Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Феминизам, Јас и Ти
или што мислам кога велам дека сум феминист/ка?

Кога говорам јавно и имам многу трема, си мислам на Вислава Шимборска и почетокот на нејзиниот говор кога ја прифати Нобеловата награда за литература: „Велат дека првата реченица во секој говор е најтешката. Во секој случај, таа е веќе зад мене“. Во овој момент го немам тој луксуз, едноставно да се ослободам од товарот на овој „говор“, бидејќи ова е првиот текст на Медуза, и како таков ќе го постави темпото на оваа платформа. Чувствувајќи го притисокот од релевантноста на овој текст се најдов заглавена со прашањето: која тема е соодветна за почеток на еден ваков возбудлив, амбициозен и најважно од сé, пилот проект? Дали веднаш да адресираме прашања како родова дискриминација, родов идентитет, системски бариери? Дали да пишуваме за пазарот на трудот, културата или интимните/фамилијарните врски? Дали да почнеме со критика или со позитивни примери? Мислејќи на тие 10тина потенцијални наслови, се вратив на зачетоците на идејата и вредностите за кои платформата се залага. Што е феминизмот, зошто сум феминистка и зошто сите треба да бидеме феминист/к/и, на некој начин „се наметнаа“ како прашања кои морам да си ги одговорам прво на себеси, а потоа и на јавноста, за овој проект да биде успешен.
Феминистка сум бидејќи верувам во еднаковст, солидарност и независност. Феминизмот е мојот начин на живот бидејќи различностите го прават животот вреден за живеење, а феминизмот ги слави истите. Феминизмот ми помага да ги разберам и личните и политичките односи и ми дава алатки да ги увидам и да се борам против неправдите кои ме опкружуваат. Мојот феминизам започнува дома, а потоа се манифестира локално, глобално и дигитално. Се борам феминистички бидејќи сакам да живеам слободно, а постојано се обидувам да градам сигурни простори во кои ќе дискутираме за нашите планови и стравови, бидејќи знам дека ми се потребни и другите за да продолжам да верувам во позитивни промени. Таа потреба од заедничко сонување и работење ме донесе до вториот елемент кој ми помогна во склопувањето на овој текст. Медуза се создава и гради како еден отворен, заеднички простор кој не припаѓа никому, но им припаѓа на сите. Поаѓајќи отаде, се свртив кон тимот на Медуза, сакајќи и тие да ги одговорат истите прашања, имено, што им значи феминизмот на нив, и така, поаѓајќи од сопствените идеали и замисли за нашиот феминизам, ќе се обидеме да изградиме една платформа која ќе го доближи феминизмот и феминистичката мисла до сите оние со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, со надеж да допреме и до оние кои мислат дека феминизмот едноставно не е од нивен интерес.

-Калиа Димитрова

 

Ќе си дозволам да бидам опуштено патетична, па движењето кое елементарно може да се сведе на борба за политичка, општествена и економска еднаквост на жените и мажите, односно еднаков третман во остварување на сите права да го сведам на „тоа е за мене прашање на почит, воспитаност и љубов“.
Љубов во смисла на она што Бел Хукс го подразбрала кога напишала „Визионерскиот феминизам е мудра и љубезна политика, вкоренета е во љубовта на машкото и женското битие, одбивајќи да го привилегира едното над другото. Душата на феминистичката политика е посветена на спречување на патријархалната доминација над жените, девојките и момчињата. Љубовта не може да постои во однос кој е базиран на доминација и сила. (освен во некои согласни сексуални игри, можеби м.з.) Вистинската феминистичката политика секогаш нè води од ропство кон слобода“.

-Лени Фрчкоска

 

За мене феминизмот е морална обврска. Сакам да погледнам назад и да сум сигурна дека сум го дала својот придонес за родовата рамноправност во нашето општество. Сакам идните генерации да не се прашуваат каде сме биле ние, каде сум била јас, да се изборам/име за нивната рамноправност.

-Јована Јовановска

 

Феминизмот е борба за живот во општество во кое ќе се ценат девојките/жените за сите нивни квалитети, силни и слаби страни, за сето нивно знаење и труд. Феминизмот не е борба за супериорност туку за еднаквост.

-Јана Тодоровска

 

Одбирам феминизам како моја идеологија полна надеж, потпора, напредок, еднаквост и борба. Затоа што не сум ничија играчка, крцкалче и мала хиена туку девојка и жена која припаѓа единствено на самата себе. А таа, во 21 век мора да се чувствува сигурно, мора да зборува гласно за она што е нејзино и мора да ја моделира слободата по нејзините лични дефиниции. Бидејќи никој друг нема да го направи тоа за неа.

-Ивана Крстиќ

 

Феминизмот (за мене) претставува можност за локално, регионално, интернационално, интергенерациско и интер-родово вмрежување на луѓето, пред сѐ жените, кои имаат потреба од поддршка која ќе нѐ зајакне и обедини сите како еднакви меѓусебе, во млад облик на општествени сестринство и единство.

–Мања Величковска

 

Фотографии: Грација Атанасовска

 

Кога мислам на феминизмот како концепт и како движење ми доаѓаат многу различни асоцијации како на пример оние слики од Анџела Дејвис во 60-тите или меѓународната борба за правото на абортус која продолжува до ден денес. Но најмногу од сè помислувам на песната на текстилните работнички од Масачусец „Bread and Roses“ („Леб и ружи“). Песната вели „Дајте ни леб, но дајте ни и ружи“. Оваа фраза значи дека иако борењето за леб, односно за економска правда, е несомнено многу важно, но истовремено треба да се бориме и за ружи, односно за социјална правда. Само со леб и ружи ќе стигнеме поблиску до вистинското ослободување не само на жените, туку и на целото човештво.

–Елена Гаговска

 

Феминизмот за мене е целосна рамноправност помеѓу родовите, подразбирајќи го под категоријата род не само општествениот конструкт на женскост или машкост туку и сите останати категории кои меѓусебно се пресекуваат. Феминизам кој опфаќа еднаквост помеѓу мажите, жените и луѓето кои не сакаат да се идентификуваат во ниту една од овие категории; но и помеѓу луѓето кои се идентификуваат со нив. Феминизам кој ја опфаќа и еднаквоста помеѓу родовите категории на раса и класа: на пример, геј маж од афро-американско потекло, или муслиманка геј жена од ниска класа. И ова може да оди до бесконечност, но конечно јас го сфаќам феминизмот како борба против општествените односи на моќ во кои една група на луѓе доминира и опресира друга група на луѓе. Феминизам за мене е еднаква распределба на општествената моќ во секоја смисла, помеѓу сите припадници на општеството, без исклучок.

–Наташа Петковска

 

За мене феминизмот е движење, филозофија и секојдневна борба за целосна рамноправност помеѓу мажот, жената и сите останати измеѓу и надвор од овие две категории. Мојот феминизам е интерсекционален, инклузивен и радикален, и се сведува на принципите на „agency“, поместување на постоечките релации на моќ, и на целосна автономија и почитување на телото и идентитетот.

–Ена Бендевска

 

До пред некоја година не знаев што е феминизмот, но сега не би можела да си го замислам животот без феминизам. Феминизмот е за секого. Ако кажам дека сум феминистка, тоа не значи дека сакам да се однесуваш со мене како со маж. Тоа значи дека сакам да имам избор да учествувам во истите можности како и мажите. Сакам да носам патики. Сакам да работам тоа што ме прави да бидам исполнета. Сакам јас да избирам што сакам да бидам!

-Милена Папакоч

 

Феминизмот за мене значи еднаквост, меѓутоа значи и препознавање и признавање на различности. Значи дека се бориме за сите да имаат “место на масата” и да учевствуваат во креирање политики кои се однесуваат на нив, сите да имаат можност да го покажат она што се во јавност без да се плашат дека ќе бидат исмеани, нападнати, мразени. Феминизмот значи борба за она што е праведно и создавање на свет во кој има повеќе почит и разбирање, а помалку омраза (особено во светот во кој живееме денес).

-Мартина Јанеска

 

Фотографии: Грација Атанасовска

 

Секогаш кога гласно ќе дискутирав за неправдите со кои се соочуваат жените, бев нарекувана феминистка. Не пропуштав прилика да се оправдам дека не сум феминистка, туку дека едноставно констатирам фактичка состојба за една неправедност која е присутна во општеството. Не ми беше јасно зошто толку се плашам да бидам “етикетирана” како феминистка и покрај тоа што ме интересираше движењето за женските права. Од една страна присутна беше негативната конотација која упорно му се лепи на феминизмот, поврзувајќи го со мизандрија, запалени градници (иако со неизмерно задоволство би го запалила својот), фрустрација и виктимизација. Од друга страна пак, сопственото потценување ми велеше дека не заслужувам да се нарекувам себе си феминистка само затоа што не го премолчувам неправедниот однос на општеството кон ранливите, маргинализираните, безгласните. И тогаш ми кликна. Баш за тоа и постои феминизмот, за да имаме слобода да се нарекуваме како што сакаме, слобода да ги кажеме своите ставови, да бидеме чуени и вклучени.
Станав феминистка без да бидам свесна за тоа, а почнав свесно да се нарекувам себе си феминистка за што повеќе луѓе да можат да го направат истото. Свесна сум и дека можеби нема јас или ние да успееме да промениме многу, меѓутоа верувам дека ќе бидеме капки во бранот кој полека ќе ги збрише неправдите.

-Бојана Јовановска

 

Феминизмот за мене е слобода.

-Сара Миленковска

 

Ќе дозволам овие две песни да објаснат наместо мене.

  1. 7 Seconds – Not Just Boys Fun
  2. Chokehold – Not A Solution
-Игор Јадровски
НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • November 12, 2018
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што навистина не е во ред со „Blonde“
Доминик не го намалува значењето на Мерлин Монро, нејзините победи и успеси, нејзината сила и издржливост, но фрла светло на моментите кои довеле до тоа таа сила да се скрши.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
(Не)безбедни простори
Безбедносните техники се толку длабоко навлезени во женското искусто на градот, што доколку некој ме праша дали ми е страв да се шетам сама навечер, би кажала не. Но тоа не би била вистината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Тајната женска историја во македонската литература во 19 век
Од големо значење за развојот на македонската книжевност, особено на расказот како форма е ликот на Марија Х. Зрнева.
  • Од Дијана Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
ЗБОРУВАМЕ НА ТЕМА: ТЕМНИНА
Лени Фрчкоска, Сара Миленковска и Ивана Батев ги споделуваат своите идеи на темата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Цената на водењето политика во услови на шовинистички менталитет
Oд вкупно 660 избрани градоначалници во период од 25 години и седум круга локални избори, само 18 се жени.
  • Од Симона Србиновска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.02
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хана Комар: Револуцијата има женско лице
Разговор со беларуската поетеса, преведувачка и активистка Хана Комар.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести во Косово: Дали училиштето нé третира како ученички или како објекти?
Како реакција на наводите за силување на малолетно лице од страна на вработен во косовската полиција се одржаа организирани протести во Приштина и Дренас
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Сандра Анастасовска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Малата сирена како квир алегоријa
Фрустрацијата и афектот во коренот на бајката на Ханс Кристијан Андерсен.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГОДИНИ БУДНИ – ПРВО ПА ЖЕНСКО ПОЛНИ 10 ГОДИНИ!
Во тек е јубилејното 10то издание на феминистичкиот фестивал Прво па женско! Од програмата Пролетно будење, не пропуштајте настанот „Срамота!“ (во рамки на Скопскиот викенд на гордоста), оваа сабота од 20ч. во Театар Комедија и перформаност на Оља Грубиќ „Гол живот“, на 18 јуни во Денсинг салата на МКЦ од 19ч. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram