Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?

Религијата и феминизмот имаат долга заедничка историја. Многу од најсилните критики на религијата низ историјата доаѓаат токму од феминистки. Тие дискусии не ја третираат религијата едноставно како лоша или добра појава, туку како нијансиран концепт и систем на верување со различни ефекти врз општеството.

Но, неодамна имам забележано тренд кај некои феминистки и кај моите пријатели кои почнаа да се идентификуваат така пред некоја година. Трендот е гледање на нештата без нијанси, заради лутината кон тие нешта. На пример, зборувајки само за ужасните аспекти на религијата (кои ги има многу), без препознавање на позитивните.

Како жени отсекогаш сме биле третирани како втор пол, како другиот во нашето општество, па така, сосема е валидно да се лутиме на луѓето, идеологиите и верувањата кои нè држат во таа позиција. Кога некој е лут некому или на нешто, полесно е да зборува за неговите недостатоци. Но, некои феминистките не излегуваат од таа првична положба. Тие можеби имаат некој увид во религијата, конзерватизмот или други вообичаени непријатели на феминизмот, но избираат да ги гледаат, што би се рекло, црно-бело.

Или можеби само се лути. Ние жените сме толку често обвинувани за нашите емоции, што чувствуваме потреба од простор за удобно и слободно искажување на тие емоции. Феминизмот има важна улога во обезбедување на удобно место каде можеме да сме емотивни, лути и гневни, и тоа не треба никому да му се одземе. Но, ние исто така мора да имаме разновидни мислења, за да можеме јасно да ги видиме работите и да донесеме правилни одлуки. Мораме да се соочиме со фактот дека оние симболи на патријархатот кои го гледаме како штетни или кои нè обесхрабруваат, се многу понијансирани од тоа што мислиме, иако тоа не мора да значи дека религијата, како еден од симболите на патријархатот, е оправдана или добра.

Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?

Филозофката Симоне де Бовоар, која творела во дваесеттиот век, ја гледа религијата како форма на угнетување на жените, кои биле наведени да веруваат дека се создадени да им помагаат на мажите, нивната главна сфера на постоење е семејството и треба да ги учат другите жени на истите принципи преку социјализација на нивните ќерки и познанички. Тие биле научени дека ќе бидат наградени во задгробниот живот со еднаквост, ако се научат да живеат во сегашниот живот со нивната нееднаквост, како што им заповедуваат религиозните текстови создадени од мажи.

Теологот Жеан Холм, до некаде се согласува, велејќи дека иако светските религии проповедаат еднаквост, тие ги исклучуваат жените од позиции на моќ, негирајќи ги нивните способности како лидерки, учителки, писателки и практично секоја улога што не е мајка, помошничка или љубовничка на некој маж. Некои радикални феминисти како Мери Дејли и Линда Вудхед, сметале дека во традиционалните религии жените биле контролирани и им се давале попасивни задачи како молење, молчење или подршка на мажите, додека тие ги прават одлуките со значење во општеството.

Сите овие критики држат вода, но истите овие феминистки, како и многу други, ги разгледуваат и позитивните страни на религијата. Нивните ставови, генерално, можат да се поделат во два дискурси:

  1. За реформирање на постоечки, вообичаено поконзервативни религии и реинтерпретација на религиозни текстови од феминистичка перспектива, борејќи се за да ги направат подостапни и поправедни кон жените.
  2. За реинтерпретација на самиот поим религија, верувајќи дека религијата не мора да е патријархална и на тој начин борејќи се за сооздавање и/или поддржување на непатријархални религии или други спиритуални движења.

Сите знаеме колку важна улога има религијата во одржување на патријархатот, па токму затоа е важно сите да имаме барме некое познавање на овие теми. Како феминистки, таа едукација започнува со запознавање на различните ставови кои феминистките ги имаат кон религијата.

Првиот став: Реформирање

Религијата на луѓето им дава чувство на заедница и припадност. Чувството кога ќе погледнеш околу себе во црква, во џамија, во храм и ги гледаш луѓето со кои веруваш дека ќе го споделиш задгробниот живот или со кои имаш исти духовни верувања е доста интензивно. Се поврзуваш со заедница на луѓе кои ги гледаш секоја недела или сабота, со кои одиш на настани и делиш систем на верување. Религијата му дава на човекот внатрешна удобност и чувство дека без разлика што се случува, сè ќе биде во ред. Некое божествено суштество има план за твојот живот, за твоите сакани и за светот. Тој создал систем на моралност кој е објективен,а ти само треба да следиш. Тоа е секако многу привлечно за голем број луѓе.

На многу жени кои ги изразуваат своите верувања преку религијата и имаат потреба од неа, би им било тешко да ги изгубат овие придобивки. Затоа, наместо да се стремиме да го намалиме влијанието на религијата во животот на жените,  религиозноста во светот или да бараме алтернативни верувања, потребно е да се реформираат сегашните религии. Под реформација се подразбира да се истребат патријархалните идеи од нив, со тоа што религиозните текстови на кои се базирани овие религии ќе се реинтерпретираат.

Писателката Науал Ел Саадауи, вели дека поредокот на општеството е патријархален, а не самиот Ислам. Според неа, проблемот е машката доминација на религијата. Патријархатот не е создаден од религијата, туку ја интерпретира религијата со патријархална перскпектива и ја употребува за своите цели. Ова се должи на подемот на монотеистичките религии во кои доминирале мажи и каде светите списи ги толкуваат/пишуваат мажи. Според ова, религијата, доколку е интерпретирана на феминистички начин, може да ги зајакне жените и да промовира феминистички вредности, како емпатија, еднаквост и грижа.

Вториот став: Реинтерпретација

Бројни социолошки истражувања, како на пример истражувањето „Родовиот јаз во религијата низ светот“ од Пју Истражувачкиот Центар, 2016), покажуваат дека глобално жените се порелигиозни и поспиритуални од мажите, особено меѓу Христијаните. Тие исто така покажуваат дека многу жени сè повеќе се инволвираат во нови форми на спиритуалност, иако многу општествота стануваат посекуларни. Ова може да се гледа како своевидно отфрлање на традиционалните религии кај жените, во полза на други видови на спиритуалност, кои ги овластуваат и охрабруваат.

Според академичарката Линда Вудхед, ако жените почнат да следат егалитеријански спиритуални движења, тогаш тие можат да најдат солидарност со други жени и истомисленици, па би имале слични придобивки со оние на традиционалните религии, како чувство на заедница и спокој. Ваквите форми на спиритуалност би требало да се религии базирани на Божици наместо Богови, на женственото наместо маженственото, кои би им дале на жените активни улоги во приватниот и општествениот живот и би ги охрабриле да се борат за своите права и слободи.

Пример за една ваква форма на спиритуалност е Дијанската Викана. Забележителна е по обожавањето на една единствена, монотеистичка Голема Божица (сите други божици – од сите култури ширум светот – се гледани како „аспекти“ на оваа Божица) и фокусот на егалитарната матријархалност. Иако традицијата е именувана по римската божица Дијана, Дијаните обожаваат божици од многу култури, во ритуалната рамка на Дијанската Викана.

Каде нè води сето ова?

Овие ставови секако не коегзистираат туку така, туку активно се критикуваат едни со други. Има безброј критики кои можам да ги спомнам и исто толку тези и прашања кои можам да ги поставам. Но, во суштина, поентата ми е дека има многу нијанси во оваа дискусија. Ако се образуваме повеќе и имаме повеќе дискусии за мислите на феминистките пред нас, како и генерално за „непријателите“ на феминизмот, можеме да научиме како поефективно да се справиме со овие појави и да сме еден чекор поблиску до понијансиран феминизам.

Ова е особено важно денес, кога гледаме пораст во традиционални и конзервативни идеологии, повеќето од кои ја употребуваат религијата за да ги оправдаат своите цели и агенди, кои често се на спротивната страна од феминизмот.

НАПИШАНО ОД:
  • Бисера Ѓуровска
  • December 8, 2022
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Време да почнеме да ги менуваме наративите: Интервју со Сибел Бајрам
Ако сакаме промени, треба да почнеме да гледаме низ призмата на изнаоѓање и нудење решенија, меѓутоа и консултирање на оние за коишто креираме било какви политики и програми.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Митот за мајчинскиот инстинкт
Родителскиот мозок е нешто што се развива како резултат на искуството - и секој може да го развие.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Mислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам за 99%: Манифест
Превод на воведот на „Феминизам за 99%: Манифест“ на Чинција Аруца, Тити Батачарја и Ненси Фрејзер
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Керол Ен Дафи е годинешна добитничка на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата
Поезијата на Дафи е луцидна, остроумна, автентична (и настрана од помодните текови), проткаена со родово сензибилна црта, духовита деконструкција на родовите обрасци и разобличување на родовата асиметрија на моќта.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Студентките не се виновни
Сите студент(к)и се повлијаени и оштетени од општата култура на примитивни односи на моќ, атмосферата на страв и неизвесност, сексизам, шовинизам и сите типови сексуално вознемирување.
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Јасна Жмак: Од театарот треба да очекуваме повеќе
Авторскиот перформанс на пистелката и драматург Јасна Жмак “this is my truth tell me yours” ќе игра на Академска сцена на ФДУ, на 26 септември од 20:00ч. како дел од фестивалот Прво па женско. Запознај ја Јасна со разговорот во прилог.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ
На 27 септември во „Чифте Амам“, во 19 часот се отвара изложбата „Доаѓаме со поклон“ на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram