Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“

Неодамна заврши втората сезона на популарната HBO серија „Еуфорија“ и сите имаме многу за дискутирање. Оваа серија ги следи животите на група тинејџери кои се справуваат со различни ситуации, како откривање на својата сексуалност, турбулентни пријателства, (не)здрави романтични врски, насилство од интимни партнери, како и користење и зависност од дрога. 

Иако во „Еуфорија“ одблизу ги следиме приказните на повеќе ликови, главната протагонистката, а воедно и нараторка на серијата, е Ру – седумнаесетгодишна зависничка која почнува да користи различни дроги откако татко ѝ се разболува од рак, а  продолжува со поинтензивно користење по неговата смрт. Во првата епизода, публиката дознава дека Ру се предозирала, и доколку сестра ѝ Џиа не ја нашла на време, таа најверојатно би била мртва. И покрај ова искуство, Ру не успева да апстинира долго: таа го поминува летото во центар за рехабилитација, но почнува повторно да користи кога се враќа дома. Ру се бори со својата зависност, но некогаш таа воопшто не се ни обидувада остане трезна: на крајот на втората сезона, таа успева конечно почнува поуспешно да ја лечи својата зависност и со големи тешкотии престанува да користи дроги до крајот на школската година. 

Како и повеќето продукции, „Еуфорија“ не е совршена серија.  До некаде се сложувам со дел од критиките, како преголемото сексуализирање на тинејџерите, или фактот што два важни ликови со уникатни перспективи од првата сезона – Кет и Мекеј – во втората сезона се практично избришани. Сепак, според мене, дел од критиките не држат вода, особено тие кои ја обвинуваат серијата за идеализација на зависноста и користењето на дроги. 

Прво, нереалистично и проблематично е да се очекува од една серија или филм да држат лекции за што е морално однесување. Ваквите очекувања може да доведат до ограничување на уметничкиот израз, (авто)цензура и морална паника. Кога станува збор за оваа специфична критика упатена кон „Еуфорија“, би потенцирала дека оваа серија всушност го прави токму обратното. Сцените каде се романтизираат опасни однесувања се често проследени со сцени кои ја прикажуваат бруталната реалност на тоа што им се случува на ликовите. Оваа динамика е дури присутна во една од репликите на Ру од првата сезона:

„Дрогите се некако кул. Мислам, тие се кул пред да ти ја уништат кожата. И животот. И фамилијата. Тоа е моментот кога тие веќе не се кул. Тоа е всушност многу тесен прозорец на кул.“

Без разлика дали ликовите или серијата експлицитно ни држат некаква лекција, или воопшто не го прават тоа, Сем Левинсон, креаторот и режисерот на „Еуфорија“, во интервју со Vulture објаснува дека тој сакал да ги покаже случувањата од перспективата и емотивната состојба на ликовите. 

„Рано утврдивме дека секоја сцена треба да биде интерпретација на реалноста или претстава на емоционална реалност. Не ме интересира реализмот. Ме интересира емотивен реализам,“ вели Левинсон во интервјуто. 

Всушност, заради фактот што Ру е нараторка на серијата, може  да се каже дека, на некој начин, целата приказна е прикажана од нејзина перспектива, дури и сцените каде таа е отсутна, односно дека „Еуфорија“ ја прикажува емотивната реалност на Ру. Така што, иако можеби ликот на Ру ја романтизира зависноста од дроги, тоа не го прави самата серија.

Иако преку ликот на Ру се прикажани последиците од зависноста од дрога, серијата истовремено успева да не го осуди и демонизира рекреативното користење на дрога или пак да ги дехуманизира корисниците на дрога. Многу често филмовите, сериите и приказните раскажани преку други уметнички медиуми кои инволвираат ликови кои се корисници на дрога, не ги прикажуваат овие ликови како целосни човечки битија, туку како метафора за сите ужасни работи кои може да ти се случат ако користиш било каква дрога. 

Еден таков пример е познатиот филм „Requiem for a Dream“ (2000) каде секој од четирите главни ликови-зависници завршува трагично и е во безизлезна ситуација – ликот на Џеред Лето ја губи својата рака заради користење на хероин, а неговата девојка (Џенифер Конели) мора да извршува сексуални услуги за макро, за да може да си дозволи да продолжи да користи хероин. Сите главни ликови завршуваат во понижувачки ситуации кои ги дехуманизираат, претварајќи ги во трагични симболи и предупредувачки приказни за публиката. Пораката на филмот е дека ако почнеш да користиш дроги, за тебе нема спас.  

За разлика од ликовите во „Requiem for a Dream“, Ру е една од малкуте ликови кои се зависници во „Еуфорија“. Сепак, тие не се единствените ликови кои користат дроги или конзумираат алкохол. На пример, Меди и Кеси земаат екстази во епизодата со карневалот, а Џулс пуши џоинт и можеби зема некоја друга дрога кога е на забава во градот. Но разликата е што овие однесувања се генерално умерени и не подразбираат зависност од овие супстанци, туку рекреативна употреба која може да има краткорочни, но не и нужно долгорочни последици. Преку прикажувањето на „темната“, но и рекреативната страна на користењето на дроги, „Еуфорија“ успева истовремено сериозно да ја прикаже зависноста која може да произлезе од овие супстанци, но да не го демонизира повременото користење.

Сепак, можеби најважно е дека „Еуфорија“ не ја третира Ру како изгубен случај. Ру не е симбол на последиците од користење дрога или лекција за публиката, туку комплексен лик чија зависност не е претставена како личен морален пропуст, туку како состојба која има своја историја. Траумата која Ру ја доживеала по смртта на татко ѝ, со кого била многу блиска и нејзината предиспозиција за психолошки растројства, се дел од причините зошто Ру почнала да користи дроги. Оваа лична и интимна историја е издржано прикажана и ја прави Ру тридимензионален лик со кој можеме да сочувствуваме. 

Низ серијата Ру неколку пати пробува да остане трезна и потоа повторно почнува да користи дроги. Дури на крајот на втората сезона, откога го достигнува сопственото дно, таа конечно се обидува да биде трезна, не за некој друг, туку за себе.

 

Во овој контекст, најмногу впечаток ми има оставено епизодата каде Ру јаде палачинки со Али, 54-годишниот зависник од крек кокаин кој е трезен 7 години и ја запознава Ру преку групата за поддршка за зависници Narcotics Anonymous. Али ѝ станува спонзор на Ру и во оваа епизода тој ѝ објаснува  дека од случајни причини, како генетски предиспозиции, таа ја има болеста на зависност, но проблемот е што светот не ги гледа зависниците од дрога како луѓе кои страдаат од болест, туку ги гледа како себични. 

Низ епизодата, Али ѝ објаснува на Ру дека зависниците влегуваат во деструктивен круг каде сметаат дека направиле непростиви работи и токму поради тоа, не гледаат поента да се подобрат, продолжувајќи го деструктивниот круг. Али споделува со Ру дека тој бил насилен кон својата сопруга додека бил зависник, но дека тоа се променило од кога тој почнал да се лечи. Сепак, сопругата го оставила и едната ќерка сѐ уште не му простила и можеби никогаш нема да му прости. По оваа лична приказна, Али ја прашува Ру дали таа сепак мисли дека тој е добра личност и таа вели да. 

„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“ вели Али. Ру ја повторува истата фраза на крајот на втората сезона, имплицирајќи дека овој разговор имал огромно влијание врз неа и дека истата помисла ја мотивира да остане трезна.

Разговорот помеѓу Али и Ру е еден од најдолгите и најмоќните дијалози во серијата. Оваа епизода е фундаментално различна од многуте популарни наративи за зависници, без притоа да ги минимизира потенцијалните последици од зависноста. Али преку својот пример ја учи Ру дека иако и двајцата направиле одредени грешки и биле насилни кон своите блиски, тие сепак можат и мора да се обидат да бидат подобри. Исто така, фактот што Ру не е магично променета по овој разговор одлично ја прикажува нелинеарната патека кон заздравувањето. Дури и на крајот на сезоната, Ру не ги има решено повеќето проблеми во нејзиниот живот, но сепак одбира да живее, наместо да се уништи. 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • May 9, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: БОРБА
Калина Малеска, Александра Спасеска, Билјана Кочоска, Калиа Димитрова и Марта Стевковска ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Санна Марин
Oчигледно, границата на моралот се повлекува кај млада жена со моќ, која се осмелува да танцува на камера. И тоа, провокативно.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме.
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram