Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.

колаж: Sidonie Blondel 

 

пишува Александра Спасеска

 

Изминатите неколку години станува сè поочигледно дека климатската криза не е изолирано глобално прашање, туку е нераскинливо поврзана со различните системи на моќ и угнетување кои ги надминуваат националните граници. Комплексноста и неправдите што ги носи оваа криза бараат интерсекционална анализа која ќе ги предизвикува постојните системи на моќ и работи кон изнаоѓање решенија што ќе создадат (и остават!) подобра планета за сите.

Жените и девојките се во првите редови на трансформативната климатска акција. Општествата со повисоки нивоа на родова еднаквост се карактеризираат и со помало уништување на шумите, загадување на воздухот и загуба на ресурси. Искуството покажува дека ребалансот на управувањето со земјиштето и природните ресурси за да се обезбедат еднакви можности за жените го подобрува зачувувањето на биолошката разновидност, ја зајакнува безбедноста на храната и го промовира здравјето на заедниците. И покрај ова, жените остануваат недоволно застапени во носењето одлуки за животната средина и често се прикажуваат во дискурсот за климата како пасивни жртви на климатските промени, а не како носители на единствени и разновидни знаења и вештини.

 

Тогаш, како изгледа феминистичката потрага по климатска правда?

Феминизмот е нашиот одговор на деградацијата на нашата животна средина. Капитализмот поттикнува масовна потрошувачка на ресурсите на нашата планета во потрага по бесконечен економски раст. Ова, секако, паѓа на сметка на еколошката рамнотежа на нашата планета. Климатските промени и глобалното затоплување се дел од негативните последици кои се веќе дел од нашите реални животи. Живееме надвор од нашите можности и треба да ја платиме цената. Но, луѓето што во моментов ја плаќаат таа цена не живеат во земјите и заедниците кои ја предизвикуваат штетата. Оние што се најмалку одговорни за климатските промени и деградацијата на животната средина и кои живеат на пресекот на повеќе форми на дискриминација: жените, девојките, родовите и сексуалните малцинства, лица со посебни потреби; млади луѓе; членови на руралните и домородните заедници, најмногу ги чувствуваат нивните влијанија и ги трпат последиците, не само од ефектите на еколошката штета, туку и вкрстените угнетувања. Сепак, тие најчесто се игнорирани или исклучени од планирањето за спречување климатски катастрофи и во напорите за ублажување и обновување на планетата.

Сиромаштијата создадена од долгите истории на колонизација може да се претвори во ниски нивоа на подготвеност и поддршка за катастрофи. Кога се случуваат поплави, урагани и циклони, поверојатно е жените да загинат, а во некои околности, двојно поверојатно. Доколку преживеат, раселувањето носи зголемени ризици од сексуално насилство и дополнителни прекршувања на човековите права. Кога посевите пропаѓаат поради ерозија, суша или други причини, жените трпат зголемување на обемот на земјоделска работа и поголем товар за производство на храна. Знаењето на жените и длабокото потпирање на природните ресурси и здравата животна средина остануваат занемарени и потценети. Згора на тоа, феминистичките движења за климатска правда имаат сериозен недостиг на ресурси во регионите кои се најранливи на климатските промени, додавајќи уште еден слој на ранливост во животите на жените на фронтот на климатската криза во овие региони.

Климатската правда претставува политичка борба против деградацијата и неправедното користење на животната средина, кон достоинствен живот и благосостојба за сегашните и идните генерации. Станува збор за одржување хармонични односи со природата. Климатската правда согледува дека ресурсите на нашата планета и нејзиниот капацитет да ги обновува ресурсите се конечни. Оттука, се залага за еколошка рамнотежа и социјална правда, за сегашните и идните генерации да можат да живеат во хармонија со природата, во општества кои нема да бидат водени од капитализмот, колонијализмот, патријархатот и расизмот како системи кои одново и одново се докажуваат не само како неодржливи, туку и опасни. Климатските промени се и криза со човековите права. Криза која бара феминистички одговор.

 

Еколошките хероини на новото време

Екофеминизмот нè охрабрува да ја испитаме врската помеѓу жените и животната средина како заеднички жртви на капиталистичко-патријархалниот систем под кој моментално функционира нашиот свет. Во рамките на овој хиерархиски систем и жените и околината се отфрлени како „другост“ која може, па следствено и треба, да биде искористена и контролирана од страна на белиот маж. Од таа перспектива, самата животна средина е феминизирана и објективизирана; нешто над кое треба да се доминира и треба да се освои. Самото именување на нашата планета како „Мајка Земја“ ја покажува оваа хиерархиска бинарност: маж наспроти жена и човек наспроти природа. Оваа рамка ја информира нераскинливата врска помеѓу жените и планетата и ни помага подобро да ги разбереме начините на кои жените се несразмерно погодени од климатската криза, но и позиционирани да ја решат.

Истражувачката Далена Тран, во извештајот „Родови земјописи на насилството“ ја објаснува врската помеѓу патријархалното насилство и еколошкиот активизам. „Во потрага по профит, корпорациите не ги земаат предвид животите на луѓето, без разлика дали тоа е во САД или во Јужна Африка. Тоа се влошува во земјите каде што ова е родова поделба на трудот. Големите бизниси не мора да плаќаат за страдањето на луѓето бидејќи жените се грижат за работите што треба да се обезбедат, како што се јавните услуги, празнините во образованието или управувањето со отпадот. Корпорациите го префрлаат товарот и жените ја сносат тежината.“1

Заедно со колегите автори Џоан Мартинез-Алиер, Гретел Навас и Сара Мингорија, Тран користи податоци собрани од Environmental Justice Atlas за да ги каталогизира убиствата на 35 жени бранители на животната средина. Со над 3.300 пријавени случаи, оваа светска карта е исполнета со алармантен број разнобојни точки. Секоја блескава точка претставува област на еколошки конфликт. Малку места се оставени недопрени, но посебна концентрација има во Јужна Европа, Латинска Америка и во Јужна Азија. Сите бранители на животната средина се под закана, но најмаргинализираните дополнително се соочуваат и со сексуално насилство, вознемирување, заплашување и убиства.

Глорија Капитан, лидерка на движењето Coal-Free Bataan Movement на Филипините, беше смртно застрелана поради нејзиниот еколошки активизам во 2016 година. Убиството на Капитан беше само уште еден болен доказ дека бранителките на животната средина, и покрај нивните различни расни, етнички и класни заднини, се универзално загрозени поради нивниот род.

И покрај широко распространетата неказнивост за ваквите убиства, 2021 година донесе редок момент на одговорност. По долгогодишни закани поврзани со нејзиното противење на браната Агуа Зарка, домородната екологистка од Хондурас, Берта Касерес, беше убиена во 2016 година. Пет години подоцна, Роберто Дејвид Кастиљо, поранешен претседател на меѓународно финансираната хидроелектрична компанија „Деса“, беше прогласен за виновен за учество во нејзиното убиство.2

И покрај сите случаи на насилство, заплашување и дискрепанцата во моќ, жените низ светот продолжуваат неуморно да ја водат оваа борба. Денес, феминистичките групи за климатска правда ја продолжуваат таа традиција на грижа, спротивставувајќи се на злоупотребата на корпоративната моќ и на државната моќ. Тие ги бранат своите територии, заедници и животна средина од екстрактивните индустрии и деструктивните проекти за земјоделство и развој. Притоа, тие се соочуваат со моќни играчи, како што се владите и корпорациите.

Тука вреди да се споменат домородните жени лидери и организации на BAI Indigenous Women’s Network на Филипините, кои се спротивставуваат на развојната агресија и милитаризацијата во земјата, додека се борат за лидерство и учество на домородните жени во донесувањето одлуки за политики кои влијаат врз домородните жени и животната средина. Во Нигерија, Wanel-aedon Development Association (Waneledon), група рурални жени од заедниците кои зависат од шумите, се борат против откажувањето на нивните права над земјата за изградба на автопат. Во меѓувреме, во Боливија, домородните жени од провинциите Оруро, Ла Паз и Потоси, ги бранат своите територии и се борат за правата на Мајката Земја.

Ако погледнеме во нашиот регион, група жени од Босна и Херцеговина од селото Крушчица ја добија наградата за животна средина „Голдман“ за 2021 година за одбрана на реката Крушчица од изградба на хидроцентрали. Жените го окупираа мостот 503 дена и ноќи за да ги спречат градежниците да почнат со работа. Тие останаа на мостот и покрај долгата студена зима и неколкуте насилни обиди за иселување од полицијата. Нивната упорност резултира со спречување на две хидроцентрали по должината на реката. Ова беше вторпат во три години наградата „Голдман“ да ја добијат активист/ки кои се борат против ХЕ на Балканот. Во 2019 година наградата ја доби Ана Чоловиќ-Лешоска од Република Северна Македонија, извршна директорка во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, за кампања против проектите за брани во нашата земја. Ана Чоловиќ-Лешоска, која по професија е биолог, повеќе од 20 години активно работи на подигнување на јавната свест за прашања поврзани со животната средина. Споменатата награда ја доби како признание за седумгодишната кампања за стопирање на меѓународното финансирање за Бошков мост и Луково Поле – две големи хидроцентрали планирани во националниот парк Маврово, со која го заштити живеалиштето на речиси исчезнатиот балкански рис и многу други ретки и ендемски видови во паркот.

 

Што мора да се направи?

Авторката и професорка Кетрин Вилкинсон смета дека нуспродуктите на климатската криза ја нагласуваат и лидерската криза. Она што навистина ни треба, пишуваат таа и соуредничката на колекцијата есеи и поезија „Сè што можеме да спасиме“, Ајана Елизабет Џонсон, е феминистичка климатска ренесанса. Без ова, станува невозможно да имаме праведна и жива иднина.

Многу од највлијателните климатски лидери на денешницата се жени. На меѓународната сцена, Кристијана Фигуерес, како шефица на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, беше архитект на историскиот Париски климатски договор од 2015 година, кој во својата преамбула ја истакна потребата од зајакнување на позицијата на жените во одлучувањето за климата. Џејн Фонда го сврти вниманието на климатската криза преку граѓанска непослушност и Fire Drill Fridays, инспирирани, се разбира, од активизмот на шведската тинејџерка Грета Тунберг и моќното движење Fridays for Future што таа го започна. Владините функционерки, исто така, водат во однос на климата. Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, неодамна прогласи вонредна состојба за климатските промени и ја обврза својата земја да стане јаглеродно неутрална до 2025 година. Во меѓувреме, во САД, Александрија Окасио-Кортез беше визионерката на Green New Deal, план за земјата да се оддалечи од фосилните горива, кон иднина со чиста енергија.

Феминистичките климатски лидер/ки се свесни дека градењето заедница е предуслов за градење подобар свет. Заедницата има неверојатна мудрост и негувањето на тоа чувство во широкото климатско движење е првиот чекор во таа борба, особено кога се обединуваат сојузници од различни групи. Јасно е дека кога жените ги надминуваат структурните бариери за нивното учество, нивниот придонес за климатската правда, мирот и безбедноста се трансформативни.

Мора да работиме на реформирање на законите и институциите за да обезбедиме сопственост на жените врз земјиштето и нивниот пристап до природните ресурси, истовремено поттикнувајќи меѓусекторски напредок. Мора да ги поддржиме и имплементираме феминистичките пристапи засновани на солидарност и емпатија, поткрепени со владеење на правото, со цел успешна борба против нееднаквоста, големиот профит и патријархалните институции кои стојат како бариери пред остварувањето на климатската правда. Интерсекционалноста и меѓугенерациската правда се важни концепти со цел правилно да се разберат и решаваат краткорочните, среднорочните и долгорочните последици од климатските промени.

Ова не е само повик за застапеност, иако и тоа е многу важно. За да се справиме со климатската криза и да постигнеме климатска правда, ни требаат радикално разновидни алатки, лидерство и принципи. Токму овие феминистки и феминисти стануваат сè повидливи во борбата за климатска правда која во сè поширока смисла и досег станува универзална човекова правда и право на достоинствен живот, не само за генерациите што учествуваат во или страдаат од деградацијата денес, туку и идните, кои допрва ќе го градат светот на основите што ние ќе им ги оставиме.

 

 

[1] Tran, D. & Martinez-Alier, J. & Navas, G. & Mingorria, S., Gendered geographies of violence: a multiple case study analysis of murdered women environmental defenders, Journal of political ecology 27(1), (2020).

[2] McVeigh, Karen. More rights defenders murdered in 2021, with 138 activists killed just in Colombia, The Guardian, (2022).

НАПИШАНО ОД:
  • Александра Спасеска
  • December 1, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преку танцот сакам да ги разбудам сите сетила на моите ученици: Интервју со Ивана Балабанова
Работата на Ивана Балабанова ја следам со години. Инспирирана од нејзината работа како танчерка, основачка на Битрикс и креативна девојка која постојано поместува граници во секоја смисла на зборот, сакав да поразговараме за нејзината лична мотивација, работата како педагог, современиот танц како простор на слобода и истражување и грижата за себе и другите. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Најдобрите изложби во САД кои ја прославуваат 50-годишнината од Стоунвол
Од Њујорк до Бостон и Хјустон, подолу се дел од ликовните изложби низ САД кои го слават Stonewall 50.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Пoстпородилна депресија
Додека ја доев ќерка ми замислував како ја фрлам од прозорец
  • Од Лени Фрчкоска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Коалиција Маргини
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Павлина Симоноска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Марко и Елена
  • ФЕМ 101
Можна ли е достоинствена дигитална интимност?
Потребно е како нација да научиме како правилно да ја уважуваме интимноста, и како правично да ги казниме злосторниците кои ги загрозуваат жените.
  • Од НИКОЛА ДОНЕВ И РАДОВАН СПИРИДОНОВ
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Правда за градите
Не можам да тврдам, но верувам дека речиси секоја жена почувствувала некој вид непријатност поврзана со своите гради. Непосакувани погледи и коментари од средината, изнудени допири уште од основно школо што никогаш не биле санкционирани или ред несигурности поврзани со нивната големина, форма и облик, приказни постојат колку и гради на светот.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram