Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Или како сите, или ништо – Мајки и камионџии
Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.

„…и доаѓајќи до тоалетот забележувам дека штотуку
сум добила менструација, па јасно, нели, како порано не ми
текна, надуен стомак, тежина, нервоза, со тоа сè е објаснето,
со овој за мене сосем непотребен циклус.“

 

„…И одеднаш разбирам: никаква болест нема. Тоа сум само јас.
Со сето зло што ми припаѓа“
Или како сите, или ништо
„Мајки и камионџии“

 

Ивана, главен лик од истоимениот расказ од збирката раскази „Мајки и камионџии“ од Ивана Доброковова, својата (животна) женска приказна ја започнува со зборовите: „Во времето кога се родив, имаше толку многу накотени Ивани, како гниди, од Ивани се сопнувавте на секој чекор…“ преку кои ја отвара сагата за нејзините женски патешествија и тежината на тоа жената да се издвои од толпата и да ги прескокне очекувањата кои општествените дефиниции за нормалност и‘ ги налагаат; да се оттргне од сите сенки, духови и призраци кои ја прогонуваат, обидувајќи се да ја вратат назад во шаблонот на традицијата и исполнувањето на нечии замислени очекувања, кои очекувања се само одговор на нечии туѓи потреби.

Колку повеќе има исти, толку потешко се прифаќаат различните.

Нашата Ивана уште на почеток е свесна дека не само што не сака, туку не може да биде обична Ивана и да се претопи во сите Ивани, иако сите други Ивани биле забележувни и вреднувани повеќе од неа: „Мајка ми еднаш на родителски состанок гордо се исправила кога учителката почнала да зборува за тоа колку Ивана е паметна и вешта, колку е успешна, ама само до моментот кога станало јасно дека зборува за Ивана што седеше на клупата до мене, да, отсекогаш бев навикната дека за многумина бев другата, третата Ивана…“.

Оваа Ивана, „за жал“ не ги исполнувала условите да се вклопни во ниту една дефиниција за успешна, шармантна, вреднувана и женствена жена, а штом не ги исполнувала условите, се разбира, морало да се побара стручна помош: Со години траеше периодот додека мојата психијатарка на улицата Техелна успеа правилно да ми го постави лекарскиот третман, откако точно ги избалансира флуктуациите нагоре и надолу, за да не бидам премногу стишена и забавена, ама од друга страна, пак, ниту непримерно дива и весела, за да бидам под контрола, нејзина, на мајка ми, своја лична, и да не можам да полетам некаде далеку од каде би морале повторно да ме преселуваат на земјата или да ме исправаат пак на нозе, накусо, за да бидам своја на своето, ама само во рамките на разумните, точно определени граници: своја на своето одовде-донде.“

Светот преполнет со Ивани кои мечтаат за брак и семејство, за љубов и партнери, за забави и дружби ја отфрла и казнува Другата Ивана, бидејќи таа по се‘ се разликува од нив. Не мечтае за брак и семејство, туку одгледува многу цвеќиња од кои повеќето се отровни; наместо да биде опседната со партнери и љубов, таа е опседната само со коњи, грижата за нив и пишувањето роман за коњи; наместо да се грижи за својот изглед, таа заборава дека постои: Не сум дебела, туку само така пополнета, бев слабо дете, насекаде ми стрчеа коските, ама тоа е далечно минато, сега веќе немам јасни облини, сè е само приближно, иако сум тешка веројатно колку што треба. Никогаш не можев да си дозволам да купам убава облека, никогаш не вежбав, ама, за волја на вистината, и не се замарав со таквите нешта. Не, не мислев дека се суштински само внатрешните вредности, туку едноставно немав причина за тоа. Од друга страна пак, Ивана сака да го казни светот што ја отфрла од себе како диво месо со тоа што не попушта пред очекувањата на другите. Затоа, додека повеќето ја знаат како мирна, повлечена и тивка Ивана и тоа и‘ го очекуваат постојано од неа, таа на нејзиниот омилен коњ, во јавачкиот клуб кадешто ги чисти шталите, ќе му го расчеричи стомакот со нож, по што сите ќе почнат да бараат стручна помош за Ивана, бидејќи еве, не ги исполнила ни тие очекувања на тивка, мирна и повлечена Ивана.

Отфрелноста од „нормалниот“ свет ја попопнува со цвеќињата: Ама притоа на растенијата не им негодувам, растенијата ги сакам, не поради убавината на нивните цветови, како повеќето луѓе, ниту поради миризбата, туку веројатно поради таквата нивна привидна неподвижност, неменливост, која ме смирува, и исто така поради нивната приспособливост кон страдањето, не е толку лесно да го повредиш растението, ако му ја скршам гранката, нема ниту да испушти воздишка, од раната нема да потече крв, речиси и како да не го видело тоа, ќе нарасне друга гранка, ништо не се случило, можам и цело да го исечам, ако остане коренот в земја, ќе пркне одново, а ако го истргам сосе корењата, пак нема да ми се налути, нема во последните мигови од животот пресметливо да ме гледа, нема да се брани, да се бори да преживее, а мене ќе ми биде згора на тоа за миг жал, само за миг, потоа веднаш ќе забо равам на тоа, ќе го бапнам во најлон кеса, ќе го изнесам во дворот кај контејнерот, и наредниот ден ќе си купам ново, поубаво, подобро.“

Отфрленоста, поготово ако доаѓа од неисполнување на наметнатите улоги од околината и општеството влијае на психичкиот развој кој прави да се чувствуваш помалку вреден, некорисен. А штом си помалку вреден, со што си го заслужил животот? Ивана не ја мачи сознанието за нејзината безвредност, туку ја мачи тоа што нејзиниот начин на живот го сметаа како болест и сакаа да ја излечат: „Мамо, имам триесет и една година, возрасна сум, можам да одам каде што сакам. Аха, не зборувај, тогаш зошто немаш сопруг, деца, работа, зошто живееш кај мене штом си толку возрасна, како што тврдиш?“ Нејзината различност, не ја натера да посегне по тоа да се обиде да се самоубие, туку ја натера моменот кога се исплаши дека станува ко останатите, дека се претопила со светот и во него: „Денес веројатно можам да кажам: лековите знаат да го залепат човека, иако многу делчиња попатно некаде и се загубиле.“

Ивана, триесет и една годишна жена, која го изгубила својот химен јавајќи на коњ без да знае што значи тоа, со дијагноза на депресија, без ниту една љубовна врска, опколена со отровни цвеќиња и постојан надзор на својата мајка, оставена на инвалдиска пензија и краткорочни хонорарни ангажмани е женски лик што и самата за себе си кажува: „…И одеднаш разбирам: никаква болест нема. Тоа сум само јас. Со сето зло што ми припаѓа“

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Дијана Петрова
  • June 16, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Време е за ранливи суперхерои
Несовршеноста, емотивноста, прифаќање на грешките и стравот од напуштање се легитимни состојби и карактеристики, дури и за еден суперхерој.
  • Од Билјана Кочоска
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не постои „трансродова идеологија“
(Но трансфобите се реални и гласни)
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со свој камен поглава
Кратка приказна за потрагата по здравствен систем во време на пандемија.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Ова веќе нема да го толерираме: Протести против сексуалното вознемирување и напади во училиштата во Косово
Протестите беа придружени со акции на социјалните мрежи каде жени и девојки, главно анонимно, споделуваат лични сведоштва на сексуално вознемирување и напади во училишта, на работа и на улица.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Врховниот суд на САД се обидува да го забрани абортусот: дали Америка е сè уште слободна земја?
Не постои посуштински услов на едно демократско граѓанство од контролата на една личност врз сопственото тело. Без тоа, не можеме да се наречеме слободна земја.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Екстремно либерална во ставовите за абортус
Не постои такво нешто како екстремна либерализација на абортусот, постои само отелотворување на репродуктивната слобода на жената за која јас останувам да се борам сè додека овој закон не се усвои!
  • Од Јована Јовановска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
So long 2019!
Со цел да ја затвориме оваа година, прашавме неколку од нашите авторки што е тоа по што ќе ја паметат изминатата година.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кетрин Малабу: Клиторисот им пркоси на концептите на доминација и моќ
Значи, постои суштество кое може да доживее оргазам без да раѓa? Значи има уживање кое не подразбира цена?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Активистки ги прикажаа пораките од „Јавна соба“
Нема да престанеме да го бараме она што ни следува како граѓанки на оваа држава, а тоа е правото да бидеме заштитени од сексуални насилници.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Борбата против родово базираното насилство бара системски промени
На почетокот на годинешната кампања ,,16 дена активизам против родово базираното насилство’’, нашата главна порака е што поскоро да се пристапи кон усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • Uncategorized, ФЕМ 101
Случајот против современиот феминизам
Од една страна, феминизмот никогаш не бил пошироко прокламиран или попрофитабилен од сега. Од друга страна, последниве десет години, широката распространетост и прифатливост на феминизмот кулминираа со изборот на Доналд Трамп за претседател.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Забраните за абортус ги одземаат човековите права. Еве зошто мораме солидардно да застанеме против нив
Владите мора да го прошират пристапот до безбеден, легален и достапен абортус и контрацепција за сите луѓе. Не само што тоа е хуманиот начин, туку е и државна обврска според меѓународното право.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
BeFem’s Feminist Fighters
Колку сте запознаени со BeFem, српскиот фестивал за феминистичка култура и акција, кој го имаше своето 9 издание овој месец?
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Стоименовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дома е далеку
Кон романот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска
  • Од Кристина Атанасова
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ДВОЈНО НЕВИДЛИВИ
Попреченоста не е одлика на личноста, попреченоста е продукт на општеството во кое живееме.
  • Од Бојана Јовановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram