Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.

Изминатите седум месеци нашето секојдневие несомнено се промени. Од промена во начинот на комуникација, начинот на извршување на работните обврски, па сè до промена на одредени навики кои превентивните мерки успејаа да ги модифицираат или дури целосно да ги избришат од нашата матична плоча. Промените, дури и кога се во позитивна насока, се најчесто тешки, особено на почетокот, па оттука многумина се соочија со негативни чувства предизвикани од наметнатите услови во кои мораме да живееме неопределен временски период. И додека за некои ова ново секојдневие претставува(ше) предизвик за создавање на нови навики и реобмислување на личноста, за други наметна сериозен предизвик за понатамошно живеење.

Пандемијата која ја предизвика вирусот КОВИД-19 наметна сериозна закана по здравјето и животот на луѓето ширум целиот свет. И покрај тоа што полека сфаќаме дека природата на вирусот во принцип е недискриминирачка, односно веројатноста за заразување со КОВИД-19 не е само голема, туку и надвор од многу (претпоставени) правила, сепак одредени категории на граѓани, да не речам “традиционално“, се најдоа во групата на позасегнати, поризични и поранливи на вирусот. Меѓу овие лица кои се изложени на диспропорционален ризик од заразување, но и од фаталните последици, се и лицата со попреченост, без разлика на видот на попреченоста со која живеат.

Еден од најчесто употребуваните зборови изминатиот период беше зборот самоизолација. Самоизолацијата претставува пракса на ненапуштање на домот и/или дистанцирање на себе си од други лица. Кога самоизолацијата е една од клучните препораки за превенција на здравјето, а за повеќето претставува само период на отежнато живеење, ние всушност го искусуваме секојдневието на многу лица со попреченост. Многу од нив ќе ви кажат дека ним животот не им е многу поразличен во овој период на рестрикции. Рестрикциите кои ние ги доживуваме како закана за нашите права и слободи, без разлика дали станува збор за слободно движење, одење во ресторан, училиште, па сè до пристап до здравствени услуги, за многу од нив се секојдневие кое ги попречува да се вклучат во многу аспекти од општественото живеење.

Средината е главниот креатор на попреченоста. Бариерите во средината ги попречуваат лицата непречено да се движат, да ги користат услугите кои им се потребни и генерално да учествуваат во општествениот живот. Кога зборувам за средината и за бариерите не мислам само на инфраструктурата и физичките бариери, туку и на бариерите кои останатиот дел од популацијата ги поставува преку негување на стереотипи и преку рамнодушност во однос на потребите на овие лица. Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.

Доколку имаме предвид дека за лицата со попреченост, а особено за лицата со интелектуална попреченост и нарушувања од аутистичниот спектар, особено значаен сегмент во секојдневното функционирање претставува секојдневната рутина, наметнатата промена на рутината кај многу лица може да предизвика појава на анксиозност, а на долг рок кај некои лица може да резултира во регрес. За голем дел од лицата со попреченост движењето е значаен дел од воспоставена рутина, но и претставува терапевтска активност. Во услови кога движењето е ограничено, пред сè физички (заради мерката на социјално дистанцирање), но и временски (како резултат на воведување на полицискиот час), многу лица со попреченост, како и оние лица кои се грижат нив, се соочија со предизвикот за наоѓање на алтернативни начини на секојдневно функционирање и воспоставување на нови навики. Дополнително, особено значаен дел од секојдневната рутина беше нарушен со затворањето на дневните центри. Имајќи предвид дека голем дел од лицата со попреченост редовно престојуваат во дневните центри ширум земјава, тие останаа без нивната (многу често и единствена) можност за личен развој и социјализација, додека пак лицата кои се грижат за нив мораа да останат во домот, а со тоа да ризикуваат и губење на работното место.

 

Лицата со попреченост генерално се во поголем ризик од здравствени проблеми од останатата популација. Додека попреченоста сама по себе не предизвикува поголем ризик од вирусот, многу лица со попреченост имаат специфична здравствена состојба која ја прави болеста многу поопасна за нив. Започнувајќи од практицирањето на препорачаните хигиенски мерки, лицата со попреченост многу често се соочуваат со бариери како непристапност на чешми, мијалници, како и физичка неможност за препорачаното триење на рацете при миење. Понатаму, примената на социјалното дистанцирање за многу лица е невозможно заради потребата од поддршка при извршување на секојдневните функции, како хранење, облекување, одржување на хигиена. Многу лица зависат од услуги кои беа суспендирани периодов и/или кои не можат финансиски да си ги дозволат, а лицата со попреченост кои живеат во институции често се во близок контакт со голем број на луѓе, каде хигиенските услови се на ниско ниво и нивната превенција и заштита целосно зависи од негувателите односно лицата одговорни за институциите. Голем предизвик се и процесите на комуникација. Така на пример, многу често информациите поврзани со симптомите и ризиците од вирусот и мерките за заштита не се достапни во пристапни формати за различни видови на попреченост.

Земајќи ги предвид веќе наведените ризици, со дополнителна опасност од негативни последици се соочуваат лицата со попреченост кои истовремено припаѓаат и на друга ранлива категорија. Така на пример, и покрај тоа што лицата со попреченост генерално се под поголем ризик од насилство, особено во услови на изолација, жените и девојчињата со попреченост се соочуваат со многу поголем ризик од родово базирано и семејно насилство. Дополнително, поради отежнатата комуникација и затвореност во домот, ризикот од насилство е значително зголемен, како и неможноста истото да се пријави.

И така овој (ми се чини) бесконечен бран на предизвици носен од пандемијата не ги одмина ниту децата, а особено не децата со попреченост. Според Организацијата на обединети нации, децата со попреченост ќе имаат најмалку корист од примената на алтернативните решенија за учење на далечина, на што се надоврзува недостатокот од поддршка во домот, непристапноста до интернет, непостоењето на пристапен софтвер и наставни материјали. И во нашата земја онлајн платформите за учење на далечина, првично ги исклучуваа најголемиот дел од децата со попреченост и нивното образование во домот беше целосно препуштено на нивните родители. Сето ова наметнува сериозен ризик од целосен прекин на образованието кај децата со попреченост, што дополнително би го отежнало нивното враќање во образовниот процес и по завршувањето на пандемијата. На долг рок, овој јаз во образовниот процес дополнително ќе придонесе за продлабочување и на јазот во учеството на пазарот на трудот, кој за лицата со попреченост веќе е значително голем.

Во услови на криза од обем на пандемијата во која што живееме во моментов, секогаш на прв удар се најранливите членови на општеството. Секоја криза претставува тест за (не)функционалноста на системот и ги детектира постоечките недостатоци, недостатоци кои само станаа повидливи, а проблемите подлабоки. И наместо системот да ги штити оние категории на граѓани кои се поранливи или чија ранливост во одредени ситуации станува повидлива, потфрлајќи системот го прави ризикот од ранливост поголем и последиците посериозни. Една од главните причини за оваа нефункционалност е невклученоста на лицата кои се засегнати, во процесите на креирање на политки, мерки и закони. Најчесто најранливите во општеството се најмалку вклучени во донесувањето на одлуките кои и директно и индиректно ги засегаат нив самите. И така, на пример, наместо да го искористиме искуството кое голем број на лица со попреченост го имаат стекнато преку принудната општествена изолација и конечно да ги вклучиме во креирањето на мерки кои нè засегаат сите, тие повторно се исклучени и оставени на страна. Потребни се мерки кои нема да создаваат нови нееднаквости и/или продлабочуваат постоечките, мерки кои нема да дискриминираат и поставуваат нови бариери ниту за лицата со попреченост, ниту за било која ранлива група во општеството. Единствено преку поголема вклученост ќе можеме да креираме подобри мерки и политики и подобро опптество за сите негови членови.

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е изработен со финансиска поддршка од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Horizonal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ – Проект „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“. Тука искажаните мислења нужно не го одразуваат официјалното гледиште на двете страни.

 

 

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • October 15, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • Од Кристина Атанасова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram