Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.

Покрај разочарувањето од 2020 која требаше да биде нашата година, анкциозноста која ја предизвикува пандемијата и нервозата од само-изолацијата, оваа новонастаната ситуација ни дава простор и време да изнагледаме еден тон филмови и серии и да се навратиме на оние кои ни се драги.

Изминатиов период, филмскиот свет беше одбележан со коментари за генијалните „Брачна приказна“ (Marriage Story) и „Мали жени“ (Little Women). Поврзаноста помеѓу овие два филма е тоа што режисерот на првиот, Ноа Бамбах и режисерката на вториот, Грета Гервиг се партнери, но јас истиве ги поврзувам со нивното прво „дете“ – „Френсис Ха“, режиран од Бамбах, а напишан од страна на Гервиг, која, патем речено, ја толкува главната улога.

На филмов се навраќам после цела година бидејќи ми е омилено дело од двајцата. Во изминатава година искусив и научив работи благодарение на кои гледам различно на себеси, на светот, а со тоа и на овој филм. Од денешна гледна точка, тој е за мене еден од ретките дела чија главна женска улога не е идеализирана, која не постои само како секси женска или како партнерка на мажот, која не е елегантна и е далеку од средена. Френсис е протагонистка која се памети лесно и од којa не може, а да не си целосно шармиран.

Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена. Оди во Париз на викенд и тоа не ѝ ги решава проблемите. Трча и скока низ Њујорк додека Дејвид Боуви и Modern Love течат во позадина. Носи иста јакна во текот на целиот филм. Не знае како да се справи со кредитни картички и не знае „како да биде вистинска личност“. Сака работи што личат на грешки. При крајот на филмот работи во администрација, но продолжува со правење кореографии, нешто што никогаш не го планирала или сакала, а сепак испаѓа целосно во ред. Има предолго презиме од кое на крај останува само Ха. Нејзиниот свет фукнционира на нетипичен начин, но сепак функционира.

 

 

„Френсис Ха“ започнува со монтажа од ликот на Грета Гервиг и нејзината сродна душа, цимерката Софи. Уште од првата минута ни се јасни неколку работи: токму оваа врска е главната врска во филмот. Френсис и Софи се блиски до степен што сите околу ги гледаат како „лезбејски пар кој престанал да има секс“ и дека првата е хаотичната половина, додека другата е онаа која е приземна и токму поради тоа си се надополнуваат. Врските кои Френсис ги има со било која машка фигура се смешно бледи во споредба со односот меѓу Френсис и Софи и токму тоа отсуство на хетеросексуална романтична врска во филм со жена како главен лик е причината поради која Френсис ми остава толку голем впечаток.

 

 

Пријателството помеѓу овие две девојки не е во ниеден момент прикажано како совршено, туку напротив, тоа е извор на еден од главните конфликти во кратките 86 минути. Проблемот потекнува од контрастот меѓу нив, Софи е подготвена за вистински, „возрасен“ живот, додека Френсис сè уште талка, се надева дека ќе успее како танчерка. Нивното оддалечување е прикажано на сурово реалистичен начин и токму затоа боли.

Денес, во 2020, 8 години по излегувањето на филмот им се заблагодарувам на Бамбах и Гервиг што создавале лик кој е толку обичен и токму затоа толку несекојдневен. Френсис е жена во која можеме да се видиме себеси, а и не мораме. Ја сакаме баш затоа што не е совршена. „Френсис Ха“, со и без наводници е револуција.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калина Качоровска
  • Калина Качoровска
  • March 17, 2020
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Квир угледот наспроти родовата слобода: Историски преглед на трансмизогинијата
Дури во раните години на 20-тиот век „полот станал цис“, односно почнал да се дефинира и назначува единствено врз основа на гениталиите.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женскиот штрајк во Полска продолжува
Протестите во Полска по страшната пресуда на Уставниот суд продолжуваат да се случуваат секојдневно во над 100 места и градови.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: И жените се присутни во историјата на музиката
Неприфатливо е да се завршуваат музички училишта без да се знаат храбрите претставнички кои се бореле да ја претстават својата уметност.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • Од Мартина Стојковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не чепкај традиции!
Има една екстремно шовинистичка традиција за која ретко може да се најде нешто пишано, или помош за како да се справиме со истата - традицијата на повојница/мекици по пристигнување на новороденчето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Андреа Угриновска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бил Бр е јак (yuck)
Сите знаеме дека на човек може да му ги познаеш ставовите токму преку вицовите. Хуморот е само одбрамбен систем на егото. Оправданието: тоа е само шега, не е ништо освен оправдување.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дијана Петрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 13 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram