Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Инкриминација на демнење е само еден чекор во борбата со системскиот сексизам во македонските институции
Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 

Минатата недела министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека во Владата на Република С. Македонија поминале измените во Кривичниот законик со кои поефикасно би се заштитиле правата на жените согласно Истанбулската конвенција. Односно предвидено е  воведување на ново кривично дело „Демнење“ во Кривичниот законик кое би регулирало предаторско однесување во физичкиот, но и во виртуелниот простор. 

Важно е да се напомене дека оваа промена на законикот сѐ уште не е официјално изгласана од страна на пратениците во Сообранието и затоа нејзината имплементација не е започната. 

„Тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, потенцираше Маричиќ.

Секако, би ја поздравила оваа одлука на Владата како позитивен чекор во процесот на подобрувањето на механизмите за заштита на правата на жените во Македонија, како и фактот што со самото носење на овој закон повторно се отвара јавниот дискурс затоа што е и што не е прифатливо однесување. Но, од друга страна, не можам премногу да се радувам на оваа промена во Кривичниот законик заради голготата и страшниот недостаток на правда која ја искусија жртвите на „Јавна Соба“. 

Освен затворањето на Телеграм групата „Јавна Соба“ во 2020, жртвите на оваа група не добија речисиништо од правниот систем во државата. Беа приведени креаторот и администраторот на првата „Јавна Соба“, но тие добија обвиненија само за производство и дистрибуција на детска порнографија и нивното судење почна дури минатата недела. Со овие обвиненија се игнорираат возрасните жртви на „Јавна Соба“. Кога „Јавна Соба“ повторно се појави во јануари, 2021, брзо беа приведни 4 лица, но сѐ уште никој не е уапсен врз основа на втората верзија на оваа група. 

Сепак, овој случај беше малку поинаку третиран од дискурсивна и медиумска перспектива, односно се обрна повеќе внимание на случајот и „Јавна Соба“ беше голема тема на дебата. Ова меѓудругото се должи и на сведоштвото на Ана Колева, една од жртвите на „Јавна Соба“. Кога Колева реши јавно да проговори на својот Инстаграм профил за нејзината виктимизација од страна на групата, медуимите почнаа да обрнуваат повеќе внимание на овој случај, најверојатно заради големото внимание кое го доби Колена онлајн — Инстаграм видеото на Колева беше гледано од скоро 400 000 луѓе. Во „Јавна Соба“ беше споделена слика од Инстаграм профилот на Колева, како и нејзините лични податоци и телефонски број. После ова Колева беше бомбардирана со несоодветни и вознемирувачки пораки од непознати мажи. Кога Колева пробала да го пријави својот случај кај надлежните, таа била одбиена. 

„Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто. Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа. Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници,“ вели Колева во своето Инстаграм видео. 

Но, тоа што ѝ било кажано на Колева воопшто не е точно. Како што објасни Калиа Димитрова, главната уредничка на Медуза, во интервју за Слободна ТВ, Колева секако можела во најмала рака да поднесе пријава за злоупотреба на лични податоци за што следува затворска или парична казна. 

Случајот на Колева е само еден од многу случаи на родово базирано сајбер насилство кој нема разрешница, иако имаше легална рамка преку која можеше да се разреши. Без разлика што законот за злоупотреба на лични податоци нема специфична родова димензија, тој закон можеше да се искористи за да им се даде правда на жртвите на „Јавна Соба“. Ова значи дека надлежните во Одделот за сајбер криминал едноставно одлучиле да не ја информираат  Колева за таа опција. Не знаеме кои биле точните причини за ова, но јасно е дека овие надлежни службеници не го сфатиле сериозно случајот на Колева токму поради нејзината возраст. Односно, надлежните, како и Обвинителството кое го води случајот против администраторот и креторот на групата од 2020, сериозно ги сфаќаат само кривичните дела кои се поврзани со повредување на правата на малолетни лица, додека возрасните жртви се оставени на цедило (а и дискутабилно е колку сериозно се сфаќа болката на малолетните девојки, бидејќи сѐ уште никој не е соодветно казнет за „Јавна Соба“). 

Да се вратиме на промените во Кривичниот законик поврзани со Демнење. Изјавата на министерот Маричиќ ветува и овој закон потенцијално би можел да пополни многу правни дупки кои постојат околу родово базираното насилство ако е изгласан и од Сообранието. Но прашање е колку често надлежните ќе го имплементираат овој закон. Односно дури и со овој закон, многу од жените во Македонија сѐ уште ќе имаат генерално ниска доверба во МВР, полицијата и ОЈО заради несериозно сфаќање на различни видови на случаи поврзани со родово базирано насилство. Фактот што ОЈО нема донесено правда  барем за некои од жртвите на „Јавна Соба“ и што сѐ уште го нема разрешено овој скандалозен случај е доказ дека оваа институција не го сфаќа родово базираното насилство сериозно. 

Во нивниот напис за Медуза, Сара Миленковска и Љупка Трајановска објаснуваат дека не само што полицијата и МВР често не постапуваат по вакви случаи, туку тие исто така се и соучесници во насилството против жените. На пример, двете девојките жртви од Гевгелија чии лични фотографии биле споделени од страна на бившо момче во групата „Гевгелија Хаб“ велат освен што полицијата не ги има уапсено нивните злосторници, туку и дека дури припадници од локалната полиција разменувале нивни фотографии. Анкетата спроведена од страна на Медуза исто така докажува не само колку често полициските службеници се однесуваат дрско спрема жените кои пријавуваат родово базирано, семејно и физичко насилство, туку и дека често одбиваат да им помогнат на жртвите. На пример, на една жртва на насилство ѝ било кажано: „љубовна кавга е тоа, не се мешаме“. 

Исто така, да не ја заборавиме изјавата на полицискиот синдикат по прес конференцијата на Платформата за родова еднаквост насочена кон МВР за случајот „Јавна Соба“:„Нема да дозволиме како синдикат, поедини случаи да бидат генерализирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички, а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи.“

Ова се само неколку примери кои докажуваат дека македонските институции сѐ уште имаат системски пробем со сексизам и мизогинија. Ова е еден чекор, кој иако е многу задоцнет, е добредојден. Ги охрабрувам пратениците во Сообранието што побрзо да ги изгласаат потребни измени и дополнувања на Кривичниот законик, свесна дека самото тоа нема да го реши проблемот со системскиот сексизам на МВР, ОЈО и полицијата. Па така, ве охрабрувам вас да продолжиме будно да ги следиме овие институции, кои додека не донесоа правда за многу жртви во минатото, имаат можност и обврска да го сторат тоа во иднина. 

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Гаговска
  • August 3, 2021
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Мизогинијата на скептиците за климатските промени
Зошто десничарите толку многу ги мразат Грета Тунберг и Александрија Окасио-Кортез? Истражувачите имаат вознемирувачки одговори на тоа прашање.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Шума
Тато си ќутеше. Тато си одеше во шумата. Не ми текнува точно кога почнав да го следам.
  • Од Елена Петрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
МВР ме прави огрочена и лута
Полицијата никогаш во минатото не била клучна во оваа борба, па баш затоа е тешко да се замисли дека некогаш во иднината би можела да биде
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кој ги носи панталоните (дома)?
Како жените се избориле за правото да носат панталони.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сајбер насилство: Безбедност и самоцензура
На кој начин да бидеме побезбедни во сајбер просторот? Дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура? Дали и колку треба да сме внимателни што објавуваме и испраќаме? И финално, како да бараме соодтвена системска заштита, кога упорно гледаме како институциите потфрлаат во ова поле?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
„Право на избор“
Зошто невакцинирањето не е прашање на телесна автономија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Како да се биде другарка со друга жена
Есеј за женското пријателство од Роксен Геј.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Последната жена од Медената земја
Пола за мене, пола за нив, повторува традиционалната пчеларка, додека медитативно им пее на пчелите.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Втор дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цртички за ПМС 1
ПМС е едно од најчестите одмолчани женски искуства, кои се зафрлени на маргините на интимното.
  • Од Ана Блажева
  • Од Ана Блажева
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Имав абортус“
Црната дупка во женскиот и јавниот дискурс
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Доктор-јаснување“: Кога докторката не ги слуша пациент(к)ите
Излегувањето на д-р Шуплиновска-Јордановска ме направи гневна, но сепак ми е мило што ПичПрич обезбеди форум каде што публиката можеше дирекно да се обрати на лице кое има позиција на моќ
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Среќен осми март. Now, strip!
Кон осмомартовската изложба „Соблечени - Женскиот акт како контекст“ и машкиот поглед во уметноста.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пејзажи на отпорот/Landscapes of Resistance
Како може еден пејзаж да говори?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Репродуктивните робови на Америка
Игнорирајте ја религиозната реторика и моралниот став за абортусот. Оваа дебата не е за светоста на животот. Станува збор за корпоративни капиталисти кои очајно имаат потреба од повеќе тела и имаат намера да ги принудат жените да ги произведуваат.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: (Не) ми е страв
Стравот го ограничува движењето на телото во просторот. Стравот може да ве натера да ја промените насоката на движење, да не направите некое движење или воопшто да не излезете од дома.
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Џудит Батлер: Треба да ја преиспитаме категоријата жена
Авторката на револуционерната книга Gender Trouble вели дека не треба да се изненадуваме кога категоријата жени се проширува и ги вклучува и транс жените.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како општеството гледа на моќните жени преку приказот на Медуза
Изгуглај било чие име на позната жена, од Ангела Меркел до Ненси Пелози, во склоп со зборот Медуза. За сите нив ќе добиете резултати со фотошопирана слика од нивниот лик како горгона.
  • Од Моника Јамандиловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Грација Атанасовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Родови перцепции – Нови методи на размислување и визуелизации за родовата репрезентација: Интервју со Кумјана Новакова
На наше огромно задоволство вечерва во Музејот на современата уметност - Скопје во 20:00 часот се отвора изложбата Родови Перцепции | Perceptions Engendered, фокусирана на женската уметност.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Жените во политиката во ранливи средини:Интервју со Рошика Део
Вистинската солидарност се јавува меѓу жените кои ја формираат заедницата, и тоа жените од кои најмалку ја очекувате. Важно е да се потроши време за градење на солидарност, бидејќи кога жената се кандидира на избори, без разлика дали победува или не, таа и олеснува на следната жена која ќе се појави.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Сестри“: Филм кој треба да е лектира на сите средношколци
Фантастичен филм кој прикажува како мизогинијата се манифестира во животите на средношколците денес, кои повеќе од било која генерација активно користат социјални медиуми.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Јаз
Генерално спортот е преплавен со сексизам на сите нивоа, без разлика дали станува збор за час по физичко во училиште или професионално натпреварување. Спортот е само огледало на родовите стереотипи и нееднаквост, што ја подразбира и нееднаквоста во наградување на достигнувањата.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Женското лице на еколошката свест
Движењето за заштита на животната средина со децении, ако не и векови, било предводено и поддржувано од страна на жени.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram