Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.

Летото е период кој едвај го чекаме цела година, но постои една голема група на жени, како и мажи, за кои летото е тотален кошмар. Зошто? Затоа што и на 40 степени тие се движат во долги панталони и облека што покрива што е можно поголем дел од телото. Многу луѓе не се чувствуваат удобно да облечат шорцеви или маица по прерамки, а да не зборуваме за костим за капење. 

Јас бев една од тие девојки кои се срамат да облечат кратко во сред лето затоа што моите бутови не изгледаа онака како што модната индустрија налага, се вриев на 40 степени во долги фармерки за луѓето да не ми се смеат и гледаат чудно. Носев широки, големи маици за да не ми се гледаат „свадбарките“ и за да си го скријам стомакот. Одењето на плажа беше приказна сама за себе. Обавезно носев едноделни купаќи, бидејќи никако не смее да се види стомак на плажа, а обавезно мора одозгора некоја наметка или маица!  Наметката се соблекуваше само по потреба, пред да влезам во вода, па од вода во пешкир, од пешкир во наметка и така до залез. Имав смислено цела стратегија на движење, само за да можам барем малку да уживам во летото. Мислев дека само толку заслужувам заради телото кое го имам, кое што не се совпаѓа со совршениот beach body изглед кој се пропагираше во медиумите и списанијата, кои агресивно комуницираа “Како до совршениот изглед за на плажа за само 7 дена“. Можам да се сетам како жално гледав други девојки на плажа и бев љубоморна. Многу љубоморна. Кога ќе видев некоја девојка со барем неколку килограми помалку од мене си мислев “Ех, само да изгледав како неа, поинакви ќе беа работите, ќе имав повеќе самодоверба“.

Од денешна перспектива, прилично сум сигурна дека сум го викала истото и за девојки кои изгледаат исто како мене, бидејќи во мојата глава јас изгледав различно отколку во реалноста. Кога ќе видев безгрижна девојка која изгледа како мене на плажа си велев „Браво, колку е храбра!“. Во која просторија и да влезев, на која плажа и да се појавев, си мислев дека сите други изгледаат подобро од мене. Се грижев за сè, освен за себе, додека не сфатив дека секоја личност има право да ужива без разлика како изгледа. Тоа што некој си го живее животот како што сака во никој случај не треба да се смета за храброст и нешто невообичаено, туку треба да биде нешто најсекојдневно и нормално. Во последно време добивам доста пораки на Инстаграм во кои и мене ме нарекуваат храбра, ми велат браво и бараат совети како да се здобијат со повеќе самодоверба. Но, работите за мене не беа отсекогаш како што се сега. Како девојка која не сакаше да се појави на плажа во купачи, а сега гордо постира разголени слики пред илјадници следбеници на Инстаграм, еве неколку совети како да престанете да се замарате и да почнете да уживате во летото: 

 

Модната индустрија не е репер 

 

Се откажуваме од многу работи и не живееме слободно, само затоа што изгледаме на одреден начин. Запомнете едно нешто: ваквите мисли не се наши мисли, туку се општествно наметнати, особено од страна на модната, фитнес индустријата и индустријата за убавина, кои постојано ни налагаат стандарди на убавина кои ги претвораат нашите несигурности во профит. Работите се менуваат кога ќе ќе почнеме да ги преиспитуваме овие идели, застанувајќи  на свои нозе. 

 

 

Illustration: Maja Tomljanovic

 

 

Различностите се убави 

 

Кога ќе отидеме на плажа, без разлика како изгледаме, сонцето сите не’ грее исто, кога ќе згазнеме на жешкиот песок на сите ни е жешко, кога ќе ги потопиме нозете во вода сите го чувствуваме истотото чувство на свежина, кога е 40 степени, за сите е 40 степени еднакво. Тогаш зошто некој да смее да носи помалку облека, а некој повеќе? Тргнете го погледот од Инстаграм, од рекламите, списанијата и погледнете наоколу. Забележете ги луѓето околу вас, забележете колку се сите различни, колку различни форми на тело постојат… Замислете колку би бил досаден светот ако сите изгледавме исто, ако се однесувавме исто,  ако сите не’ интересираа исти работи… 

 

Привлечност наспроти почит

 

Кога некој не’ суди заради изгледот, тоа кажува многу повеќе за таа личност отколку за нас. Прво, дека и тие се жртви на капитализмот, односно слепо го следат она што го налага ингустријата. Второ, дека  тие луѓе немаат добро домашно воспитание. Трето, веројатно нашиот живот им е поинтересен од нивниот, па затоа се замараат со нашиот наместо со својот… Сите сме различни и нормално е на сите да ни се привлечни различни физички карактеристики, но многу често луѓето ги мешаат физичката привлечност и почитта. Не мора да сметаш дека некој е привлечен, за да бидеш културен и да го почитуваш. Нормално е да не сум му физички привлечна на секој човек, нормално е и мене да не ми е физички привлечен секој човек, но тоа не дава за право да навредувам и намерно да сакам да направам некој да се чувствува лошо! На крајот од денот, ние не постоиме, не се облекуваме или разголуваме за да задоволуваме други, туку за да бидеме задоволни со себеси.  

 

 

Illustration: Maja Tomljanovic

 

Опкружете се со позитивност

 

 

Семејството и луѓето со кои се дружиме најчесто најмногу влијаат на нашите размислувања. Какво ти влијаат луѓето околу тебе? Позитивно или негативно? Ако е негативно, време е за промени. Ок е да се оддалечиш од луѓето кои имаат токсично влијание врз тебе. Освен луѓето околу нас, огромно влијание на тоа како размислуваме и кои вредности ги цениме доаѓаат од социјалните медиуми. Често знаеме да се пожалиме колку социјалните медиуми имаат негативно влијание на нас, но она што го забораваме е дека ние сме тие кои одлучуваме што ќе следиме. На инстаграм има профили на секоја можна тема што може да се замисли, така што, од нас зависи како ќе се чувствуваме кога ќе ја затвориме апликацијата после саат време скролање: инспирирано или разочарано. Отследете ги сите профили кои прават да се чувствувате полошо и заследете позитивни профили за вас. Отследете ги Кардашијанс и компанија и заследете уметници, активисти, дизајнери, инспиративни профили, боди позитивити профили… Наполнете го вашиот инстаграм со позитива и чувствувајте се убаво секогаш кога ќе ја отворите апликацијата.

 

 

Кои се вашите вредности?

 

 

Кои се вредностите кои ги цените кај другите луѓе? Дали ги дефинирате луѓето според нивниот изглед или поважно ви е личноста да има добра душа, да е паметна, хумана, да ве почитува, да можете да и верувате, да е тука за вас и слично….? Има толку многу работи кои се поважни од изгледот, а сепак му даваме премногу значење и дозволуваме да раководи со одредени аспекти од нашите животи. Изгледот е само еден мал дел од тоа кои сме и колку вредиме!

Погледнете ја големата слика, наместо beach body диета за 7 дена, одлучете да поработите на вашиот ум, осамостојте се и не дозволувајте негативни влијанија да ве спречат да си го живеете животот онака како што сакате! Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, облечи шорцеви или кратко фустанче, ок е.

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Кика Авеиро
  • August 22, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ива Станојковска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Валканата мала тајна на сексот без обврски
Што е она што нè тера да имаме секс без обврски? Дали уживаме во тоа? Дали имаме некаква добивка—или, пак, ризикуваме да бидеме повредени? И најпосле, кои, всушност, сме „ние“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Кога врбата ќе роди грозје
Колку и да слушате наоколу дека ова е женски филм, многу повеќе би можело да се каже дека е филм за мајчинството гледано од одреден тесен аспект.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фирма / Жена во просторот (извадок)
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
#ThisIsNotConsent
Скандалозна судска одлука предизвика стотици девојки во Ирска да објавуваат фотографии од своите танга гаќички со моќна порака
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Борбата за егзистенција на текстилните работнички
Па и овоа време-невреме, со оваа корона шо нè фати, со пусти страх идам на работа, од дека пари за живеачка, не па за лекови на болниот ми сопруг...Толку ми се плаче дури да се дерам на глас ама стиснам заби и ќутам.
  • Од Ена Бендевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram