Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
IN-YOUR-FACE КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ: Кон отворањето на првата самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска
Со изложбата „Ова објективизирано тело“ се отвори седмиот по ред Фестивал за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, кој се одржа во просториите на МКЦ од 9 до 12 мај, 2019 година.

Концептуалната и мултимедијална млада уметница Марија Ангеловска е изразито храбра и детерминирана личност способна да ги препознае потенцијалите на секоја интернет платформа (конкретно користејќи ги можностите понудени од социјалната мрежа Инстаграм) и да ги употреби нивните непресушни извори на материјали за работа. Станува збор за авторка која ја „закачува“ својата уметност во виртуелниот простор, каде прави симултана културна апропропријација на знаењата од минатото и сегашноста, во сижејно врзан темат од фотографии кои раскажуваат за дијалогот меѓу телото и невидливите гранки на системот. Нејзината прва самостојна изложба „Ова објективизирано тело“ беше вистинскиот шок бран потребен за да отпочне еден Фестивал за феминистичка култура и акција како што е Прво па женско и да се размрда Скопје.

Зборувајќи општо, за целокупниот уметнички профил на Марија, треба да се каже дека таа црпи инспирација буквално од сѐ и е отворена кон постојани технички промени, менување на сцената, реквизитите и постапките за очудување на сопственото тело. Нејзината уметност е во постојан тек со новите (интернет) трендови.

По серијал фотографии од телото во бањата, од личниот простор, можеби и најискреното место во домот, во последните триптиси таа го префрла субјектот во непознатото и заматено опкружување. Од конкретно, затворено место во домот, телото  е преместено во географски непостоечки регион кој допринесува во креирањето на илузијата на (општествено) посакуваниот и совршен телесен изглед. Во таа смисла, општата трансформација на поставеноста на жената (од извиткана или собрана положба) до исправена (со раширени раце) позиција, е постепено, естетско обликување на женските – тело и хроно-тело-топ.

Оперирајќи со политичкото секојдневие и секојдневното политизирано, уметницата ја проучува современата комуникација меѓу двајца или повеќе непознати, од каде го извлекува она коешто многумина не можат, не смеат или не сакаат (јавно) да го кажат (Want me to lick your pussy for art? / You are already doing more than enough for art.).

Признавајќи ја сопствената привилегија да се образува и смело да се искажува, таа ги мапира озаконетите цензури и злоупотреби, кои се однесуваат на (не само женското) тело, во и вон електронскиот свет, за да пронајде слободен начин за општо изразување на сензуалноста и сексуалноста. За да го порази шизофрениот систем на (дневно нови и нови) забрани, уметницата флуоресцентно го осветлува или пренагласува она што филтрите го детектираат како Друго, ексцентрично, опасно или срамно, притоа преземајќи ја моќта во свои раце, недозволувајќи му на гледачот или пак, на системот, да се обиде да го објективизира нејзиното тело (I think I’ve never seen such gorgeous facing features in my life… My god! What are you? / -Photoshopped.).

Така, врзувајќи ги „сомнителните“ точки во парови, таа создава констелација од елементи кои внимателно ги проблематизираат: родовите нееднаквости, привилигиите, (не)удобноста во сопственото тело и неговивиот статус; и кои конечно – го опоменуваат пореметениот, а навидум сезнаечки, онлајн свет, за неговата неспособност да ја препознае однатре воспоставената полова сегрегација. Со умисла или не, делата на Марија се непокајни и дрски, in-your-face отсечоци од нашето секојдневие, кои се провокативни и кои шокираат, непоколебливо зборувајќи за канџите на регулаторниот виртуелен свет, за чија сопственот и слобода треба да се бориме.

„Нема да зборувам. Доколку сум присутна, ќе настапам со перформанс.“ – одлучно реши Ангеловска уште пред почетокот на изложбата, одбивајќи ја идејата за стандарно отворање на настанот. Продолжувајќи во истиот манир од претходно, со провокативната енергија од нејзините фотографии, таа не им дозволи на гледачите да останат пасивни. Користејќи ги ресурсите на располагање (како во директната комуникација со корисниците на електронските платформи), уметницата не ја пропушти шансата да ги предизвика посетителите на нејзината прва самостојна изложба со зборовите „покажи колку ти пречи“, соблекувајќи се и седнувајќи пред нив за тие јавно да ја депилираат.

Изложбата насловена „Ова објективизирано тело“ во секоја смисла претставуваше земање на моќта назад во рацете на уметницата, со тоа што, покрај перформансот и фотографиите, беа поставени и две инсталации (одвоени со ѕид), исто така – наменети за комуникација со посетителите. Поставени на средина од галеријата, во која одекнуваа типични звуци од една бања или тоалет, инсталациите беа одвоени од останатиот простор со транспарентна завеса за туширање, која овозможуваше постојана видливост на она што субјектите го правеа внатре, зад неа. Заградениот простор беше единственото место кое дозволуваше фотографирање или правење селфи (со тоа што во едната преграда имаше огледало за посетителите, додека во другата – течеше документарен краток филмуван запис од уметницата).

Овој простор во простор доби ефект на постепено просторно воведување на гледачите во изложбата (како и во нејзиниот интимен свет) кој таа го координираше, од аудитивната атмосфера – до местото каде тие можеа да (се) фотографираат и да набљудуваат, како и ефект на временско пресекување на отворањето на изложбата со ненадеен перформанс кој го прекина „нормалниот“ след на активности и гледање на делата.

Од друга страна, оградите или слоевите во галерискиот простор беа практично олицетворение и пародирање на општествените надзор и казна, така што целата изложба започна и остана да биде под активно набљудување на самата телопоседничка која ги создаде и насочи каналите за негова перцепција, симултано освестувајќи ги присутните за нејзиното телоспознание и телопоседништво. Преземајќи ги средствата за спознавање, Марија ја презеде и моќта за објектифицирање назад кај себе.

Конечно, случајно или не – отворањето на изложбата на Марија се случи на 9 мај, на денот на победата над национал-социјализмот, односно радикалниот националнизам, ксенофобијата, родовата репресија итн., на кој таа ги претстави влезовите за различни идни стратегии за активно дејствување на уметниците, и културните работници, во виртуелниот свет и воопшто – секаде.

До нејзината следна изложба, Марија Ангеловска може да ја следите на нејзиниот Инстаграм профил @marijangelovska

Фотографија: Александра Костадиновска

Фотографија: Драгица Николовска

 

Фотографија: Драгица Николовска

 

Фотографија: Драгица Николовска

 

 

 

Текстот е позајмен од Тиииит!Инк.

НАПИШАНО ОД:
  • Мања Величковска
  • May 16, 2019
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Лудиот астронаут со родово-квир пресврт
Квир телото како место на можности и отпор во расказот „Да и Гомора“ на Семјуел Делејни
  • Од Душица Лазова
Игор Тошевски, Совршен баланс, 2000
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Цвеќе на злото: дискурзивна рамка на квир дискриминацијата
Вовед во публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Проблемот со ,,школите за женственост“  
Сите совети за работа на себе паѓаат во вода ако поттикот е машката валидација, а резултатот е женската сервилност
  • Од Елена Кузмановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
На сите ни е потребна „Секс едукација“
„Сексуална едукација“ би им ја препорачала на сите, а пред сè на младите кои преку забава ќе научат повеќе за сексот, а ќе откријат и нешто за сопствената сексуалност.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Отпорот против “родовата идеологија” мора да престане
Родовата теорија не е ниту деструктивна ниту индоктринизирана: таа едноставно бара форма на политичка слобода.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Борбата за права на текстилните работнички е борба за македонската жена
Разбирањето и емпатијата се основните двигатели на секоја промена.
  • Од Марија Бошковска
  • КУЛТУРА
Терапија- нов простор за развој на независната културна и клупска сцена
Ве повикуваме на колективно дејствување на електронската музичка заедница.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за учеснички на првата Школа за феминистичко пишување и критика: Фем 101
Се залагаш за родова еднаквост, но не си запознаена со историјата на женското движење? Феминистка си и сакаш да научиш повеќе за феминистички теории и политики? Имаш желба за споделување на своите приказни и искуства, но не си сигурна во своето пишување?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Протести против сексуалното насилство во Албанија
„Не си сама“, „Државата е силувачот“, „Твојата ќерка не е виновна“, се некои од слоганите околку кои беше организиран протестот.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Полициската бруталност и расизмот против Ромите
Ретко се зборува за условите во кои живееат Ромите кај нас, а кога се зборува тоа често се гледа низ традиционалната призма на лични избори или различен менталитет, наместо многукратна и повеќеслојна системска дискриминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО
Времето пред транзицијата го гледам како некој друг живот
Поддршката дојде со текот на времето кога почувствуваа дека станав многу посреќна, посмирена и поотворена, затоа што почнав да живеам како вистинската јас.
  • Од Предраг
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Жртвите на сексуално насилство треба да знаат дека не се сами и дека постојат безбедни места за нив – промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство
Сексуалното насилство и неговите облици се едни од најмалку пријавуваните случаи на насилство, особено кога станува збор за силување во брак или од страна на интимен партнер.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Водич за Трејси Емин, ‘enfant terrible’ на британската уметност: Прв дел
Трејси Емин e дел од изложбата Родови перцепции во Музејот на современата уметност - Скопје. Прочитајте сè за оваа легендарна уметница и погледнете ја изложбата во МСУ каде се изложeни 39 современи уметнички дела од 25 жени.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Ми треба ново тело“ – приказ на градењето родов и перформативен идентитет
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Лектирите се важни. Ние нашата работа треба да си ја завршиме
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram