Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.

Нестандардни ситуации како што е ширењето на Коронавирусот (COVID-19) може да го загрозат здравјето на голем дел од граѓаните. Кај нас, како и во голем број држави низ светот, локалните власти превземаат сериозни мерки со кои се ограничува и контролира ширењето на оваа заразна болест. Како најуспешни методи за справување се истакнува важноста на социјалното дистанцање, како и карантинот и изолацијата во ретките случаи, кои може да имаат негативно влијание на нашето ментално здравје. Подолу може да видиме неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.

 

Што значат термините социјална дистанца, карантин и изолација?

 

Социјалната дистанца претставува намалена интеракција помеѓу луѓе преку ограничување на близината и зачестеноста на личниот контакт. Ова претставува и најблага мерка до која сите е добро да се придржуваме додека се смета за потребно. Карантинот вклучува физичко одвојување и ограничување на движење за лица кои биле во контакт со заразен. Ваквото одвојување трае се додека медицинскиот персонал не се осигура дека лицето кое било во контакт не ги развило симптомите на болеста.
Изолацијата пак претставува физичко одвојување на лица кои го имаат вирусот од оние кои го немаат. Ова вообичаено се одвива во здравствени установи или во сопствениот дом (самоизолација) доколку е соодветно.

 

Што може да доживеам во овие услови?

 

Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат различни непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствува страв, вознемиреност и загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од членовите на семејството или пријателите кои се приморани да бидат во карантин заради контакт со лице заболено од вирусот.

Зголеменото внимание на себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал, исто така може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и предизвикот во обезбедување основни прехрамбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.

Често забележани чувства кои се развиваат во вакви ситуации може да вклучат: загриженост за способноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и иднината, осаменост заради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада заради лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да превземеме нешто. Подолу следуваат и неколку совети за што можеме да направиме за да ги намалиме ваквите емоционални доживувања.

 

Какви информации да следам?

 

Земето го предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од традиционалните медиуми имаат различно видување за ризикот во вакви ситуации, со голема веројатност да е неточен и непроверен. Најдобро што може да направите е да следите проверени информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурате дека е од соодветно државно/ здравствено тело или агенција.

При тоа, избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми, бидејќи тоа може дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Заради тоа, ограничете го приливот на различни информации до вас и особено вашите деца.

За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку е потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет конекција (пр. Скајп, Вибер, Месенџер…).
Извори на проверени информации за коронавирусот:
Мерки и препораки за заштита и превенција од Коронавирус
Министерство за здравство
Институт за јавно здравје 
Светска здравствена организација  

 

Како да ги организирам обврските и пристапот до основни потреби?

 

Доколку сте во карантин и не сте во здравствена установа која ви ги покрива основните потреби, јасно искажувајте ги вашите потреби кои ве прават да се чувствувате безбедно и удобно. Организирајте се со вашето семејство, пријатели, приватни доставувачи или достапни служби (пр. Црвен Крст) за како редовно да се снабдувате со основни намирници за храна, хигиена и потребни лекарства.

Бидејќи отсуствувате од работното место, споделете ги потребните информации до вашиот работодавец во согласност со мерките и заклучоците од владата. Бидејќи не сте во можност да ги обавувате секојдневните активности, разгледајте алтернативни начини на плаќање на вашите сметки (пр. интернет наплата) или организирајте се со семејството или пријателите за како најлесно може да ги завршите таквите обврски.

 

Како да ги намалам негативните мисли и чувства?

 

Одржувањето контакт со личности од доверба е најдобриот начин да ја намалите вознемиреноста, нерасположеноста и осаменоста при социјална дистанцираност, карантин и изолација. Редовно комуницирајте со вашите пријатели и семејства преку телефон, социјални медиуми или интернет конекции. Споделувајте им ги вашите чувства и мисли, разрешувајте ги проблемите кои ви се јавуваат и видете колку ви е тоа од помош.

Организирајте достава на весници, книги и филмови и следете омилени телевизиски и радио програми. За да се опуштите, правете едноставни физички вежби доколку можете и секојдневно бавете се со некоја активност што ве смирува (пр. читање, филм, плетење, пишување…). Обидете се да воспоставите дневна рутина која ќе ви го исполнува денот и ќе го прави предвидлив (пр. одредено време на спиење, будење, јадење итн.).

Не заборавајте и да ја одржувате позитивноста, бидејќи секогаш има нешто за кое сте благодарни или нешто за што се надевате. Ако ви помага, редовно запишувајте си ги овие мисли и навраќајте се на нив.

Доколку негативните мисли и чувства се интензивни и траат подолго време, стапете во контакт со психијатар или психолог преку телефонска или интернет конекција. Универзитетската клиника за психијатрија нуди контакти за психолошка поддршка и психијатриска консултација. Контакти за психолошка поддршка нуди и Комора на психолози на РСМ.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија
Психолошка поддршка:
Родители на деца на предучилишна и училишна возраст (072 912 676)
Возрасни лица во самоизолација (072 919 009)
Граѓаните од Дебар и општина Центар Жупа (070 241 807)
Хоспитализирани пациенти заради COVID-19 (во соработка со здравствените установи)
Заинтересираните може да стапат во контакт во работни денови од 09:00 до 16:00 часот.
Пациенти закажани на МојТермин:
За психијатриски преглед, психолошко советување или психотерапија пациентите ќе бидат телефонски контактирани од психијатар или психолог.
За информации поврзани со прегледите, ве молиме стапете во контакт со амбулантната служба од 08:00 до 20:00 часот (078 378 755)

 

Што после изолацијата или карантинот?

 

По завршување на потребниот период на карантин или изолација може да доживеете мешани чувства. Може да доживеете олеснување заради промена на ситуацијата или тага и лутина затоа што некои околу вас се сеуште претпазливи во ваша близина или пак ве одбегнуваат. Наједноставниот пристап во овој случај е да дознаете повеќе за вирусот, третманот и ризиците кои ги носи. Споделувањето на соодветните информации е најдобриот начин да го намалите стравот и несигурноста кај другите. Доколку имате потешкотии со тоа, тука се стручните лица кои може да ви пружат помош и поддршка.

 

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Иво Куновски
  • March 18, 2020
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Сексуалната едукација се базира на еднаквост, почит, согласност и човекови права: Интервју со Елена Петровска и Мери Цветковска
Сè што треба да знаете за Сеопфатно Сексуално Оразование, со Мери и Елена - експертки во полето. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што следно ни носи Скопскиот викенд на гордоста?
Кон самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски и настапот dragON forever – третиот и последен дел од кореографската трилогија dragON на STEAM ROOM.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Пелин Балабан
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нашите приказни се важни!
Денес, 17 Мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија, интерсексфобија и трансфобија, го прославуваме со кампања под глобалното мото: „Да ја прекинеме тишината!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Принтот не е мртов
Потрага по еден професионален идентитет.
  • Од Принтот не е мртов
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Пријави се на ФЕМ 101.03
Провери го распоредот на предавања и работилници и пријави се најдоцна до 12 април.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гордост
Пишува Ирена Цветковиќ
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Јас одлично готвам и Сашо Тасевски повторно не е во право
Ако не се јаде летна манџа, тоа е исто како да не се јаде воопшто.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Пратеничка – да се биде или не?
Од досегашните избори видливо е дека речиси ниедна политичка партија не се залага, континуирано и посветено, за родовата еднаквост.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книгата?
Листа на наслови од неколку македонски издавачки куќи кои можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Оставете им го тоа на настраните“ – осветлување на патеката за соработка вон меѓународните граници
ЛГБТИ+ активистите го предводат патот на помирувањето во регионот со формирање искрени меѓугранични релации.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што треба да знаеме за абортусната грижа за време на КОВИД-19?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Протестен собир: Не сме безбедни!
Бараме одговорност од надлежните институции, бидејќи не се чувствуваме безбедно во своите градови:
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје ќе се одржи во периодот од 2-9 јуни, во Музејот на современа уметност, КСП ЈАДРО и кафе барот Шортбас.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Насилството е нашата друштвена иницијација
„Вистинската великодушност кон иднината лежи во давање сè на сегашноста“. (Алберт Ками, 1951)
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жените „не се смешни“: хуморот и телото
За хумор потребна е слобода на телото којашто, нема да се изненадите, често не е присутна кај жените.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram