Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.

За многумина борбата за еднаков третман и еднакви права на жените се третира како нешто пропратно и не-толку-битно-сеа-да-се-замарам, но за некои, борбата е олицетворена и длабоко впиена во секоја секунда од нивните животи –а истите ја водат во чекалните на факултетите, болниците, редиците во супермаркет, на пешачки, на протест, меѓу четирите ѕидови на својот дом. Глорија Стајнем, иконата на феминизмот и една од најпроминентните женски ликови од вториот бран на феминистичкото движење е една од тие лица која низ осумте декади нејзино постоење неприкосновено и континуирано ја води борбата за еднаквост.

Со нејзината нова книга “Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!” уште еднаш успешно ја доловува состојбата на жената некогаш и сега, проблемите кои претстоеле, но и оние кои допрва не чекаат. Ова издание е всушност збирка на неколку есеи на Стајнем и некои од нејзините најпознати цитати, како и цитати од Бел Хукс, Фло Кенеди, Маја Ангелу, Пола Ален и други автори кои Стајнем ги одвојува како омилени. Претпоставувам дека многумина би биле скептични дали воопшто да ја купат оваа книга, земајќи предвид дека сепак е збирка на цитати и есеи. Сепак, со леснотија си дозволувам да кажам дека е една од ретките книги кои знаат да допрат до секој што ќе почне да ја чита оваа книга. Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.

„Ако во нашиот најран, најинтимен свет стануваме ладнокрвни кон разликите на моќ помеѓу членовите на нашето семејство, колку полесно ќе биде за нас да ги прифатиме сите други хиерархиски уредувања?“

Во првото поглавје Стајнем зборува за феминизацијата на сиромаштијата и маскулинизацијата на богатството, хиерархиските уредувања во секојдневието, демократизацијата на општеството и моќта која поединецот ја има за промена на истото, сеприсутниот расизам и наметнатата теза дека јадрото на една жена се нејзините репродуктивни органи (“Престапот врз едно тело е се уште помалку казнет отколку престапот врз имот.”) Жените низ целиот свет се соочуваат со дискриминаторни политики без разлика на општественото уредување на средината кадешто живеат, неоспорлив факт кој во континуитет продира низ целото поглавје. Стајнем бестрашно ги нагласува сите оние груби и насилни начини за замолчување на жената, како и обидите за придушување на нејзината слободна мисла – преку континуираните мачо-политики на половина од популацијата и итриот начин на креирање на два различни светови – од една страна свет на белиот маж и неговата украдена моќ, а од друга светот на жената, со сите нејзини особености и карактеристики (раса, национална припадност, физички изглед и сѐ останато за кое од мали чекаме некакво општествено одобрување, а многу ретко го добиваме).

Акцентирајќи ја релевантноста на потребата да се зацврсти правната заштита на жената во светот, таа вели – “За жените, домот е поопасен отколку патувањето.” – нагласувајќи дека поверојатно е една жена да биде физички нападната или убиена во својот дом, од страна на машки лица кои веќе ги познава. Нејзиниот начин на експлицитно изразување на теми кои многумина вешто ги заобиколуваат не само што инспирираат, туку и отвораат прашања запечатени од страна на авторитетите; го тераат читателот да погледне надвор од своето општество и едноставно да се соочи со тоа дека состојбата и тоа како покажува дека прашањето на еднаквост, стабилност и безбедност на жената е далеку од затворено.

Има доктори со темна боја на кожа и доктори, и жени – писателки и писатели. Било која помалку моќна група добива по една придавка, додека помоќната група ја зема именката. Понемоќната група најчесто ја знае и распознава помоќната многу подобро. Луѓето со потемна боја на кожата мора да ги разберат белците за да преживеат; жените морале да ги разберат мажите. Само моќната група може да си дозволи да гледа на помалку моќниот како да е некаква мистерија.

Покрај нејзиниот елан и незапирливата желност да се бори против угнетеноста на помалку моќните, она што најмногу ме фасцинира кај Стајнем е нејзината умешност за пишување. Карактеристика која додава на нејзината специфичност – таа ја преточува својата мисла во пишаниот збор со еминентна деликатност. Сериозноста и длабочината на напишаното е лесно воочлива за било кој, без разлика на годините на читателот и длабокото (или пак површно) разбирање на темата за која таа пишува. Во понатамошните поглавја, хумористичниот пристап кон предоминантните општествени теми ја прават оваа книга уште подопадлива и полесна за читање во еден здив (во тандем со пропратните илустрации на генијалната Саманта Бејкер).
“Неверојатно е кога ќе размислите за ова: патријархалните религии нè натераа да имаме верба и да се однесуваме долично сега, за да бидеме наградени после смртта. Дури и корпорациите ветуваат дека ќе ве наградат само откако ќе се пензионирате.”

Законот и правдата не се секогаш една иста работа. Кога не се, непочитувањето на законот може да биде првиот чекор до правдата.

Додека ги читав последните поглавја, одново и одново се восхитував на хумористичниот начин на кој таа пишува за општиот презир кон политичкиот дискурс во САД во последните неколку години и генералното несогласување на граѓаните со десничарската пропаганда, или поточно – животот во ерата на Трамп, олицетворение на граѓанска нееднаквост и бескруполозната желба за навраќање на некои квази-традиционални вредности кои инстантно ги поврзуваме со минатото, а сите знаеме дека нема земја во светов која треба да биде премногу горда на своето минато. Цитатите кои Стајнем ги одвојува во последните неколку поглавја се правиот начин на завршување на ова дело – без обид за пропагирање на политики, без непотребна драматизација или пак инфантилизација на опонентот, таа се осврнува на слободата и на нејзината ултимативна важност во нашето секојдневие, или како што вели таа – “Идејата за слобода е заразна.”.

 

 

 

*Стајнем е основачка на култното списание “Ms.” (1969), долгогодишна активистка и авторка на делата “My life on the road” (2015), “Revolution from within” (1992) и “Outrageous Acts and Everyday Rebellions” (1983), и ко-основачка на Ms. Фондацијата за жени, Женскиот центар за медиуми во САД и Националната женска политичка иницијатива. Стајнем е добитничка на наградата за новинарство “Penny-Missouri”, наградите “Front page and clarion”, “National Magazine”, “Lifetime Achievement in Journalism Award from the Society of Professional Journalists” и др. Дополнително, во 1993-та година станува ко-продуцентка на наградуваниот документарец на HBO – “Multiple Personalities: The Search for Deadly Memories”. Во 2016-та година, заедно со Ејми Ричардс продуцираат серијал на осум документарци за VICELAND, комплетно базирани на тема – насилство врз жените низ целиот свет.

НАПИШАНО ОД:
  • Гала Насева
  • November 19, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Ани Ерно
„Можеби вистинската цел на мојот живот е моето тело, чувства и мисли да станат текст; нешто разбирливо и универзално, со што моето постоење ќе се спои со животите и главите на другите луѓе.“
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Руските феминистки протестираат на улиците против војната што ја води Путин
Манифест на руските феминистки кои се обединија против окупацијата и војната во Украина.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали за Доналд Трамп конечно заврши шоуто?
Знаеме дека Трамп ќе се обиде да стори сé за да остане на власт, да ја избегне таа крајна катастрофа во животот - да стане „губитник“
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто сѐ уште ни треба Парадата на гордоста?
Парадата е симбол на политичката борбата за еднакви права и социјално прифаќање на ЛГБТ лицата и ослободување од стегите на патријархалните норми.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.
  • Од Дијана Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Во фокус: Махса Амини
Смртта на 22-годишната Иранка која беше уапсена во Техеран поради носење несоодветен хиџаб предизвика бројни протести низ Иран.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Скриените форми на конверзионата терапија
Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Феминизам, религија и нијанси
Што велат некои од најпознатите феминистки за религијата?
  • Од Бисера Ѓуровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Како пандемијата ме лиши од амбиции
Сè што некогаш сум го сметала за нормално, стабилно или безбедно ќе исчезне. Родителството и работата повеќе не беа одвоени; сè се згрутчи во леплив, непријатен хаос од кој беше невозможно да се избега.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.
  • Од Мања Величковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Премолчувањето на израелскиот колонијализам
Многу мејнстрим весници ги формулираа овие настани како „судир“ или „конфликт“ поради „иселувањата“, со наслови кои придонесуваат кон едно веќе добро познато јазично опкружување.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали „Еуфорија“ навистина го идеализира користењето на дроги?
„Помислата дека можеби можам да бидам добра личност ме поттикнува да пробувам да бидам добра личност,“
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Ирена Цветковиќ
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Ана Аврамовска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram