Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.

Патувањето почна стандардно. Влеговме во секое можно населено место, нормално избегнавме и по некоја патарина, па стигнавме до последниот град пред главниот град. Тој се качи таму. Никогаш не сум обрнувала внимание на патниците, обично слушам музика или читам за да не морам да разговарам со некој кој ќе седне до мене или да се изразам подиректно – не сакам да запознавам луѓе на патување.

Седна до мене и, се разбира, не праша дали е слободно. А и да прашaше, што ќе кажев, дека не е? Седејќи така почувствував дека моето место стануваше сè потесно, а тој доаѓаше сè поблиску. Почна да ме испрашува: каде одиш, зошто одиш…Си реков, ај не биди некултурна, а и возрасен е, може татко да ти биде. Ах бе, зар заборави дека постарите мажи се повеќе склони кон сексуалните кривични дела?

Што се случи понатаму? Продолжи да ми зборува: да ти го дадам бројот, да се видиме, колку си убава, итн, итн. Ќе кажете дека половина час трчање бил долг и траел колку една вечност? Овој половина час беше најдолгиот во мојот живот. Толку добро се сеќавам, што додека пишувам можам да му го почувствувам здивот, топлината на неговото тело залепено до моето, моето силно чукање на срцето, желбата да го скршам прозорецот и да излезам, стравот кој ме закова за седиштето, како седам нема во полн автобус и прашалниот поглед на момчето пред мене, кој како да сакаше да праша: ти треба ли помош?

Ми требаше помош, но за да можам да го запрам вознемирувањето, а не да чекам да стигнеме на станицата.

Оваа случка, во комбинација со многу други слични, е причината зошто избрав да пишувам баш за сексуалното вознемирување. Многу жени во нашата земја не го препознаваат, иако се виктимизирани, а други сметаат дека се работи за однесување кое е нормално за мажите. Еве на пример, во 2019 година три од десет жени во нашата земја биле жртви на една или повеќе форми на сексуално вознемирување. Најчести форми на сексуално вознемирување биле гледање (зјапање) или похотливи погледи кои предизвикале жртвата да се чувствува некомотно, потоа прашања за приватниот живот, непосакуван допир, прегрнување или бакнување, коментари за физичкиот изглед (OSCE, 2019: 37). Важно е да се напомене дека бројот на случаи на сексуално вознемирување е пониска во Северна Македонија, за разлика од земјите членки на Европската Унија (на пример, 81% во Шведска), но тоа не е резултат на ефективната работа на полицијата или пријавувањето од страна на жртвите, туку е резултат на различните општествени перцепции на сексуалното вознемирување. Имено, во нордиските земји и земјите на Западна Европа, постои долга традиција на движењата за родова еднаквост и ослободување од патријархалните стеги на жените, додека на Балканот, па и во Северна Македонија, постои перцепција дека е нормално индивидуи од машки род да се однесуваат на таков начин и дека тоа го предизвикуваат жените поради начинот на кој се облекуваат (OSCE, 2019: 39).

А, второ, затоа што станува збор за систематски начин на однесување кое е резултат на дисбалансот во моќта меѓу родовите (вертикална сегрегација на родовите во професионалната и приватната сфера на животот) – мажите се тие кои се носители на поголем број клучни позиции на моќ во сите сфери на животот. Дури и во сектори каде жените се повеќебројни, мажите се тие кои се директори или менаџери. Паралелно, заедно проблем создаваат и расизмот и дискриминацијата, поради кои виктимизирани се и припадници/чки на маргинализирани заедници.
Почесто како жртви се јавуваат девојките и жените (Kearl, 2014; Espelage et al., 2016), додека поретко тоа се момчињата и мажите. Вториве, почесто се сторители на дејствијата на сексуално вознемирување (Gruber & Fineran, 2016; Burn, 2019). Тогаш кога жртви на сексуалното вознемирување се лица од машки род, почесто сторители се, исто така, лица од машки род. Честопати овој појавен облик на сексуалното вознемирување се поврзува со потребата од доминација во машките групи, кога мажите со повисок статус во нив сексуално вознемируваат мажи од пониските статусни слоеви (Fox & Tang, 2014; Gruber & Fineran, 2016).

Може да се појави како испраќање експлицитни фотографии, мејлови или текстуални пораки со сексуална содржина; непосакувано додворување; непосакувани допири или физички контакт со сексуална конотација; шеги, приказни или споделување сексуални фантазии; и многу други начини. Се случува преку директна лице во лице комуникација; за комуникација преку телефон, смс порака, социјален медиум или e-mail; преку прикажување материјали или објекти; но и преку навлегување во нечија лична територија или преку „чепкање“ на нечии предмети. Сите дејствија за жртвата создаваат средина во која таа се чувствува небезбедна, која за неа е непријателска, ја деградира, понижува и/или навредува, повредувајќи и го достоинството.

Како и многу други неприфатливи сексуални акти, сексуалното вознемирување се случува во средини кои се поврзани со нашиот професионален живот, односно на работното место, во училиштата, на универзитетите, но и во средини поврзани со нашиот секојдневен живот, како што е јавниот превоз, маркетите, угостителските објекти, како и многу други места каде минуваме дел од нашето време.

Сè уште студирав во главниот град, беше недела, другарка ми си замина со утринскиот автобус после викендот кој го помина кај мене. Беше неочекувано тивко за толку раздвижен град, можеби и повеќе од обично. Меѓународната (и меѓуградска) автобуска станица тогаш, се уште, се наоѓаше преку Камениот мост, кај денешниот Музеј на холокаустот. Минувајќи го мостот движејќи се кон плоштадот, забележав дека некој доаѓа кон мене. Обично неделно попладне. Човекот почна да ми се приближува, а јас продолжив да гледам пред себе, во стил „не предизвикувај внимание“… Но, во моментот кога се разминавме ја почувствував неговата на рака на мојот задник. Молам?! Вртејќи се, збунето му реков: Што правиш? А, тој, смеејќи се хистерично, се фати за својот полов орган и праша: Сакаш уште?! Заминав, брзајќи, онолку колку што ме носеа нозете, немајќи храброст да се завртам.

Ако го поставиме сексуалното вознемирување во средината на триаголник на чии страни стојат сторителот; жртвата; и местото (контекстот) во кој се случува; можеме да ги идентификуваме трите бихејвиорални димензии на сексуалното вознемирување (Fitzgerald et al., 1997): полово вознемирување; непосакувано сексуално внимание; и сексуално изнудување.

Токму оваа поделба укажува дека е погрешно да се употребува терминот полово вознемирување во контекст на посочување на сите дејствија кои може да бидат карактеризирани како сексуално вознемирување.

Сексуалното вознемирување ги опфаќа сите дејствија (непристојни сексуални гестови, прикажување фотографии со сексуална содржина или предмети со сексуална конотација, сексистички или хетеросексистички говор, шеги или коментари, итн.) или кои можеме да ги карактеризираме како сексуално вознемирување, но кога истите се поврзани со нечиј род, родов идентитет или сексуална ориентација. Непосакуваното сексуално внимание може да вклучува сугестивни или позитивни и негативни коментари за нечие тело; похотливо погледнување или свиркање, довикување или коментари кон друг во минување; непосакувано допирање, намерно блиско разминување (кога телата се допираат), блокирање на патеката на минување, постојани понуди за состанок, бакнеж или сексуален однос. Сексуалното изнудување (quid pro quo) се однесува на барањето сексуален контакт или сексуални услуги како услов за да се добие одреден бенефит како вработување, унапредување, подобри работни услови, помош, повисока оценка или положен испит.

Како би го спречиле? Покрај инкриминацијата како кривично дело, потребни се промени во начинот на секојдневното општествено функционирање во насока на создавање средини во кои нема да се толерира или нормализира сексуалното вознемирување.

Но, она што е многу поважно е да престанеме со покажувањето со прст на жртвата. Виктимизацијата е процес кога некој станува жртва, и е комплексен круг на многубројни фактори. Меѓутоа, во тој процес, особено кај сексуалните кривични дела, однесувањето на жртвата не треба и не смее да биде одбрана за сторителот. Во криминологијата постои техника на неутрализација на вината која ја користат сторителите на кривичните дела, префрлајќи ја вината на страната на жртвата, оправдувајќи се себеси за кривичното дело. Ова се случува особено често во случаите кои вклучуваат сексуално насилство или вознемирување.

Дури и во текот на пријавувањето во полиција, постојат ситуации во кои криминалното однесување се доведува во прашање затоа што жртвата се однесувала на одреден начин. Од другата страна стои јавноста, која речиси секогаш кога жртвата ќе истапи и конечно ќе собере храброст да го сподели своето искуство и укаже на потребата од санкционирање, вината се префрла на нејзина страна, преку класичните прашања како, „зошто си пиела?“, „како си се облекла?„, „сигурно ти си сакала“, „зошто одеше таму сама?“ и слично.

Сексуалното вознемирување претставува само една од многуте последици на доминантната општествена положба на машкиот род, родовите улоги, а пред сè помалку вреднуваната општествена улога на жените. За воопшто да можеме да зборуваме за спречување, односно превенција на сексуалното вознемирување (а не зборувам за неговото инкриминирање, кое очекуваме да се случи за брзо време), потребни се длабоки општествени промени кои бараат целосна промена во перцепцијата на жените, вреднување на нивната платена и неплатена работа, промоција на еднаквоста, и тоа не само таа на жените, туку и на останатите маргинализирани заедници. Апсолутно секој треба да се чувствува безбедно во секоја сфера на општественото постоење.

НАПИШАНО ОД:
  • Ангелина Станојоска
  • June 21, 2021
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Кога љубовта трансформира?
Во и надвор од сопствените срца: белешки од животот во Шпанија
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: РАЗГОВОР
Ана Блажева, Наталија Теодосиева и Славчо Димитров ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фетишизирањето на „тате проблемите“ преку песните на Лана дел Реј
Како етикетирањето на девојките и жените со тате проблеми ги обесправува и го оправдува насилството.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме.
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Од Лилит до вили
Компаративна анализа на сличностите помеѓу самовилите од јужнословенските сказни и хебрејската Лилит.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Абјектноста на културата на забава
Чинот на веселење и славење на нашата видливост засекогаш ќе биде абјектен во очите на оние што нè презираат, не нè разбираат и се плашат од нас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram