Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!

Екстремна либерализација на абортусот е реченицата која ја користи исламската заедница во отворено писмо до јавноста критикувајќи го новиот предлог закон за прекинување на бременоста со кој се унапредува постојаното законско решение и во фокус ја става жената и нејзината волја.

За тие што не се целосно во тек, ќе направам кратка ретроспектива на случувањата кои му претходеа на овој предлог закон. „Сè до јуни 2013 година, Република Македонија имаше прилично либерален закон за абортус, кој потекнуваше од нејзинoто социјалистичко минато […] На Велигден 2013 година, високо рангиран верски службеник на Македонската православна црква изјави дека за да опстанат македонската нација и црква жените секогаш треба да изберат да родат.“¹

Оваа изјава беше најава за нешто многу поголемо. Само две седмици подоцна, Владата, преку Министерството за здравство, поднесе предлог-закон за прекинување на бременост што требаше да биде донесен по скратена постапка. Аргументите беа дека бидејќи законот не е многу обемен и сложен, истиот може да се донесе и во скратена постапка. Ова не можеше да биде подалеку од вистината. Иако текстот на законот беше пречекан со протести од граѓанските организации, па дури и со иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на одредени членови, законот си беше глатко усвоен. Новото законско решение значително го отежна пристапот до абортусот преку бирократизирање на целата постапка, нејзино усложнување и одолговлечување. Согласно овој закон, се предвиди прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнувањето, со писмена согласност од бремената жена. Доколку пак се работи за бременост по изменување на повеќе од десет недели од денот на зачнувањето, докторот е должен да ја упати бремената жена на првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста. Понатаму се воведе задолжително поднесување на посебно барање и задолжително советување за секоја жена која сака да ја прекине бременоста, иако ова не е предвидено за ниту еден друг медицински зафат. За време на задолжителното советување, се предвиди жените да направат задолжителен ултразвучен преглед пред абортусот и да им биде покажана „сликата од фетусот на ултразвук“. По спроведеното советување, доколку жената остане на став дека сака да ја прекине бременоста и по советувањето, таа е должна да даде писмена изјава за согласност за прифаќање на спроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста, но прекинувањето на бременоста не може да се изврши пред истекот на рокот од три дена по извршеното советување.

Она што следеше беше зајакнато промовирање на семејни вредности од страна на владата во контекст на овој закон, со креирање на државни кампањи со кои се осудува абортусот и се поистоветува со убиство користејќи слогани како „Избери живот” и реченици како „Честитам, убивте здраво бебе кое можеше да прерасне во прекрасно момче или девојка“.

Со вака креираното законско решение, посебно со воведувањето на задолжително советување и задолжителен период на чекање, се омаловажи способноста на жените за расудување и се ограничи слободата на избор. Ако ме прашувате мене, законодавецот ја потцени интелегенцијата на жената генерално. Правото и слободата на жените да одлучуваат за раѓањето на своите поколенија, односно да одлучуваат дали воопшто сакаат да имаат деца, е уставно загарантирано човеково право, загарантирано со меѓународни конвенции и право кое не смее да се ограничува. Жените низ историјата се бореле за својата репродуктивна слобода, а со рестриктивни законски решенија само се уназадува оваа борба, со што се уназадува и целото општество. Секој обид да се ограничи или да се оспори тоа право сериозно ги нарушува слободите на девојките и жените во Македонија, а со тоа ги деградира и разнишува сите обиди за воспоставување на родова еднаквост во нашето општество.

 

Протести против предлог закон за прекин на бременоста 2013
Фотографија: Ванчо Џамбаски

На позитивната страна, во моментот се соочуваме со нов предлог закон со кој се олеснува пристапот до правото на прекинување на бременоста и со кој во фокус се става волјата на жената. Со новиот закон се бришат административните пречки во форма на задолжително и пристрасното советување, како и предвиденото тридневното чекање по советувањето, кои до сега ја ограничуваа волјата на жените. Формирањето на Првостепената комисија е поместено од сегашната 12-та на 22-та гестациска недела од бременоста, со што се уважува репродуктивната слобода на жените. Дополнително избришани се сегашните барања од жените да приложуваат потврди во случаи на силување или неповолна социјална состојба и личните изјави на жените ќе бидат доволни за здравствената установада ја даде бараната здравствена услуга. Се предвидува и воведување на медикаментозен абортус (абортус со апчиња) кој иако во моментот нема услови да се реализира бидејќи сè уште е нелегален, отвара можност да се реализира во иднина. Овој начин ќе ја олесни процедурата, а со проширување на услугата на примарно ниво, абортусот ќе стане пристапен во поголем број на градови и населени места со што ќе се намалат трошоците на жените за пат.

Многу жени веќе имаат донесено одлука уште пред да побараат абортус и оваа одлука треба да се почитува без да се принудува жената на задолжително советување, а на ова упатува и Светската здравствена организација. Ограничувањето на пристапот до абортус не се одразува позитивно на здравјето на жените, а недостигот од информации и чекањето ги принудува жените на нелегален и небезбеден абортус. Ова е нотирано во едно истражување на ХЕРА за ефектите што македонското законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права.

Иако новото законско решение е за поздравување, истото се соочи со силни критики од страна на опозициската власт во Собранието и од верските заедници и други групи кои сметаат дека новото решение екстремно го либерализира(?!) абортусот. Согледувајќи ја потребата од поширока јавна дебата, Комисијата за здравство при Собранието организираше јавна расправа на која граѓанските организации, стручните гинеколози, пратеничките и останати заинтересирани страни имаа можност да ги искажат своите ставови и аргументи за или против новиот закон. Една од најважните поенти искажани на оваа расправа, беше тоа дека за овој закон треба да дискутираат жените и само жените (секако и стручната јавност која има релевантно знаење), и дека никако не смее за ова прашање да се дискутира од верски заедници кои застапуваат религиски ставови дека абортусот е чедоморство. Македонија е секуларна држава, а во законодавниот дом се носат закони за унапредување на човековите права и никако не смее да се дозволи правото на жената да се ограничи со аргументи кои во основата ја имаат религијата. И како што кажа една силна жена на оваа расправа „ Господ секогаш и бил најголем непријател на жената”. Иако на расправата законот се дискутираше од двете страни, најважното е дека овој закон е силно поддржан од Министерството за здравство како предлагач на овој закон, од Министерството за труд и социјална политика, но и од пратеничките од различни политички партии кои повикуваат на усвојување на овој закон како најдобар до сега.

Со овој закон се исправа долгогодишната неправда со која се соочија жените во оваа држава и волјата на жената се става на прво место. Се обезбедува правото и репродуктивната слобода жената самостојно да одлучува за своето тело. Абортусот е потреба, а здравствениот систем е должен соодветно да одговори на оваа потреба и на жената да и обезбеди соодветни и безбедни услови истата да ја реализира. Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!

 

 

¹  „Закон за прекинување на бременост од 2013 година: Јасна слика за укинувањето на демократијата во Македонија“., Др. Ана Мишковска Кајевска, Амстердамски универзитет Светски политиколошки конгрес, Познањ, Полска, јули 2016.

НАПИШАНО ОД:
  • Јована Јовановска
  • March 6, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Емоциите се нашите политички и животни ресурси
Овој колективен гнев треба да се канализира, да се застане цврсто, без компрописи во легитимната борба за нашите животи: Говор на Калиа Димитрова од протестниот марш „Јавна соба е кривично дело“.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Биди Безбедна
Треба да се стремиме кон системско адресирање на изворот на родово базирано насилство во едно општество, но, во меѓувреме, додека тоа се постигне, треба да ги користиме сите механизми за спречување, заштита и превенција од насилство. Биди безбедна.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Највлакнестата жена на светот
Отстранувањето на влакната за мене не е брз дел од секојдневната грижа за себе. Тоа е активност која бара многу време и пари.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Септемвриско издание на Skopje Pride Weekend
Септемвриската програма на Skopje Pride Weekend ќе се одржи од 15 до 17 септември.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Јана Бауер: На детето треба да му се даде комплесен карактер, затоа што животот не е црно-бел
За важноста на книжевноста за деца, обврската на писателите на децата да им понудат решенија за тоа како да живеат со другите и мултикултуралноста како обележје на добрата книжевност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram