Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина

О, бремена со смокви и маслини
нели од Џебел Џаризим
Светот ќе се ширеше натака?
(„Палестина”, Андреј Ал-Асади)

Да се пишува за Палестина, алегоријата на Источниот Брег, е далеку од лесна задача земајќи ја предвид нејзината истоштеност која не е нималку актуелна, ами тлее од памтивек. Ако се обидеме на палестинската земја метафорично да ѝ пристапиме како на девојка која ја достигнала својата зрелост, се среќаваме со цврста градба и прогонувачки тажен поглед. Таква е таа, таа што на своите раменици излечи илјадници чеда, патем ги описмени и ги надои со млеко и мед. Таа која ги има најубавите очи на светов, засенети со густи трепки и обвиени со бронзен тен. Коси со боја на црн мрамор, кои во црна ноќ даваат одблесок на месечината која никако да и зајде. Палестина која дневно, со модри дланки ги копа вечните почивалишта на нејзините ќерки, сестри и познанички. Истите тие кои не се изборија со лицата на војната, на гладта и стравот. Со лицата на нивната чест и честа на оние кои ги израснале…или сепак не.

 

 

Што е всушност честа?

 

 

Честа е морална илузија чија апстрактна вредност од ден на ден крвари сè повеќе и повеќе низ земниот свет. Ако ја согледаме честа низ философска призма, ќе сфатиме дека е доста дуална кога се работи за нејзината теоретска манифестација. Во философијата постојат два правци во кои е возможно да се води дефинирањето на честа: 1. Внатрешен инстинкт кој нè гради во доблесна личност, преку веќе постоечка категоризација на морален и неморален акт и 2.Невозможноста да се поистоветат честа и доблеста како резултат на стоичкиот скептицизам. Меѓутоа, нужно е да се прибележи дека честа, безразлика на нејзиниот теоретски приказ, е исклучително релативна појава која би требало да претставува сопственост на секој поединечен ментален склоп. Тоа е термин кој за една парижанка или швајцарка претставува тло кое трпи секаков критички став и експеримент, меѓутоа тло кое палестинските хероини го носат на плешки можеби цел век. Преку исцрпно хронолошко истражување на палестинскиот феминизам се добива впечаток дека палестинските жени својата чест ја делат како парче леб со своите семејства. Нивната чест е чест на нивните татковци, браќа и сопрузи. Доколку една палестинска жена своеволно одлучи да си поигра со стандардите на “чесноста” таа претставува мета во која се нишанат рафалите на севкупното фамилијарно обесчествување. Кога и да помислам на фактот дека нечиви коски се во процес на распаѓање под рушевините на вредноста која требаше да претставува архаичен дел од речниците, инстинктот постар од цивилизацијата во мене раѓа бунт и копнеж по она што требаше да биде живот; живот за мене и за тебе онолку колку што требаше да биде и за Исра, Ајше, Фатма. Оттаде се среќаваме со феноменот “Убиства за чест”. За да го идентификувам, дефинирам и анализирам горенаведениот феномен, во прилог ќе го продлабочам случајот на Исра Грајеб кој е всушнсот причината зошто вие и јас сме овде и сега.

 

Која е Исра?

 

 

На Исра наидов сосема случајно низ виртуелните лавиринти. Исра е палестинката која на својата дваесет и прва година, во болничка сала во Бетлехем му потклекнува на чудовиштниот патријархален поредок. Откако еуфорично објавува слика на Инстаграм со своето момче прифаќајќи ја неговата понуда за брак, нејзиниот брат физички ја напаѓа бидејќи смета дека таквата објава претставува рушење на семејната чест и дека таквиот романтичен момент наместо со свадба треба да се оконча со погреб. Бркотницата во она што треба да се нарекува “дом” на Исра ја принудува инстинктивно да скокне од тераса и да се спаси од сопствениот брат. Додека таа со последните атоми на енергија успева да го преживее патот до болница, палестинските медиуми го пренесуваат полицискиот извештај на нејзиното семејство во кој тие велат дека Исра е „опседната од демони”, повикувајќи се на самоубиство. Од болница таа објавува уште една слика, овој пат јавно покажувајќи си ги раните и пишувајќи: „Силна сум и имам воља за живот-да ја немав, веќе ќе бев мртва. Не ми праќајте пораки во кои ми посакувате да бидам силна, јас сум силна. Нека Господ им суди на тие што ме угнетија и повредија”. По нејзината објава Исра е задушена во болницата од страна на нејзиниот брат и уште двајца машки претставници од семејството, со што нивната чест е конечно мирна и чиста. Откако палестинските медиуми уште еднаш пренесуваат за нејзината состојба пред самата смрт која ескалирала после неколкуте исекотини со кои се здобила во самата болничка соба, палестинските феминистки се акумулираат во голема протестна сила барајќи правда во име на Исра и во име на секоја угнетена палестинска жена. За да го смират бунтовниот отпор. палестинските владеачки авторитети ветуваат реализација на идејата за така наречена “safe room” (мак. безбедна соба) која би требало да претставува простор каде жените и девојките можат да пријават било каква форма на терор и траума низ која поминуваат или насетуваат дека ќе ги снајде. Но, дилемата која следува е: дали таа безбедна соба е само стратешка пропаганда која ги фрла в дебела сенка убиствата за чест, кои како гнил тумор се метастазираат во секое ќоше долж медитеранот, при тоа не отстапувајќи ни чекор понапред од ужасната маженствена доминантност со која палестинките не успеваат да се изборат. Или посоодветно е да прашам: Дали некој слушнал за Исра на вести? Дали сте сретнале објава на интернет во која се опејува нејзината смрт? Дали знаете дека нејзиниот дух почива во мир? Одговорот е не. Нејзиниот дух не само што не е спокоен, ами до ден денес храбро јава врз еден стар, грд и урнебесно конзерватвен систем кој ја усмрти во моментот кога таа требеше допрва да се раѓа! Константната воена зона и истоштената машкост е причина зошто феноменот на “убивање за чест” е лишен од соодветен одзив како на медиумите така и на претпоставените палестински авторитети.

 

 

Интерсекциски пресек на палестинскиот феминизам

 

 

За да го продлабочам случајот на Исра, при тоа да го изведам наравоучението на овој текст, морам да направам кус преглед на палестинскиот феминизам чија амплитуда на виралност и медиумска покриеност е во слободен пад. Оттаде се среќаваме со интерсекцискиот феминизам, како рамка според која идентитетите што се преклопуваат или се пресекуваат меѓу жените влијаат на начинот на кој тие се соочуваат со угнетување и дискриминација. Интерсекционалноста ја отфрла идејата дека искуството на жената може да се сведе само на нејзиниот род и инсистира на разгледување на повеќе фактори кои го обликуваат нејзиниот живот: раса, класа, етничка припадност, попреченост, статус на државјанство, сексуална ориентација и други. Кога ќе го погледнеме светот преку интерсекционална феминистичка леќа, ни станува јасно дека Палестина претставува вир кој се прескокнува од секаков подем и прогрес. Сега кога сме веќе запознаени со случајот на Исра, продуктивно е да ги разгледаме и ставовите на палестските феминистки кои бестрашно парадираа и бараа правда непосредно со нејзината смрт. Имено, како што медиумите пренесуваат, групите за правата на жените се залагаат за сеопфатен закон за семејно насилство дури од 2007 година. Меѓутоа палестинските власти го разгледуваат нацрт-законот за заштита на семејството од 2016 година па сè до ден денес, без значителен прогрес или потенцијален исход. Ихлас Суфан, кој раководи со засолништата за жртви на насилство во Наблус, во 2018 год. за Human Rights изјавува дека семејното насилството продолжува затоа што „нема правни или социјални пречки“ и насилникот „знае дека може да се извлече од тоа“.
Законот за семејно насилство треба да ги утврди обврските на властите кон спречувањето на таквиот вид насилството, при тоа да ги заштити преживеаните и да ги гони насилниците. Ова вклучува обука на полицијата за тоа како да го препознае и спречи семејното насилство, како правилно да ги спроведи истрагите и како да изгради доверба во заедницата, така што жртвите ќе се чувствуваат безбедни да побараат помош. Да се биде жена на место кое е во константна воена зона е исто како да се биде јагне во глутница волци. Женското тело во Палестина е бојно поле кон кое се нишанат сите рафали кои не добиле прилика да бидат испукани надвор. Во Палестина се војува долж женската утроба, за на крај хероизмот како машка одлика да им се препише на синовите, браќата и сопрузите. Нели подеднакво нè боли крахот на женските колена кои немаат сила да го издржат товарот на војната и деструктивниот идеализам? Денес викајте ме Исра. Да се викаме Ајша, Фатме, Асма… Денес, сите нека нè болат и телото и духот, да крвари животот од нас, заедно да калемиме светлина на мрак, нужно да западнеме во апорија.

 

 

 

 

Текстот на авторката е напишан како дел од обуката „Од мое гледиште“, којашто се одржа од 1 до 13 јуни, во рамките на фестивалот Прво па женско #9. Обуката беше организирана во соработка со феминистичката платформа Медуза.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Викторија Постоловска
  • December 6, 2021
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Прв дел
Оние кои беа знаат, оние кои не беа веројатно слушнаа. Првата Парадата на гордоста во Скопје беше сé што можевме да замислиме и повеќе.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово базирано насилство: Кривично дело кое останува толерирано
Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Маркс за родот и семејството: резиме (прв дел)
Човечките суштества би морале да станат способни да се видат едни со други како вредни за себе, наместо да гледаат како нешто што вреди само на она кое една индивидуа може да го обезбеди за друга.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram