Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.

Кога ќе заврши Корона времето ќе имам голема забава. Ќе ги викнам сите мои другари – ми рече Франка кога прв пат се запознавме, девојчето што го чувам веќе 5 недели секој четврток.

Ќе ме викнеш и мене?

Умм, да.

Пред околу 6 недели мојата пријателка Тина ме праша дали би била заинтересирана да ја чувам нејзината ќерка Франка еднаш неделно, додека таа работи, за да може подобро да се концентрира на работните задачи. Тина работи со група на интернационални новинари и голем дел од работата може да ја врши од дома, но после повеќе од еден месец работење од дома, едноставно ѝ стана пренапорно да работи полно работно време и постојано да ја чува ќерка ѝ (освен кога Франка е кај татко ѝ).

Заради Ковид кризата Франка и сите деца од претшколска возраст што живеат во Германија не одат во градинка веќе 2 месеци. Кога прв пат ме запозна Франка, таа беше многу возбудена бидејќи наеднаш имаше можност да се дружи со некој друг освен нејзините родители и неколку другарчиња кои повремено доаѓаа кај неа дома. Очигледно на Франка ѝ фалеше дружење со други луѓе – како и впрочем на сите нас.

Чувајќи ја Франка ми е првото искуство со бејбиситинг и реално за сега е прилично добро и забавно. Франка има 4 години, така што е на таа интересна возраст кога почнува да го развива својот карактер. Заедно гледавме филмови, игравме криенка, решававме слагалици, цртавме итн. Скоро после секое чување имам приказни за Франка. На пример, после првиот пат кога ја чував, таа ми даде количка-играчка и фотографија од неа „за да не ја заборавам“. Последните три недели ја чувам Франка заедно со Лин, ќерка на една колешка на Тина, и Франка постојано пробува да докаже дека таа е „големо дете“, а Лин „мало дете“, иако Лин е само една година помала.

Сѐ ова е кул и имам уште еден куп приказни за Франка (и Лин). На некој начин нивните мајки ме плаќаат за да се дружам со нивните деца. Но, колку и да е некогаш забавно да поминувам време со нив, секој пат кога ќе завршам со 6 или 7 саати чување на Франка и Лин се осеќам прилично уморно. Зошто? Па, бидејќи како и многу други работи, чувањето на деца е токму тоа: работа. За жал, во опшетството во кое што живееме ваквата работа е или неплатена (пр. моите не ја плаќаа баба ми да ме чува кога бев мала) или лошо платена, додека многу (особено десничарски) политичари ни кажуваат дека децата се „нашето најголемо богатство“ и слични клишеа. (Да се потсетиме на легендарно мисогината кампања на ВМРО „Имај трето дете“ и емисијата „Време е за бебе“.) Многу често работата околу нега и грижа – на деца, стари луѓе, лица со посебни потреби инт. – е родово условена. Односно, најчесто работата околу нега ја работат жени. Има многу причини за овој феномен, како измислицатадека жените се „природно“ или „биолошки“ погрижливи или подобри со деца. Во интервју со Титхи Бхатачарија за нејзината книга Феминизам за 99% за The Dig, таа објаснува дека всушност има многу конкретна историска причина за ваквиот работен однос. За време на Индустриската Револуција сѐ повеќе и повеќе луѓе – вклучително и жени и деца – почнувале да работат долги саати во фабриките во Велика Британија. Овој работен однос комплетно ги сменил фамилијарните структури кои пред тоа постоеле. Поради оваа структура, многу од децата на работниците останале толку занемарени што дел од нив (и други членови на семејствата на работничката класа) дури и умирале поради недостаток на грижа. Ако децата на работниците умирале, тогаш капиталистичката класа би снемала работници. Со оваа криза во доцниот 19ти век почнува модерната родовата идеологија што ја класифицира домашната работа како „женска работа“.

Историјата на работата околу нега и грижа е комплексна и сѐ уште актуелна. На пример, воспитувач(к)ите во македонските градинки се платени 18.360 денари месечно, а неговател(к)ите 16.320. Ова не е ни просечна плата, а работата околу негата на деца што ја работат овие работнички е екстремно важна за функционирањето на едно општество. Јас всушност имав многу среќа со моето искуство со бејбиситинг. Тина е дел од grass-root иницијатива Kitakrise која се бори за отварање на повеќе градинки и подобрување на условите на работа на вработените воспитувач(к)и и неговател(к)и во Германија – земја со низок наталитет и недостаток на градинки како резултат на долгото владеење на конзервативативната партија CDU (Христијански Демократски Сојуз) со чело на Ангела Меркел. Така што, Тина мене многу добро ме плаќа бидејќи таа лично верува во важноста на работата околу нега и грижа, но сепак платата на една работничка не треба да зависи од добрата воља на индивидуални работодавци.

Исто така, очигледно во целата оваа ситуација има класен елемент. Тина има добра работа со која што може да живее релативно комфорен живот на жена од средната класа. Така што, Тина може да си дозволи еднаш неделно да ме плаќа за да ја чувам Франка, но сепак не може да си дозволи многу повеќе од тоа, особено за време на Корона. Сите родители би требало да имаат пристап до помош од типот на работа на грижа и таа помош е најпристапна до најголем број на луѓе кога е водена од страна на државата. Односно, кога градинките и школите се финансирани од државниот буџет. Но, што се случува кога градинките не се отворени? Што се случува кога не можеш да вработиш бебиситер(ка)? Како би требало да се справат родителите/старателите со мали деца за време на Корона кризата?

Активистката од Kitakrise (и добра пријателка на Тина) Катарина Март има еден предлог: паричен додаток за родители со мали деца за време на Корона и развивање на креативни концепти за грижа на деца. Катарина го дикутира овој предлог на програмата „Wir müssen reden“ (Ние мора да зборуваме) на телевизијата Rundfunk Berlin-Brandenburg со министерот за економија на Бранденбург Јорг Стајнбах. Катарина објаснува дека работи од дома за време на кризата, но дека нејзината работа е двократна бидејќи таа треба истовремено да се грижи за своето мало дете. Барањето на Катарина и Kitakrise е родителите кои живеат во Германија да добијат паричен додаток за време на кризата, бидејќи обично нивните деца би требало да имаат гарантирано место во градинка од страна на државата. Но, бидејќи сега не се отворени градинките, Катарина и други (вработени) родители бараат парична помош со која би можела да вработат бебиситер(к)и за нивните деца за тие да можат да продолжат со работа.

„Децата не се економски добра. Едно дете не e економски фактор за кој родителите би требало да се компензирани,“ ѝ вели министерот. „Исто така, јас би бил многу среќен ако за време на оваа криза родителите повторно добро си ги запознаат децата.“

Реакцијата на министерот не само што е бесчуствителна, туку докажува до кој степен работата на грижа не е сфатена како вистинска работа. Наместо тоа, родителите/старателите практично би требало да се благодарни на глобална пандемија без која не би можеле повторно да ги запознаат своите деца. Какви чудовишта од родители не би сакале буквално секој момент да го поминуваат со нивните мали деца? Нели е забавно кога децата бараат внимание за време на Zoom состанок?

Негата, грижата и воспитувањето на деца е сериозна работа која бара многу труд. Особено за време на глобална пандемија треба да има барем привремени мерки за грижа и нега кои би им помогнале на децата и родителите. Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети, и се разбира, добро платени. Веројатно би требало и критички да ги анализираме фамилијарните структури и како воспитувањето на деца би можело да се одвива на поколективен начин. Но, тоа е огромна дискуција и веројатно тема за иден напис.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • June 8, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Системот (не) функционира: Зошто Македонките повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство откако ќе се преселат во странство?
Родово базираното насилство го поткопува здравјето, достоинството, безбедноста и автономијата на своите жртви, но сепак останува обвиткано во култура на тишина.
  • Од Александра Спасеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram