Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.

 

 

илустрација: Мариго Антов 

 

 

Човечкиот мозок не може ни да ја претпостави разновидноста на информации на интернет. Замислете дека сите ние имаме различни ставови, и со развојот на интернетот пристрасноста кон различни идеологии е присутна во медиумите кои ги следиме и од кои се информираме. Интернетот го смени начинот на информирање, и онлајн постојат безброј страни и онлајн медиуми кои пренесуваат безброј информации. Сепак, на нашиот дел од интернетот, имено Фејсбук фидот, светот изгледа како да се согласува целосно или до некој степен со нашите идеали.

Зошто?

Алгоритамот на многу социјални мрежи, помеѓу која е Фејсбук се базира на „селективно изложување“, односно феномен прв пат истражуван во 40тите во САД за време на изборите. Во 60тите овој феномен се надоврзува со теоријата за когнитивна дисонанца на Фестинџер. Односно, луѓето подобро реагираат на корпус од слични пораки кои се надоврзуваат една со друга, затоа што не предизвикуваат контрадикторни чувства кај нив.

Натали Струд во 2017 го истражува феноменот на „селективно изложување“ и го карактеризира во неколку типови според ерата во која е релевантно. Според неа од почетокот на дифузијата на телевизија луѓето добиваат можност да изберат помеѓу вести и забава. Кога овој т.н. „избор“ им е даден на луѓето, кога почнуваат да ги гледаат медиумите како „избор на информации“, започнува вториот тип на „селективно изложување“ кој истражува кој тип на теми ги мотивираат луѓето да бараат повеќе информации. Третиот тип го истражува изборот на медиум преку кој луѓето се информираат, односно теоријата на Маршал Меклухан „медиумот е пораката“. Ова нè води до четвртиот тип на „селективно изложување“, односно се надоврзува со интерпероналниот контекст каде темите кои ги сметаат за поважни луѓето најчесто ги дискутираат со оние кои имаат слични размислувања како нив, па така и кога се информираат сакаат изворите да имаат исто така слични размислувања.

Феноменот на „селективно изложување“ не значи целосно избегнување на одредени теми, туку значи дека луѓето во контекст на дискусија сакаат поголемиот дел од другите луѓе да имаат слични ставови како нивните.

Овие интерперсонални дискусии во последно време местото си го наоѓаат на социјалните мрежи како Фејсбук, каде 95,1 % луѓе во Северна Македонија поминуваат многу голем дел од времето. Сите нови особености на платформата имаат за цел да ги задржат луѓето повеќе време на платформата и тоа време да го монетизираат. Никој/а не сака да биде дел од платформа каде сите информации кои ги добива не соодветствуваат со нејзините/неговите размислувања, норми, вредности и идеологија.

Сте се запрашале ли некогаш како изгледа Фејсбук фидот на активен член на „Јавна Соба“?

И како се надоврзува ова прашање со што се случува со „свиркачите“ на Фејсбук во 2021 кои јавно изјавуваат дека се чувствуваат како да имаат „крв на рацете“ после работата во Фејсбук?

Одговор и на двете прашања се ехо коморите. Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.

Според Алфред Хермида кој ги анализира ефектот на медиумите го општеството, Фејсбук прикажува содржини базирани на интеграција на лични и други комуникации, односно феномен кој го нарекува „амбиент вести“. Фејсбук го прави ова преку собирање на мета дата, односно годишно има околу 9000 податоци поврзани за карактерот на еден човек со кои може да им дава информации поврзани со тоа што сакаат да го видат. Ова значи дека компанијата има профил за секого како и модификации на нивното однесување базирано на изложеност на алгоритамот.

Фејсбук е новата политичка сфера на дискусија, а овие сфери се тие кои го дефинираат однесувањето на граѓаните во една држава. Терминот ехо комора во однос на Фејсбук може да го дефинираме како група на поединци кои се изложуваат на многу слични интерпретации на информации и во процесот формираат едно исто гледиште на светот.

На Фејсбук (Хосанагар:2016) има три фактори кои укажуваат какви информации ќе гледаме – кои ни се пријатели и кои се информациите кои тие ги споделуваат, кои од тие ги наоѓаме на фидот, и каква интеракција имаме со истите (дали ќе ставиме лајк, дали ќе ставиме реакција, дали ќе коментираме, споделиме или ќе ја зачуваме таа информација). Но, во 2018 видовме пораст на групите на Фејсбук, и според Фејсбук и групите се дел од нашиот профил (не јавниот профил, туку датотеката која Фејсбук ја има за нас и според тоа проценува кои фактори играат улога ние да поминеме повеќе време на платформата). Ова се однесува на тоа во кои групи членуваме, кои луѓе исто така членуваат во тие групи, каква интеракција имаме со истите. Исто и со страниците, кои сме ги лајкнале, каква е суштината на тие страници, која е публиката и каква е нашата интеракција со истата.

Земајќи го во предвид тоа може да кажеме дека Фејсбук гради ехо комори со цел да нè задржи на платформата.

Но, ехо коморите кај луѓето вградуваат пристрасност кон потврдување (Хешмат: 2015), затоа што колку повеќе сме изложени на еден тип на информации, толку повеќе веруваме дека истите се точни.

Алгоритамот според податоците кои ги има за секоја личност може да даде многу јасна претпоставка што сакаме да гледаме на платформата. Доколку не се согласуваш или не ти е интересен еден тип на содржина за некое време нема да ја гледаш на Фејсбук. Таков пример се фотографии од луѓе кои ти биле познаници во средно. После некое време тие фотографии исчезнуваат од дневниот ред на што Фејсбук ти дава да видиш.

Овој алгоритам е сопственост на приватна компанија и е отворен за манипулација на политички и социјални гледишта, но освен тоа профитира од времето кое ние сите го поминуваме на платформата.

Колку психологијата и истражување на истата е интегрирана во работата на Фејсбук може да видиме и преку начинот на кој службениците на компанијата говорат. Шан Паркер, првиот претседател на компанијата во една изјава говори за тоа колку е потребен допамин за луѓето да се вклучат и имаат интеракција на платформата. Го објаснува допаминот кај индивидуи како резултат на оптимизирани стимулации, како лајкови или реакции и споделувања. Кога некој ќе ми ја лајкне сликата или коментарот се чувствувам среќно. Тоа е нивната цел, но подлабоко ова значи дека јас верувам дека сите тие 300, 400, 500 луѓе кои го лајкнале моето мислење размислуваат како мене, и ја ставам шапката на „инфлуенсер“, и го дефинирам „правилното однесување“ на моите „следбеници“.

Затоа е толку важен моментумот на „свиркачите“ на Фејсбук, затоа што документите кои тие ги приложија на јавноста докажуваат кој е негативниот ефект на ехо коморите и како тоа се одразува во офлајн животот. Ниеманската лабораторија најави дека 5,37 газилиони вести поврзани со свиркачите се објавиле само на Фејсбук.

Можеби јас не верувам дека насилство врз жени и девојки е во ред, но групите, страниците и пријателите со кои поминувам голем дел од денот онлајн веруваат во тоа. После неколку месеци на изложеност, веројатно и јас ќе почнам да верувам во тоа. Уште неколку месеци потоа можеби ќе почнам да бидам насилна кон жени и девојки.

Оваа помисла на многу ќе им изгледа како теорија на заговор, како пишувања на лудача. Но, ние не можеме да бидеме изложени на „другата страна“ на Фејсбук затоа што тоа не соодветствува со информациите кои ги има алгоритамот за нас. Можеме да бидеме изложени на интерпретација на истите, каде наши сличномисленици негативно реагираат на оваа содржина.

На мојата страна на Фејсбук сите се согласуваа дека „Јавна Соба“ е кривично дело, дека тие што го рационализираат насилството врз жени и девојки не се во право и мора јавно да реагираме против нив. Но кај нив е обратно. Нивниот фид е исполнет со поголем број на луѓе кои го делат нивното мислење за насилство, или нормализација на насилството.

Секако не можеме во целост да тврдиме дека онлајн персоната е истата со таа во офлајн светот. Но, може да заклучиме дека ова е ефектот на Фејсбук кој когнитивно влијае на луѓето. Во нашето општество насилството врз жени и девојки не се казнува, и во 2021 година институционална поддршка за жртвите нема. Оваа година ни укажа дека ние живееме во општество каде онлајн малтретирање на девојки и жени не се казнува законски. Живееме во општество каде има големи напори да се спречи сеопфатно сексуално образование од организации со пропаганда кои истата добиваат можност да ја шират во училиштата. Жените и девојките во нашето општество не се доволно информирани за што се е сексуално вознемирување, што се е родово базирано насилство, доколку ги прочитате нивните пораки упатени до Медуза.

Заклучокот лежи во тоа што темелите за индоктринирање на насилници се веќе поставени во нашата држава, Фејсбук само го забрзува процесот.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Јована Герасимовска
  • December 27, 2021
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Запознај ја Мави Феникс
Се обидувам да им дозволам на моите феминистички ставови да светат низ секоја песна, секое интервју и воопшто секоја мала работа што ја правам. Време е за сите да застанат против сексизмот кој е насекаде околу нас.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во нашите учебници жените се „невидливиот род“
Во учебниците на просторот на Југославија секогаш побројни биле коњите (на војсководците), отколку жените.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram