Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.

Двајца брачни другари, високо ценети во својата професија: Чарли (Адам Драјвер) успешен театарски режисер, кој добива шанса на Бродвеј, Никол (Скарлет Јохансон) заносна глумица која е секогаш дел од неговиот тим, негова муза и неизоставен дел од неговите претстави, стигнуваат до крајот на нивната брачна приказна. Остатокот на тимот ова го доживува како крај на една ера, додека пак гледачот, кој најпрво ги слуша нивните топли љубовни нарации за особините кои ги сакаат еден кај друг, е потполно збунет. Се разбира, тие текстови се спремени за средбата кај брачниот советник и никогаш реално не си ги читаат. Ова не би требало да е спојлер, како и ништо што би пишала за филмот, зашто многу е јасно дека овој филм говори за крајот на брачната приказна, поточно за крајот на сите приказни за бракот.

Но крајот, во овој случај е само почеток на болката од распадот на едно атомско семејство, кое се прпелка низ искушенијата на новото време во кое наративите се менуваат и патријархатот пополека умира.

Критичарите повторно се поделија, како што во последно време се случува за секој повеќеслоен филм. За жал, овој пат не околу тоа дали филмот е добар или не, тука постои консензус. Нивната поделба овој пат е во однос на тоа чија страна во бракоразводната парница ја поддржуваат. Ова до некаде е трагично, зашто знаците се јасни, таблата е чиста и отворена. Сите потези се детално образложени и го доживуваат своето најголемо откровение во монологот на адвокатката Нора (Лора Дерн), каде што и ја објаснува на Никол огромната разлика во критериумите за оценување на мајките и татковците.

Накратко, таа вели дека од татковците е очекувано да се отсутни, непостојани и себични. Таа слика за нив е прифатена и дури како општество ги сакаме нивните мани, кои се апсолутно неприфатливи доколку се дел од женското однесување. Адвокатката продолжува со наоѓање на основата на сето ова во јудеохристијанската симболика, каде што Богородица е совршена девица која под ништо не потклекнува во поддршката на нејзиното дете дури и во смртта, но таткото не е воопшто присутен, не се ни појавува, не се ни вклучува во неговиот дел при создавањето на синот. Така што, советот на Нора за Никол е дека таа мора да е совршена, а Чарли може слободно да биде и заебант.

 

 

Овој аргумент игра и во полза на Чарли, кој никогаш немал вистинско семејство и не само што растел без татко, растел и без мајка. Целиот негов концепт околу бракот и семејството е матен и неизграден, и единственото пошироко семејство кое го има е она на неговата сопруга. Неговата збунетост околу целата ситуација со разводот е до некаде и оправдана зашто според него, тој правел сè како што треба.

Перспективата пак на Никол е сосем поинаква. Таа била перспективна глумица кога се запознала со Чарли, сепак, кога се заљубиле, не продолжила да го следи својот сон. Потполно се посветила на неговиот гениј и неговата работа, дозволувајќи целосно да биде избришана сета нејзина вредност, нејзините желби и потреби. Ова е норма, и како и да се спакува, во општеството во кое живееме се перцепира како норма. И самиот Чарли во нивната најжестока караница и кажува: „па ти го знаеше тоа, ти знаеше во што се впушташ, ти го одбра тоа!“

И да, секој би се сложил, како и секоја друга жена која бира да се омажи, бира да го земе презимето на својот сопруг, бира да ги понесе сите обврски кои одат со поимот сопруга, да се предаде, да ја жртвува својата кариера, да го менаџира домот, да ги планира сите малечки секојдневни ивенти, да ги распредели и изврши сите невидливи, но неопходни таскови и да не си остави ни малку време за себеси, зашто неговиот успех е и нејзин нели?

Најсуптилните моменти во овој филм се токму оние кои го покажуваат Чарли како добар и загрижен татко, кој го сака својот син, сака да е со него, но поради неговата потреба да победи по секоја цена, заборава за момент дека треба да размисли дали навистина некогаш мислел и знае што е најдобро за него. Кулминацијата на неговата несмасност во однос на потребите на детето е токму кога социјален работник доаѓа да ги обсервира кога се заедно. Овде се срушуваат сите вистини, зашто и Чарли е роб на истиот тој систем, кој бара од него да биде успешен, бара да биде оној кој е главен, оној кој победува. Кога тој разговара со познатиот адвокат за да го застапува, пристапот на неговиот адвокат е „одиме во војна“ и ќе ги вадиме сите гадни и валкани нешта. Тие се луди и ние мораме да тргнеме на спротивната страна за да ова сето има смисла.

 

 

Таа лудост асоцирана со жената ја гледаме уште на две места: во музичката точка „You Could Drive a Person Crazy“ на Никол во трио со нејзината мајка и сестра – и во разговорот со адвокатката Нора, каде што Никол објаснува дека Чарли користи „Gaslighting“ – (психолошка манипулација каде што некој постепено те доведува до точка кај што се прашуваш дали си луд). Спротивно на ова, Чарли има своја музичка точка со песната „Being alive“ која зборува за тешкотијата на брачната состојба, која ја трпиме само поради тоа што сите лоши и добри работи во неа прават да се чувствуваме живи. Можеби трагедијата на оваа песна е тоа што е испеана на крајот, наместо на почетокот на бракот, како во оригиналното дело од кое и произлегува – и на некој начин објаснува што тој понел како заклучок од тоа искуство. Со подлабока анализа на текстот се среќаваме со една типично машка рационалност каде што перспективата е насочена кон тоа што тој добива во размената (без разлика дали добро или лошо) и која е цената на тоа. Колку и емоционално да нè допира оваа мелодија поради други причини, пораката е токму во трагичноста на начинот на кој тој гледа или гледал на бракот.

 

 

Режисерот и сценарист Ноа Бамбах направил едно ремек дело за длабока човечка драма, со силен психолошки импакт на повеќе нивоа. Дури и тие кои никогаш не биле во брак има начин да се поврзат и да се соживеат со целото дејство на филмот.

На крајот од денот, сите би можеле да се сложиме дека овој филм е инверзна љубовна приказна, која почнува од крајот и нè води низ сеќавањето за нејзиното постоење. Како антипод на романтична комедија, во која се раѓа љубовта и води до брак. Слично како и во секоја романтична комедија не можеме, а со цело срце да не навиваме за тие да останат заедно, но мало вклучување на рациото недвосмислено нè соочува со непомирливите разлики за кои нема друг излез, освен оној кој на крај го добиваме.

Брачна приказна започнува со илузија, завршува со распад и зборува за кризата на институцијата брак во современото општество, како нешто застарено и нефункционално, особено доколку се стреми да ги влече со себе остатоците од неговите патријархални зачетоци. Бракот, (доколку сметаме дека е важно да продолжи да постои како суштинска и носечка клетка на општеството), мора да добие нови погледи за тоа што треба за вистински да функционира. Соживотот е тежок сè додека постои недоразбирање како резултат на недостаток на сочувство кое треба да е обострано. Жртвата треба да биде заедничка, компромисот на средина и влогот еднаков. Се додека имаме татковци кои го следат ликот на неприсутниот Бог татко и највисока цел е само нивната кариера, бракот ќе остане во зоната на распадот, дури и кога не завршува со развод.

НАПИШАНО ОД:
  • Билјана Кочоска Танеска
  • December 25, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Модернизирана винтиџ хомофобија
Денес, на многу мејнстрим медиуми веќе не е прифатливно отворено да се користат расистички, сексистички, хомофобични и други видови на погрдни зборови во дебатните емисии. Затоа модерните хомофоби како Сашо Тасевски мораат нивните предрасуди да ги скријат преку различни реторички стратегии.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска Танеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram