Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Фемицидот и државата
Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.

Освен што значително ги разниша столбовите на економијата и меѓународните односи, пандемијата КОВИД-19 успешно продре до најранливите општествени категории и повторно отвори безброј дебати за суровото македонско секојдневие, потсетувајќи нѐ дека безбедноста на жените е само привидна. Само во мај, 2020 година, за време на вонредната состојба во Македонија, беа регистрирани 2 фемициди во рок од две недели. Во периодот по објавувањето на двете убиства, забележани се реакции од страна на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Хелсиншкиот Комитет за човекови права и други организации. Сепак, релевантните институции како и по обичај ги премолчеа настаните.

Навременото, адекватно и ефектно транспонирање на легислативата на Европската Унија, како и ратификувањето на меѓународните правни акти и правилната имплементација на истите е обврска на секоја држава која се стреми на подобрување и зајакнување на систематизираните правни норми, но и на целокупниот квалитет на животот на граѓаните. Очигледно, забележан е позитивен напредок во транспарентното усогласување на домашните правни акти со меѓународните, но само во конкретни сфери. Кога се работи за родовите прашања, односно еднаквиот пристап и дискриминацијата врз основ на родовиот идентитет, наеднаш државните тела снемуваат капацитет и експертиза. Веќе со години бесрамно се пролонгира унапредувањето на домашната легислатива во поглед на горенаведените прашања, особено земајќи ја предвид веќе ратификуваната Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција) , како и Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Со самото ратификување на Истанбулската конвенција, државата за момент покажа знаци на освестување од долгогодишниот сон во којшто мизогините политики беа нашето секојдневие. Притоа, беше очекувано дека следниот потег би бил почитување на законските обврски за соодветно имплементирање на конвенцијата во целост, а со тоа и овозможување на ефикасни начини на спречување на стапката на психичко и физичко насилство врз жените. За жал, до ден денес, напредокот е скоро невидлив, а родово заснованото насилство сѐ подлабоко се вкоренува во секоја општествена сфера. Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.

Институционалниот отпор и изборот на одлучувачките тела да го игнорираат овој проблем и конечно да го препознаат фемицидот како кривично дело ни дозволува да констатираме дека убиствата на жените само врз основ на тоа што се жени, очигледно не претставуваат приоритет во оваа држава. И покрај сериозноста на самото дело, кое всушност ја претставува најтешката форма на насилство на којашто една жена може да биде изложена, истото ниту е сфатено сериозно, ниту пак претставува приоритет. Оттаму, лесно е да констатираме дека ако безгласните државни тела веќе меѓусебно си решиле дека фемицидот не заслужува да биде ставен на нивната приоритетна листа, ниедно од останатите родови прашања нема нешто особено да ги заинтригира. Ако убиството не се сфати сериозно, дали воопшто ќе се обрне внимание на психичкото насилство или пак на секојдневното вознемирување од страна на партнерот? Нормализирањето на овие чинови ја продлабочува структурната дискриминација, ги одобрува и прифаќа традициите и стереотипите и не дозволува да продолжи природниот развој на државата којашто никако не успева да избега од трулите стеги на патријархатот. Не е нималку чудно што ратификувањето на конвенциите и имплементирањето на меѓународните правни акти немаат некое особено значење за нашата правна рамка – тие постојат само да ни ја покажат привидната слика на суровата реалност којашто ни ја сервираат лица кои имаат моќ, но немаат ниту грам елан и желба за подобрување на животот на безброј жени – жртви на долгогодишно психичко и физичко насилство.

 

Според Анализата на случаи на фемициди на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство од 2018 година:

“Кај повеќе од 60 проценти од анализираните случаи на убиства на жени во Македонија кривичното дело е извршено од страна на актуелниот или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого живееле во заедница. Иако во голем дел од случаите насилството не било пријавувано во соодветните институции, сепак постоело и се случувало зад затворени врати. Сведоци на претходно насилство најчесто биле децата, како и поблиското семејство на жртвата. Дури и во ситуациите каде сторителот бил со нарушено психичко здравје и имал поставена дијагноза од стручно лице – психијатар, промената на однесувањето не била никаде пријавена или регистрирана.

Во повеќе од 80 проценти од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била отпочната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата. Овој факт нè носи кон заклучок дека жените во Македонија се најнебезбедни во својот дом.

Најчесто користено оружје за извршување на убиството е огнено оружје – пиштол. Само во мал процент сторителите поседувале дозвола за оружје.
Изразен и силен гнев е присутен во голем дел од случаите на фемициди. Користените комбинирани методи/оружја за да се лиши од живот жртвата, укажуваат на решителноста на сторителот да го заврши започнатото.”

Иако постојат детални анализи кои во последниве неколку години јасно и концизно укажуваат дека итно треба да се одговорат прашањата во однос на криминализацијата на физичкото насилство и начините на намалување на стапката на прекршување на човековите права, не се забележуваат значително позитивни промени. Уште колку вакви приказни со фатален крај треба да излезат на виделина за да почне да се согледува сериозноста на проблемот? Кривичните дела и самата структурна природа на истите не треба да се разгледувани низ призма на статистика, само кога има потреба од адекватно известување, самопромоција и фалење со позитивниот државен прогрес пред органите на ЕУ. Намалување на стапката на физичко насилство е државна обврска, а не избор.

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • July 8, 2020
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нов недискриминирачки закон за потпомогнато оплодување во Малта – Каде сме ние по ова прашање?
Во едно демократско општество кое се стреми кон целосна еднаквост и недискриминација, постоењето на вакви закони кои поставуваат дискриминирачки услови и кои некого исклучуваат од остварување на право е поразително и ја отсликува итната потреба од измени кон подобри законски решенија.
  • Од Јована Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Во фокус: Бејли Еjвери
„Промените ни обезбедуваат искуства кои ги претвораме во лична моќ.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд: Ослободувањето на квир заедницата значи ослободување на целото општество
Неколку дена во годината многу од нас можат да бидат најавтентичните верзии од себе си, но наскоро треба да се вратат кај нивните семејства и заедници каде што никој не знае за клучен дел од нивните животи. Е затоа ни треба Скопје Прајд.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто не можам да престанам да размислувам на жените без деца?
Пред да добијам деца, никогаш не размислував за жените кои избрале да не станат мајки. Сега постојано размислувам за нив и ги забележувам насекаде. Имаат нешто што јас го барам, прозорец кон животниот пат што јас не сум го избрала.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Заборавена историја на сексуалнoто насилство во Втората светска војна
Дури и во Германија, но сепак почесто во поконзервативните словенски земји, силувањата биле сокриени со превез на тишина и на жртвите не им била пружена помош.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Колективна негрижа
Заеднички учествувавме во хаосот наречен реалност.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за родовобазирано насилство
Денешната форма на медиумите, не е само класична, туку сноси моќ и одговорност.
  • Од Сара Миленковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram