според реакциите на луѓето околу мене. Изгледа се преправале.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Жан-Лук Годар
„Претпочитам да работам кога има луѓе против кои треба да се борам.“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram