Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Декриминализацијата ќе придонесе кон намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници
Ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат на Маршот на црвените чадори, по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
STAR оваа година по 14 пат организира Марш на Црвениот Чадор по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички/ци. Кажете ни нешто повеќе за маршот кој го организирате традиционално.

 

 

Како и секоја година, така и оваа, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР- Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, и нашите поддржувачи ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ, се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, и по тој повод ќе го организираме по четирнаесети пат традиционалниот Марш на црвените чадори.

Маршот, ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“. Пред започнување на маршот, сексуални работници ќе дадат изјави за медиумите.
Со овогодинешната кампања, повторно ќе ставиме акцент на потребата од декриминализација на сексуалната работа како најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нова правна рамка за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

 

 

Зошто е важно излегувањето во јавниот простор за сексуалните работнички и работници и за вас, како организација?

 

Како организација предводена од сексуални работници која повеќе од 10 години се залага за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници во социјалниот, правниот и здравствениот систем, и ја промовира сексуалната работа во општеството како и секоја друга професија, сметаме дека излегувањето во јавноста и зголемувањето на видливоста е од големо значење за постигнување на нашите цели како заедница која се уште живее на маргините во нашата земја.

Преку јавни настани, кампањи како што е Маршот на црвените чадори и Скопје Ред Лајт Дистрикт, ние секуалните работници, ги промовираме нашите аспирации, ги застапуваме нашите права, и зборуваме во наше име. Само со кревање на гласот на сексуалните работници и јавното говорење можеме да го добиеме она што ни е најмногу потребно како заедница – да живееме и да работиме во безбедни услови, со еднакви права како и сите други граѓани, со адекватен и лесен пристап до здравствени, социјални и правни услуги.

 

 

Долго време се залагате за декриминализација на сексуалната работа во Македонија. Зошто е потребно час поскоро да се донесе соодветна законска рамка?

 

 

Процесот за барање на декриминализација на сексуалната работа е веќе опточнат. Ние во СТАР, заедно со ХОПС и МАРГИНИ, веќе поднесовме предлог иницијатива во име на неформалната Платформа за декриминализација на сексуалната работа, до надлежните органи за измени на веќе постоечките закони кои ги таргетираат сексуалните работници во нашата земја, односно Кривичниот законик (Член 191) и Законот за прекршоци против јавен ред и мир (Член 19), по кои се казнуваат одредени активности поврзани со сексуалната работа. Последователно, како одговор кон доставената предлог иницијатива, од Министерството за правда како надлежен орган за измени на Кривичниот закон нè информираа дека постапката за декриминализација на сексуалната работа треба да започне од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кој е под надлежност на Министерството за внатрешни работи. Меѓутоа, не застануваме тука, продолжуваме понатаму да го водиме процесот, со цел што е можно поскоро да се донесе правна рамка за регулација на сексуалната работа преку измени и дополнување на постоечките закони и пишување на нови.

Сметаме декриминализацијата на сексуалната работа како најдобра правна рамка за регулација, ќе придонесе за намалување на насилството врз заедницата на сексуални работници, особено родово базираното насилство, намалување на стигмата и дискриминацијата која е присутна секојдневно во нашите животи, ќе не охрабри да пријавуваме насилство, и ќе овозможи заштита на нашите човекови и работнички права.

 

Сексуалните работници се едни од најпогодените групи граѓани во пандемијата, но не беа опфатени преку владините мерки за помош. Дали ситуацијата е сè уште слична и каде го гледате излезот од истата?

 

 

КОВИД-19 пандемијата придонесе кон зголемување на многубројните здравствени и социјални нееднаквости помеѓу ранливите популации како што се сексуалните работници. Ние, како маргинализирана група на граѓани се соочивме и сè уште со соочуваме со низа проблеми и потешкотии бидејќи сме исклучени од владините мерки за помош и заштита од КОВИД-19. Пандемијата влијае негативно врза нашата општа благосостојба, меѓусебната интеракција, финансиските средства, основните средства за живот, како што се домување, храна, и сл. Дополнително, постоечките законски казни, политики и воспоставената пракса на непризнавање на сексуалната работа како работна дејност, не само што во услови на здравствена криза ја онеспособуваат нашата економската моќ, туку и jа зголемуваат нашата ранливост на КОВИД-19. Во услови кога сексуалната работа не е конкретно правно регулирана и признаена како дејност, ние како маргинализирана заедница не сме во можност да ги користиме економските мерки кои важат за останатите граѓани, и не можеме да работиме во здравствено контролирани околности кои овозможуваат заштита и придонесуваат кон спречување на ширење на пандемијата.

Секако, излезот го гледаме во донесување на соодветен модел за регулација на сексуалната работа која ќе придонесе до признавање на нашата професија и препознавање на нашиот труд, со заштитата на нашите права преку законите за работни односи и со регулација за безбедноста и здравјето на работното место.

 

 

За крај, што би им препорачале на читателите кои имаат одредени задршки или предрасуди кон сексуалните работници?

 

 

Дискриминацијата и предрасудите од страна на општеството уште повеќе придонесуваат кон продлабочување на проблемите со кои ние се соочуваме како ранлива категорија на граѓани. Затоа ни е многу важно да ја добиеме поддршката од јавноста во борбата за ставање крај на насилството, експлоатацијата и во обидите да обезбедиме безбедни услови за живот и работа за сите.

За крај, ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат овој петок на Маршот на црвените чадори по повод одбележувањето на 17ти декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, за заедно да испратиме порака до јавноста за итноста од донесување на соодветен модел за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 16, 2021
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Андреа Угриновска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • ДИЈАЛОЗИ
Sandra ti priča: Интервју со Сандра Силаџев
Сандра Силаџев е  глумица и стенд ап комичарка која со портретирање на реалноста успева на сатиричен начин да ни ги долови социјалните и родови проблеми во нашето општество.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ
Вита е спој на мојот интерест за културно наследство, антропологија, театар, фотографија и филм: Интервју со Филип Петковски
„Vita“ е мултимедијална изложба на Филип Петковски, која вклучува краток филм, авторски фотографии на Жарко Чулиќ, како и фотографии направени од непознати фотографи од првата половина на 20 век.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (втор дел)
Љубовта е модел, начин на однесување кој припаѓа на традицијата на мислење на заедницата, и тоа е постаро од моделот на индивидуалност.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Престанете да го користите феминизмот за да ги продадете вашите производи
Значи - брендови, ако користите феминизам за продажба на вашите производи, еве го мојот совет: надминете ги овие еманципирачки реклами и всушност направете нешто што навистина би помогнало.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram