Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
Првиот долгометражен филм на Дина Дума „Сестри“ ја освои специјалната награда за најдобар филм во селекцијата „Источно од Западот“ на филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, откако се соочени со последиците од нивното однесување.

 

 

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцентка на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.
За приказната околу снимањето на „Сестри“, женското учество во филмската индустрија и што значи тоа да си тинејџерка, поразговаравме со режисерката Дина Дума.

 

 

„ Драга Дина, „Сестри“ е твојот прв долгометражен филм. Дојдовме до сознание дека и дел од филмската екипа работи прв пат на еден ваков проект. Какво беше вашето генерално искуство при снимањето?

 

 

И покрај тоа што голем дел од авторската екипа беа дебитанти, за мене тоа не претставуваше стрес затоа што со нив соработувам уште од студентски денови и знаев дека нивниот талент одличнo ќе се вклопи во филмот. Филмот се снимаше шест недели на разни локации низ Скопје и за мене беше возбудливо искуство.

 

 

Повеќето од актерките во филмот се првпат пред камера, што е и ваша свесна и намерна одлука. Кажете ми нешто повеќе за тоа зошто се решивте во овој филм да вклучите актерки кои до сега не се занимавале професионално со актерството. Како тоа влијаеше на целиот процес?

 

Уште додека го пишував сценариото знаев дека за да ја постигнам автентичноста на светот на адолесцентите ќе биде потребно да кастирам тинејџери кои нема да имаат претходно искуство со глума и снимање. Иако беше огромен ризик, бев свесна дека токму оваа одлука е клучна за да го постигнам натуралистичкиот пристап кој сметав дека му е потребен на филмот.
За мене ова беше целосно нов пристап, досега не сум работела на овој начин. За мене беше важно девојките и целата актерска екипа која учествуваше во филмот да допринесат до приказната со сопствени искуства. Главниот каст го прочита сценариото еднаш и потоа беа охрабрени да импровизираат на сет.

 

 

 

 

Работевте со тим од жени за време на снимањето, а и приказната го централизира женското другарство и релациите кои девојките ги градат меѓу себе за време на тинејџерските години. Оттука, се отвора дискусија за тоа како женскиот поглед ја врамува ваквата приказна, којашто се занимава со slut-shaming, друштвено исклучување и конечно – што значи да се биде средношколка денес. Како женскиот поглед раскажува една ваква приказна?

 

Да се биде средношколка денес не е е многу различно од тоа кога јас сум растела, но дополнително на тоа сега има социјални медиуми со кои оваа млада генерација е опседната. Еден „клик“ може да уништи цел живот и токму тука сакав да го ставам акцентот. Slut-shaming и друштвено исклучување е честа појава во училиштата и тоа се случува само врз девојките. Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема. Набргу кастингот зазема димензија на студии на случај. Приказните за мене  беа фрапантни, сите имале слично искуство или познаваа некој кој имал слично искуство. Тоа што ги спојуваше нивните приказни беше стравот дека slut-shaming и друштвено исклучување може да им се случи на нив, или да им се повтори. Тој страв е длабоко врежан кај цела генерација и понатаму директно влијае врз нивниот развој. Јас како жена сметам дека е исклучително важно да се отвори оваа тема со надеж дека на овој начин нештата ќе се променат во нашето општество.

 

 

 

 

 

 

Во последниве неколку години забележуваме поголемо застапување и препознавање на жените во филмската индустрија, и на светско ниво и кај нас. Како вие гледате на овој тренд кој го стимулира женското учество во индустријата и каде лоцирате дека има сè уште место за работа?

 

Има тенденција да се прикаже дека жените се еднакво застапени во филмската индустрија на светско ниво, но апсолутно не е така. Лесно е да се направи илузија дека е различно, со прикажување на изолирани случаи, но треба да се погледне статистиката, а таа кажува дека нема родов баланс во филмската индустрија, соодносот е 20% со 80%.
Во нашата земја жените не се присутни во јавната сфера на општеството, но не се присутни ни на авторските позиции во филмската индустрија. Промените во едно вакво младо општество како нашето не се случуваат брзо. Со самото тоа што агенцијата за филм финансира филмови од женски авторки се гледа дека работите почнуваат да се менуваат.

 

 

Знаеме дека врсничкото насилство цвета во училиштата, а ваквите трауми ретко се надминуваат, туку остануваат како штетен образец којшто понатаму ги придвижува и надградува насилните патријархални динамики. Дали сметате дека младите кај нас се опремени со алатки, знаење и способност да поминат низ вакви слични трауматични искуства?

 

Младите кај нас не се опремени со алатки и знаења за тоа како да се справат со врсничкото насилство и траумите кои остануваат. Но, дополнително ни образовниот систем не е подготвен да се справи со овој проблем. Не само што не е подготвен, туку системот комплетно ја игнорира оваа ситуација и најчесто допринесува до друштвеното исклучување на жртвите на врсничкото насилство и slut-shaming.

 

Како продолжение на претходното прашање и во контекст на вашата изјава дека сценариото е инспирирано од вистински настан во вашето средно училиште, како го гледате развојот и текот на врсничкото насилство низ годините?

 

Можам да кажам дека ситуацијата за жал станала уште поалармантна. Јас сум од генерацијата која допрва ги откриваше социјалните медиуми, а денешните генерации се родени со оваа технологија. Врсничкото насилство кое постоеше уште во мојата генерација, сега е само префрлено на социјалните медиуми и има уште посилен импакт на траумата.

 

 

 

 

 

Рековте дека за време на кастингот кандидатките споделувале дел од сопствените сведоштва и приказни и на тој начин овој процес си заземал димензија на студии на случај. Како ова повлијае на развојот на приказната?

 

Слушајќи ги приказните на девојките само се уверив колку е потребно да се направи овој филм во нашата земја. Не очекував дека врсничкото насилство е толку застапено и на почетокот се понадевав дека работите се сменети. Како што течеа разговорите, така ми стануваше јасно дека не само што не се сменети работите, туку ситуацијата е влошена. Многу сум им благодарна на сите девојки кои дојдоа на кастингот и кои најотворено ги споделија нивните искуства, затоа што ми помогнаа многу во финализирање на сценариото.

 

„Сестра“ ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот, на Филмскиот фестивал во Карлови Вари и ја наполни салата за својата светска премиера. Какви се вашите впечатоци досега?

 

Сè уште ги собирам впечатоците од Карлови Вари. Најпрво се радувам дека филмот беше добро примен од публиката. Сè уште добивам пораки од публиката на мојот Инстаграм и Фејсбук профил со комплименти за филмот. Секако огромна е честа да се добие оваа награда на престижен фестивал како што е Карлови Вари.

 

 

 

Биографија на Дина Дума

Дина Дума е родена 1991 година во Скопје, Северна Македонија. Дипломирала филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2014 година, а во 2016 година учествувала на престижната работилница за млади Berlinale Talents. Дина има снимено неколку кратки филмови. Сестри (2021) нејзиниот дебитантски игран филм премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Карлови Вари во натпреварувачката програма East of the West и ја освои специјалната награда од жирито.

Филмографија на Дина Дума

„Сестри“ (2021) (прв долгометражен филм)
„Без љубов“ (2018) (краткометражен филм)
„Доаѓаат од центарот на светот“ (2017) (краткометражен филм)
„Елена“ (2016) (краткометражен филм)

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • September 7, 2021
  • ФЕМ 101
Чувајќи ја Франка: Работа околу нега и грижа за време на Корона
Добивањето нега не би требало да биде само луксуз за богатите и повремен комфорт за средната класа, туку пристапна до сите деца и родители. Истовремено, работниците на грижа и нега би требало да се ценети и, се разбира, добро платени.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Микејла Коел ве предизвикува да ја напишете приказната која ве плаши
Авторката и актерка Микејла Коел го освои посакуваното признание за нејзината серија „Може да те уништам“, која го фикционализира силувањето кое таа го има преживеано.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram