Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.

Доколку активно користите социјални мрежи и сте прегледале/лајкнале барем неколку статии или страни поврзани со женско здравје, хигиена, феминистички прашања или еко-пријателски трендови, сигурно чашката ви се појавила на ѕид. Позната како менструална чашка или органска чашка, оваа мала направичка можеби има потенцијал да ви го промени животот или барем оние денови во месецот кога менструирате. За постоењето на чашката дознав пред една година од моите тогашни цимерки кои редовно ја користеа и ме убедуваа дека тоа е најдоброто нешто. Откако не успеав да ја најдам во Полска, ја набавив за време на едно патување во Франција. Истата може да се нарача на интернет, а во Македонија е достапна под името OrganiCup Macedonia, официјален и единствен дистрибутер на чашката на данскиот бренд на чашката OrganiCup.

 

Што е менструална чашка?

 

Менструалната чашка е алтернативен избор за тампони или влошки. Тоа е флексибилна силиконска чашка која се вметнува во вагината, ја собира крвта и се менува на 4 до 8 часа, зависно од циклусот. Истата чашка може да се користи и повеќе од 5 години, а се дезинфицира со тоа што кратко се проврива пред и по циклусот. Освен што има огромен економски бенефит (во Македонија на пример чашката чини 1490 денари), дополнително е пријателска и за животната средина, за разлика од влошките и тампоните, а природниот силикон од кој е изработена не ја пореметува флората на вагината.

За чашката поразговарав со Анета Стевановска Спироска од OraginiCup Macedonia, извршна менаџерка на Spiboshop, каде можете да ја нарачате чашката. Анета ми одговори на прашањата кои ги имав за чашката, па така дознав дека првата верзија на менструална чашка била патентирана во 1932 година од страна на група акушерки. Во 1937, Леона Чалмерс ја патентирала првата чашка за комерцијална и повеќекратна употреба. Organicup се изработува од високо квалитетен медицински силикон во строго контролирани хигиенски услови. Силиконот е еден од наjупотребуваните материјали за медицински цели со оглед на фактот што е био-компатибилен и био-издржлив, а особено медицинскиот силикон кој подлежи на ригорозни и опширни биотестови за да се осигура безбедноста по здравјето на човекот.

Зошто е битен овој факт? Доколку го прочитате составот на влошките или тампоните, најверојатно ќе најдете обелувач, хлорин, лепак, парфем, лосион, гел и многу други хемиски додатоци. Токму поради ова, чашката е далеку поздраво решение споредбено со влошките и тампоните затоа што не содржи никакви хемикалии ниту пак состојки од животинско потекло.

 

ОК, но како функционира во пракса?

 

Првото користење на чашката ми беше возбудливо и стресно. Слично како првото користење на тампон, три пати ги прочитав инструкциите дополнети со видео туторијали за користење. Инструкциите предупредуваат дека првите користења на чашката се генерално несмасни и потребно е време за да се усоврши уметноста на ставање и вадење на менструалната чашка. Сепак, моето прво искуство би го оценила како позитивна петка. Со оглед на тоа што чашката има огромен капацитет за апсорпција, ја менував на 6 до 8 часа, и тоа кога бев дома. На следното користење се осмелив да го пробам и менувањето во јавен тоалет. Реално, тоа беше предизвик! Затечена на патување од Скопје до Белград, немав друг избор освен да ја испразнам чашката во тоалет на бензиска. Менувањето беше долго и комплицирано, но крајниот резултат беше успешен. Пролазна двојка. Тоа што можев да го сумирам од моето лично искуство во тој момент е дека чашката е совршена за користење во удобството на домот, но кога станува збор за јавни тоалети, приказната се комплицира.

 

 

Следното нешто што го направив како дел од патешествието „менструална чашка“ беше нормално да пробам да ги убедам моите другарки да ја пробаат чашката. Едноставното прашање „дали би ја користеле чашката“ се претвори во долга дискусија, во која меѓудругото изработивме табела преку која пресметавме колку пари во просек месечно трошиме на влошки/тампони (околу 250 денари), кога се обидував да го протнам економскиот аргумент во дебатата. И покрај мојот позитивен став кон чашката, повеќето од моите блиски не би ја пробале чашката или сé уште не се сигурни. Оваа дискусија ме стимулираше да направам краток прашалник, со цел да видам кои се ставовите и искуствата во однос на користење на менструалната чашка во Македонија. На прашалникот добив 264 одговори, на прашања креаирани за кориснички и некориснички на менструалната чашка. Одговорите воопшто не ме изненадија: 82% од испитаничките користат влошки, 8% тампони, а останатите користат менструална чашка или влошки и тампони комбинирано.

Удобноста, квалитетот и цената на продуктите се критериумите според кои испитаничките најчесто решаваат кој продукт да го користат. Она што ми беше впечатливо е дека 40% велат дека би користеле и 50% можеби би користеле алтернативни продукти (наместо влошки и тампони), доколку се економски поисплатливи и еколошки одржливи, но истовремено 40% од испитаничките велат дека не би ја користиле чашката, додека 40% велат дека иако не ја користат, планираат да ја пробаат во иднината. Од оние неколку кориснички кои ја пробале чашката, 4 ја оцениле со оцена 3, 7 со оцена 4, а 11 со оцена 5, на скала од 1-5 и сите би ја препорачале на други. Корисничките на менструалната чашка велат дека откако почнале да ја користат, ја користат редовно. Исто така, 60% од корисничките на чашката сметаат дека доколку чашката е подостапна и/или порекламирана во Македонија, повеќе жени и девојки ќе ја користат. На истото прашање 40% од некорисничките велат дека повеќе рекламирање и информации би ги стимулирало да ја користат чашката. Причините кои ги одвлекуваат од користење се стравот од нешто ново и непознато, страв од протекување и несигурност за составот и материјалите на чашката.

Генералниот интерес за овој прашалник и недостатокот од информации за чашката во Македонија ми наметна одговорност да ги информирам заинтересираните во целост за моето искуство, како и дополнително да се информирам за потенцијалните опасности од користење на истата. Имено, како и со други прашања поврзани со женското здравје и репродуктивни органи, недостасува соодветно и сеопфатно истражување. Ова важи за контрацепционите пилули, тампоните, како и менструалните чашки.

 

Недостатоци?

 

Едно истражување спроведено во Франција алудира кон заклучокот дека менструалната чашка, исто како и тампоните носи одреден степен на опасност од Синдромот на токсичен шок (последица од труење на организмот од бактеријата стафилококус ауреус) кој може да се јави доколку тампонот се носи повеќе од 8 часа. Истражувањето објавено во Applied and Environmental Microbiology, тврди дека бактеријата која предизвикува синдром на токсичен шок може да остане на менструалната чашка и по миењето со вода. Тоа е проблематично бидејќи инструкциите за користење на чашката препорачуваат стерилизација со вриење на почетокот и крајот на циклусот, додека измивањето за време на деновите кога се користи се врши само со вода. Сепак, синдромот на токсичниот шок продолжува да се поврзува со користењето на тампони, особено бидејќи има само 1 до 2 потврдени случаи на синдромот предизвикан од менструална чашка. Дополнително, еден значаен пропуст на споменатото истражување е дека е правено единствено лабораториски, а не со вистински жени, што значи дека мора да се почекаат нови истражувања со кои ќе добиеме повеќе податоци и информации за безбедно користење на менструалната чашка.

Конечно, али ова значи дека менструалните чашки се опасни по нашето здравје? Воопшто. Спроведеното истражување единствено укажува на фактот дека не постои ниеден тампон, органски тампон, ниту менструална чашка кои можат да нé заштитат од синдромот на токсичен шок. Уште поважно, ниту еден од овие продукти не треба да биде внатре во телото повеќе од 8 часа. Доколку се решите да ја користите менструалната чашка, треба да ја менувате најдолго на 6 часа, колку што безбедноста е на највисоко ниво.

Менструалната чашка ја користам речиси цела година откако почнав да го пишувам овој текст и ќе продолжам да ја користам, најчесто во комбинација со влошки во првите два дена од менструацијата. Информациите дека и менструалната чашка би можела да доведе до синдромот на токсичен шок ќе ми бидат стимул да бидам поодговорна во одржување на високо ниво на хигиена при менување на чашката, што мислам дека е важно при користење на било какви продукти поврзани со менструацијата. Фактот дека чашката е изработена од материјали кои се безбедни за моето тело прави да се чувствувам сигурно кога ја користам, а економските и еко-бенефитите се само плус. Од една страна, првичната мотивација за пишување на овој текст ми беше пласирање на објективни и искуствени информации за чашката, како продукт за кој мене ми беа потребни информации кога решив да ја користам, но не можев лесно да дојдам до истите. Од друга страна, без разлика дали со овој текст стимулирав некого да ја проба чашката или не, поважната цел ми е да го нормализирам разговорот за менструацијата и продуктите кои ни се потребни. Јас одамна престанав да ја кријам влошката во џеб додека одам кон тоалет на јавно место, бидејќи нема ништо срамно во менструацијата и потребите кои ги налага истата. Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • February 26, 2019
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
(О)станување уметници
Кон „Птицата во мене лета каде што ќе посака“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram