Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феноменот на фемцел културата
Само уште еден тренд, штетно романтизирање или иронична и самосвесна критика? Елена Кузмановска пишува за фемцел трендот кој ги преплавува социјалните мрежи.

Неодамна беше објавена статија којашто за брзо време привлече големо внимание на социјалните мрежи. Станува збор за статијата на Рошин Лениган за i-D Magazine за тоа ,,Што е фемцел?“ (What is a femcel?). Популарноста на статијата, или пак нејзината озлогласеност, главно се должи на тоа како Лениган го дефинира споменатиот феномен.

На кратко, според писателката, како фемцел се идентификува девојка која меѓудругото ги слуша Лана Дел Реј, Фиона Епл, ХОУЛ и Мицки, го знае монологот за „кул девојките“ од Gone Girl, ги обожава кревките женски протагонистки на Отеса Мошфег, тагува по падот на Тамблр, обожава да ја чита ,,Лолита“ на Владимир Набоков и често сака да се условува себеси со придавки како манипулативна или токсична. Ако успеа да се пронајдеш во кое било од наведените интереси, според Лениган, најверојатно би можела да се идентификуваш како фемцел. Оваа дефиниција произлегува од еден скорашен бран на содржини кои кружат на социјалните мрежи под хештегот фемцел. Креаторките црпат инспирација токму од горенаведените уметници и творби, а на листата можат да се најдат и Силвија Плат, Fleabag, Натали Портман во Black Swan, The Smiths, па дури и социјалистичките теории на Карл Маркс. Најчесто станува збор за хумористични содржини, како мимови и кратки ТикТок видеа, со сцени и идеи кои се лесни за поистоветување и често преувеличени за хумористичен ефект.

Актуелната група која ги создава и воедно восприма ваквите содржини се помладите генерации, поточно тинејџерки и девојки во своите 20ти. Содржините се препознатливи по неописливиот, често егзистенцијален и ироничен ген-з хумор. На пример, една фемцел девојка би рекла дека е како Ејми од Gone Girl, која буквално извршува убиство и ја манипулира целата јавност, иако таа во својот живот нема сторено ништо приближно на тоа. Но, поистоветувањето со овој филмски лик лежи во едноставната мотивација на Ејми која резонира со гледачите, а мимот едноставно служи за да ги пренесе емпатијата и разбирањето кои ги буди кај нив. Нејсе, да се навратиме на прашањето на Лениган, што всушност значи фемцел и зошто овој феномен е навидум сеприсутен на социјалните мрежи?

Поимот фемцел всушност произлегува од зборот инцел (involuntary celibates) или во груб превод „неволен целибат“. Поточно, инцели се вообичаено хетеро мажи кои немаат или многу ретко имаат сексуални или романтични врски со жени, но како што алудира името, тоа всушност не е по нивна волја. Причините за тоа можат да бидат нивниот неконвенционален изглед, попреченост, социјална повлеченост, итн. Но генерално, тие би се дефинирале како добри момци кои сметаат дека го заслужуваат правото на сексуални/романтични односи и кои најчесто ги обвинуваат жените кога тоа не го добиваат за возврат. Нивната перцепција за жената во најголем дел од случаите е заснована на мизогини гледишта и ја доживуват како сексуален објект кој треба да е на нивно располагање. Најчесто тоа се манифестира со силна омраза кон жените, а во поекстремни случаи и со злоупотреба, присила, па дури и убиство. Мотивацијата за ваквите злодела е желбата да се казнат жените кои ги одбиваат припадниците на оваа група, па дури и мажите кои се наводно причината за тоа. И покрај негативните конотации поврзани со оваа група на луѓе, тие сепак имаат активна интернет заедница на истомисленици и поддржувачи на сајтови како Редит и 4чен. Како резултат на неколкуте инцелски масакри, во поскоро време тие се сметаат за вистинска радикална екстремистична заедница, а не само за безопасна, ниш интернет група.

Оттука, наједноставната дефиниција за фемцел би била дека станува збор за женска верзија на инцелите. Но, не е лесно да се конкретизира семантиката на овој поим. Движењето е сепак релативно ново, па и самите припаднички го доживуват различно. Изворно, налик на инцелите, тие воглавно беа присутни на истите интернет форуми, неретко делејќи слични размислувања и користејќи доста сличен сленг, но досега не биле поврзани со никакви криминални злодела. Фемцелите, во оваа смисла, се девојки кои себеси се сметаат за инфериорни во одредени аспекти, особено во споредба со девојките кои ги исполнуваат критериумите на модерното општество. Поради таа причина тие обично се чувствуваат засенети и често занемарени од машката популација. За многу девојки ваквата интернет заедница претставува безбедно прибежиште и охрабрување дека не се сами. Но истовремено, кај овие девојки често е присутен одреден степен на интернализирана мизогинија. Фемцелите ги презираат девојките кои не се соочуваат со истите проблеми како нив и кои се конвенционално атрактивни, верувајќи дека тоа е огромна привилегија и дека тие им се еден вид закана и причина за нивниот ,,целибат”.

Според други алтернативни дефинции на Urban Dictionary, за фемцели се сметаат радикалните феминистки кои често се етикетирани како мажо-мразачки, односно жени кои поради нивниот тежок карактер и ,,токсичен феминизам” не можат или пак одбиваат да имаат врски со мажи поради нивната наводна аверзија кон нив. Овие толкувања, иако поблиски до оригиналното значење на зборот фемцел, сепак не успеваат да го доловат поимот онака како што тој се користи на социјалните мрежи во поскоро време.

И покрај комплицираната историја, моменталната употреба на идентитетската „лепенка“ фемцел е речиси целосно дистанцирна од своите корени. Самиот тон во дефиницијата на Лениген е малку хумористичен и саркастичен, бидејќи е свесна за површноста на целиот феномен. Во еден вид предговор, таа ја објаснува суштината на нејзината статија: ,,Новата генерација на фемцели се повеќе заинтересирани за естетиката позади токсичниот сентимент на тагата, отколку за оригиналното значење на неволната чесност.“ Горенаведените култни творби и нивните содржини се идеални кандидати за естетизирање од страна на нивната целна публика. Песните на Лана Дел Реј и Мицки, на пример, содржат стихови кои многу добро го отсликуваат женското искуство. Статусот, тагата, бесот, самотијата, женската сексуалност и неправдата се некои од многуте тематики кои се опфатени во нивните песни. Мошфег низ своите протагонистки му дава нова перспектива на типичниот лик на растроената жена (the unhinged woman trope), која со години наназад е претставувана како антагонистка во филмовите и книжевноста. Монологот на Ејми во Gone Girl ни ги посочува притисокот да се прилагодиме на машкиот поглед и машките очекувања во однос на нивните партнерки.

Приказните во овие песни, филмови или текстови се едноставни и опипливи, но станува опасно кога нивните интерпретации инсистираат на прифаќање, романтизирање и охрабрување на состојби како што се менталната нестабилност и депресијата и особини како манипулативност, промискуитетност, искористување и слично. Но, тоа е всушност витален дел на фемцел движењето. Па така, ќе сретнете мимови и кратки видеа во коишто жаргонски зборчиња како токсично и манипулативно се честа појава, како и популарни Спотифај плејлисти со прецизно одбрани песни за гордите манипулаторки (како што самите се декларираат).

Од друга страна, се чини дека токму ваквите содржини на девојките им даваат извесно чувство на моќ и храброст да се однесуваат бескрупулозно, да ги прават истите работи кои им биле правени и да ги искористуват можностите од коишто некогаш биле лишени, без разлика дали тоа е морално оправдано или не. Така, преку овие содржини, фемцелите (веруваат дека) го преземаат авторитетот врз својот идентитет и ги присвојуваат и преобратуваат мизогинистичките критики во иронични самосвесни шеги како квазирадикални обиди за ослободување од општествените и родовите стеги. Може да се каже дека целото движење има потенцијал за свое место и значење во модерниот феминизам, со тоа што отвара простор за споделување и поврзување на женските  искуства и смело му пркоси на инцелството во својата изворна форма.

Сепак, ваквиот став не е секогаш очигледен и директен, а можеби дури и непостоечки. Новата интернет мим култура ретко дава објаснување, позадина или причина за содржините кои ги создава. Понекогаш се работи само за романтизација на извесни ,,токсични“ карактеристики, кои често се вадат од нивниот ироничен контекст и се земаат здраво за готово, особено кога публиката е млада и подложна на влијание. Тенка е линијата помеѓу иронијата и вистината. Сетете се само на негативните ефекти на Тамблр трендовите од пред неколку години. Ваквите трендови се покомплицирани од што навидум изгледаат, тие се истовремено утешителни, забавни, полезни, но можат да бидат и опасни.  Всушност, секоја интернет генерација досега имала свој вид на #фемцел, нешто како тренд кој не умира туку константно се ребрендира. Интересно е да се набљудува како и до која мера поновите генерации имаат развиена свест за ваквите социјални (феминистички) проблематики и на колку неконвенционален начин го искажуваат својот став користејќи ги алатките и каналите на своето време.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Кузмановска
  • October 13, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женското лице на војната и историјата
Кон романот „Војната нема женско лице“ од Светлана Алексиевич
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не, нема да се предомислам
Митот за неопходноста од мајчинството е традиционален концепт кој ја ограничува женската слобода.
  • Од Нина Раповска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Ивор Мицковски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче!
Од жените се очекува да се плашат. Ги учиме девојчињата да бидат срамежливи, плашливи, внимателни, наместо храбри и љубопитни. Ги учиме дека нивните тела се ранливи и им го всадуваме стравот од повредување со што им ја намалуваме довербата во нивните сопствени тела.
  • Од Бојана Јовановска
  • Uncategorized, КВИР, ФЕМ 101
Магијата на Скопје Прајд низ фотографии – Втор дел
Ако и вие како нас не можете да се наситите на прекрасните фотографии од Скопје Прајд, во прилог втор дел галерија фотографии.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Летање змeјови
Слободата е концепт кој дозволува и бара да се трансформира и надградува.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Работилница за полиаморијата (политика и задоволства)
Среда (11.05) во Комитет со почеток во 18 часот ќе имаме можност да се дружиме со Марта Шушак и Мима Симиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не паничи! 
Ода за 30тите, ранливоста и борбата за менталното здравје.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Анусот како критички пункт за ново читање на стварноста одзади
Кон танцовиот перформанс „Силата на С“ од Алексадар Георгиев – Аце.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: МКЦ
Да го зачуваме МКЦ!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram