Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.

И покрај големата застапеност на жените во новинарската професија во државата, неизбежно е да се забележи долгогодишната сеприсутност на традиционалната дихотомија во новинарството, чиј темел се наоѓа во предоминантниот патријархален поглед кон родовиот идентитет во секој дел од општествената сфера. Мачоистичките вредности, недоразвиената колективна свест во поглед на женското прашање и долгогодишната традиција на нееднаква застапеност на жените на одлучувачките позиции вртоглаво нè доведуваат до истиот заклучок одново и одново.

Мизогинијата и сексизмот сѐ уште континуирано се практикуваат во конкретни медиуми, притоа земајќи предвид дека ниедна повелба, конвенција, закон или пак стратегија досега успеала целосно да ги заштити жените во новинарската професија од вербален напад, ниту пак успеала во сузбивањето на праксата на физички напади упатени кон нив.

Теоретски, веќепостоечката меѓународна и домашна легислатива би требало да има улога во оформувањето на едно здраво, демократско општество во кое злоупотребата на новинарската позиција би била неприфатлива. Типичен пример за тоа како би требало да се остварува слободата на изразување без притоа ефективно да се создаде простор во којшто човековите права се нарушени, е членот 10 од Европската конвенцијата за заштита на човековите права во кој е уредена слободата на изразување:

 

Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

 

 

Оттука, во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е опфатена забраната за ширење на дискриминација врз основ на пол (родовиот идентитет сè уште останува непрепознаен во поголемиот дел од законските правни акти во нашата држава): “Аудио и аудиовизуелните медиумски услуги не смеат да содржат програми со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност.” (чл. 48)

Сепак, секојдневните настани со коишто се соочуваат жените во новинарството ни ја покажуваат суровата општествена слика во којашто интернализираната мизогинија често излегува на површина, притоа посочувајќи ја неефективноста на практичната примена на правото да создаде преседан во случаите на родова дискриминација, разнишувајќи ги темелите на демократијата и слободата на изразување.

Во 2017 година, дури три од најслушаните радио станици (Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио) во државата започнаа заедничка кампања којашто беше остро осудена од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги којашто утврдила дискриминација врз основ на полот, како и мизогино и сексистичко изразување:

“Агенцијата констатираше дека кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување.”

Според Извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги, ова се дел од сексистичките пораки кои од мистериозни причини беа упатени во етер:

 

Ѓаволот носи Прада е само филм. Во филмот, Мерил Стрип е само една еманципирана кучка. Се препозна некоја? Кучка може да биде секоја, ама станува само некоја.

Ти сакаш да бидеш Марија Кири. Можеби и можеш. Ама не се преценувај ако не можеш. Ти треба Нобелова или само пофалница дека си најдобрата?

Новата „железна дама во сигурна политичка фотелја. Тоа е твојата визија. Но, каде е капацитетот? Процени пред да прегазиш. Ти си сепак дама. Тачер остана дама до крај.

Велат дека Брижит Бардо никогаш не заборавала да се издепилира. И ништо намерно, таа е родена за секс симбол. А ти, доволно ќе биде да не ја заборавиш депилацијата.

Рамните чевли се поудобни. Проект менаџер звучи моќно. Шеснаесет дена месечно си на пат, 47 пропуштени повици дневно. Имаш полна канцеларија и паричник со многу пластика. Имаш се’, само немаш секс.

Позиција. Ти си новиот strategic account system operation analyst. Wow! Па ти успеа! Конечно си како него, и сега што е следно?

 

Аналогно на овој настан, една година подоцна, во анализата на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) од 2018 година, констатирано е дека има благо подобрување во однос на безбедноста на новинарите:

“Така, на пример, во 2018 година биле регистрирани шест напади врз новинари за разлика од претходната година кога се случиле 18. Инаку, од вкупно 52 регистрирани напади врз новинари во периодот од 2014 до 2018, во 12 случаи биле засегнати новинарки, според регистерот на Здружението на новинари на Македонија. Иако било забележано дека полицијата, судството и обвинителството биле поефективни во спроведувањето на нивните должности, практиката на неказнивост продолжува, особено кога станува збор за напади од страна на полицијата.“

Во 2018-та година, Меѓународната федерација на новинари (Брисел) спроведе истражување коешто покажа дека 66% од жените новинарки кои биле мета на вербални напади онлајн биле нападнати поради нивниот родов идентитет. Поголемиот процент од новинарките кои биле нападнати онлајн решиле да се самоцензурираат и да престанат да обработуваат конкретни теми, само со една цел, а тоа е избегнување на нова низа напади кон нивната личност.

 

Како беа напаѓани новинарките во Македонија

 

Само во последните неколку години, голем број на жени новинарки биле вербално или физички нападнати врз основ на нивниот родов идентитет и природата на нивната професија. Во јануари 2020, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повика државните институции да реагираат на заканите кон новинарките Мери Јордановска (А1он) и Искра Коровешовска (ТВ Алфа) :

„Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.

„Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува.“

“Претходно Јакимовски на својот фб-профил објави и недолична содржина за Коровешовска со цел да ја дискредитира, користејќи недолични и крајно навредливи зборови. Со оглед на тоа што во период од неколку дена, повеќе новинари се огласија дека добиваат закани од истото лице, ССНМ бара од МВР и ОЈО итно да преземат мерки за ваквите напади и закани врз новинарите, бидејќи во спротивно несанкционирањето на заканите ќе значи и охрабрување за сите кои сметаат дека на таков начин можат да се справуваат со новинарите.“

Од друга страна, ги имаме и физичките напади врз жените новинарки. Според истражувањето на International Women’s Media Foundation од 2018-та, од 597 учесници во истражувањето, две-третини изјавиле дека биле мета на сексуални закани онлајн. Дополнително, според изјавите на некои од учесниците, освен пораст во бројот на онлајн закани, бил забележан и поголем број на физички напади и закани во последните пет години (2013-2018). Сепак, и покрај зголемувањето на физички и вербални закани, многу од жртвите решаваат да го премолчат она што го претрпеле, реакција којашто се темели поради многубројни фактори, како:

“Учесничките кои не ги пријавиле повеќекратните инциденти кај нивните претпоставени беа исплашени дека ќе им се одмаздат или ќе бидат казнети. Скоро една третина (29 проценти) специфицираа дека се плашат од одмаздување/повторување на настанот од страна на лицата кои го иницирале нападот, а еднаков број на испитанички се плашат дека би можеле да бидат отпуштени, или пак да изгубат работа во иднина.”

Пример за физички напад кон жена која се бави со новинарска дејност е нападот кон новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ од страна на обезбедувањето на МПЦ за време на известувањето за Водици во јануари 2019 година, којашто се здоби со повреда на вратниот десен мускул :

„Ние новинарите не смееме да премолчуваме кога сме подбутнувани и удирани додека ги вршиме нашите должности, затоа што секогаш пристојно се најавуваме дека одиме да земеме изјава.“ “…Јас не забележав кој ме удри – одеднаш видов рака како ме удира по рамото, притоа застанав, гледав да бидам сталожена за да не испадне голем инцидент…“

Дополнително, новинарката Биљана Секуловска (НОВА ТВ) покрај вербални напади, неколкупати била мета на физички напади – во април, 2017 година , била нападната од група демонстранти од Иницијатива „За Заедничка Македонија“, а во 2013 година од страна на толпа луѓе пред општина Центар:

„Без оглед на тоа што се обидував да им објаснам дека сум новинар, тие се обидуваа да ме нападнат, ми ја тргаа камерата и удираа по мене. Полицајците мирно гледаа и во моментот кога застанав зад еден од полицајците за да се заштитам, продолжија нападите. Застанав зад живиот штит полицајци кои беа зад ѕидот на Општината и ги прашав зошто не ме бранат. Во последен момент еден постар полицаец ме зеде за рака и ми препорача да не снимам, зашто е опасно.“

На самиот почеток оваа година, новинарката на ТВ21 Алмедина Исмајли доби вербални закани од страна на Нешат Адеми, член на Алијансата за Албанците по објавување на прилог во кој Адеми бил спомнат. На вербалните закани упатени кон Исмајли освен Агенцијата се огласи и Здружението на новинари:

„Пред два дена новинарката Исмајли подготвувала прилог во кој бил споменат Адеми откако на својот Фејсбук профил објавил информација дека ја напушта АА. По емитувањето на прилогот новинарката Исмајли добила телефонски повик во кој Адеми упатил сериозни закани кон неа. Случајот вчера беше пријавен во полиција, а заканувачот веќе денеска бил повикан на информативен разговор. За жал, според нашите сознанија, институциите на прогонот процениле дека немало елементи за поднесување на кривична пријава против Адеми и добил само усна опомена.”

Последна вест која предизвика многубројни реакции во јавноста е вербалниот напад врз новинарката Мирослава Бурнс од страна на порталот “ДоказМ.мк“ на 18.05.2020, кој беше јавно осуден од страна на Здружението на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници :

“Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), најблаго кажано, е згрозен од нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон нашата колешка Мирослава Бурнс . Згрозени сме од речникот употребен во текстовите на овој портал, кој ниту во најблага варијанта не може да се смета за соодветен во јавниот дискурс, а особено сме згрозени од сексистичките навреди и клевети, дури и навреди што задираат во приватниот живот на „метата“ на нападот .

Било какви клевети и навреди од овој тип се неприфатливи, а особено се неприфатливи во јавната дебата, односно кога се појавуваат како реакција на еден професионално изработен и реализиран текст на нашата колешка . Сметаме дека треба да се стави крај на времето кога на факти и аргументи се одговора со лични дисквалификации, а во случајов тоа е кренато на ниво, не на „уличарски“ јазик, туку на монструозни конструкции кои ни оддалеку не се во допир со текстот на кој се реагира.“

 

Молкот на институциите е поттик за беззаконието во медиумскиот простор

 

Леснотијата во примената на сексистички и деградирачки речник во нашата држава од страна на медиумите е во реципроцитет со леснотијата на создавање на медиумска веб платформа, но и можноста за непотпишување на објави чии содржини скршнуваат од принципите врз кои се темели новинарството. И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.

Недостатокот на реакција од релевантните тела ја олеснува банализацијата на противзаконското дејствување од страна на некои медиуми и поединци. Постоењето на законски и подзаконски правни акти за заштита на новинарите во вршењето на нивната дејност не значи дека тие секогаш се правилно имплементирани во судската пракса, ниту пак во секојдневното извршување на новинарската дејност, а оттаму и континуираната злоупотреба на новинарската дејност.

Историската генеза ни покажува дека уште од почетоците на нашата независност како држава, создаден е простор во којшто се нормализирани игнорирањето на родовото прашање при креирањето на домашната легислатива, рамнодушноста кон половичната имплементација на меѓународните повелби и конвенции, како и слепиот пристап на судските органи кога се работи за случаи во кои клучен елемент е родот.

Притоа, неефикасноста на законодавните, извршните и судските органи резултираше со креирање на доволно голем простор, таканаречена сива зона, во којшто успешно се креираат ситуации каде мизогините, сексистичките и ејџистичките напади врз жените се само дел од секојдневието во државата.

Имено, постоењето на Стратегијата за родова еднаквост 2013 – 2020 кадешто се зборува за општествените вредности, намалување на стереотипите и предрасудите кон жените, посочување на релевантни правни акти и повикување на соодветно претставување на жената во медиумите (точка 2.8) нема соодветна практична употреба, ако целокупниот општествен дискурс не се придвижува кон подобра состојба, туку продолжува да нè турка кон дното со нормализирањето на навреди од секаков вид кон новинарките.

Кодексот на Здружението на новинари на Македонија исто така налага дека потребно е да се „…негува културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.“ “Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.“

Сепак, дали се почитувани докрај принципите на Кодексот одредува саморегулаторното тело Советот на честа на „Здружението на новинари на Македонија“. И покрај тоа што членството во здружението е незадолжително, самиот Кодекс се темели на општоприфатена меѓународна правна регулатива, земајќи ја предвид Декларацијата за принципи за однесување на новинарите на Меѓународната федерација на новинарите врз којашто се базира правичното новинарско дејствување, а со тоа би требало да има некакво влијание врз начинот на којшто се одвива новинарската дејност на целата територија на Македонија.

За жал, бројот на вербални и физички напади кои ги претрпуваат новинарките е многу поголем од информациите што всушност излегуваат во јавноста, а со тоа и не може да се направи целосна анализа на реалната состојба, како и проблемите со кои тие се соочуваат. Тие напади се дел од нивното секојдневие и причина поради којашто следува самоцензура, притоа разнишувајќи го новинарскиот плурализам, слободата на изразување и долгогодишната борба за родова еднаквост.

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • May 26, 2020
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Револтирани сме од начинот на кој се перцепира нашата работа
ЈАДРО бара од Министерството за култура подобар третман на независната сцена
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пандемија во сенка
Не поминаа ни два месеци откако алармот беше вклучен, за веќе да можеме да ги увидиме иницијалните ефекти и фатални последици кои пандемијата односно изолацијата ги има врз жените во нивните домови.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Библиотеките како простор и за квир заедниците“ – предавање во Националната универзитетска библиотека
Предавање на м-р Лени Фрчковска во НУБ на 1ви јуни, во 18 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram