Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам за 99%: Манифест
Превод на воведот на „Феминизам за 99%: Манифест“ на Чинција Аруца, Тити Батачарја и Ненси Фрејзер
Крстопат

Пролетта во 2018 година главната оперативна директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг, му кажа на светот дека „би ни било многу подобро доколку половина од државите и компаниите би ги воделе жени, а половина од домовите би ги воделе мажи,“ и дека „не треба да престанеме се додека не ја постигнеме таа цел.“ Како водечки претставник на корпоративниот феминизам Сандберг веќе стекна репутација (и некој долар) со тоа што ги охрабри менаџерките да се „наметнат“ во одборните сали. Како поранешна шефица на кабинетот на Секретарот за финансии Лери Самерс, човекот што го дерегулира Вол Стрит, без двоумење ги советуваше жените за тоа како успехот стекнат со јачина во деловниот свет е полесниот пат до родова еднаквост.
Истата пролет, милитантен феминистички штрајк ја затвори Шпанија. Придружени од повеќе од 5 милиони демонстранти, организаторите на 24-часовниот huelga feminista, повикаа на „општество без сексистичко угнетување, експлоатација и насилство…за бунт и борба против сојузот на патријархатот и капитализмот кој сака да бидеме послушни, покорни и тивки.“ Додека сонцето заоѓаше над Мадрид и Барселона, феминистите штрајкувачи соопштија пред светот: „На 8 Март, ги вкрстуваме рацете и ги попречуваме сите продуктивни и репродуктивни активности“, тврдејќи дека нема да прифатат „полоши работни услови, ниту помала плата од мажите за иста работа.“
Овие два гласа ги претставуваат спротивставените патишта за феминистичкото движење. Од една страна, Сандберг и нејзините истомисленици го гледаат феминизмот како слугинка на капитализмот. Сакаат свет каде што задачата на управување со експлоатацијата на работното место и угнетувањето во опшеството како целина е еднакво споделенa меѓу мажите и жените од владејачката класа. Ова е одличен приказ за доминацијата на еднакви можности: таква што ќе бара од обичните луѓе, во име на феминизмот, да бидат благодарни што жена, а не маж, им ги разбива синдикатите, наредува дрон да им го убиe родителот, и на граница им ги затвора децата во кафез. Како тотална спротивност на либералниот феминизам на Сандберг, организаторите на huelga feminista настојуваат да падне капитализмот: системот којшто ги создава шефовите, ги поставува националните граници и ги произведува дроновите што ги штитат.
Соочени со овие две визии за феминизмот, се наоѓаме на крстопат и нашиот избор носи огромни последици за човештвото. Едниот пат води до изгорена планета каде што човечкиот живот ќе стане мизерен до степен на непрепознатливост, ако и воопшто продолжи да постои. Другиот насочува кон свет кој отсекогаш бил во центарот највозвишените соништа на човештвото: праведен свет чие богатство и природни ресурси ги делат сите, и каде еднаквоста и слободата се премиси, а не аспирации.
Ова е страшен контраст. Но, сега изборот за нас е толку итен бидејќи нема изводлива златна средина. Оскудноста на алтернативи се должи на неолиберализмот: таа исклучително предаторска, финансиализирана форма на капитализмот што владее низ целиот свет во последните четириесет години. Откако ја отру атмосферата, се исмеа со секој обид за демократско владеење, ги исцрпи нашите општествени капацитети до последна капка и генерално ги влоши условите за живот за огромното мнозинство, оваа верзија на капитализмот ги подигна влоговите за секоја општествена борба, трансформирајќи ги трезвените напори да се усвојат некакви скромни реформи во жестока битка за опстанок. Во такви услови, помина времето за седење со скрстени раце, а феминистите мора да заземат став: Дали ќе продолжиме да се стремиме кон „доминација на еднакви можности“ додека планетата гори? Или ќе ја преобразиме родовата правда во антикапиталистичка форма која се издигнува над сегашната криза кон ново општество?
Овој манифест е насока кон вториот пат, развој на движењето што го сметаме за неопходен и изводлив. Денес, антикапиталистичкиот феминизам е остварлив, делумно затоа што кредибилитетот на политичките елити се разорува низ цел свет. Меѓу жртвите нема само централно-лево и централно-десно партии што промовираа неолиберализам -остаток од нивното минато кое сега го презираат- туку и нивните корпоративни феминистички сојузници во стилот на Сандберг, чија „прогресивна“ фасада го изгуби својот сјај. Либералниот феминизам го доживеа своето фијаско на претседателските избори во 2016 година, кога кандидатура на Хилари Клинтон, за која се крена огромна врева, не успеа да ги освои жените гласачи. И со добра причина: Клинтон беше олицетворение на фактот што жените што се искачуваат на високи позиции немаат врска со подобрувањето на животот на огромното мнозинство.
Поразот на Клинтон беше повик да се разбудиме. Разоткривањето на пропастот на либералниот феминизам направи простор за левицата да може да го оспори. Во вакуумот што се создаде со падот на либерализмот, имаме можност да изградиме друг феминизам: феминизам со поинаква дефиниција за тоа што се смета за феминистичко прашање, поинаква класна ориентација, и поинаква етика – радикална и трансформативна.
Со овој манифест се обидуваме да го промовираме тој „друг“ феминизам. Не пишуваме со цел да скицираме некоја замислена утопија, туку да го означиме патот што води до праведно општество. Целта ни е да објасниме зошто феминистите треба да го изберат патот на феминистички штрајкови, зошто мора да се обединиме со други антикапиталистички и антисистемски движења, и зошто нашето движење мора да стане феминизам за оние 99%. Само на овој начин – соединувајќи се со антирасисти, екологисти и активисти за работнички и мигрантски права – феминизмот ќе биде дораснат за предизвикот на нашето време. Одлучно отфрлувајќи ја догмата на „наметнување“ и феминизмот на 1%, нашиот феминизам може да стане искра надеж за сите останати.
Она што ни дава храброст да се впуштиме во овој проект сега е новиот бран на милитантен феминистички активизам. Ова не е корпоративниот феминизам кој се покажа толку катастрофален за работничките и сега вртоглаво си го губи кредибилитетот; ниту пак е „микрокредитниот феминизам“ кој тврди дека ги „зајакнува“ жените од глобалниот Југ позајмувајќи им мали суми на пари. Туку, она што ни дава надеж се меѓународните феминистички и женски штрајкови од 2017 и 2018 година. Токму овие штрајкови и сè побројните координирани движења што се развиваат околу нив, се тие кои прво го инспирираа – а сега го отелотворуваат– феминизмот за 99 %.

 

 

Преводот на воведот на „Феминизам за 99%: Манифест“ на Чинција Аруца, Тити Батачарја и Ненси Фрејзер е изработен од група студенти на Катедрата за англиски јазик и книжевност под менторство на Благица Димитрова.
НАПИШАНО ОД:
  • Благица Димитрова
  • July 19, 2023
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колку е безбеден јавниот простор за жените?
Поради чувството на небезбедност жените се принудени да трошат повеќе време да стигнат до посакуваната дестинација или да потрошат повеќе пари, доколку од страв да пешачат сами, решат да стигнат до посакуваната дестинација со автобус или такси, иако автобусите и такси возилата се исто така места каде што повторно жената може да искуси некаква форма на родово-базирано насилство.
  • Од Марија Ангеловска
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Стара приказна, нови актери
Говорот на омраза никогаш не завршува како говор.
  • Од Лин
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Can we concentrate? – Кратка размисла за изборот и егзистенцијата кон Танц на раце без наслов од boychild
„Денес немам никаква желба. Освен можеби да молчам и да ја гледам, во тишината да ја остварам сета важност на оваа необична случка: присутноста на Ани, тука спроти мене.“ ― Жан-Пол Сартр, Тегобност, 210
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од правото на телесната автономија? 
Осврт кон правото на абортус во САД.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
(Не)Преводливоста на дрег уметноста во „RuPaul’s Drag Race“
Дали преводот на шоуто на македонски би ја доближил и нормализирал дрег уметноста во нашето општество и дали истиот е возможен?
  • Од Ана Илиева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, КУЛТУРА
Квир-хронополитики: историја, афекти, утопии
Фестивалскиот куратор Славчо Димитров кон единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, кое ќе се одржи од 1 до 13 јуни, во Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Калина Малевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Агресивно феминистичко читање на старите грци
За да ја разберете историјата на аверзија кон моќните жени, читајте ги старите грци, тврди славната класичарка од Велика Британија, Мери Бард
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Камала Харис не е феминистичка хероина
Потенцијалната победа на Харис можеби би било кршење на стаклениот плафон, но за жал, не би била вистинска феминистичка победа.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Отаде издржливоста
Ако се согласиме дека дел од умешноста на преживувањето е да се биде издржлив/a, тогаш што стои отаде логиката на издржливоста и преживувањето, кон живот во процут, благосостојба и можности за креативност и трансформација?
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Заедно посилни
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Збогати ги своите знаења и вештини во областа на феминизмот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Апатичноста кон насилството против жените е загрижувачко и неприфатливо
Како да постапиме со фактот дека под секоја медиумска објава за родово базирано насилство, нашата јавност едногласно вели „таа самата си е крива“?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За похумана разделба
Секоја загуба немилосрдно нѐ фрла во бездна. Но, секоја загуба создава и замислени заедници.
  • Од Јелена Никодиноска Чаповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Вера Ацева – Доста
Една од политички најистакнатите личности во периодот од Втората светска војна, сѐ до нејзината активна вклученост во политичкиот живот на земјата по ослободувањето.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизам и климатска правда: Женскиот одговор на колективната неодговорност
Климатските промени се и криза на човековите права. Криза која бара феминистички одговори.
  • Од Александра Спасеска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram