Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно

Пред повеќе од 10 години, речиси преку ноќ, од млада и успешна девојка што израсна во прекрасно семејство и со амбиција да го освои светот, се претворив во марионета во рацете на мојот тогашен сопруг. Тој користеше најразлични средства и манипулации за да ми ја скрши самодовербата, да ме убеди дека не вредам ништо и дека никој нема да сака и нема да може да ми помогне, a дека токму тој е најдоброто нешто што ми се случило во животот, а кога постапува агресивно, јас сум самата виновна за тоа.

Една од вообичаените методи беше поставувањето правила во секојдневниот живот и за најбанални работи. Дали ќе го направам ручекот токму како што тој сака, дали ќе се вратам од работа или од средба со пријателката во точно определено време како градските гужви да не влијаат врз тоа, па дури и за тоа дали ќе заработам доволно за да има за задоволување на сите негови каприци, како да не е заедничка обврска планирањето и обезбедувањето на семејниот буџет. И во случај да не успеев во која било област, тоа требаше да ги оправда неговиот гнев и насилничко однесување.

Ова резултираше во еден вид самоцензура од моја страна. Едно по едно, престанував да ги правам работите во кои претходно уживав и на кои им се радував. Престанав да јавам коњи, престанав да сликам на стакло, го променив стилот на облекување, ги прекинав пријателствата и ги сведов на минимум контактите со моето семејство. За помалку од три години, јас станав бледа и непрепознатлива сенка од старата јас, која се движеше низ животот како низ минско поле, со единствена задача да не направи ниту еден погрешен чекор што претерано ќе го вознемири, а притоа и никој однадвор да не забележи дека нешто не е во ред.

Од сегашна перспектива можам да кажам дека неговото однесување поминуваше низ 3 фази, кои се повторуваа. Најпрво имаше период на зголемена тензија кога сѐ што ќе направев не беше доволно добро и во кој доживував континуирани критики, навреди, закани по мојот живот и животот на најблиските, како и финансиско насилство и целосна социјална изолација. Потоа следуваше период на ескалација, за која „тригер“ можеше да биде и најмала ситница кога неговото однесување излегуваше надвор од контрола и резултираше со груби вербални, па и физички напади, за веднаш потоа да следува период на каење, убави гестови, барање да му простам и ветување дека таквото однесување нема да се повтори.

На почетокот воопшто не помислував на развод. Длабоко во себе верував дека мојата улога како жена и мајка е да го зачувам семејството дури и по цена на сопствената среќа. Исто така, знам дека не сакав да им нанесам болка и срам на моите родители – таа мисла долго ме измачуваше. Но третата и можеби најголема причина што и понатаму останував во таквата заедница, беше поради фактот што додека ги гледав „совршените бракови“ на многумина од моето опкружување, не сакав да признаам најпрво пред себе, а потоа и пред светот, дека и покрај сите дипломи и кариерни успеси, „jас не успеав“ и потфрлив во едно од моите најважни животни полиња. Кога, пак, увидов дека работите одат само во надолна линија и прифатив дека што и да направам, тој нема да се промени, се ужаснував од помислата на неговата гневна реакција кон мене и моите најблиски, доколку побарам развод и јавно ја кажам причината. Бев свесна за непостоењето на ефикасна полициска заштита на жртвите на семејно насилство, за правните лавиринти низ кои ќе треба да поминам, како и за јавниот линч со кој ќе треба да се соочам, и сето тоа ме одвраќаше од желбата за промена и останувањето во таквата заедница и понатаму ми се чинеше како далеку помало зло. Долго чекорев така низ животот со маска на лицето, а „крилјата“ ми останаа длабоко стуткани под креветот.

Во тој период јас сепак направив и две исправни работи. Одлучив да ја родам ќерка ми, чие доаѓање на овој свет беше освестувањето што ми беше потребно, затоа што дури тогаш јасно согледав дека тоа никогаш нема да биде животот што го посакував за неа, а се изборив и за правото да отворам сопствена компанија, чии резултати ми ја вратија самодовербата и самопочитот. Јас во една од поуките што ги пишувам во книгата „СВОЈА: за најважните работи во животот за кои никој не нѐ подготвува“, која ја издадов минатиот месец, велам дека во моментот на раѓањето на детето, се раѓа и мајката, и таа е стопати посилна откога беше само жена. Сета сила што ѝ треба, сега ја има.

Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно, но со мирно срце и верба дека конечно го правам вистинскиот избор. Поддршката и прифаќањето што моите родители ми ги дадоа во тој период, значително влијаеше врз брзината со која повторно застанав на нозе. Секако, кога почнувате од под нулата, потребно време, но кога сте се научиле да чекорите, па и да трчате со огромен товар на градит, кога одеднаш ќе го симнете, сѐ е неверојатно полесно и набрзо ќе успеете да го надоместите пропуштеното. Она што мене посебно ми помогна беше правењето план и визија што посакувам за себе и за мојата ќерка, поставувањето и правењето секојдневни рутини дури и кога не сакав да станам од кревет и разговорите што ги водев самата со себе. Си правев ментални листи за работите за кои сепак треба да се радувам и да бидам благодарна и свесно одлучив да не се нервирам за „изгубените години“.

Она што си го повторував длабоко во себе беше: „Јас сум силна, јас сум паметна, јас сум убава, јас вредам, јас заслужувам да сакам и да бидам сакана. Нема да дозволам тагата и гневот да ме надвладеат, повторно ќе се гледам исправено во огледало. Ќе го искористам негативното искуство низ кое поминав како причина и поттик остатокот од животот да го живеам со очи широко отворени и да дишам со полни гради, многу посвесно и со повеќе мудрост да ги правам животните избори за да се издигнам многу повисоко од местото на коешто бев пред него и да создадам живот каков што отсекогаш посакував“. Се доживував како стрела што била затегната наназад, но сега кога е ослободена од кафезот, единствено може забрзано да се вивне напред. Размислував позитивно, повеќе не им придавав никакво значење на „душегрижниците“ и животот набрзо почна да ми станува поубав во секој поглед, а наскоро го запознав и мојот вистински животен партнер.

Како конечен облик на зацелување и помирување со тој дел од мојот живот, пред 6 години одлучив да го ставам моето искуство и на хартија, па така се роди и книгата „СВОЈА“, која за само неколку недели беше препознаена од многу голем број читатели, кои со мене го споделија своето животно искуство и нивно размислување како „СВОЈА“ им помага да ги надминат предизвиците.

Според најновите информации и истражувања, секоја втора жена во некој период од својот живот ќе претрпи определена форма на насилство, било да е тоа во домот или во работната средина, и тоа се недозволиви бројки, па затоа една од главните цели на мојата автобиографска книга е да превенира. Да им покаже на девојките и на помладите жени како да препознаат насилник и манипулатор, но и на оние што веќе се во таква релација, да ги охрабри дека има светлина на крајот од тунелот и да им го покаже патот.

Но „СВОЈА“ е многу повеќе од само книга за семејно насилство. Во неа зборувам за различни животи предизвици на патот на израснувањето од девојче во девојка и жена, меѓу кои и мајчинството, наоѓањето на вистинскиот животен партнер малку подоцна во животот, како и основањето и водењето сопствен бизнис. „СВОЈА“ е сеопфатен концепт и начин на живот, желба и мисија за подобро утре и за достоинствено и среќно живеење на секоја девојка и жена. Затоа паралелно со издавањето на книгата, заедно со мојот тим отпочнавме повеќе иницијативи во оваа област. Како што вели мојата пријателка и професионална соработничка Катерина Златановска Попова, станува збор за „четиво што истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот“.

Сите што сакаат да поразговараат со мене, да побараат совет или, пак, да предложат соработка, тоа можат да го направат преку svoja@sitemoizivoti.com и www.sitemoizivoti.com.

 

 

 

 

Ирена Чаушевска Даниловска,
Авторка на „СВОЈА“ и соосновач на ЊуМенс бизнис акцелератор

 

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 7, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Симона Србиновска
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Од историјата на женското движење: циклуси на изгубено-најдено
Критички предлог [анти-приказ] Susan Faludi, Backlash (New York: Crown, 1991), 552
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Хаџиевска
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се подготвиме за апокалипсата?
Кон романот ,,Време”од Џени Офил
  • Од Душица Лазова
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Демнење: Кога контролата и непосакуваната близина стануваат демнење?
Клучно во спречувањето на демнењето е препознавањето на моментот кога истото започнува
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram