Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.

Ќерка ми е опседната со сè што е розово и наменето “за девојчиња”. Уште пред да наполни две години почна да гравитира околу фустани со розови цвеќиња што им се нудат на девојчињата. Кога имаше три години и видовме група деца како играат фудбал, и предложив дека кога малку ќе потпорасне би можела да им се придружи.

„Фудбалот не е за девојчиња“, ми одговори цврсто убедена.

Внимателно и обрнавме внимание на фактот дека девојчињата, иако во малцинство, играат фудбал.
Таа беше категорична.

Сепак, таа е и пaлава, сака да се искачува и скока, а тоа се атрибути кои често им се припишуваат на момчињата. Нејзината детерминираност за тоа што треба да прават девојчињата и момчињата беа, на толку рана возраст, нешто неочекувано.

Но, со оглед на тоа колку световите на многу деца се родово поделени уште од раните денови, лесно е да се види како доаѓа до тоа.

Овие поделби може да се чинат невини, но со текот на времето, нашите родово поделени светови почнуваат да имаат трајни последици на тоа како децата растат и се доживуваат себеси, како и за одлуките што ги носат – и како се однесуваат во општеството во кое живеат.

Подоцна, идеите за родова поделба продолжуваат само да го охрабруваат општеството несвесно да промовира вредности поврзани со токсичната мажественост, што е лошо за сите нас, без оглед на тоа како се идентификуваме.

Како нашата опсесија со родот има толку трајни последици врз нашиот свет?

Идејата дека жените се интелектуално инфериорни во однос на мажите се сметаше за факт до пред неколку векови. Науката веќе долго време се обидува да најде аргументи што ја поддржуваат оваа претпоставка. Бројни студии демантираат многу од овие претпоставени разлики, а сепак нашиот свет останува тврдоглаво родово поделен.
Ако размислите малку подобро, не е изненадувачки кога ќе го земете предвид начинот на кој сме социјализирани уште како новороденчиња.

Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа. Тој процес започнува уште пред раѓањето – мајките поинаку ги опишуваат движењата на бебето во матката ако знаат дека ќе добијат момче. Машките бебиња најверојатно ќе бидат опишани како „темпераментни“ и „силни“, иако, додека мајките не го откриле полот на бебето, немале такви впечатоци. Уште кога стана можно да се идентификува полот, преку скенирање, едно од првите прашања поставени од идните родители е дали ќе имаат момче или девојче. Претходно, формата и големината на стомакот се користеа за да се погоди полот, и покрај фактот дека нема докази дека тоа има било каква прецизност.

Посуптилни се различните зборови што ги користиме за да ги опишеме момчињата и девојчињата, дури и кога манифестираат идентично однесување. Додадете и родово поделени играчки во таа мешавина и тоа само ќе ги засили суптилните особини и хобија што претходно им се доделени на момчињата и девојчињата.

Начинот на игра на децата е од голема важност за нивниот развој. Преку игра децата ги развиваат своите вештини и интереси. Коцките го поттикнуваат талентот за градба додека, додека куклите поттикнуваат разбирање и грижа. Опсегот на искуства во играта е очигледно важен.

„Кога наведувате половина од популацијата на само еден вид играчки поврзани со конкретни вештини, тоа значи дека ќе развијат одреден сет на вештини или интереси“, вели Крисија Браун, професорка по психологија на Универзитетот во Кентаки.

Децата се однесуваат како мали детективи, се обидуваат да разберат во која категорија спаѓаат со тоа што постојано учат од околните. Веднаш штом ќе сфатат во кој род се вклопуваат, тие природно ќе започнат да гравитираат кон оние категории што им биле наметнати уште од раѓање. Поради ова, на околу две години, девојчињата повеќе гравитираат кон розови работи, додека момчињата ги избегнуваат.
Бев убедена во тоа од прва рака, кога моето тогаш двегодишно дете тврдоглаво одбиваше да облече нешто што и минимално го сметаше за момчешко, и покрај моите залудни обиди родово да не ја нагласувам нејзината облека на толку мала возраст.

Не е изненадување што децата од предучилишна возраст толку рано учат да се идентификуваат со родот. Родителите и пријателите на рана возраст имаат навика да им даваат на децата играчки кои се поврзани со нивниот род.

Штом децата разберат на кое „родно племе“ припаѓаат, тие почнуваат да реагираат повеќе на родовите етикети, објаснува Корделија Фајн, психолог од Универзитетот во Мелбурн. Тоа потоа почнува да влијае на нивното однесување. На пример, дури и начинот на кој е претставена играчка може да го смени интересот на детето за неа. Се покажа дека девојчињата се повеќе заинтересирани за типично „машките“ играчки ако тие се розови. Ова, сепак, има свои последици.

Ако им дадеме само на девојчиња, но не и момчиња, кукли и комплети за убавина, тоа ги тера да се поврзат со тие интереси. Момчињата можат да бидат наведени да претпочитаат поактивни интереси преку автомобили и алати. А сепак, момчињата очигледно сакаат да си играат со кукли и колички, само тие играчки обично не се купуваат за нив. Мојот син сака да игра со лулашка за кукла-бебе, исто како и неговата сестра, и сака да турка наоколу количка за играчки.

„Во првите години од својот живот, момчињата се многу грижливи и старателски настроени. Ние многу рано ги учиме дека тоа се „вештини на девојчиња“ и ги казнуваме кога тоа ќе го сторат“, вели Браун.

Ако момчињата од најраните денови се одвраќаат од играње со играчки што би можеле да ги доживееме како „за девојчиња“, тогаш тие можеби нема да развијат сет на вештини што веројатно ќе им бидат потребни подоцна во животот.

Ако нивните врсници ги обесхрабруваат да играат со кукли, додека истовремено ја гледаат нивната мајка како се занимава со одгледување деца, каква порака пренесува тоа во однос на тоа кому му припаѓа улогата да се грижи за децата?

И така, влегуваме во светот на „биолошкиот есенцијализам“, каде што на однесувањето му припишувме вроденост, иако често веројатно станува збор за нешто што може да се научи.

Играчките се една работа, но ососбините се трупаат во родовите стереотипи.

Родителите на момчињата честопати велат дека се палави и сакаат погруба игра, додека девојчињата се понежни и попитоми. Доказите сугерираат нешто поинакво. Покрај тоа, студиите покажуваат дека нашите сопствени очекувања обично влијаат на тоа како ги доживуваме другите и себе самите.

Родителите родово неутралните, лути лица ги доживуваат како момчиња, додека среќните и тажни лица им се припишуваат на девојчињата.

Мајките се повеќе склони да ги истакнуваат физичките атрибути на своите момчиња – дури и да им поставуваат поавантуристички цели отколку на девојчињата.

Тие, исто така, претеруваат при проценката на способноста за ползење на синовите во споредба со таа на ќерките, и покрај фактот дека не постои докажана физичка разлика.

И така, предрасудите на самите луѓе можат да влијаат на нивните деца и да ги зајакнат тие стереотипи.

Јазикот исто така игра силна улога – девојчињата, наводно, проговоруваат порано, што е мал, но видлив ефект, но тоа би можело да биде затоа што, според истражувања, мајките повеќе зборуваат со девојчиња отколку со момчиња. Тие исто така зборуваат повеќе за емоциите со девојчињата. Со други зборови, ние несвесно ги социјализираме девојчињата да веруваат дека тие се поразговорливи и поемотивни, а момчињата поагресивни и физички поактивни.

Браун објаснува дека е очигледно зошто овие заблуди потоа продолжуваат и понатаму во животот. Ние го отфрламе однесувањето што не се согласува со стереотипите што ги очекуваме. „И така, секогаш занемаруваме да забележиме кога момчињата седат во тишина и читаат книга или кога девојчињата трчаат гласно низ куќата“, вели таа. „Нашиот мозок има тенденција да ги прескокне информациите што не се во согласност со стереотипите.

 

JAVIER HIRSCHFELD/GETTY IMAGES

Родителите, исто така, во обидите да пренесат родово неутрална порака, се посклони за девојчињата да купат играчки и облека што обично се продаваат за момчиња, но многу ретко обратно.

Ова само по себе дава интересен увид во тоа како го доживуваме родот.

Мажите секогаш се перципираат како доминантен и посилен род, што значи дека родителите, нагласено или не, ќе ги обесхрабрат момчињата да сакаат „женски“ работи.

Како што објаснува Фајн, „ние почнуваме да гледаме манифестации на родова хиерархија – момчињата почнуваат да реагираат на „стигмата “на женственоста дури и во овој ран период од детството“.

Ова открива зошто родителите се многу порелаксирани кога станува збор за девојчиња во момчешка облека, отколку момчиња во женска облека.

Или зошто, растејќи како „мажествена“ девојка, добивав позитивни коментари – никогаш не сакав кукли, но затоа сакав да качувам дрвја. Спротивното важи за момчињата кои се облекуваат или се однесуваат како девојчиња.

Да се биде перцепиран како девојче или да се изразуваат женски квалитети, го намалува статусот на маж – оние што го прават дури и заработуваат помалку.

Истражувачите на родот се согласуваат дека овие склоности се силно социјално условени – но тие сè уште не можат да се согласат околу тоа дали секое родово поделено однесување е вродено.

На пример, постојат докази дека девојчињата кои биле изложени на поголемо ниво на андрогени во матката претпочитаат играчки кои обично се перципираат како играчки за момчиња. Дури и во тој случај, истакнува Фајн, околината може да влијае на нивниот избор. Знаеме дека бебињата се исклучително чувствителни на социјалните знаци околу нив, дека можат многу рано да ги препознаат разликите.

Без оглед на тоа како се развиваат овие тенденции, возрасните и врсниците продолжуваат да условуваат и очекуваат одредени однесувања, создавајќи родово поделен свет со загрижувачки последици. На пример, кога девојчињата влегуваат во предучилишна установа за прв пат – нема родов јаз во математиката, но подоцна почнува да се зголемува кога нивниот учител и очекувањата од самите себе ќе влезат во игра. Ова е особено проблематично, затоа што овие засилени родови стереотипи се „спротивни на современиот принцип на родова еднаквост, каде што полот не треба да ги одредува вашите интереси или иднина“, вели Фајн.

Кога специфични играчки им се сервираат на момчиња на пазарот, тоа исто така може да го промени мозокот преку зајакнување на врските што учествуваат во, на пример, навигација низ просторот. И навистина, кога една група девојчиња три месеци играше Тетрис, областа на мозокот вклучена во визуелна обработка беше многу поголема отколку кај оние кои не ја играа таа игра.

Ако на девојчињата и момчињата им се наметнат различни видови хобија, природно следат промени во мозокот во склад со хобијата. Како што објаснува невронаучничката и писателка Џина Рипо од Универзитетот Астон, фактот дека живееме во родово поделен свет само по себе создава родово поделен мозок.

Исто така, се создава култура на момчиња кои се чувствуваат условени да се однесуваат во согласност со типично помажествени црти – нивните врсници би можеле да ги исклучат ако не се такви.

Ако се фокусираме на разликите, тоа исто така значи дека, како што вели Рипон, почнуваме да прифаќаме митови како оние што момчињата се подобри во науката, а девојчињата во воспитувањето деца.

Ова продолжува и кај возрасните.

Се покажа дека жените, на прашањето како го положиле испитот по математика, ги потценуваат сопствените вештини додека мажите ги преценуваат. Жeните се исто склони да поминат полошо на испитот ако им биде кажано дека нивниот пол, генерално, полошо го поминува тој испит.

Се разбира, ова исто така може да влијае на училиштето, факултетот и изборот на професија.

Уште позагрижувачка е идејата дека начинот на кој некои машки особини рано се истакнуваат и потоа се условуваат е поврзан со машкото сексуално насилство врз жените.

Знаеме, на пример, дека лицата кои вршат сексуално насилство имаат „висок степен на непријателски настроена машкост“, вели психологот Меган Мас од Државниот универзитет во Мичиген. Ова се верувања дека мажите се природно насилни, дека мораат да добиваат сексуално задоволување и дека жените се природно потчинети.

Истражувањата исто така покажуваат дека девојките кои се опседнати со принцези се позагрижени за својот изглед и се повеќе склони да се доживеат како објект – и да размислуваат на тој начин за себе, како за сексуален предмет “, вели Мас. Девојките кои имаа најмногу поени во „сексуализираните родови стереотипи“, исто така, ги потценуваат нивните особини поврзани со интелигенцијата.

Во раните фази, и девојчињата и момчињата покажаа дека ја сфаќаат привлечноста како „некомпатибилна со интелигенцијата и способноста“, покажа студијата.

Браун и колегите сега во студија од 2020 година тврдат дека сексуалните напади од страна на мажи врз жени се толку чести токму поради вредностите со кои ги условуваме децата.

Оваа социјализација доаѓа од комбинација на родители, училиште, медиуми и врсници. „Сексуалната објективизација на девојчињата започнува многу рано“, вели Браун. Една од причините зошто овие идеи за родовата поделба и претпоставките за себе сè уште постојат е делумно затоа што сè уште има редовни написи за вродени разлики во мозокот помеѓу мажите и жените.

Сепак, повеќето студии за скенирање на мозокот, кои не наоѓаат никакви разлики во родовите, воопшто не ни го споменуваат родот. Ова е познато како проблем „затворање на фиоки“ – кога нема да се најдат ефекти, тие ниту се споменуваат ниту се анализираат.
И, меѓу оние кои наоѓаат мали разлики, тешко е вистински да се покаже колкава улога игра културата или стереотипните очекувања.
Возрасниот мозок не може уредно да се категоризира како машки или женски мозок. Во студија која анализирала 1.400 скенирања на мозокот, невронаучничката Дафне Џоел и нејзините колеги откриле „значително преклопување помеѓу дистрибуцијата на жени и мажи во однос на целата сива маса, бела маса и анализираните врски“.

Тоа значи дека сме многу повеќе слични отколку што сме различни.

Едно истражување дури покажа дека жените кога играат видео-игра се однесуваат подеднакво агресивно како и мажите кога ќе им биде кажано дека нивниот пол нема да биде откриен, но помалку кога ќе им биде кажано дека водачот на експериментот знае дали учесниците се мажи или жени.

Од таму следува дека жените обично се сметаат за помалку агресивни и сочувствителни. Кога ги разгледуваме психолошките реакции на ситуации кои можат да предизвикаат сочувство, жените и мажите реагираат потполно исто, само од рана возраст жените се социјализираат така да дејствуваат подиректно.

Ова значи дека ако сакаме да се случи некоја значајна промена, луѓето прво мора да ги разберат нивните предрасуди и да лоцираат кога нивните предрасуди не се вклопуваат во однесувањето што го гледаат.

Дури и мали разлики во однос на тоа што очекуваат од девојчињата и што од момчињата со текот на времето се засилуваат.

Затоа, вреди да се запамети зошто луѓето се условени да мислат дека момчињата се понаситни и дека треба да забележиме случаи кога тоа не е случај. Ќерка ми е исто толку гласна – ако не и погласна – од нејзиниот брат, додека тој исто така сака да игра готвење.

Иако тие двајца не мора да бидат репрезентативни примери, тие исто така не се вклопуваат во нашите претстави за тоа какви се момчињата и какви се девојчињата. Во спротивно, ќе ми беше полесно да ја истакнам склоноста на мојот син да се искачува на сè и сешто, и љубовта на ќерка ми кон сè што е розово, занемарувајќи бројни случаи кога таа игра со автомобили, а тој игра со кукли.

Кога нашите деца неизбежно ќе започнат да ги истакнуваат родовите поделби, можеме да им помогнеме со ревидирање на стереотипите со други примери, како што е објаснување дека и девојчињата можат да играат фудбал, за да можат да играат и дека момчињата можат да имаат долга коса.

Ние исто така можеме да обезбедиме разновиден спектар на играчки кои не се поврзани со родот за кој се наменети.
„Треба да им обезбедиме што е можно повеќе можности на децата да имаат искуства што се спротивни на лавината на родово поделена игра“, вели Мас.

Ако не сме свесни дека сме послични од раѓање отколку што сме различни и соодветно се однесуваме кон нашите деца, нашиот свет ќе продолжи да биде силно родово поделен.

Не е лесно да се прекршат тие претпоставки, но можеби сите можеме да помислиме пред да му кажеме на мало момче колку е храбро и на мало девојче колку е нежно, скоро совршено.

 

 

 

 

 

 

Извор: BBC 

Мелиса Хогенбум е уредничка во BBC Rila и авторка на „Комплексот на мајчинството“

НАПИШАНО ОД:
  • Лени Фрчкоска
  • July 13, 2021
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Пејзаж на неименливото: Разговор помеѓу Калиа Димитрова и Билјана Радиноска
Би сакала да ти кажам: „Ја носам својата траума како цвет на реверот или како орден од војната или како свежо налакирани црвени нокти“. Тоа би била добра реплика, но сè уште не е така.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
ВО ФОКУС: АФЖ
Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија е основан на Првата меѓународна конференција на жените на која што учествуваа 166 делегатки од цела Југославија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Во фокус: Сачин Литлфедер
„Треба да ја задржиме нашата смисла за хумор во секое време. Тоа е нашиот метод за преживување.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #1
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Променливо облачно
Легендата вели, здружено, нашите бели дробови можат да создадат ветер.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Останаја работи за зборање – немаше на кој, освен на чупињата: Интервју со Prince$$ Donatsu
За приказната зад Битола, нејзините чупиња, трапот и феминзимот, Prince$$ Donatsu за Медуза. 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Портрет на жената во огнот ги прекршува уметничките конвенции
Ако бидувањето гледан се изедначува со бидувањето објектификуван, тогаш Мариан и Елоиз меѓусебно се гледаат еднакво долго и еднакво длабоко, па какви било нееднаквости помеѓу нив исчезнуваат.
  • Од Анастасија Марковска
  • ФЕМ 101
Кога жена ќе се осмели да возврати на машката суровост
Наелектризираниот говор го отелотвори гласот на искуствата, фрустрациите и гневот на милиони жени и мажи чии денови, животи и реалности биле обликувани од честопати навредливи, понекогаш вулгарни изрази на патријархална моќ.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
За земјоделките во земјата нема одмор, само работа
„Поради земјоделски активности кои ни се единствен приход во семејството, преживеав два спонтани абортуса.“
  • Од Јована Јовановска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како е да старееш како геј во Србија
Додека сте помлади и здрави, некако се борите со стигмата и ограничувањата што ги чувствувате како геј личност. Во староста сè опаѓа, сè е потешко, кругот на пријатели се стеснува и мрежата за поддршка опаѓа
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram