Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ

На 31ви август, прв пат по долго време, се одржа ПичПрич во живо – феминистичка иницијатива која ја водат Ана Василева и Румена Бужаровска, а која ја промовира женската усна историја. Овој пат темата на настанот беа гинеколошки приказни и зборуваа четири раскажувачки. Три од нив – Ана Мартиноска, Салија Бекир Халим и Алмира Фасљи Муарем – зборуваа од перспектива на пациентки, а Ирена Шуплиновска-Јордановска зборуваше од гинеколошката перспектива. Кога дознав дека гинеколог со искуство во јавното и приватното здравство е дел од панелот се израдував бидејќи бев заинтересирана да ја слушнам и докторската перспектива на ова прашање, особено од страна на жена. Исто така претпоставував дека штом д-р Шуплиновска-Јордановска одлучила да учествува на ПичПрич,таа ќе е спремна да ги слушне критичките гледишта на пациентките и отворено ќе зборува за системските проблеми во здравството. Сепак, не бев во право.

Сите три пациентки раскажаа многу трауматични, лични приказни за нивните искуства со различни гинеколошки прегледи, како и гинеколошка нега поврзана со зачнување и раѓање. Публиката беше посебно трогната од приказните на ромските активистки Салија Бекир Халим и Алмира Фасљи Муарем кои раскажаа за искуства со расизам и етничка дискриминација од самите гинеколози – нешто што речиси никогаш не се дискутира во македонскиот јавен дискурс. Бидејќи раскажувачките зборуваа за волку интимни искуства, a со цел да се создаде безбеден простор настанот намерно не се снимаше, нема да ги споделам деталите од нивните приказни. За жал, реакцијата на д-р Шуплиновска-Јордановска го направи просторот на ПичПрич антагонистички, па дури и до некаде небезбеден.

По раскажувачките, докторката се фокусираше на тешкотиите на докторската професија и пациентите кои некогаш знаат да не соработуваат. Наместо внимателно да ги сослуша приказните за нееднаков третман, јасна етничка дискриминација и ситуации каде докторите буквално коментирале за бојата на кожата на нивните пациентки (и новороденчиња), д-р Шуплиновска-Јордановска апологетски објаснуваше како некогаш на докторите не им е денот. 

Во нејзиното раскажување Салија Бекир Халим напомена дека колку и да е трауматична нејзината приказна, знае за Ромки кои се соочиле со многу полош третман, кој понекогаш и подрзабирал тепање и шамари врз пациентките. Во врска со ова, докторката објасни дека некогаш пациентките знаат да имаат „хистерични напади“ (што е патем сексистички, а не медицински термин) и го релативизираше насилството кое докторите некогаш го употребиле против пациентките. Нејзиното раскажување заврши со исвиркување од страна на гневната публика. 

За гинеколошката нега ретко се зборува отворено. Заради огромната стигма околу женската сексуалност, како и недостатокот на јавен дискурс околу анти-циганизам и расизам, сметам дека трите раскажувачки кои зборуваа на ПичПрич беа многу храбри и нивните излегувања беа за секоја пофалба. За разлика од нив, сметам дека реакцијата на д-р Шуплиновска-Јордановска е за секоја осуда.

Очекував разбирање за ранливата позиција и  сочувство со болката на раскажувачките, наместо одбрана на докторите, кои се на позиција на моќ во однос со пациентите. Секако, мора да се зборува за системската природа на траумите, расизмот, стигматизацијата на женската сексуалност, акушерското насилство, отсуството на дискурс околу стигматизацијата на квир, трансродови и интерсекс пациенти и сите други проблеми поврзани со гинеколошката професија. Но, исто така сметам дека оние кои имаат моќ во одреден систем треба да ги разгледаат проблемите и од индивидуална гледна точка. Во овој случај, гинеколозите треба да размислат интроспективно и да размислат и дали и на кој начин тие индивидуално допринесуваат до овие проблеми. 

Кога повеќето луѓе од публиката (а и од самиот панел) ѝ се обраќаа на докторката, нивната критика ја врамуваа во системска перспектива, а неколку од нив искористија варијација на фразата „не ги сфаќајте моите коментари лично“. Повеќето кои го направија ова, едноставно не сакаа да влезат во директен конфликт со докторката. Сепак, мора да се потенцира фактот дека д-р Шуплиновска-Јордановска зборуваше од позиција на моќ. Динамиката која спонтано се создаде помеѓу публиката и докторката ми беше споредлива со ситуации кога жени зборуваат за сексизам или сексуално насилство, а истовремено тешат маж-соговорник дека тие всушност не мразат мажи и дека секако не сите мажи се силувачи. Би рекла дека оваа динамика е споредлива и со ситуации кога етнички или расни малцинства зборуваат за расизам/етничка дискриминација додека истовремено тешат белец/член од мнозинството дека тој лично не е расист – односно токму ова се случи со Салија Бекир Халим и Алмира Фасљи Муарем кои потенцираа дека зборуваат за системски расизам. 

Во дискусијата по излегувањето на говорничките, една учесничка од публиката која зборуваше за своето искуство со прекинување на бременоста употреби термин кој го слушнав за прв пат, но соодветно ја опиша ситуацијата и комплетно ме воодушеви: доктор-јаснување. Учесничката го спореди со терминот „мажјаснување“ (анг. mansplaining), односно кога маж ѝ објаснува нешто на жена на патронизирачки или покровителски начин, најчесто во ситуации каде жената на која ѝ се мажјаснува веќе има добро познавање за темата за која мажот ѝ објаснува. 

Во ситуацијата со ПичПрич настанот, јасно е дека како жртви кои лично искусиле акушерско насилство, вознемирување и општо непријатни ситуации поврзани со нивното репродуктивно здравје, трите раскажувачки дефинитивно знаеја повеќе за негативните искуства низ кои тие лично поминале отколку докторката, која веројатно за прв пат ги запозна  таа вечер. Исто така, несомнено е дека како Ромки и активистки за ромски права (особено репродуктивни права) Салија Бекир Халим и Алмира Фасљи Муарем знаеја повеќе за расизмот кој го искусуваат Ромките во македонскиот здравствен систем од жена која последните осум години работи во приватното здравство, кое во најголем дел не е ни достапно за Ромите заради нивната етничко-економска угнетеност во нашата држава. Заради ова, многу е јасно дека д-р Шуплиновска-Јордановска доктор-јаснеше, наместо да ја искористи шансата на ПичПрич за да ги сослуша пациентките, да ги афирмира нивните искуства и да отвори поширока дискусија за тоа каква етничка или родова сензибилизација им е сѐ уште потребна на докторите.

Д-р Шуплиновска-Јордановска исто така кажа дека „вистината е некаде на средина“, но тоа не е точно. Не зборуваме за романтично раскинување или кавга помеѓу пријатели, туку за расизам, насилство и вознемирување каде има насилник кој доаѓа од позиција на моќ и жртва која искусува насилство/дискриминација. Ако вистината е некаде на средина, тогаш таа имплицира дека не им верува на големиот број пациентки кои тврдат дека имале трауматични искуства со гинеколози.

Сметам дека реакциите на докторката можеа да бидат многу подобри и можеше да се најде меѓусебно разбирање, доколку таа беше отворена да слушне констуктивни критики. За жал, заради антагонистичкиот однос, се пропушти шанса за вистинско меѓусебно разбирање, дури и ако тоа се случеше на микро ниво. 

Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ и што нејзините реакции развија жестока дискусија која ги соголи скриените проблеми во гинекологијата. Со овој текст се надевам дека ќе ја продолжам дискусијата за индивидуалните и системските проблеми во ова поле. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е напишан во рамки на грантот еобезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи.

Мислењата изразени во овој текст не ги одразуваат секогаш мислењата на Норвешкото Министерство за надворешни работи, Балканската фондација за демократија, Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави или на нивните партнери.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • September 21, 2021
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Mислев дека имам внатрешно крварење и умирам: Приказни за прва менструација
Менструацијата е телесен, приватен и интимен процес, но стигмата, срамот и сиромаштијата се прашања кои мора да се адресираат јавно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Косовските демонстранти бараат да се преземе акција по силувањето на 11-годишното девојче
Според Мрежата на жени во Косово, над 70% од случаите на сексуални напади и силувања во земјата се врз малолетни девојчиња.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Will you tell them?” Промоција на книга и изложба на Јован Јосифовски
Изложбата е составена од творби и книга кои се продукт на повеќемесечно истражување и работа на авторот во соработка со PrivatePrint студиото.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството и општествената моќ
Што се случува кога институциите од кои жртвите треба да побараат помош, во својот состав ги имаат насилниците?
  • Од Натали Китаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Одисеј и Пенелопа или Одисеј и Партенопа: аспекти на романот „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ
Феминистичко читање на ликот на Вдовицата преку симболиката на Партенопа и лисицата.
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram