Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.

Откако започна периодот на изолација минатата недела, социјалните медиуми се преплавени со совети и идеи за тоа што се можеме да правиме дома за да ги го пополниме времето, да се чувствуваме помалку осамени, да се бориме со анксиозноста и немирот кој го носи оваа ситуации и како генерално да се грижиме за нашето ментално здравје. Мене, како и на повеќето луѓе од мојот социјален круг, ми паѓа тешко поголемиот дел од времето да го поминувам дома. Потребна ми е дневната рутина, одењето на работа и социјалните кругови во кои кои се чувстувам исполнета и своја.

Сепак, иако на моменти ужасно напорно, првата недела изолација во мојот дом, каде се чувствувам потполно безбедно и слободно, помина брзо и лесно. Од друга страна пак, свесна сум дека иако домот за мене претставува засолниште, за многу луѓе, токму домот е местото каде се најнебезбедни.

Пред неколку години, речеси секое утро се будев со викања, закани, крешење предмети и удари по ѕидовите од станот веднаш до мене. Пред неколку месеци партнерот на една моја познаничка при кавга ја заклучил во тоалет и ја оставил таму речиси цел ден. Голем дел од ЛГБТИ младите се под најголема закана од насилство токму во своите домови.

Домот може да биде фатален за една жртва. 80% од убиените жени во Македонија се убиени во нивниот дом, а 60% од убиствата се случени од сегашен или поранешен брачен или вонбрачен партнер.¹

Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот. Домашната изолација за жртвите значи дека освен што се поизложени на насилство во домот, имаат и помалку алатки на располагање за справување. Потребата да се поседува моќ и контрола над другите се едни од основните причини за семејното насилство. Соочувајќи се со пандемија, сите чувствуваме страв од губење на контрола над сопствените животи, а можноста да насилниците пробааат да ја повратат таа контрола преку жртвите e огромна. 

Во период на криза или природна непогодба, семејното насилство е во пораст. Дополнително, со оглед на тоа што во овој случај главниот метод за превенција е домашна изолација, не може точно да се знае за какви размери на пораст на насилство ќе станува збор. Кога ќе се земат предвид сите фактори; анкциозноста и немирот кој сите ги чувствуваат, децата кои се дома по цел ден, непостоењето на можност за спортски, социјални, културни активности, кога буквално сите методи на ублажување на насилните ситуации, одеднаш исчезнуваат, што се случува тогаш?

Со цел да не дојде до драстичен пораст во семејното и родово базираното насилство, од исклучителна важност е да се даде значење на овој проблем на инситуционално ниво. Колку што е важно да се заштити јавното јавното здравје на сите граѓани, толку е важно и да им се подаде рака на ранливите групи кои се ставени во директна опасност поради домашната изолација. Колку поскоро се мапираат случаи кои се во опасна средина, толку подобро.

Утрово, Министерството за труд и социјална политика објави соопштение до жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700; која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство. Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на родово базирано насилство и семејно насилство, како и кога дете е жртва на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар за социјална работа.

Од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ги охрабруваат сите жени кои преживуваат некаква форма на семејно или интимно партнерско насилство да го пријават истото во институцијата/организацијата во градот во кој живеат.

Она што е особено проблематично е фактот што жртвите на ваков тип на насилство можеби се економски зависни од насилниот партнер и/или родител и немаат каде да го поминат овој период на изолација освен под ист кров со насилникот. Баш затоа, во сервиси кои мораат да останат отворени за време на ваква криза треба да се вбројат и шелтер центрите, кои за многу жртви од насилство се еднинственото место каде тие можат да бидат безбедни во време на криза.

Сигурната куќа за ЛГБТИ жртви на насилство е сè уште отворена, со зголемени мерки за претпазливост поради пандемијата. Барањето за сместување во куќата може да се направи со вртење на бесплатната линија за помош 0800 66 66 6, а за сите подетални информации можете да се обратите на 023 075 025. За сите подетални информации можете да се обратите на 023 075 025 и 071210475.

За оние кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје поради домашната изолација, исто така постојат алатки и институции кои им се на располагање за време на изолацијата. Сепак, улогата на секој од нас не треба да се занемарува, нагласи денес психолот Лина Костарова. „На сите нив им треба поддршка и помош. Доброто е што секој може да им ја пружи, со малку поголема чувствителност, внимание и трпение, од појаките кон послабите и поранливите. Со голема придобивка за сите.“

Па така, затекнати во домашната изолација, принудени сме да најдеме нови форми со кои ќе се поддржуваме и ќе си помагаме едни со други. Еден таков пример е новата Фејсбук група ЛГБТИ заедно во само-изолација која во описот вели:

„Условите на само-изолација се предизвик за ЛГБТИ заедницата, особено за оние луѓе за кои да се биде тоа што сум значи да се биде надвор од дома. Во овие услови на Ковид-19 сметаме дека треба да направиме нешто за да обезбедиме заедничко нормално социјализирање како еден од основните предуслови за нашето ментално здравје. Имајќи ја предвид можноста од заострување на мерките и одолжувањето на времето за надминување на кризата, сметаме дека нашата поддршка, солидарност и човечки релации можеме да ги префрлиме онлајн. Заради тоа ја започнуваме оваа платформа со име „ЛГБТИ заедно во само-изолација“ на која во однапред одредени термини ќе најавуваме и правиме заеднички разговори и дружби преку компјутер или телефон. Колку и да звучи нереално ние веруваме дека нашата заедница знае да биде заедно и кога сме сами.“  Доколку имате желба и потреба да се приклучите кон оваа група, пишете им во порака на Skopje Pride.

Не сме сигурни колку време ќе трае овој период на изолација. Се надевам не долго. Но, додека трае, од особена важност е, да затекнати од стравот и неизесноста кои ги носи оваа закана по јавното здравје, не заборавиме дека постојат луѓе кои се под секојдневна закана да бидат жртви на вирусот, иако не на оној најочигледниот начин. За тие луѓе, заедницата е од исклучителна важност и баш затоа мораме да изнајдеме нови методи за поддршка и помош.

 

 

 

 

 

 

Подолу се излистани сите постоечки сервиси поделени по градови:

Скопје

Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје

Специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории 076 381 762 и 078 230 943 (работи 24/7)

Служба за брак и семејство и заштита од семејно насилство 075 295 118

Полиција 192

Сервиси за психосоцијална помош и поддршка

Прв семеен центар на Град Скопје, 02/ 3200 007, секој работен ден од 11.00 до 18.00 часот

Институт Алтернатива, 077 791 100, секој работен ден од 09:00 – 16:00

СОС линија 02/15 315, достапна 24/7

Сервиси за бесплатна правна помош и поддршка

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, 075 255 154, вторник, среда , четврток 09:00 – 17:00

Хелсиншки комитет , 072 278 436  и 02/ 3119 073, секој работен ден  09:00 – 14:00

Здружение на млади правници, 02/3220-870, секој работен ден 8.30 – 16.30

Тетово

Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство,  078 837 111

Охрид

Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид , Центар за жени  жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 231 032

Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 937 916     

 Штип

Меѓуопштински центар за социјална работа Штип,  Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 475 052

Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 часа, 076 475 050

Куманово

Меѓуопштински центар за социјална работа  Куманово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 993 705

Велес

Меѓуопштински центар за социјална работа  Велес, Центар за жени жртви на родово базирано/ семејно насилство 076 340 225 

Организација на жени на општина Велес, бесплатна правна помош како и психолошка помош, 070 645 318 и 075 603 348

Кавадарци

Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 298 015

Прилеп

Меѓуопштински центар за социјална работа  Прилеп, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 075 847 999

Кризен центар за жртви 24/48 часа, 078 289 427

Битола

Меѓуопштински центар за социјална работа  Битола, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 397 875

Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 071 397 145

Свети Николе

Меѓуопштински центар за социјална работа  Свети Николе, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 070 210 995 и 032 443 305

Кочани

Меѓуопштински центар за социјална работа  Кочани, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 033 274 141 и 033 274 139

Струмица

Здружение на граѓани Скај плус Струмица, Центар за жени жртви на семејно насилство, 078 453 190

 

 

¹Бројот се однесува на фемицидите. Извор: Анализа на случаи на фемициди – убиства на жени
во Република Македонија

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • March 20, 2020
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мајката (не) знае најдобро
Родовиот јаз во обврските околу грижата и воспитувањето на децата и малата, (скоро непостоечка) поддршка на мајките.
  • Од Марта Стевковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (втор дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на тројца млади луѓе од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram