Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.

Говорот на омраза се дефинира како навредлив или заканувачки говор што изразува предрасуди кон одредена група, особено врз основа на раса, етницитет, род, сексуална ориентација и други идентитетски карактеристики. Многумина кои шират расистички, сексистички или хомофобичен говор на омраза сметаат дека само го остваруваат своето право на слободен говор и изразување. Точно е дека некогаш е тешко да се разграничи што е слободен говор, а што веќе преминува во говор на омраза. На пример, ако некој се противи на легализирање на истополови бракови, тоа не е нужно говор на омраза, но ваквата политичка позиција често се граничи со истиот. Но, ако говорот содржи експлицитно повикување на насилство кон одредена група, тогаш е несомнено говор на омраза. Изложеноста на ваков говор на луѓе од маргинализираните заедници може да има негативно влијание врз нивното ментално здравје, но исто така не е исклучено овој говор да премине од дигиталниот во физичкиот простор и да претставува директна опасност за овие лица. 

Со зајакнатото користење на социјалните медиуми, секој корисник на овие платформи е сè поизложен на ставовите на голем број луѓе. Но овие ставови не се секогаш само дел од различни јавни дебати: често социјалните мрежи се полни со повици за насилство и говор на омраза. Заради нивната структура и алгоритми овој говор може да биде засилен и концентриран на одредени постови – на пример, голем број од вестите за Скопската парада на гордоста имаа изобилство на квирфобичен говор на омраза во коментарите на овие постови. 

Како што може да се види со случајот на Скопје Прајд, жртвите на ваков вид на говор се често цели заедници и идентитетски групи. Кога некој повикува на насилство или користи деградирачки и дехуманизирачки говор против Ромите, Албанците или друга етничка заедница, тој говор имплицитно врши штета врз сите припадници на таа заедница. Но, некогаш жртвите не се само абстрактна идентитетска група, туку може да бидат поединци кои се нападнати врз основа на одредени идентитетски карактеристики. Политичарките и жените на јавни функции се често жртви на сексистички говор на омраза. Пратеничката Санела Шкриељ од СДСМ, која е бошњакиња, вели дека таа искусила говор на омраза врз основа на нејзиниот род, но и врз основа на нејзината етничка припадност. 

„За жал, мизогинијата и говорот на омраза спрема жените се и те како присутни и на моето работно место кое би требало да биде храмот на демократијата, односно Собранието. За мене е неприфатливо пратениците кои имаат најголема одговорност во поставување на пример за дебата заснована на почит кон соговорникот и аргументирана дискусија, да бидат тие кои отворено промовираат говор на омраза спрема жените, етничките заедници или други групи како што е ЛГБТ заедницата,“ изјави Шкриељ за Медуза. 

Шкриељ не е единствен ваков пример: неформалната иницијатива #СоНеаСме има реагирано на повеќе случаи на сексистички говор и последно реагираа на деградирачките коментари насочени кон министерката за одбрана Славјанка Петровска. Односно, сексистичкиот говор на омраза е системски проблем. Шкриељ го гледа говорот на омраза како форма на родово засновано насилство врз жените кое се темели на нееднаквите позиции на моќ на мажите и жените во општеството и чија крајна цел е обесхрабрувањето на жените да учествуваат активно во јавниот живот и носењето на одлуки.

„Политичката култура, односно некултура, изобилува со родови стереотипи, сексизам, мизогинија, говор на омраза и сето тоа дополнително го засилува насилството врз жените во политиката. Многу е важно да се истражува и следи говорот на омраза врз жените во политиката за да се укаже на штетното влијание што го има, не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот живот. Врз основа на овие сознанија, неопходно е да се формулираат мерки кои ќе овозможат сузбивање и санкционирање на говорот на омраза,“ додаде Шкриељ. 

Последиците од говорот на омраза можат да бидат многу сериозни и Шкриељ смета дека истиот е прв чекор до акти на насилство од омраза. Заради овој потенцијал, Шкриељ вели дека говорот на омраза треба соодветно да се санкционира, но и да се работи на сузбивање, односно превенирање на истиот. Таа посочи кон новата концепција за основно образование кој таа смета дека добар чекор во насоката на сузбивање, поставувајќи ги родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализам како клучни вредности на нашиот образовен систем.

Мора да се напомене дека говорот на омраза и заканувачкиот говор на интернет не секогаш поминува неказнет. На 22 септември, Основниот суд во Кавадарци му изрече затворска казна од 8 месеци на лицето К.З. За загрозување на сигурноста на Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци. Граѓански активисти кои со години се борат за безбедноста на маргинализирани групи и казнувањето на говорот на омраза против ЛГБТ луѓето, етничките малцинства и други групи на загрозени граѓани го посочија лицемерието на судскиот систем во државата кој експресно реагира кога се во прашање политичари, но не и кога е загрозена безбедноста на обични граѓани. 

За нашите случаи, кога мета се ЛГБТИ+ луѓе, активисти за човекови права и жени политичарки, институциите не реагираат и сметаат дека не постои реална закана, иако имавме повеќе случаи на насилство во изминатиов период каде мета беа активисти“, изјави Давид Тасевски, извршниот директор на организацијата Субверзивен Фронт.   

Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група. Дејан Сламков, „аут“ геј маж кој е истовремено и млад активист за ЛГБТ права и го води подкастот Save Our Children, беше жртва на говор на омраза и повици за насилство на социјалните медиуми откако во јули годинава една клупа во Стојаково, неговото родно село, беше обоена во боите на виножитото. Иако тој воопшто не беше инволвиран со боењето на оваа училишна клупа, беше обвинет за ширење на ЛГБТ пропаганда и наречен „преседател на lgbd заедницата од Стојаково“. Сламков го има пријавено инцидентот кај надлежните институции, но вели дека сѐ уште нема никаква разврска и дека тој сѐ уште е изложен на говор на омраза. 

Според извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права, дел од коментарите кои содржеле говор на омраза за овој случај се следниве: „кој се ја гази оваа земја, воен рок за да нема вакви како вас…“, „Бате јас за тебе иам решение застани на водоводут да та поминум су 200km И да ги разрешме дилемте“, „тебе дете не ти се пишува арно…“.

„Баш скоро го отворив Фејсбук постот (од пред 3 месеци) од кој започна сè и видов дека еден од луѓето кој беше вклучен во претходниот инцидент пак беше коментирал велејќи дека ширам “пропаганда” со еден пост на Инстаграм профилот на подкастот. Под тој коментар секако стои и закана дека физички ќе се пресметат со мене,“ изјави Сламков за Медуза. 

Сламков исто така напомена дека тој не е единствената жртва на говор на омраза заради неговата сексуална ориентација, туку дека неколку пати биле нападнати и неговите родители. Мајка му на Славков го придружуваше својот син на Скопје Прајд летово со транспарент на кој пишуваше „Го сакаме нашиот геј син“. Тој вели дека намерно не ја постирал сликата со мајка му и транспарентот на неговиот Фејсбук профил бидејќи знаел дека тоа би можело да допринесе до говор на омраза онлајн, но и во живо за мајка му. Сламков вели дека сака да ги „заштити“ своите родители од говорот на омраза насочен кон него и ЛГБТ заедницата. 

Тој смета дека недејствувањето на институциите – непостапувањето во случаи на говор и дела од омраза, како и недостиг на едукација и вокализирање на поддршка кон заедницата – допринесува до тоа да хомофобите ги гледаат ЛГБТ луѓето како „инфериорни, ранливи луѓе на кои може било што да му се каже или да му се направи без последици.“ Но Сламков исто така нагласи дека одговорноста не лежи само кај институциите, туку и кај поединците кои имаат ЛГБТ луѓе во нивните животи. 

„Но товарот не треба да падне само на институциите, туку и на родителите и блиските луѓе на ЛГБТ+ луѓето, бидеји тие се главната потпора наша. Би завршил со пораката од татко ми до сите родители: Не се срами. Не се плаши. Ослободи се. Ослободи го своето дете. Биди со него, твоето чедо”.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • October 4, 2022
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Време е да се збогуваме со стигмата на разводот
Практикување феминистичката слобода во ригидни средини.
  • Од Ивана Настева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што се случува со жените во отсуство на медиумски тропи?
Дали отсуството или отфрлањето на тропите служи само за да воведе нова? Кои сме ние без оковите на нашиот угнетувач?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Политиките кои водат кон родова еднаквост се втемелени и во нашата историја
Идејата за родовата еднаквост е имплицирана во политичките концепти уште од создавањето на македонската држава.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.
  • Од Елена Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фестивал на менструација
Надминувањето на менструалната сиромаштија значи да се препознае нееднаквоста и за тоа да се зборува јавно.
  • Од Ангела Бошкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Наследството на отпорот на Југословенката: ископување на политичкото тело на феминистичкото и квир омоќување
Повик за учесници на еднодневен семинар со проф. Јасмина Тумбас на 08 јуни, Скопје
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram