Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.

Во 2018 феминизмот дефинитивно доживеа своевидна комерцијализација која трае веќе неколку години и секоја година зема замав. Па така, лесно е да се видат феминистички слогани по маички, на бимови на концерти и насловни на списанија…Од друга страна пак, оваа комерцијализација и „брендизација“ на феминизамот, не само што е проблематична во третирање на феминизмот како капиталистички продукт, не занимавајќи се со феминистичката историја, теорија и вредносни системи, туку и воопшто не ја отсликува реалноста кога станува збор борбата за женски права.
Во екот на движењето #MeToo стана очигледно, на глобално ниво, дека свеста за што е сексуално вознемирување и насилство, како и за системскиот сексизам кој е сеприсутен и во образовниот систем и во работната среднина, е на многу ниско ниво!
До истите заклучоци можеше да се дојде по почетокот на кампањата #СегаКажувам во Македонија, каде многу од споделените искуства беа јавно исмевани бидејќи не се работело за „вистинско“ сексуално насилство. Оваа кампања, со која на некој начин ми започна 2018 година ми беше добар reality check, особено во контекст на она што го кажав погоре. Имено, подолго време имав чувство дека феминизмот станува популарен, дека е доволно присутен во јавниот диксурс и се зголемува бројот на луѓе кои се поисоветуваат со феминизмот. Во најмала рака сум била во грешка.
Среќна сум што ми стана јасно колку е всушност потребно да се зборува за феминизмот во Македонија, бидејќи тоа ме стимулираше и мотивираше да почнам да развивам идеја за феминистички портал во Македонија. После многу работа, истражување, потрага по мотивирани луѓе и средства: во ноември 2018 во дигиталниот простор се појави Медуза.
За мене Медуза е искра светлина во мрачните лавиринти на македонката реалност (ако смеам слободно да ја парафразирам стотројка). Знам дека развојот на Медуза ќе биде бавен, ќе бара многу напор и љубов, но фактот што постои група на луѓе која е подготвена да твори врз база на верувањето дека сите луѓе се еднакви: мене ме инспирира и прави да се чувствувам прекрасно. Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не’ размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.

Калиа Димитрова

 

Не сум сигурна дека било која година би можела да ја наречам „феминистичка“ бидејќи глобално сѐ уште не живееме во општество каде што родовата еднаквост е нормалата. Дури и во држави кои се сметаат за најпрогресивни како Шведска или Холандија, сепак има значителни разлики помеѓу мажите и жените. На некои структурни начини се влошува состојбата на женските права — пример назначувањето на уставниот судија Брет Каванау може да значи повторната криминализација на абортусот во САД. Но од друга страна оваа година имаше многу граѓански феминистички активизам. Движењето #MeToo кое беше почнато од американската активстка Тарана Бурк се претвори во слични движења низ светот како и нашето #СегаКажувам движење со кое се обрна внимание на сексулното злоупотребување во Македонија.

Овие интернационални и локални движења имаа и конкретни ефекти во мојот живот. Јас објавив два написи на македонски и на англиски за темата на сексуално злоупотребување на лично и на колективно ниво. И мојот прв напис за #СегаКажувам и мојот втор напис за назанчувањето на уставниот судија Брет Каванау во САД добија многу позитивни реакции. Можеби сѐ уште не живееме во феминистичко општество, но мислам дека скоро сигурно не живееме во статично општество. Постојано се случуваат промени и постепено гледаме прогрес на одредени прашања. Но важно е да не заборавиме дека овој прогрес не е доволен и дека не е крајната цел. Со ова на ум, можеби ќе можеме да ја направиме 2019-та година да биде уште пофеминистичка од 2018-тата.

Елена Гаговска

 

 

2018 година веројатно ќе ми остане забележана како година на сексуално насилство, во смисла на конечно (иако не целосно) ослободување од табуата, срамот и осудата и соочување со сеприсутноста на насилството врз жените. Без разлика дали стануваше збор за американски гимнастичарки со генерации сексуално злоупотребувани од, сега осудениот спортскиот лекар; пребегнатата сексуална робинка од ИСИС која стана Нобеловка за мир; докторката која пред цел свет го стави на тапет својот силувач, сега Врховен судија. 2018 беше за сите оние кои собраа и не собраа храброст да ја кажат својата приказна.

Бојана Јовановска

 

 

Година за охрабрување, солидарност и промени. Личниот развој е значаен само ако успееш некој друг да мотивираш или му помогнеш да те престигне. Женската солидарност за мене ќе ја означи 2018. Или бар, мејнсирим запознавањето со поимот. Формирајќи мали кругови за поддршка, ги запознав Стела Нетворк и Медуза од кои сум дел. Менторската мрежа Стела низ многу градови зборуваше како препреките може да се надминат само ако го споделуваме своите приказни и колку професионалното надоградување влијае врз независноста на индивидуата. Нови идеали за улогите се пред нас. За мене 2018 е Сашка Цветковска и храбоста да започне своја истражувачка агенција, Кристина Озимец која стои позади ПИНА, првиот новинарски фестивал. За мене 2018 е сестра ми Хана, која ја имаше својата прва независна претстава Како се прави човек, уште едно охрабрување за режисерките. Кика Авиеро, која отворено зборува за како да се прифатиме, Body Possitivity movement. Јована(19) која работи, студира и волонтира во One can, Рина која студира медицина и паралено не држи под конец во Youth Council of US Embassy. Јана Јакимовска и нејзината изложба која засекогаш ги овековечи Хероините на нашето време, се надевам дека ќе заврши некоја од сликите во некој универзитет, да знаат студентките дека и они се дел од општеството. Две работи се клучни, системски пристап и субверзивно започнување на промени. Затоа пристапот на менториање ми дава надеж дека ќе успееме да пренесеме идеја солидарноста, доколку конкретно насочена ја менува позицијата на жената во општеството, особено во помалите места. А второ, дека бидувањето медуза, ќе започне да актелизира значајни теми за сите нас во медиумскиот простор.

Сара Миленковска

 

 

Моќна современа приказна за солидарност, грижа и општествена одговорност беше одлуката на илјадници жени и мажи во мај да се вратат во Ирска и на референдумот да гласаат ЗА укинување на Членот 8 од Уставот, воведен во 1983 година, во кој се забрануваше абортусот во име на правото на живот на детето што треба да се роди. Со него Ирска имаше еден од најконзервативните, најстроги и насилни закони за абортус во Европа кој не признаваше исклучоци ниту за случаи на инцест, силување или малформација на плодот. Нивната солидарност, пожртвуваност, грижа, патувања и од далечни дестинации (меѓу кои Австралија, Тајланд, Костарика, Индија…), но и финансирање на патувања на луѓе кои не можат да си ги дозволат, резултираа со дури 70 отсто од гласовите за повлекување на Членот 8. Седум месеци подоцна собранието го усвои предлог законот за легализација на абортусот.

Лени Фрчкоска

 

 

 

 

Тимот на Медуза ви посакува среќни празници со следната нумера!

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 31, 2018
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Илинка Митрева
Едно од најпроминентните лица на политичкиот дијалог и дипломатијата
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Дали ехо коморите на Фејсбук индокринираат насилници?
Со цел да изработи платформа која „ќе ги поврзе“ луѓето, Фејсбук лимитира изложување на контрадикторни информации и создава платформа која ги „поврзува“ луѓето со нивната идеологија.
  • Од Јована Герасимовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Александра Спасеска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ПРОМЕНА
Нашите авторки Анастасија Марковска, Елена Петрова и Благица Димитрова ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram