Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
Нашата авторка Кристина Атанасова неодамна започна бренд за ташни, заедно со својата мајка Лидија Атанасова. По тој повод, со Крис поразговаравме за приказната зад Main days. 

 

First thing first, зошто Main days?

 

 

Main days е проект што кога и да е мораше да се случи затоа што е резултат на речиси две децении разговор помеѓу мајка и ќерка преку процесот на заедничко создавање облека и шиење. Се водевме од идејата дека секој ден треба да го сфатиме како главен: за нашата кариера, ментално здравје или грижата за себе. Кога мислиме на ташна, мислиме на секојдневната активност. Затоа еден од симболите на Main Days е змијата како вибрација, бранување, постојано движење.

 

 

Во описот велите дека ова е вашиот „ироничен“ пристап кон класичната ташна. Што сакате да кажете со тоа, и всушност, зошто баш ташни?

 

 

Иако нашите ташни наликуваат, сепак не се класична ташна во вистинската смисла на зборот. Класичната ташна е направена од подебел материјал, таа е тешка, премногу присутна. Знаеме дека во мејнстрим и поп културата постои опсесија со скапата голема ташна која покажува моќ и статус (некогаш и инвестиција – Биркин ташните) што е прилично иронично затоа што можеме да претпоставиме дека внатре во ташната е хаос составен од мали предмети и средства што се борат меѓу себе, или пак едноставно, големата, убава и семоќна ташна што ја гледаме на слика може да е и празна. Инаку, тоа што Jacquemus го направи со минијатурната ташна е одлична пародија.

Се одлучивме да започнеме со ташни затоа што сметаме дека преку нашите модели најмногу можеме да се доближиме до публиката, но и да останаме свои со нашата интерпретација и нашето видување за ташната. Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме. Полнејќи ја ташната, ние го планираме денот или ноќта, нејзината внатрешност станува наш простор со лични и курирани елементи.

 

 

Main days
Која ви беше инпирацијата за првите модели кои се веќе достапни за нарачки?

 

 

Секогаш кога сме креирале нешто сме почнувале од нас: од нашите потреби, искуства и видувања. Така и сега, и за среќа добро сме прифатени. Но нема секогаш да остане на нашиот дијалог, затоа што ташните веќе не се само наши.
Инаку, една од нашите инспирации е текстот од Нора Ефрон, „Ја мразам својата чанта“ (“I Hate My Purse”) посветен на жените помирени со фактот дека нивната ташна е метафора за нивниот безнадежно дезорганизиран живот. Оваа интимна, ранлива и внатрешна дезорганизираност на ташната нè инспирираше и во сцената во Сексот и градот кога Кери Бредшо паѓа во продавница на Диор во Париз и предметите од ташната се разлетуваат по подот.

 

 

Перидов гледаме сè повеќе креативки кои ги користат дигиталните мрежи, како за изразување, така и за пласирање на своите изработки. Дали сметате дека Инстаграм е можност за „популаризирање“ на локални брендови и градење на нови навики кај луѓето, во насока: купувај поретко и поддржи локално?

 

 

Инстаграм не само што е можност за популаризирање на локалните брендови, туку е и можност да се помести линијата со помош на добра и храбра визуелна приказна. Големите брендови мораат да играат безбедно, но помалите бизниси можат да се забавуваат со начинот на кој го претставуваат продуктот, да ризикуваат и да бидат интересни и иновативни.
За време на пандемијата започна да се обраќа поголемо внимание на она што се случува и на она што се произведува во заедницата во којашто живееме. Почна да се чувствува и заситеност од неколкуте fast fashion брендови во градот кои правејќи облека за сечие тело – не стојат на ничие. Така што, се надеваме дека луѓето ќе можат да бидат повеќе отворени кон усвојување нови навики и излегување надвор од униформата на сезонската брза мода.

 

 

Main days
Тоа што е веројатно најспецифично за Main days е личната, интимната нота која е составен дел од приказната. Сепак, тоа што мене прво ми падна на памет е дека веројатно потфатот и не е така лесен. Односот помеѓу мајките и ќерките е веројатно еден од покомплицираните (можеби проектирам☺), особено кога ќерката е веќе возрасен човек со свој живот, амбиции, ставови, соништа. Како гледате и работите на овој апсект?

 

 

Можеби нашата соработка оди добро затоа што двете имаме свои животи, имаме свои домови (своја зона) и имаме различни професии (мајката е текстилна работничка, ќерката е графичка дизајнерка). Веќе одамна не живееме под ист покрив и затоа не можеме да си влијаеме една на друга ☺ Процесот на создавање облека и додатоци е многу природен за нашиот однос. Го паметам детството преку материјалите, преку нашите заеднички моменти кога мајка ми ќе се вратеше од работа и ќе сошиевме нешто на старата машина од баба ми. Порано колку и да сме биле повредени или лути една на друга, сме знаеле дека кога се однесува за заедничка работа и креација ние можеме да си веруваме.

 

 

Дали можеби работата на заеднички креативен проект дополнително ве зближува како индивидуи или пак ви донесе други, нови перспективи во односот?

 

 

Овој проект е терапевтски за нас затоа што ако порано сме се задржувале на сличностите и разликите кои не излудуваат, сега откриваме дека можеме многу работи да научиме една од друга. Сфатив дека мојата работна етика е научена од мојата мајка, двете сме енергични и најголемите грешки секогаш ги правиме од брзање, и двете најдобро креираме во безбедна средина која не поддржува, и дека одлуките ги донесуваме интуитивно.

 

 

Всушност, мислам дека сте еден од ретките брендови кои акомодираат и други интересни (идентитетски) аспекти, како на пример генерациската разлика. Дали можеби тоа ќе ви донесе по разнолика публика?

 

 

Со оглед на тоа што досега нашите продукти ги пласираме единствено на Инстаграм, нашата публика е генерациски поблизу до ќерката. Но, нѐ интересира како ќе се развива интересот понатаму.

 

 

Дали можеме да очекуваме и други продукти од оваа соработка?

 

 

Приказната е сè уште на почеток и иако сега за сега нашата цел е да ја запознаеме публиката со нашите продукти, истовремено и размислуваме и за нови интересни модни додатоци кои ќе бидат изработени од текстилни материјали. Премногу сме благодарни за досегашната поддршка која не мотивира да размислуваме за нови креации, така што едвај чекаме и ние да видиме што следно ќе направиме.

 

 

Main days
НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • July 2, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тања Милевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Mитот за убавите заспани девојки
Нараторката донесува одлука да преспие една година од својот живот со помош на седативи и антидепресиви. Таа го замислува овој проект како една хибернација, одмор од секојдневните анксиозности и случувања.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд 2021 низ фотографии
Галерија од Соња Ставрова и Наташа Величковска
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суровата реалност на „Слугинка“ – серија која непоколебливо го насочува објективот кон сиромашните жени
Во с’ржта на „Слугинка“, лежат циклусите на злоупотреба кои ги одржуваат луѓето—особено жените—во сиромаштија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • ФЕМ 101
8 март 2019 низ фотографии
Што се случуваше на Меѓународниот ден на жената во градовите низ Европа
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната фотографија
Преку својата поезија, Плат ги проширува родовите перспективи во патријахалното општество.
  • Од Љупчо Петрески
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
*WAP* на најјако
Или зошто за многу луѓе влажна вагина значи опасна вагина
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дипфејк порно: нова генерација на сексуално насилство
Проблемот со дипфејк технологијата не е што се користи во порнографска смила, проблемот е што тоа се прави на малициозен, сексистички и насилнички начин.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Перформативната уметност те носи на емотивно возење со луда железница: Интервју со Нао Бустаманте
Она што особено ми се допаѓа кај перформативната уметност е непосредната размена со публиката која се менува во истиот момент додека се создава.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Во фокус: Малала Јусафзаи
„Ја раскажувам мојата приказна, не зашто е уникатна, туку зашто е слична со приказните на многу девојки.“
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram