Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)

Авторка: Роксен Геј

 

Светот се менува побрзо отколку што можеме да си замислиме, и тоа на сложен начин. Честопати се чувствуваме затекнати поради овие запрепастувачки промени. Културната клима се менува, особено за нас жените додека се бориме со уназадувањето на репродуктивната слобода, упорното опстојување на културата на силување и проблематичното, па дури и штетно претставување на жената што го консумираме преку музиката, филмовите и книжевноста.

Имаме стендап комичар што бара од обожавателите нежно да ги пипкаат жените за стомак бидејќи „леле колку е смешно“ да ги игнорираш личните граници. Имаме разно разна музика што го величи понижувањето на жените, а да му се сневиди, толку е заразна оваа музика, што често самата се фаќам како певуцкам додека целото мое битисување се омаловажува. Пејачите како Робин Тик знаат дека „си го бараме“ (“we want it”). Раперите како Џеј Зи го користат зборот „кучка“ (“bitch”) како да е интерпункциски знак. Филмовите најчесто ги раскажуваат приказните на мажите, небаре само нивните приказни се важни. А кога има и жени, тие се само придружна улога, романтичен интерес, мисла што пролетува. Ретко кога жените се во центарот на вниманието. Ретко кога нашите приказни се важни.

Како да привлечеме внимание кон овие проблеми? Како да привлечеме внимание, а да бидеме навистина слушнати? Како да го најдеме вистинскиот јазик за да зборуваме за нерамноправноста и големите и мали неправди со кои се соочуваат жените? Како што созревам, феминизмот барем делумно ми дава одговор на овие прашања. Феминизмот си има свои мани, но во најдобар случај нуди начин да се снајдеме во оваа културна клима што постојано се менува. Феминизмот ми помогна да си го пронајдам сопствениот глас. Феминизмот ми помогна да верувам дека и мојот глас е важен, дури и во ваков свет во кој толку многу гласови се борат да бидат слушнати.

Како да ги споиме несовршеностите на феминизмот со сето добро што доаѓа од него? Вистината е дека феминизмот има мани бидејќи е движење предводено од луѓе, а луѓето по природа си имаат мани. Од некоја причина, имаме нереални очекувања за феминизмот, со тоа што движењето мора да е сѐ што бараме и мора секогаш да ги донесува вистинските одлуки. Кога феминизмот нема да ги исполни очекувањата, решаваме дека проблемот е во феминизмот, а не во луѓето со своите мани кои дејствуваат во негово име.

Проблемот со сите движења е тоа што најчесто се поврзуваат со најистакнатите членови, луѓето со најголеми платформи и најгласни, најпровокативни мислења. Но феминизмот не е некоја си таму филозофија според неделниот феминистички избор на познатите медиуми.

Феминизмот во последно време се соочува со одредена вина која произлегува од асоцијацијата со жени што го промовираат феминизмот како дел од нивниот бренд. Кога овие истакнати личности го кажуваат тоа што сакаме да го слушнеме, ги ставаме на Феминистичкиот пиедестал, а кога ќе направат нешто што не ни се допаѓа, ги буткаме оттаму и велиме дека нешто не чини со феминизмот бидејќи нашите феминистички лидерки нè разочарале. Ја забораваме разликата помеѓу феминизам и Професионални феминисти.

Отворено ја прифаќам етикетата лоша феминистка. Тоа го правам бидејќи сум несовршена и сум човек. Не сум најдобро упатена во феминистичката историја. Немам прочитано онолку значајни феминистички текстови колку што би сакала. Имам одредени… интереси и особини и мислења кои можеби не одговараат на главнотековниот феминизам, но сепак сум феминистка. Не можам да ви опишам какво чувство на ослободување доживеав кога го прифатив тоа.

Ја прифаќам етикетата на лоша феминистка бидејќи сум човек. Неуредна сум. Не се обидувам да бидам пример. Не се обидувам да бидам совршена. Не се обидувам да тврдам дека ги имам сите одговори. Не се обидувам да тврдам дека сум во право. Само се обидувам да го поддржам она во кое верувам, да направам нешто добро во светов, да кренам прашина со моето пишување а во исто време да сум своја: жена која обожава розово, сака да откачи и понекогаш танцува до бесвест на музика која знае, добро знае, дека е ужасна за жените, а и понекогаш глуми пред мајсторите бидејќи е полесно да ги оставам да се чувствуваат „мачо“ отколку да се однесувам како морално супериорна.

Јас сум лоша феминистка бидејќи никогаш не сакам да ме стават на Феминистички пиедестал. Од тие што се ставени на пиедестал се очекува да позираат, и тоа совршено. Кога ќе заебат, летаат од таму. А јас редовно заебувам. Сметајте дека веќе ме исшутирале оттаму.

Кога бев млада го отфрлав феминизмот со алармантна леснотија. Разбирам зошто жените сè уште едвај чекаат да се дистанцираат од него. Го отфрлав феминизмот бидејќи кога ме нарекуваа феминистка, етикетата ми звучеше како навреда. Всушност, таква била и намерата. Тогаш кога ме нарекуваа феминистка, првата помисла ми беше: ама јас доброволно сум пушела. Цело време си мислев дека не можам да бидам феминистка и да бидам сексуално отворена. Многу чудни работи ми се вртеа во главата кога бев тинејџерка и во моите дваесетти години.

Го отфрлав феминизмот бидејќи немав рационално разбирање за движењето. Ќе ми речеа феминистка, а јас само слушав: ти си исфрустрирана женска личност што глуми жртва и мрази мажи и секс. Еве како феминистките се искарикирани од луѓето што се плашат од феминизмот, од истите оние што имаат најмногу да изгубат кога феминизмот победува. И секој пат кога ќе ми текне како некогаш го отфрлав феминизмот, се срамам од моето незнаење. Се срамам од мојот страв, бидејќи отфрлувањето произлегуваше од стравот дека ќе бидам исклучена, дека ќе ме сметаат за проблематична, дека никогаш нема да бидам прифатена од мејнстримот.

Се лутам кога жените го отфрлаат феминизмот и се оградуваат од етикетата на феминистки, но велат дека ги поддржуваат придобивките што се резултат на феминизмот, зашто тука гледам неповрзаност што не треба да постои. Се лутам, но сепак разбирам и се надевам дека еден ден сите ќе бидеме дел од едно општество каде што нема да треба да се дистанцираме од етикетата феминистки, каде што нема да се плашиме дека ќе останеме сами, дека ќе бидеме премногу различни, дека премногу бараме.

Што се однесува до мене, мојот феминизам е едноставен. Знам дека феминизмот е комплексен и се развива и има мани. Знам дека феминизмот нема и не може да поправи сè. Верувам во еднакви можности за жените и мажите.

Верувам во репродуктивната слобода на жените и евтин и неограничен пристап до здравствената грижа што им е потребна. Верувам дека жените и мажите треба да се исто платени за извршување иста работа. Феминизмот е избор и ако една жена не сака да биде феминистка, тоа е нејзино право, но должност ми е да се борам и за нејзините права.

Верувам дека феминизмот е заснован на поддршка на изборот на жените, дури ако ние не би го направиле тој избор за себе. Верувам дека жените, не само во САД, туку и насекаде во светот, заслужуваат еднаквост и слобода, но знам дека не сум во позиција да им кажувам на жените од други култури како треба да изгледа таа еднаквост и слобода.

Одбивав да го прифатам феминизмот во доцните тинејџерски години и во моите дваесетти, зашто се плашев дека феминизмот не би ми дозволил да бидам хаосот од жена што знам дека сум. Ама тогаш почнав повеќе да учам за феминизмот.

Научив да го разграничувам феминизмот од Феминизмот или Феминистите, или пак идејата за Главен феминизам – еден вистински феминизам што го доминира целиот женски род. Беше лесно да го прифатам феминизмот кога сфатив дека се залага за родова еднаквост во сите сфери, додека настојува да биде интерсекциски, и да ги земе предвид сите останати фактори што влијаат на тоа кои сме ние и како функционираме во светот.

Феминизмот ми донесе мир. Феминизмот ми даде принципи што ме водат за тоа како пишувам, како читам, како живеам. Вистина, понекогаш не се држам до овие принципи, но исто така знам дека е во ред кога не живеам според најдобрата феминистичка верзија од себе.

Жените со обоена кожа, квир жените и трансродовите жени треба да бидат повеќе вклучени во феминистички проекти. Често, жените од овие групи се срамно запоставени од Феминизмот со големо Ф. Ова е тешка и болна вистина. Ова е причината зошто многу луѓе му пружаат отпор на феминизмот и се обидуваат да направат дистанца помеѓу движењето и нивните гледишта. Верувајте ми, разбирам. Со години се убедував дека феминизмот не е за мене бидејќи сум црна жена и се имам идентификувано како квир во многу наврати од животот, бидејќи историски гледано, феминизмот се залагал да ги подобри животите на хетеросексуалните бели жени, на штета на сите други.

Но, две зла не прават едно добро. Не треба целосно да го избегнуваме феминизмот поради неговите неуспеси. Луѓето прават ужасни работи цело време, но не се одрекуваме од човештвото. Се одрекуваме од ужасните работи. Треба да ги отфрлиме неуспесите на феминизмот без да ги отфрлиме сите успеси и тоа колку далеку сме стигнале. Не мора сите да веруваме во истиот феминизам. Феминизмот може да биде плуралистички само ако ги почитуваме различните феминизми што ги носиме во нас, само ако се грижиме доволно за да ги премостиме разликите меѓу нас.

Феминизмот ќе успее повеќе со заеднички труд, но успехот може да произлезе и од личните постапки. Ги слушам младите девојки како се жалат дека не можат да најдат позната феминистка со која се поистоветуваат. Тоа понекогаш знае да обесхрабри, ама си велам – ајде (да се обидеме) да бидеме феминистките што би сакале да ги видиме во светов.

Кога не можеш да се поистоветиш со некого, треба да најдеш начин ти да бидеш пример. Во оваа збирка есеи, се обидувам да бидам пример на еден скромен, несовршен начин. Го кревам гласот како лоша феминистка. Заземам став како лоша феминистка. Нудам увид во нашата култура и тоа како ја консумираме. Есеите во оваа збирка исто така го разгледуваат прашањето за расните прашања во современиот филм, границите на „различноста“ и како иновацијата често пати е незадоволителна; многу ретко е доволна. Повикувам на нови, поинклузивни мерила за достигнување врвност во книжевноста, и навлегувам подлабоко во серијата „Девојки“ (Girls) на ХБО (HBO) и феноменот на трилогијата „Педесет нијанси сиво.“ Овие есеи се политички и се лични. Тие се, како и феминизмот, со мани, но напишани се од срце. Јас сум само една жена која се обидува да му најде смисла на овој свет. Го кревам гласот за да ги покажам сите начини на кои можеме да сакаме повеќе и да бидеме подобри.

 

 

 

 

Превод:
Теодора Димитриевска
Даниела Дракуловска
Сара Гинова

Менторство: Благица Димитрова и Румена Бужаровска

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • December 20, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Бидејќи ниеден феминистички настан не може да помине без да биде прославен на Медуза, со четирите Тиииитовки разменивме впечатоци од овогодинешната програма, се потсетивме на другите фестивалски изданија и воздивнавме пред убавината на женското другарство.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Најдобро за нашите деца е да се збогуваме со патријархатот
Патријархалното семејство е расадник на родово засновано насилство во домот и надвор од него.
  • Од Драгана Дрндаревска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Платена работа, заслужен одмор
Кон потребата да се има контрола врз сопственото тело, време и труд.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Мажите биле ловци, а жените собирачи на храна. Или не?
Нова студија ја побива старата претпоставката дека мажите ловеле а жените собирале храна.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто сексуалните работници го одбележуваат 3 март?
Сексуалниот работник пред сè е човек, а потоа сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како и сите други луѓе.
  • Од Лила Милиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За похумана разделба
Секоја загуба немилосрдно нѐ фрла во бездна. Но, секоја загуба создава и замислени заедници.
  • Од Јелена Никодиноска Чаповска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Уништуваме прекрасни машки пријателства: Лукас Донт за „Блиску“
Не сме навикнати да сведочиме на нежни моменти меѓу момчиња а тие да не бидат сексуализирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Абјектноста на културата на забава
Чинот на веселење и славење на нашата видливост засекогаш ќе биде абјектен во очите на оние што нè презираат, не нè разбираат и се плашат од нас.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.
  • Од Сара Симоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лолита: модерното свето писмо на денешните тинејџерки
Девојките со сон да станат нимфетата Лолита претставена преку гледната точка на Кјубрик, стануваат жртвите за кои пишува Набоков.
  • Од Евгенија Несторовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизмот во Југославија: Интервју со Софија Лоранд
Разговара Славенка Дракулиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram