Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
Она што јас го перцепирам како твоја секојдневна „мисија“ е демистификација на женското тело и начин на живот. Да појаснам: во свет во кој е неприфатливо да се зборува за природата на жената и женското тело, ти го правиш токму тоа, преку истакнување на реалното (она што е со несовршена форма, изглед, мирис и потреби исти како оние на мажот), наспроти идејата за мистериозното, нежното, невиното, мазното…Кој е твојот порив да се бавиш со оваа проблематика, првенствено на социјалните мрежи?

 

Поривот најверојатно произлегува од потребата јас да си бидам јас, без да ми биде нелагодно во сопствената (некогаш влакнеста) кожа. Немав намера тоа да биде некаква мисија, едноставно одбирам да зборувам за „слонот во собата“, бидејќи е крајно глупава ситуација да се одмолчуваат најприродните работи. Дури со постоењето на социјалните мрежи, сфатив дека моите најпрозаични изјави се доживуваат како чин на храброст. Тогаш и ми стана јасно до кој степен жените се кондиционирани да не се сакаат, да се срамат од себе, да се модифицираат, се’ тоа во име на општествено прифаќање. Да бев параноична, ќе помислев дека постои заговор против нас, дека некој не’ наведува да се занимаваме со маникир, со „волуменот на косата“, со целулитот…само за да не се занимаваме со фактичката состојба на жените ширум светот, нивните права кои во огромен процент не се остварени, нивниот третман на планетава која и во 21 век си „фура“ патријархални вредности.

 

Дел од јавноста те памети преку твојот легендарен настап на ПичПрич во 2016, на темата „Првиот пат кога“. Какво беше искуството да се раскажува една толку комично-непријатна приказна пред толку луѓе? Дали сакаш да се смееш на сопствена сметка?

 

Работам како професор и навикната сум да зборувам пред луѓе. Нормално, таму не сум стенд-ап комичар цело време (само понекогаш 😉 ) но со студентите сме отворени и секогаш разговараме за работите кои општеството не’ убедува дека се непријатни, а нас не’ прават несигурни. На ПичПрич немав нелагодност, единствен страв ми беше да не испуштам еден детаљ без кој структурата на приказната ќе се распаднеше. Можеби причината за моето немање трема лежи и во тоа дека приказната не е сосема вистинита, односно е фиктивна компилација на повеќе вистинити настани. Сепак, морам да потенцирам дека гомното од приказната е вистинско, мислам дека публиката тоа и го препозна, хахаха. И да, сакам да се смеам, се смеам кога луѓето се смеат на своја сметка, сакам кога луѓето се смеат кога се шегувам на своја сметка, но презирам подбивање и шегачење на туѓа сметка – освен на сметка на оние кои имаат моќ над другите и истата ја злоупотребуваат. Тука пред се’ мислам на многу политичари во Македонија.

 

Пред повеќе од една година пред јавноста во Скопје се претстави со изложбата „О“. О како оргазам или прослава на животот. Беа претставени 15 принтови со home-made шмек, во која се слави женскиот оргазам како мал триумф на слободата. Дали сметаш дека треба повеќе и/или поотворено да се зборува за женското сексуално задоволство или тоа не ти беше појдовна точка за проектот?

 

Проектот „О“ започна како мини-серија од 3 принта наменски изработени за изложбата La petite mort (Мала смрт) која во 2016 ја курираше Емил Алексиев. Тие принтови недвосмислено зборуваат за женскиот оргазам, го демистифицираат преку гримасите и текстуалните шкрабаници, но протнуваат и други, навидум незабележливи теми врзани со телото, женскоста, женските прашања, феминизмот, но и со мене лично. Сфатив дека тие 3 дела не ми се доволни да кажам се’ што имам на таа тема, па направив уште 12 за да се доискажам и во 2017 ја имав изложбата „О“ во Скопје. Кога после скопската изложба излезе можноста „О“ да отиде во Њујорк, изработив уште 5 принта на истата тема, а еден му посветив на врховниот грабач на дунди на САД, Доналд Трамп. „О“ во 2019 има шанса да се прошета и до Берлин, и претпоставувам дека ќе биде проширена (кхм, кхм) за уште некој принт.

 

По повод изложбата „О“ Емил Алексиев пишува „Делата на Јана Јакимовска, без сомнение – колку и да се впечатливи, жестоки и моќни – ќе предизвикаат само громогласен молк во нашава каллива културна бара…“ Година и кусур по отварањето на изложбата и гостување во Њујорк со истата, кој би бил твојот коментар за перцепцијата на големото „О“ во македонската јавност (можеби и наспроти американската)?

 

Македонската јавност многу малку се занимава со уметност, а американската јавност многу малку се занимава со македонска уметност. Македонците и македонките ретко ќе отидат на изложба без разлика дали е за оргазам или не, а американците и (особено) американките и кога ќе отидат, има шанса демонстративно да ја напуштат во рок од минути. Но, американките знаат да бројат до 10, па се враќаат во галеријата и разгледуваат до крај. Потоа знаат да се соочат со слабоста на сопствената реакција и учат од сопствените грешки и предрасуди.
Но, шегата на страна, изложбата во Скопје имаше послаба медиумска покриеност, а Њујорк е толку голем што не очекував никаков особен одглас, затоа не можам да направам адекватна паралела. Она што мене ми направи особена чест во Њујорк е што американската фотографка Линда Тролер дојде специјално да ја види изложбата, ми се заблагодари за темата која ја обработувам, и ми ја подари нејзината книга фотографии насловена како Оргазам, во која се застапени фотографии и изјави на повеќе жени токму на оваа тема.

 

“Изморена сум и смрдам.”– сподели на твојот фб профил додека беше во Мет, Њујорк. Што друго би сакала да споделиш од твоето патување таму?

 

Пред се’ би сакала да го споделам рецептот за справување со смрдеата под мишки која ме затекна насред Метрополитен музејот, а оттаму директно требаше да одиме на журка, јас и мојата усмрдена мишка. Немав дезодоранс со мене (во толкав голем град човек учи дека треба да си носи се’ со себе) ниту каде да се измијам, но за среќа Нено, мојот партнер, имаше палома марамчиња, па си ставив едно под мишка како влошка. За пар саати смрдеата исчезна.
Во Њујорк се изнаодев, се изнагледав и искусив нови работи. Генерално гледано, си поминав ужасно – ужасно прекрасно. За некој како мене кој сака уметност, храна и стенд-ап комедија, Њујорк е хаотичен блескав рај кој вреди да се посетува секој пат кога за тоа ќе се укаже прилика.

 

Фотографија: Драгица Николовска

 

На 10 декември имавме имаме чест и задоволство да ја видиме твојата нова изложба
„Хероините на нашето време.“ Изложбата е серија портрети на кои се прикажани жени од нашето локално опкружување. Што е за тебе хероина на нашето време?

 

Да, изложбата се отвори во понеделникот и има многу убави одгласи за сега, што многу ме радува. Особено важен дел, освен сликите, е ентериерот кој е создаден конкретно за изложбата, а за чија реализација неизмерно ми помогна Ненад Тонкин. Ентериерот е важен за да укаже на тоа каде до сега останувале повеќето женски приказни, и да предупреди дека тоа не смее да продолжи така. Инаку, не постои дефиниција за тоа што е хероина на нашето време. За мене лично, хероини се сите жени кои во тешки времиња (нашите времиња и нивните тежини добро си ги знаеме) се зафаќаат со тешки задачи и бијат битки за себе, за другите околу себе, и за оние кои ќе дојдат по нив. Во конкретниов мој избор од 11 хероини, станува збор за жени кои го погледнаа режимот во лице без да трепнат, застанаа во одбрана на различните, кренаа тупаници и балони со боја, плукнаа во грдото лице на патријархатот, и паралелно со тоа не престанаа да создаваат култура, уметност и убавина која пркоси на грдите „вредности“ со кои не’ удави нашето време.

 

Велиш дека е важно женските заложби да се вреднуваат и надвор од женските кругови. Дали понекогаш се чувствуваш како да работиме, говориме, пишуваме во некаков вакум или веруваш дека нашите гласови имаат ехо „и надвор од женските кругови“?

 

Ако тврдам дека женските заложби се вреднуваат само и единствено во женските кругови, ќе лажам. Но, едно со сигурност знам: многу повеќе работа, труд и експонирање и’ е потребно на една жена за да се валоризира нејзината работа, отколку на еден маж. Тоа го знам и од лично животно искуство, но и од стотици туѓи животни приказни. Впрочем, постојат страници и страници напишани на оваа тема, најсвежо ми е искуството на маж и жена, кои работеле во маркетинг агенција и со клиентите се допишувале преку меил. Еден ден решиле да си ги заменат меил адресите. Жената се вчудоневидела од тоа како клиентите без поговор ги прифаќаат сите нејзини предлози кога се потпишани со машко име. Мажот пак, не можел да сфати како одеднаш клиентите имаат потреба да го исправаат, да не се согласуват со него, да му мажјаснуваат. Ако ова се случува во САД со професија која е навидум родово неутрална, што ли се случува во Македонија онаму каде фокусот на работата е на женските прашања? Моментално постои тренд во светот, ваквата реалност да се промени. Наша обврска е да се потрудиме тој тренд да го претвориме во трајна состојба.

 

Фотографија: Драгица Николовска

 

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • December 14, 2018
  • КВИР, КУЛТУРА
Квир-хронополитики: историја, афекти, утопии
Фестивалскиот куратор Славчо Димитров кон единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, кое ќе се одржи од 1 до 13 јуни, во Скопје.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Во фокус: Христина Иваноска
Овој петок, погледнете ја изложбата на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“, како дел од настанот Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Квир по дома: Здравствената криза и социјалната изолација наспроти потребата за заедништво
Ако за мнозинството социјалната изолација подразбира едноставно поминување повеќе време дома, кај квир лицата тоа може да значи буквално затварање во себе или „враќање во плакарот“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жива филологија
Дали и како може да се живее одовде или отаде животот?
  • Од Вики Младенова
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Бев сексуално нападната и зошто не се плашев да зборувам за тоа
„Молчи, не кажувај“, „Машките ќе си бидат машки“, „Срамота е, не се глупирај!“ и ред други изговори се едни од најчестите причини, покрај стравот, зошто жртвите на сексуално насилство не пријавуваат и не преземаат ништо.
  • Од Дамјана Видическа
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Необични придобивки
Една од најтешките работи во животот за мене беше да ја прифатам и признаам мојата привилегија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Мајчинството (не) е за секого
Филмот ја прикажува голата вистина за општество кое не покажува разбирање кога жените ќе направат нешто што не е во склад со наметнатите очекувања и норми.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet _moooki
Доколку сте слаби на Инстаграм профили со автентични илустрации, тогаш дефинитивно треба да ја заследите _moooki, профил зад кој стои сестрано креативната Моника Стојановска.
  • Од Тимот на Медуза
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (прв дел)
Првиот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој нè запознава со некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Правила на однесување за девојки
Бушнел и Катунго знаат како да создадат возбудливо дело, а при тоа низ емотивно набиената приказна да отворат битни прашања.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Јас сум Југословенка“ – книга за наследството на отпорот на Југословенката
Интервју со авторката на книгата - Јасмина Тумбас.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Митовите за убавина и женската сексуалност
Жената учи како да изгледа сексуално привлечна, а речиси никогаш не учи како да ја осознае сопствената сексуалност.
  • Од Доротеа Огненовска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“
Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Примените на еротското: еротското како моќ, Одри Лорд
За да се одржи себеси, секоја опресија мора да ги корумпира или изобличи оние различни извори на моќ во културата на угнетуваните кои можат да создадат енергија за некаква промена. За жените, тоа значело да се потисне еротското како можен извор на моќ и знаење од нашите животи.
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“
Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Траума како мојата нема род. Но премногу мажи треба да замислат жена што ја сакаат за да почувствуваат емпатија
Вредноста на жената не треба да зависи од вредноста на некоја туѓа ќерка. Жената не треба да носи лице на нечија ќерка за да биде слушната.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ќе преживеат ли жените овде? (говори и фотографии)
Марш за женски права 2023
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram