Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс

Ме облева страшна лутина секојпат кога ќе се сетам дека сè уште водиме жестоки дебати за автономноста на нашите тела. Ме ужаснува потребата од објаснување за тоа чив е изборот и дали се работи за избор или потреба. Додека го пишувам овој текст, посакувам тој да е веќе застарен и работите да се имаа драстично сменето на подобро во последниве неколку години, но еден кус преглед на вестите од светот е доволен да ни покаже дека тоа, за жал, не е така.

Да тргнеме од речиси целосната забрана за абортус во Тексас од пред само два месеци, или усвоениот закон во Полска минатата година кој го забранува абортусот дури и во случаеви во кои се детектирани аномалии кај фетусот. Во екот на пандемијата, политичарите во Словачка, Литванија и Малта направија системски напори и предложија рестриктивни закони со намера да ја ограничат репродуктивната слобода на жените.

Токму пандемијата ја извади на виделина незаинтересираноста на властите кога станува збор за пристапот до квалитетна абортусна грижа. Голем број здравствени установи во светот беа затворени или работеа со ограничени капацитети. Тие престанаа да го нудат абортусот како основна здравствена услуга која законски треба да им биде достапна на жените, поради недоволната итност на зафатот наспроти светската пандемија. Се намали и пристапот до контрацепција. На жените од земјите во кои абортусот е (речиси) целосно забранет, пандемијата им оневозможи или им го отежни патувањето до соседните земји во кои би можеле да ја добијат таа здравствена услуга.

За волја на вистината, во Северна Македонија, ситуацијата изгледа поохрабрувачки – барем на хартија. Со ревидираниот Закон за прекинување на бременоста од 2019, абортусот се дозволува до 10-тата гестациска недела или 22-рата (со одобрување од комисија), а може да се изведе и подоцна ако се открие дека бременоста го загрозува здравјето на жената, ако се откријат телесни и душевни недостатоци кај фетусот или во случај на силување/полов напад.

Од неодамна, освен хируршката интервенција, кај нас стана достапен и медикаментозниот абортус или абортусот со лекови, кој претставува безбедна алтернатива за прекинување на бременоста до 22-рата гестациска недела. Како што пишува во известувањето на Платформата за родова еднаквост, над 80% од сите абортуси во Европа се изведени со лекови. Во услови на пандемија, медикаментозниот абортус е далеку побезбедна опција бидејќи ја намалува потребата од посетување на здравствените установи.

За жал, овој метод во моментов е достапен само на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК), со што повторно се исклучени жените и девојките од внатрешноста на земјата кои ќе мора да патуваат за да дојдат до овие лекови.

 

Абортусот и тишината

 

 

Додека ова се само формалностите околу процедурата, опциите и нивната (не)достапност, многу е тешко да се дојде до личниот и интимниот дел од приказната. Абортусот кај нас останува едно големо табу. Црна дупка во женскиот и јавниот дискурс. Речиси е невозможно отворено да чуете или прочитате нечии приказни и искуства кои би ни дале увид во предностите и недостатоците на нашата (пред-), (пост-) и абортусна грижа.

За абортусот едноставно не се разговара. Со најблиската другарка пробавме да се сетиме кога и во каков контекст првпат сме чуле за абортусот. Едногласно заклучивме дека тоа не било на училиште бидејќи абортусот не се спомнува како можен исход од бременоста на часовите по билогија, ниту пак сме имале сексуално образование каде меѓу другото би се информирале за консензуален сексуален однос и контрацепција (кои би го намалиле бројот на непланирани бремености) и можностите за прекинување на бременоста.

Останавме со две теории: или сме слушнале од мајките, од тајно споделени комшиски муабети кои „не биле за наши уши“; или од некој/а филм/серија во кој/а млада девојка (Yo soy embarasada!) посетува сомнително, мрачно место каде има абортус и сето тоа завршува или со многу каење или со сериозни компликации, крварења, или во најлош случај, смрт. Или пак, уште поголема е веројатноста дека сме чуле за тој „монструозен“ чин од морбидните владини реклами кои баш тогаш одеа во етер. „Изберете живот. Имате право на избор.“ Чиј / Каков живот? Чиј / Каков избор?

Овие сценарија им даваат далеку од реална слика за абортусот на две тинејџерки, но низ локалниот (и светски) дискурс и задоената јавна слика за абортусот ги воведуваат во наративите на премолчување и осудување. Затоа не ме зачуди тоа што на прашалникот за видеото „Имав абортус“ добивме едвај 15 одговори. Всушност, главната нишка која ги поврзува одговорите е стисокот на таа оловна тишина.

Тишината, или премолчувањето, честопати доаѓа од чувство на лутина, која пак потекнува од некаква фрустрација. Повод за фрустрација може да биде повреденото право на приватност и доверливост на пациентките од страна на медицинскиот персонал кое се спомнува во голем дел од одговорите. Иако повеќето жени и девојки споделија дека самата процедура главно поминала „брзо, чисто и безболно“, тие биле револтирани од недостатокот на дискреција во клиниките, каде што пред останатите пациентки морале да одговорат на прашањата зошто се таму и за која процедура плаќаат:

 

Најголемо малтретирање е што кај таа иста главна сестра пред самата процедура мора гласно да одговориш пред сите жени што чекаат внатре и цел персонал што поминува низ собата на прашања меѓу кое најгрозното е „колку претходни абортуси си имала”, на што бев многу засрамена, затоа што следува некаков коментар или ц’цкање. Ц, ц, ц… Како сестрата да знае низ каков хорор поминуваш дома.

Исто така, неколку жени се пожалија дека не добиле доволно информации за тоа што да очекуваат по хируршкиот зафат и не биле прописно и хумано водени низ процесот.

Тишината честопати доаѓа од всаденото чувство на срам и недоверба. Дел од жените и девојките кои имале абортус споделија негативни искуства од разговорот со социјалниот работник бидејќи се почувствувале осудувани и недоволно разбрани. Слушале трето лице како зборува за нив и ги преиспитува нивните одлуки како да е запознаено со нивната позадина и ситуација.

Единствена непријатност беше разговорот со социјалниот работник, кој иако се третираше како обична формалност и девојката која го спроведуваше се трудеше да биде нежна, прашањата и исказите што ги даваше беа за да те натераат да се “премислиш”, претпоставката беше дека јас не сакам да имам абортус туку ме тера партнерот, итн. Бев прилично засрамена и збунета од тоа искуство.

Овие сведоштва се потсетник за недостатоците на рестриктивниот Закон за прекинување на бременоста од 2013, според кој жените кои сакаа да абортираат мораа да одат на задолжително советување за контрацепција, предностите на раѓањето и ризиците од абортусот, за дури по три дена барањето да им биде одобрено или одбиено. Ваквото преиспитување на одлуката и дополнителното чекање „ја омаловажи[ја] способноста на жените за расудување и ја зголеми[ја] ризичноста на зафатот“ (Кајевска, 2016).

Тишината ги затскрива и срамот и паниката околу цената на самиот зафат. Неколку девојки споделија дека имале потешкотии да ги обезбедат потребните финансиски средства за прекинување на несаканата бременост. Кај други, тишината е одраз на длабоко разочарување од себеси или чувство дека ги разочарале најблиските со тоа што се довеле себеси во таква позиција.

Во други случаеви, тишината потиснува некој длабоко понижувачки момент како кога една жена се разбудила по интервенцијата со стуткано ливче во раката на кое биле напишани лековите кои треба да ги купи по абортусот. Понижена си заминала и друга девојка чија докторка на прашањето дали можам да одам на работа дента по извршениот медикаментозен абортус ѝ одговорила дека е подобро да остане дома бидејќи можело да ѝ се слоши од апчињата и да ѝ се смеат (!) колегите на работа.

Ако за „избраниот“ абортус речиси воопшто не се зборува, стисокот на тишината е уште поцврст околу спонтаниот абортус. Што да се каже за посакуваното и ненадејно загубеното/одземеното; што да се стори освен извесно време да се зјае во празната тишина пред да бидеме спремни таа да се закрпи и залечи.

 

Крикот на тишината

 

Освен недоволната стручност на медицинскиот персонал и финансискиот товар врз пациентките, останатите ситуации укажуваат на огромната општествена стигма околу абортусот.

Зарем жените и девојките би ја чувствувале истата лутина, срам и/или разочарување при донесувањето на оваа одлука и признавањето дека имале абортус доколку абортусот не го гледаме како нешто тајно, срамно, страшно, опасно, монструозно, неетички, себично?

Дали жените ќе се чувствуваат подостоинствено доколку абортусот го сметаме за основна здравствена услуга и ги почитуваме туѓите одлуки кои се однесуваат на нивното тело? Дали доколку не постои сомнеж за психичкото здравје на една индивидуа, треба да се сомневаме во нејзината способност правилно да расудува? Дали има потреба да ја потценуваме храброста и тежината позади оваа одлука или истата треба да се поткрепи со соодветна психолошка поддршка?

Дали доколку престанеме да ги храниме жените со застарени патријархални наративи според кои нивната самоактуелизација како жени зависи од (не)способноста да родат тие би го доживеале спонтаниот абортус како личен неуспех? Дали доколку ја уважиме создавачката и креативна моќ на жената на други нивоа освен на ниво на мајчинството, жените кои не можат да забременат би вршеле притисок врз жените кои одлучиле да ја прекинат бременоста? Дали би спречиле еден ланец на интернализирано казнување и стигматизација?

Женското тело не смее да биде бојно поле за нечии националистички агенди. Денес повеќе од кога било, пристапот до абортус и безбедна абортусна грижа е есенцијален бидејќи одлуката за тоа дали и кога да се роди дете е клучна за самоопределувањето на жената и нејзиното еднакво учество во општеството.

Факт е дека со години наназад погрешната класификација на најголемиот број абортуси како “избрани” или „избор(ни)“ (elective) е централна за кревкоста на абортусната грижа. Овој стриктно медицински модел ја игнорира важноста на немедицинските причини поради кои една жена се одлучува за прекинување на бременоста и не признава дека тие можат да бидат исто толку сериозни за жената и нејзиното семејство колку и здравствени последици. Со тоа што абортусот го гледаме само како избор, а не како потреба или едноставно одлука, еднаквоста на жената (изразена преку остварување на нејзиното право на абортус) се прикажува како луксуз, а автономијата на жените како ненужна.

Иако малку на број, одговорите кои ги добивме на прашалникот се доволни. Доволни за да укажеме на погрешните патријархални абортусни наративи, да идентификуваме дел од недостатоците на абортусната грижа кај нас и да повториме колку е важна потребата од безбеден абортус, псхилошка поддршка и рушење на општествената стигма. Најважно од сè, „крикот“ со кој тие се одважија за своите искуства прави процепи во тишината со која живеат многу девојки и жени и им помага да го видат крајот на навидум безизлезната црна дупка.

НАПИШАНО ОД:
  • Душица Лазова
  • October 31, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Информирај се – Трансформирај се
Неприфаќањето во општеството доаѓа од недоволна информираност, а помалку од омраза и одбивање.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Јавна соба е бедна група и слично“: Или како да ги обесхрабриш жртвите да пријават насилство
Да, секако феминистките мислат дека јавна соба е бедна група, но исто така знаат дека е криминална група, а тоа е многу, многу поважно. Крајно време е и институциите да се качат на овој воз и да престанат да им даваат ветер во грб на насилниците.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Маргиналки
За жените и војната
  • Од Дијана Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Денес не се срамам и плашам да кажам: „Јас преживеав семејно насилство.“
Си заминав без ништо, само со еден пар облека и ќерка ми во рацете и зад мене оставив буквално сѐ што создадов како вредност во периодот додека бевме заедно
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Фактот што не знаеме доволно за матката ни штети на сите нас
Очајно е потребно да станеме подобри во разговарање за репродукција на искрен и отворен начин. Затоа што ако одбраната на вашата позиција бара да се потпрете на невистини, тогаш можеби треба да се запрашате дали воопшто се работи за одбрана.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Дисциплина на гладот
“Таа е без сила, несексуална и безгласна, и само со тешкотија може да се фокусира на светот кој се наоѓа надвор од нејзината чинија. Жената во неа е убиена. Таа скоро и да не е таму.”[1]
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ГУЖ#2 Колет (филм & личност)
Во подоцнежните години од животот Колет забележува: “ Колку убав живот имав. Посакувам само да го реализирав и поскоро.“
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Предраг
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дискреција и затајување: За митот на менструацијата
Кога нормална телесна функција спречува една индивидуа да оди на училиште или на работа или кога менструацијата претставува сериозни здравствени ризици поради недостапноста на производите, огласувачите треба да дојдат до следново „откритие“: дека тие жени не треба да гледаат среќни фигури во тесна бела облека и скокање покрај плажа.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Пелин Балабан
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Што има за вечера?
Втората смена за денешната жена - еднаквост на работа, но и дома.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Сандра Анастасовска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто „Фурам феминизам“?
 Не што е наше, ама е златно девојче
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Дво децениски разговор помеѓу мајка и ќерка: Интервју со Кристина Атанасова од Main days
Ташната не е само моден додаток кој тежи, виси или го носиме со себе, ташната е олицитворение на нашите животи и активности, како и обидот да ги балансираме.
  • Од Калиа Димитрова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram