Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.

“Малите жени” мора да е навистина одличен филм. Кога беа објавени номинациите за Оскари во понеделникот наутро, таа голема движечка сила одлучи дека е соодветно да го номинира ова дело за најдобар филм, најдобра актерка (Серша Ронан), најдобра споредна актерка (Фиренца Пуг), најдобро адаптирано сценарио (Грета Гервиг) и најдобра костимографија (Жаклин Дуран). Сепак, целиот овој квалитет мора некако сам да се собрал на купче, без никаква водечка рака: Гервиг остана без номинација за најдобра режисерка, како што и веќе е случајот, освен оние пет пати во 92-годишната историја на наградите – повторно се номинирани само мажи.

Веќе долго време се сметам себе за неутрална критичарка, неспособна да се замара нешто премногу околу „одбивањата„ и „инклинациите“ и луѓето или филмовите на кои им ја „украле“ номинацијата. Ова се Оскарите, Џејк, и да се мачиш за јавно да го покажеш гневот поради неправдата кон било која индивидуална грешка, на мене ми се чини дека е само поинаков вид на субординираност во една џиновска консензус – машинерија која што и дава многу поголема културна тежина на необичната институција – Академијата – од што таа всушност заслужува да добие.

Ама, сепак, гласачи во Академијата – озбилно? 2019-та беше годината во која бројот на мејнстрим филмови направени од жени започна да достигнува критична маса: Hustlers на Лорин Скафарија, The Farewell на Лулу Ванг, Harriet на Каси Лемонс, A Beautiful Day in the Neighborhood na Мариел Хелер, Booksmart на Оливија Вајлд, The Souvenir на Џоана Хог, High Light на Клер Денис, Portrait of a Lady on Fire на Селин Скиама и Atlantics на Мати Диоп беа или добро оценети или успешни во билетарниците или двете, а неколку од нив беа номинирани во понеделникот наутро во останатите категории освен во категоријата за најдобар режисер. Па, да возвратиме на една година како оваа на овој начин, со школско исклучување на било која жена од Оскарите кои пред сè ги претставуваат авторството и авторитетот, оние кои го препишуваат успехот на еден филм со обединувачката визија на една индивидуа, започнува да не личи на ништо друго освен на патронизирачки сексизам.
Изгледаше како Гервиг да е прилично блиску до тоа да биде вклучена на листата, дури и земајќи ги предвид ноторните слепи точки на расизам и родова нееднаквост во Академијата. Исто како и Кетрин Бигелоу, единствената жена која ја има добиено оваа награда, таа е атрактивна, бела жена која има партнер кој исто така работи во филмската индустрија. Да се разбереме, ова не се самите причини поради кои гласачите ги препознаа делата на Гервиг, но се чини дека се услови кои можеби и помогнале да помине низ клубот составен од веќе познатите предрасуди на институцијата.

 

 

BTS: Director/Writer Greta Gerwig and DP Yorick LeSaux on the set of Columbia Pictures’ LITTLE WOMEN.”

 

Номинирањето на Гервиг во категоријата исто така би значело и промена во историјата на Оскарите на начин на кој што би им била дадена шанса на членовите на Академијата да се потапкаат по рамо; со оглед на тоа што таа беше номинирана за Lady Bird во 2018-та (кога победи Гиљермо дел Торо за The Shape of Water), можеше да биде првата жена во историјата која двапати била номинирана за најдобра режисерка. Но, очигледно, жените можат да бидат препознаени само до некаде, како малечка награда, а откако квотата на Гервиг која се состои од една номинација е штиклирана на листата, теренот е безбеден за таа да почне да биде игнорирана.

Еве ме, баш во онаа поза во која ти се тресат тупаниците кон Академијата, истата која ја отпишав како контрапродуктивна и бесмислена. Little Women e уникатен успех, кој беше вклучен во повеќе од 100 листи составени од страна на критичари и базирани на најдобрите филмови за оваа година кои се чини дека се предодредени да станат класика. Гервиг е брилијантен млад уметник со голема кариера пред себе; со номинација за режија или не, таа доживеа извонредна година, а и ќе може да отиде на церемонијата и да го види нејзиното пишување, нејзината одлична актерска екипа, нејзиното исклучително око за дизајнирање костуми и самиот филм со добиено признание од страна на индустријата. Па, зошто најавите во понеделникот наутро ме натераа да пцујам под мустаќ додека си го пиев кафето?

Признавам (и баш поради ова е тешко да се избегне моќта на машинеријата што се појавува во сезоната на награди): Оскарите се секогаш за нешто повеќе од самите Оскари. Се чини дека е лош знак да се почне 2020-та, годината во која прашањето „Дали жена може да победи?“ е баш на прагот да биде поставено во многу позначајно поле на дејствување, со ефективно непрепознавање на една хиперквалификувана жена за нејзината специфична способност да води: да води филмски сет, да води кампања, да води држава. Во последните неколку години, жените во Америка повторно и повторно гледаа како надежта полека исчезнуваше од нашите очи, како жени со искуство, талент, енергија, знаење и подготвеност повторно и повторно губеа од мажи кои – да ги задржиме работите општи и многу, многу културни – покажуваат впечатлив недостаток на сите тие квалитети. Стануваме екстремно уморни од тоа да бидеме тргнати на страна во некој чуден простор без никаква логика, кадешто нашата работа е до некаде ценета само ако ние, творците на истата, останеме невидливи, додека некои типчиња го собираат целото признание и моќ: тешката златна статуетка, следната престижна режисерска позиција, лидерството на слободниот свет.

Ајде повелете и обвинете ме дека правам огромна работа од сето ова, од универзализирањето на исклучувањето на една режисерка и преточување на истото во една убедлива изјава за општествената мизогинија. Набрзо ќе се вратам во мојот Зен моуд во однос на Оскарите (или барем додека не ја видам Гервиг на црвениот тепих и не почне пак да ми се тресе тупаницата, дури и додека ги гледам деталите на она што таа ќе го носи). Во меѓувреме, ќе се ограничам на проследување на Little Women, филм чија содржина е експлицитно за важноста и тешкотијата да се бара правото за женско авторство во свет во кој мажот доминира, беше еден од најдобрите филмови за 2019-та, и не беше волшебно создаден од шумски самовили туку напишан и режиран од страна на жив човек – жена.

 

 

 

Извор: Slate.com

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • January 20, 2020
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Steam Room: Вечерва ќе оствариме многу желби
Како дел од Скопскиот викенд на гордоста, вечерва ќе го проследиме настапот dragON forever, третиот дел од трилогијата dragON.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на Медуза
12 ноември (понеделник) е денот кога Медуза официјaлно се вдоми на meduza.mk. По тој повод организиравме кратка промоција и малку подолга прослава за добар почеток на новата феминистичка веб-платформа.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој навистина се бори за слобода на говор во нашето општество?
Спојлер алерт: не, тоа не се конзервативците
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101, ФИЛМ
Смртта и животот на Марша П. Џонсон (The Death and Life of Marsha P. Johnson)
Во име на месецот на гордоста и #BlackLivesMatter протестите, да се едуцираме за личностите кои го посветиле својот живот на борбата за ослободување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram