Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.

Откога паметам за себеси, сексот и сè што е поврзано со него беше стигма. Се сеќавам дека тајно гледав порно многу пред да ме интересира сексот, единствено поради фактот што беше забрането и како во основно после школо се собиравме да гледаме порно, а од девојчињата беше очекувано да се гадат или срамат од тоа што го гледаат. Подоцна, се сеќавам колку ми беше тешко да најдам порно филмови во кои можам да се препознаам и како полека се соочував со фактот дека како жена моето задоволство во порно филмовите кои се најдостапни е речиси невидливо. Кога станав сексуално активна, во многу од искуствата чувствував притисок и/или стрес за тоа како треба да изгледам и да се однесувам, кој делумно ми беше наметнат од порнографијата и поп-културата, а истото го забележував и кај моите партнери.

Но, ова е само едната страна. Другата страна е дека порно филмовите кои ми се допаднале ме имаат охрабрено да најдам уживање во сексот и да бидам упорна во мојата потрага по задоволство. Гледањето порно филмови или други форми на порнографска содржина го поврзувам со време за себеси: за истражување, справување со стрес и опуштање. Преку порното имам откриено нешта кои ги практикувам, ми имаат помогнато во пребродување на периоди кога сум имала проблематична врска или перцепција за сопствената сексуалност, и конечно и најважно, порнографијата ми ја има испратено пораката дека нема ништо срамно, мистично и недозволено во женската сексуалност, какви и форми таа да зазема.

Помина половина век од вториот феминистички бран кога порнографијата самошто стана легална, а многу феминистики веруваа дека ставањето крај на порно индустријата е есенцијално во борбата против мизогинијата. Всушност, прашањето за порнографијата е точка каде феминистиките сè до денес имаат најтешки идеолошки несогласувања. И со право. Според многу феминиситки од 70тите и 80тите порнографијата е виновна за „комерцијализацијата“ на сексуалното насилство и ектремната објективизација на женското тело. Активистката и новинарка Сузан Браунмилер во 1975 има изјавено дека порнографијата ги трансформира жените во „играчки за возрасни, дехуманизирани предмети кои се користат, злоупотребуваат, уништуваат и забораваат.“ Андреа Дворкин пак, има изјавено дека жените ќе знаат дека се слободни тогаш кога порнографијата повеќе нема постои. Порно индустријата (колку и да е тешко да се генерализира на ваков начин), од своето постоење до денес, е де факто фокусирана на машкиот поглед, условите под кои работат актерките и актерите знаат да се сомнителни (повторно, зависно од продукцијата), актерките понекогаш трпат насилство на сет и зад сет, постојат сцени кои се снимани без согласност, а наративот на женска субмисија е најдоминантен. Ова се сериозни проблеми на индустријата против кои треба жестоко да се бориме, со оглед на тоа што на повеќето луѓе првата средба со сексот им е токму порнографијата. Но ова не е целосната слика за порнографијата.

 

 

 

 

Постојат стотици и стотици порно актерки, кои уште од секс-војните во 70тите, инсистираат на нивното право на избор на професија без патронизација, цензура и осуда, од било кого. Про-секс феминистиките признавале дека објективизацијата, субмисијата и класичните наративи кои се прикажуваат преку порното се проблем, но проблемот не го лоцирале во самата порнографија, туку во начинот на кој се креира и продуцира, и секако, кој го прави тоа, како и во патријархалниот општествен поредок. Од друга страна, сексот, сексуалната работа и перформирањето секс пред камера го гледале како поле на можна еманципација, ослободување и скржнување од идејата дека жените не се сексуални. Проблемот со родово-базирано и сексуално насилство, како и традиционалните родови улоги, се рефлектираат во секое поле од нашите животи, па следствено и во порнографијата. Решението на овој проблем дефинтивно не лежи во отстранувањето на жените од порното, туку баш напротив, во инсистирање на промена на работните услови и наративите, меѓудругото и преку поголемо вклучување.

Без разлика „на која страна“ од оваа дебата се наоѓаме, не можеме да го заобиколиме фактот дека порното (особено денес со неговата достапност онлајн), е директно или индиректно дел од нашите сексуални животи и го обликува нашиот однос кон сексот. Над 30% од интернет сообраќајот се генерира од порно сајтови, а 1 од 5 пребарувања на Гугл е поврзано со содржини за возрасни. Младите повеќе од било кога се изложени на содржини за возрасни, кои често ги креираат нивните очекувања за сексот, како и за родовите улоги во тој контекст. Дополнително, категориите кои претставуваат сценарија со млади девојки или хардкор категориите се попопуларни од било кога. Но, соочувањето со овие предизвици не може да се врши преку забрани и ограничувања, туку напротив, со едукација и отворен дијалог. За среќа, како што расте интернет сообраќајот поврзан со порнографија, се зголемуваат и едукативните иницијативи како MakeLoveNotPorn, како и проектите кои се залагаат за порно креирано според етички стандарди, кои прикажуваат секакви тела, родови идентити, сексуалности и приказни, како на пример XConfessions (каде патем во моментов има 28 дневен free trial:).

Секс-позитивниот став цели токму кон демистификација и славење на женската сексуалност, а еден од начините да го правиме тоа е отворен дијалог за нашите сексуални пракси. Единствено со преземање на јавниот наратив кој е изграден околу машкиот поглед може да се напушти традиционалното портретирање и доживување на жената како сексуален објект на кој “му се случува секс“, наместо субјект со свои потреби, желби, фаназии, минато, трауми, приказни…Многу од жените ги препознаваат или откриваат своите потреби и фантазии во тоа што го гледаат на екранот, па така, порното може да се гледа и како безбедно место за учење и експериментирање без осуда. Порно може да биде уживање во нешто кое ни недостасува во сексуалниот живот или охрабрување да го побараме или пробаме. Од друга страна, порното може да биде и уживање во нешто што никогаш не би го применувале во секс со партнер или истражување на сексуални интереси и фантазии кои се комплетна спротивност на нашите општествени и морални вредности. And all of that is okay.

 

 

 

 

Да се гледа порно не е срамно. Секој жанр, сценарио и кинк е нормален, но и преиспитување на нашите сопствени сексуални фантазии и потреби и од каде истите доаѓаат е здраво. За почеток, треба да се зборува на темата, и баш затоа направивме прашалник чија примарна цел беше да отвори јавна дискусија на темата, но и да креира еден безбеден простор каде жените можат анонимно (и детално) да споделат дали, колку често и какво порно гледаат.

На прашалникот Гледаме порно: еве какво добивме 204 одговори за само неколку дена, од девојки и жени од сите возрасти, поточно од 13 до 49 години. Внимателно ги прочитавме сите одговори и одбравме дел од нив кои ги претставуваме преку видео формат. Метологијата беше следна: 10 глумици ги читаат одбраните одговори, во претходна консултација со нашиот тим, сè со цел и глумиците да се чувствуваат пријатно во својата улога. Избравме одговори кои претставуваат различни аспекти од женската сексуалност и порно преференци, како и жени од различни возрасти и позадини, места на живеење, разновидни сексуалности, љубовни статуси. Не беше лесно да се најдат 10 жени кои ќе сакаат да ги читаат овие туѓи сведоштва пред камера, што верувам доволно зборува за нивото на јавниот дискурс на темата, па би сакала и да им се заблагодарам на сите оние кои прифатија, знаејќи дека многу од нив се соочуваат со внатрешна борба.

Податоците кои ги добивме од прашалникот го потврдуваат нашето очекување дека повеќето од жените гледаат порно и тоа гледаат секакво порно! Некои гледаат почесто (секој втор ден до два пати или еднаш недело), некои поретко (еднаш на неколку недели или во специјални прилики), но над 85% од жените кои одговорија на прашалникот дадоа потврден одговорот на прашањето. Овој прашалник и податоците кои излегоа од истиот не го третираме како истражување, бидејќи нашиот фокус не беше креирање на статистика од било каков вид, туку презентирање на неколку приказни. Сепак, не би заобиколиле некои бројки и трендови кои ни се видоа интересни за спомнување.

„Најпопуларно“ за гледање (во околу 30% од одговорите), според овој прашалник е порното кое прикажува лезбејски секс, а често објаснување е поради фактот што во ваквото порно доминира женското задоволство:

Фан сум на аматерски лезбејски бидејќи не се направени за мажи и реалистично прикажуваат секс помеѓу две жени.

Најчесто само со жени (лезбејско), едноставно имам чувство како повеќе да се разбираат.

Прикажувањето на женското задоволство и/или оргазам е она што е централно за многу жени, без разлика на жанр:

Сакам да гледам кога жената е реално задоволена и ужива во сексот, лажни и усилени звуци на возбуда не ми се пријатни. Сакам да гледам и геј и стрејт и групни, сè додека жената ужива во сексот. Анално, орално, вагинално, женски оргазам задолжителен.

Најчесто ги гледам straight или lesbian категориите. Ако е стрејт најмногу ми се допаѓа ако видеото е фокусирано на женското задоволство (eating out, fingering и.т.н.), а кога доаѓа збор за втората категорија, важно ми е и двете жени да уживаат и играње со различни играчки (дилдо, лисици и слично).

Во 29 од прашалниците се спомнува гледање на геј порно, најчесто со двајца мажи, но некогаш и повеќе:

Најпрво ми се допаѓаа оние љубовни и еротски порничи, само со маж и жена, но потоа сфатив дека најмногу ме возбудуваат стриктно геј couples мажи.

За некое чудо најмногу ме возбудуваат геј порничите кадешто има едно постаро машко лице и едно помладо.

Многу од прашалниците спомнуваат БДСМ порно или некоја игра на моќ, доминација и субмисивност, како и генерално хардкор видеа:

Тројки, хетеро парови, лезбејки, груб секс, БДСМ, submissive, но и поромантичен и побавен секс. Флуидни се желбите секако.

BDSM, и видеа во кои што е прикажана и така наречената after care.

Најмногу ме возбудува хардкор и nasty порно. Pleasure воздишките на жената во текот на целиот чин и тие на мажите кон крајот дефинитивно се нешто кое најмногу ми претставува задоволство.,

додека за други експлицитното насилство или било каков вид на понижување е црвената линија:

Немам некој посебен и конкретен жанр или тип на сцени кои ме возбудуваат. Единствено што дефинитивно не би уклучила да погледнам е порно со експлицитно насилство.

Она што исто така може да се забележи како интересен тренд, е што на неколку места се спомнуваат и условите во кои е креирано порното, па така, многу од жените преферираат аматерски видеа снимени во домашни услови, феминистички продукции и продукции кои гарантираат за етичките стандарди на снимањето:

Гледам да најдам страници што се легитимни и клипови што се направени со ‘consent’, од жени и феминистички. Сакам и rough porn. Сè додека се фокусира на задоволството на жената во видеото, океј ми е.

Пред сè аматерско порно. Сметам дека е пореално, поопипливо и едноставно повозбудливо и забавно. Од жанр најчесто стрејт и лезбејки а во последен период solo male. Се трудам да најдам сајтови каде жени учествувале во целиот процес на снимање.

Пред сè морам да знам дека има етички, општествено одговорен елемент (продукцијата да биде фер кон актерите и сензибилизирана за содржината). 

Еднакво се важни и оние одговори на девојки и жени кои не гледаат порно, или гледаат многу ретко бидејќи не се заинтересирани, но дел бидејќи не можат да најдат ништо што ги задоволува нивните потреби и сметаат дека порното генерално врши злоупотреба на женското тело:

Многу ми е смешно што уствари никогаш не гледам порно. Секогаш се чудат моите пријатели и мислат дека лажам ама стварно не гледам порно, иако би рекла дека мастурбирам скоро секој ден. Еден геј другар ми има праќано чудно као хипнотичко машко геј порно, а бидејќи ме привлекуваат геј мажи очекував такви видеа да ми се свиѓаат, но изгледа и тоа не е за мене.

Ништо од понуденото на интернет не ме возбудува премногу, само ми помага да уклучам имагинација. Повеќето е многу понижувачко и навредливо кон жените. Сакам кога жените видливо уживаат…Мислам дека не ни знам што сакам да гледам зашто никогаш не сум била прашана каков секс сакам…Како однапред да е определана сликата за сексот, но според машката фантазија.

 

 

 

 

За крај, би го спомнала и фактот (кој се вклопува и во глобалната ситуација по ова прашање), дека младите се многу позаинтересирани за хардкор категориите или порно кое прикажува насилство и/или доминација за разлика од повозрасните кои почесто гледаат „постандардни“ категории кои вклучуваат и приказна и прикажуваат одредена интимност и нежност меѓу партнерите. Не би скокнала кон заклучокот дека младите и повеќе практикуваат или би преферирале да практикуваат ваков тип на секс. Меѓутоа, е дефинитивно феномен со кој мора да се занимаваме општествено, особено бидејќи сè уште немаме воведено сеопфатно сексуално образование кое би ги насочило младите кон важните разлики помеѓу порното и сексот со партнери и би ги едуцирало за важноста на меѓусебно почитување меѓу партнерите и секако барањето на согласност. Дополнително, потребни се истражувања на оваа тема со цел да се разберат мотивациите и реперкусиите кои овие пракси ги имаат кај младите луѓе.

Видеото „Гледаме порно: еве какво“, меѓудругото има и за цел да посочи кон фактот дека гледање порно често не е директно поврзано со типот на сексот кој го практикуваме. Дополнително, се надеваме дека на оние жени кои го одговорија прашалникот им понудивме платформа да споделат еден дел од себе кој веројатно ретко со кој слободно го споделуваат. Секако, преку јавно споделување на различните преференци кои ги имаат девојките и жените во овој поглед, сакаме да покажаме дека сексуалноста е флудина, разнолика и не е родово условена. Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно. Одговорот не е да се ослободиме од порното, туку да се прави подобро порно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видеото „Гледаме порно: еве какво“ е дел од проектот Breaking the silence, во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung e.V.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • September 4, 2020
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Секоја трансродова личност носи приказни кои треба да се слушнат
Веќе неколку години по ред, на 31 март го одбележуваме денот на видливоста на трансродовите луѓе. Глобално, трансродовото постоењето и борба се прославува на овој ден од 2009 година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Чашка слобода: или сé што треба да знаете за менструалната чашка, но никој не ви го кажал
Важно е да бидеме информирани и на тој начин да ги правиме изборите кои се најдобри за нас затоа што нашите тела го заслужуваат тоа.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Бидување заедно од дистанца
Одново ќе го откриеме средиштето на состојба на домување (condizione domestica). Ќе имаме можност, конечно, да го откриеме нејзиниот политички потенцијал, од каде што приватноста не е лишена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против „родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дејтинг мен 
Решив да започнам со користење на дејтинг апликации и, реално, немав поим што правам. 
  • Од Билјана Кочоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Повеќе од нашата работа
Приказни за работата во пандемија, повредите на работничките права, и солидарноста, наспроти продуктивноста, како централна вредност врз која треба да ги градиме нашите релации.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ќотекот е од рајот
Како видеото протекува не знаеме, меѓутоа самиот факт што некој сакал да го “овековечи” овој момент ни укажува на желбата за понатамошно споделување на чин на насилство како триумф.
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Најголемата желба ми е да се оформи силно студентско феминистичко движење: Интервју со Катерина Иванова
Системското насилство не е проблем на индивидуите кои го искусуваат, тоа е проблем на целата заедница.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Аптеки, гинеколози и контрацептиви
Кога решив да го пишувам написов, почнав да барам информации на македонски за контрацептиви и сфатив дека постојат многу малку.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Шмукај, шмукај, бејби!
Kлиторалниот шмукач за мене ова беше откритие на векот.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Дома“ не е безбедно за сите
Она што е заедничко за жртвите на семејно и родово базирано насилство, е дека излезот од насилните средини најчесто го наоѓаат во своите групи за поддршка кои се надвор од домот.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram