Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска

Поминаа пет години од објавувањето на „Одбројување“, вториот роман на Фросина Пармаковска, со кој таа се прослави како добитничка на наградата „Роман на годината“ во 2017 година. Одбројувањето да започне животот, како една од темите на романот, добива поинакво и подлабоко значење за време на пандемијата. Преку раскажувањето на главниот женски лик за дисфункционалното семејство на сопругот, се провлекува идејата дека постои некаков подобар живот, различен за секој од ликовите. Животот, сведен на исчекување на некое непознато време и простор, наместо да се живее, се очекува да пристигне.

Пармаковска во едно интервју изјавува дека ова е приказна за „млада жена заглавена во една реалност“. Изминативе пет години од излегувањето на делото, сè повеќе се разоткриваше оваа реалност за жртвите и болните криени од семејствата и од општеството. Можеби една од причините што книгата, освен што ја доби наградата, беше признаена и од пошироката публика, со промоции во неколку градови, е токму лесно препознатливата приказна. Интимното и доверливо раскажување на семејната историја низ призмата на главниот женски лик, ја прават приказната пореална и поблиска.

Ликот на сопругот е именуван само како „мојот маж“. Посвојноста во именувањето не е резулат на нешто „мое“, сакано и љубено, напротив, „мојот маж“ функционира како „мое“ проклетство, што ја заглавува и уништува хероината. Неговото психичко пореметување е игнорирано и криено од родителите. Хероината во делото како жртва на љубоморниот и параноичен сопруг копнее по бегство, едновремено чувствувајќи го и таа стравот од куќичките на улицата и од соседството: „…морам да си го измијам лицето набрзина и да заминам пред да се разбудат куќичките на улицата каде што живеам“ (Пармаковска 2017, 10). Овој метонимски страв го спречува оздравувањето на сопругот и го затвора главниот женски лик во еден круг на безизлезно и апсурдно докажување на својата верност. Преку симптомите на болеста на „мојот маж,“ Пармаковска се обидува да го анализира генерациски преземениот страв што ги отуѓува родителските и брачните односи во семејството. Таа отсликува вулгарна, насилна и малограѓанска средина, култура на сомнеж и недоверба со страв од непознатото и срам од Другото. Притоа, разработувајќи ги овие релации им се приклучува на европските и на светските прозаист(к)и чија омилена тема е еден од метамодернистичките принципи – распадот на семејството како традиционална структура и отфрлање на светот што би требало да го претставува нашиот наследен светоглед. Иако забележуваме несмасни и трагични обиди на ликовите да се адаптираат во семејството и заедницата, прикажани како макети на едно патрихајално општество, процесот на нивното себереализирање како поединци во средините е тежок, речиси невозможен.

Со својот непретенциозен стил, како интимен дневник ослободен од техники и загатки, писателката всушност се надоврзува на традицијата во раскажувањето на една од најчестите теми во македонската книжевност – приказната за проклетството во македонското семејство. Наспроти досегашното дефинирање на семејството како жртва на социјалниот, економскиот и политичкиот контекст, генерацијата на Пармаковска го испитува семејството во релација со општеството и во рамките на паланечката и соседската култура.
Мотивот на неостварениот дом и отуѓувањето ги носи ликовите кон пропаѓање. Тие стануваат странци, бдеачи над својот неостварен живот, во кој нивната најголемата мачнина и болка произлегуваат од непроменливоста на нештата. Главната хероина го очекува започнувањето на животот со завршувањето на одбројувањето: до заспивањето на мажот, до доаѓањето на ноќта и до сокривањето кај љубовникот, до напуштањето на „мојот маж,“ по манијакалното чистење на станот, до раѓањето на детето. Одбројувањето за неа е измачување, но и надеж во неодлучната и стагнантна средина. Таа не може да остане, но не може ниту да замине поради чувството на вина: „Не го сакам, веројатно затоа што е болен, и тоа е грозно“ (Пармаковска 2017, 50). Наспроти нејзиното одбројување, мажот во приказната копнее за некој измислен и далечен дом:

„На мојот маж далеку му беше еден од омилените зборови што ја објаснуваше неговата идеална точка, некое место каде што не работеа телефоните, интернет не постоеше, немаше автобуси што возат за Скопје и за Македонија, немаше никој што може да го разбере јазикот што го зборуваме, немаше луѓе што можат да нѐ препознаат на улица, па и да немаше луѓе воопшто ќе беше помалку страшно отколку да ги има тие луѓе, никој не може да нѐ најде. Далеку. Дома е далеку“ (Пармаковска 2018, 67).

Фразата „дома е далеку“ е претстава за егзистенцијална криза на духот, но и за личната желба да се одбие светот во кој не се припаѓа. Ако домот е некаде далеку, тогаш „тука“ е непријателско, осамено, клаустофобично и трагично место. Токму заради чувството на бездомништво во сопствената куќа, судбината на ликовите е детерминирана од изгубената шанса за реализиран дом, или она што Гастон Башлар го нарекува во „Поетика на просторот“: свое „катче во светот.“

 

 

 

 

 

 

Текстот е изработен во рамки на придружната младинска програма на проектот за книжевност Inside/Out и преземен од порталот Окно 

НАПИШАНО ОД:
  • Кристина Атанасова
  • October 28, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Ангел Димитриевски
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Гордост: некогаш, сега и секогаш 
Од немирите на Стоунвол до Парадата во Скопје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА
Песна на годината: Anna Wintour од Azealia Banks
Нашата омилена вештерка е веројатно првата која најумешно го подготвува и развива рецептот за вистинската форма и пропорција на најделикатесниот микс на хаус и хип-хоп.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Феминистички мир значи безбедност за сите
Борбата за родовата рамноправност е константна и долготрајна
  • Од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уметници кои ја трансформирале југословенската култура
Преглед на дел од творештвото на десет југословенски уметници и/или колективи.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram