Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
И транс жените се жени: Интервју со Лила Милиќ
За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, разговараме со Лила Милиќ. 

Лила ја запознав пред половина година, а оттогаш до сега повеќе не се сеќавам на колку настани се имаме сретнато и на колку проекти имаме соработувано. Преку пријателството со Лила и преку следење на работата на иницијативата ТрансФормА, за многу кусо време ми станаа јасни и блиски проблемите и предизвиците со кои се среќаваат трансродовите луѓе во Македонија (и глобално) и системската дискриминација и маргинализација со која се соочуваат. Трансродовите лица активно се борат за воспоставување на општество каде секоја личност има право да го изразува и манифестира својот родов идентитет слободно. За чекорите кои допрва треба да се преземат за достоинствен живот на трансродовите личности, за Законот за правно признавање на родот, за личните успеси како транс жена и земањето дел во бројни културни настани во изминатиот период, поразговаравме со Лила Милиќ.

 

Лила, ти работиш на подобрување на правата на транс луѓето преку ТрансФормА, заедница на транс луѓето, која работи на остварување на правата на транс луѓето и на нивно достоинствено претставување. Кажи ни нешто повеќе за вашата досегашна работа.

 

 

Така, ТрансФормА е иницијатива која постои од 2011 година. Првичните средби се користат за дружење и мапирање на проблемите и потребите на трансродовите лица. Тогаш позната само како „Транс група“, овие луѓе преку свои контакти со граѓански организации и поддржувачи започнуваат да создаваат видео материјали и мали прирачници. Групата има и своја развојна фаза во рамките на ЛГБТИ центарот за поддршка, во форма на транс група за поддршка. Тука започнуваат контактите и обуките со психолози, психијатри, како и претставници на медицински тимови и активистички групи од Белград. По 2014 година, оваа група функционира без своја матична локација, меѓутоа континуирано работи со Коалиција Маргини во однос на различни анализи, истражувања и други видови материјали кои доагаат до израз. Соработката со Коалиција Маргини и понатаму се продлабочува и во 2018 година ТрансФорма го добива својот прв проект од Глобалниот Фонд, преку Евроазиската Коалиција за машко здравје. Се реализираат обуки за комуникациски вештини, обуки за застапување и слично. Транс заедницата е сé поприсутна на јавни настани поврзани со ЛГБТИ заедницата. Кон крајот на 2018 година започнува и вториот проект кој е сеуште во тек. Имаме продолжение на обуките за застапување, работилници за креативен активизам, формирани се работни групи, како и тим за застапување во соработка и со други членови од други организации- поддржувачи, а на крајот од месец март имавме успешна кампања за видливост на трансродовите лица во С. Македонија која започна со промотивни видеа наменети за општата популација со цел да се запознаат и едуцираат граѓаните за проблемите и потребите на трансродовите лица, за на 29.03.2019 да го имаме и Првиот Марш за видливост на трансродовите лица во С. Македонија.

 

 

Фотографија: Ванчо Џамбаски, Марш за видливост 2019
Трансродовото исуство е во тотална маргинална позиција во Македонија, како правно, така и во доменот на семејството, образованието, културата….Имате огромно поле за работа пред вас, како се фокусирате на што да работите во овој период?

 

 

Од досега спроведуваните истражувања, анализи помеѓу самата заедница заклучивме дека најголем проблем и потреба е носење на Закон за правно признавање на родот кој е клучен за оваа група на граѓани.

 

 

Како што напомена, веќе некое време работите на правно признавање на родот. Зошто носењето на овој закон е круцијално за трансродовата заедницата и за кои модели застапувате?

 

 

Правното признавање на родот на прв поглед делува како банална битка за административни процедури кои не го засегаат секојдневниот живот на луѓето. Сепак, искуствата на трансродовите луѓе говорат за поинаква ситуација. Правното признавање на родот е есенцијално за трансродовите луѓе да можат да живеат достоинствен живот. Во Македонија, личната документација значи пристап до најосновни добра и услуги. Во случаи на отсуство на документи кои го рефлектираат нашиот род или родовиот идентитет како личната карта, пасошот и матичниот број, учеството во општествениот живот станува проблематично. Додека се чека на носење на овој закон трансродовите лица живеаат во целосна несигурност. Дискриминација, потсмев, потпрашување и срамење пред полни чекални – изнајмување живеалиште, барање работа, во банка, во пошта, на факултет, во здравствени установи – никаков пристап до добра и услуги и никаква заштита. Ние се залагаме за принцип на самоопределување – промена на документите врз основа на личен идентитет, без присилни медицински интервенции. Многу е важно да се увиди дека административната постапка и медицинскиот процес се две различни работи. Никој нема право да ги тера транс лицата да се подложуваат на медицински интервенции само за да им се одобри промената на документите. Тоа го нарушува нашиот телесен интегритет кој е заштитен со Уставот.

 

 

Што би значело носењето на овој закон за тебе како поединка? Дали сметаш дека промената во законодавството ќе се отслика во други општествени полиња?

 

 

Би била граѓанка од прв ред, а не како досега од последен, би имала достоинствен живот како и другите граѓани во ова општество. Сметам дека ќе се отслика и во другите опшествени полиња бидејки тогаш ќе можам побрзо да најдам работа, нема да се доведувам во ситуација пред полна чекална да одговарам на интимни прашања поврзани со мојот идентитет. Би можела многу полесно да се интегрирам во општеството.

 

 

Дали сметаш дека трансродовото прашање е маргинализарано во самата ЛГБТИ заедница во Македонија и што може да се направи за трансродовите прашања, проблеми и искуства бидат повидливи?

 

 

Моето мислење е дека во годините наназат ЛГБТИ заедницата повеќе се осврна кон лезбејките и геј луѓето. Недоволните информации поврзани со трансродовите прашања и невидливоста на истата ја отфрлаа оваа група дополнително на маргините. Затоа решивме и ја основавме иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА. Како иницијатива имаме соработка со ЛГБТИ организации и сметам дека само така може да се избориме со проблемите и предизвиците.

 

 

Она што често го сведочиме е манифестација на стереотипни женски карактеристики кај транс жените, и обратно кај транс мажите. Колку мислиш дека тоа е резултат на растењето во традиционално, хетеронормативно, патријархално општество и колку мислиш дека си во позиција да експериметираш со женственоста?

 

 

Уште како мали нé учеле како треба да изгледа еден маж и една жена и сметам дека тоа е резултат на традиционалното, хетеронормативно и патријахално опшество. Сé што сме гледале надвор од тие рамки ни било претставено како чудно и неприфатливо. Јас пак, уште од најмали нозе го имам пронајдено сопствениот израз на родовиот идентитет и немам зошто да експериментирам со женственоста.

 

 

Во една прилика ми кажа дека не се чувствуваш како феминистка, но неколку дена потоа се приклучи на Маршот за правата на жените на 8 март и маршираше во првите редови со натписот „И транс жените се жени“. На кое ниво ја разликуваш борбата за правата на жените и феминистичката борба?

 

 

Тоа беше мала шала. Веќе трета година по ред се појавувам на Маршот за правата на жените на 8 март. Секако дека сум феминистка и дека се борам за социјална, политичка и економска еднаквост на жените во сите полиња во ова опшество. И да, и ТРАНС ЖЕНИТЕ се ЖЕНИ.

 

Фотографија: ЖАрко Трајаноски
Минатата година беше дел од Модниот викенд, те видовме на изложба на Лепа Георгиевска (заедно со други транс жени), како и на интервју со Реборн. Какви беа овие средби со јавноста за тебе и дали сметаш дека ваков вид на видливост, особено во полето на културата може да помогне во унапредување на правата на трансродовите лица во Македонија?

 

 

За ревијата на модната дизајнерка Ирина Тошева никој не ни знаеше дека како манекенка ќе се појави трансродова особа. Реакциите за време и по ревијата беа доста позитивни и имаше позитивни критики дека на еден ваков настан по 18 изданија, до сега за прв пат се појавува трансродова особа. Истото се случи и со „Девојките од Скопје“ првата изложба на транс жени во Македонија на фотографката Лепа Георгиевска. Реакциите беа позитивни и од тука произлезе соработката со Реборн кој ме забележаа на овие културни настани. Сметам дека на тој начин се зголемува видливоста на заедницата во јавноста и на тој начин ќе станеме поприфатени.

 

 

Твое појавување пред најбројна публика беше гостувањето на овогодинешниот ПичПрич на тема „Влакна“ на 8 март во Кино Милениум, каде зборуваше за доста интимни моменти од твојот живот. Како го доживеа ова искуство? Се сеќавам дека во периодот пред настапот имаше многу трема… Како се чувствуваш сега, еден месец по тој гала настан?

 

 

Како што спомнав и на самиот настан, кога ми понудија да бидам дел од гала вечерта јас уште истиот ден имав трема, плашејки се како ќе реагира публиката на тоа која сум јас и на мојата приказна бидејќи беше доста интимна, односно вклучуваше интимни делови од мојот живот. Мило ми е што публиката ме прифати баш таква каква што сум и што некои фрази веќе се запамтени и се користат на пример како куропичката. Искрено ми е драго што домаќинките ме угостија и ми ја дадоа прилика да се претставам пред толкава публика. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви настани и дека сé повеке трансжени и/или мажи би земале учесто, бидејќи не сум само јас :).

 

На крајот на месец март се одржа Првиот марш за видливост на трансродовите лица во Скопје по повод 31-ви март – Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица. Која беше главната порака на овој марш и колку си задоволна од исходот од маршот?

 

 

ТрансФорма за прв пат организираше едно неделна кампања за видливост за трансродовите лица во Македонија, која започна на 25 март со промотивни видеа кои беа наменети за општата популација со цел да се запознае, едуцира и да се поткрене јавата свест за проблемите и потребите на оваа маргинализирана група. Кампањата содржеше и Марш за видливост на кој сум особено горда бидејќ се одржа за прв пат во државава. Главната порака на маршот беше дека трансродовите лица се граѓани од прв ред, дека бараме намалување на дискриминацијата и насилството кое го доживуваме и сакаме да ги охрабриме институциите и стручната јавност конечно да го отворат прашањето за регулација на правата на трансродовите лица.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • April 15, 2019
  • ФЕМ 101
Полошо од ништо: Како МВР соучествува во родово базирано насилство
Кога станува збор за родово базирано насилство, има посебен вид на овозможување, поттикнување и нереагирање од страна на полицијата.
  • Од Сара Миленковска и Љупка Трајановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шира и моќта на различноста
Серијата може да ја гледате сами или со деца, погодна е и за големи и за мали, а особено за сите девојчиња кои растат и имаат потреба да се најдат себеси во активна улога која значи нешто за подобрувањето на светот или општеството во кое живеат.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заедно (Сложни жени диско градат)
Вечерва, од 21:30  о МКЦ, како дел од Прво па женско #9, ќе се прикажува филмот „Заедно (Сложни жени диско градат),
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #2
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ментално здравје: контекст, релации и политики
Клучно за разбирање на проблемот со менталното здравје и неадекватната медицинска парадигма, произлегува од согледувањето на причините за постоење на нарушено ментално здравје.
  • Од Ана Блажева
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Бомби, пари и женски права
Капитализирање на грбот на маргинализирани групи, а во конкретниов случај, на борбата за женски права, секогаш постоело, но ми се чини дека во последно време е посебно истакнато.
  • Од Румена Бужаровска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 причини зошто треба да се гледа серијата Mrs. America
„Поборниците за женското ослободување сакаат да создадат полово-неутрален, феминстичко-тоталитарен кошмар.“
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Држете ги вашите бројаници подалеку од нашите јајници
Секуларноста е клучен (и моментално ранлив) дел од сложувалката на женското ослободување.
  • Од Нина Раповска
  • ФЕМ 101
Капитализмот има свои ограничувања
Џудит Батлер за пандемијата COVID-19 и нејзиниот растечки политички и социолошки ефект во Америка.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
100 најдобри филмови од режисерки
Режисерките претставуваат поинаков поглед на адолесценцијата, сиромаштијата и заведувањето, тврди Ана Смит, истражувајќи ги филмовите кои 368 критичари ги оценија како најдобри.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, ФЕМ 101
Крајно време е за прва квир лектира
Образованието нема избор освен да ги следи најдобрите примери
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Друг поредок е можен: кон интеркултурно право (втор дел)
Вториот дел од текстот на Боавентура де Соуза Сантош во кој продлабочува некои од неговите клучни коцепти.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борба со видливата женска невидливост    
 За македонските авторки од 19 век.
  • Од Дијана Петрова
  • ФЕМ 101
Надежта е во неоткажувањето
Да се биде е веќе однапред и да се биде заедно.
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
5 ЖЕНИ ЗБОРУВААТ НА ТЕМА: НАДЕЖ
Неда Чаловска, Ружица Максимовска, Ена Утевска, Џане Крешова и Вики Младенова споделуваат од каде црпат чувство на надеж.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Секоја промена започнува со љубов кон себе и своето тело: Интервју со Елисавета Димовска
За секој напредок кој сум го имала во сила или градење мускулна маса сум добила коментар – доволно ти е, немој повеќе. Сум се запрашувала, дали иста реакција би добил и маж на мое место?
  • Од Бисера Илкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram