Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.

Историски, позицијата на маргинализираните жени, особено во 20тиот век, е обично незабележaна, но преку своето дело Taylor Jenkins Reed дава напор да ја смени оваа реалност. Приказните на жени како нејзината главна протагонистка Евелин Хуго, се скриени под тежината на килимот создаден од родова, расна и сексуална дискриминација.

Ограничувањата на белата перспектива влијаат врз тоа да не сум запознаена со одредни проблематики со кои се соочува останатиот дел од населението, но после едно читање на оваа книга, добив навистина поинаков увид во животот на една латиноамериканска жена во Холивуд. Иако романот е фикција, базиран е врз животот на неколку познати актерки во 1950тите и 1960тите. Но, зошто оваа книга е толку важна за интерсекционалниот феминизам, а и што може да се научи од Евелин Хуго како лик? Ќе се обидам во следниот дел да ги презентирам аспектите кои се изнесени во оваа книга, издадена во 2017 година во Њујорк.

Евелин Хуго, жена со успешна кариера зад себе, е најпозната по нејзините 7 склучени бракови, иако зад себе има голем број успешни филмови и награди за истите. Доколку улогите беа сменети и стануваше збор за маж со таква романтична историја позади него, веројатно ќе беше перцепиран како угледен и безнадежен романтичар, барајќи ја „вистинската”. Но, тоа не е случајот за Евелин, која се смета за промискуитетна опортунистика, далеку од идеална жена. Етикетирањето кое таа го доживува, е реалност на многу жени, како и двојните стандарди и притисокот да се има еден партнер или пак да не се биде разведена. Овие наративи се проткајуваат низ генерациите и прави жените да остануваат во дисфункционални бракови со мажи кои манипулираат и лажат, а и во домови каде што владее семејно насилство. Дури и жената да сака да излезе од таква токсична релација, ќе биде соочена со општествена осуда . Двојната виктимизација и недавањето на потребна поддршка на жените е проблем кој до ден денес постои. Меѓутоа, како било тоа во 60тите во срцето на Холивуд?

Евелин е храбра и доследна на себеси и прави сè што може за да стигне онаму каде што сака, делумно занемарувајќи го мислењето на останатите. Првиот брак на Евелин е чист пример за тоа, каде склучува брак со сопруг со кој знае дека ќе може да се протне во Холивудската сцена, бидејќи во тоа време, наоѓање на работа како актерка која не е припадничка на белата раса било невозможно. Флертува со муштериите додека е келнерка, знаејќи дека тоа е единствениот начин да биде забележана. Свесна е дека кога мажите ја гледаат, го гледаат само нејзиното тело и нејзината убавина и ја објективизираат, но таа го користи ова во нејзина полза. Меѓутоа, реакциите од тогашните таблоиди угнетуваат и обвинуваат. Во самата книга, помеѓу поглавјата, има натписи и извадоци од фиктивен магазин кој пишува за Холивудските ѕвезди. Магазинот е совршен пример за тоа дека жената, без разлика на тоа како ќе се однесува, ќе биде осудувана од општеството во кое што создава. Преку вториот брак на Евелин, се запознаваме со глорифицирањето на белиот маж, обожаван и почитуван во Холивуд, совршениот сопруг во јавност, но реалноста позади затворени врати е поинаква и често нераскажана. Евелин е жртва на семејно насилство, од страна на својот сопруг, Евелин е жртва на интернализирана мизогинија – од страна на жената која чисти, Евелин е жртва на сексизмот – од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.

Родена како Евелин Херера, таа го менува своето име токму поради расизмот кој е присутен во сите аспекти на тогашната поп-култура. Го крие нејзиното латино-американско потекло и станува блондинка со цел да добие изглед на конвенционално убава, бела жена. Доминацијата на белите жени во филмската индустрија била толку впечатлива и влијателна, што дури и самата Евелин забележува дека повеќе не го зборува течно својот мајчин јазик, шпанскиот. Присутен е притисокот да се стигнат останатите, привилигираните, додека на маргинализираните групи не им се дадени истите можности, а далеку од тоа – истиот третман. Суптилното наметнување да се биде и да се изгледа како сите останати, доаѓа со ризик да се изгуби сопствениот идентитет, цената која Евелин ја плаќа за својот успех.

Кој сопруг е вистинската љубов на Евелин? – е прашањето кое се провлекува низ целата книга. Одговорот е ниту еден. Одговорот е жена, по име Селиа, која е исто така актерка како Евелин. Нивната врска е уште една скриена квир приказна позади хетеронормативната општествена рамка. Голем дел од конфликтите кои извираат меѓу нив две се токму околу ова – дали да ја кажат својата вистина или не, а и двете имаат аргументи кои одат во прилог на нивната моментална социјална состојба. Друг прикажен аспект од тогашната квир култура е Хари, продуцентот на Евелин и впрочем, нејзиниот најдобар другар и 5ти сопруг. Самиот факт што тие се принудени да се кријат од светот и се оневозможени да ја споделат својата среќа и вистински идентитет со општеството во кое што творат создава кафез од кој тешко се излегува. Тие ја играат оваа претстава на хетернормативност како неизбежен минимум стандард на тогашната Холивудска култура. Овој дел е вистински одраз на стариот Холивуд и како тој принудува луѓе да се конформираат на некој предодреден калап.

Преку овие три оски на пресек, може да се увиди интерсекционалноста на ликот на Евелин и тоа како е да се биде бисексуална жена од латиноамериканско потекло во Холивуд во 60тите. И таа не е единствената. Живееле безброј вакви храбри жени чии приказни не се кажани. Никој не размислува на овие жени бидејќи самото општество не им дало платформа и место каде што можат да се истакнат, но всушност ваквите жени постоеле, постојат и ќе постојат. Дали денес, 60 години подоцна, светот е подготвен да им го даде местото кое го заслужуваат?

 

 

 

Текстот на авторката е напишан како дел од обуката „Од мое гледиште“, којашто се одржа од 1 до 13 јуни, во рамките на фестивалот Прво па женско #9. Обуката беше организирана во соработка со феминистичката платформа Медуза.

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Ивана Цилевска
  • October 20, 2021
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Невидливиот баталјон“: Жените од украинската армија маршираат во штикли
„Жените, исто како мажите, се борат во војнички чизми“. Неодамна објавените слики кои ја промовираат престојната воена парада во Украина беа широко критикувани поради одлуката женските кадети да парадираат во штикли.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Дали знаеш?
Видео кампањата за подигање на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Џудит Батлер – Критички квир
Смеeњето во лице на сериозните категории е неопходно за феминизмот.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Кика Авеиро
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што после #СегаКажувам?
Наместо да казнуваме индивидуални „лоши мажи“, треба да се фокусираме на колективни превентивни мерки и создавање простор за позитивна машкост која нема да се фокусира на (сексуална) агресија и доминација.
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како Твитер ги замолчува жените
Времето сѐ појасно покажува дека социјалните мрежи не се ниту сојузник, ниту безбедно место за ранливите групи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Тања Милевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Нашето општество е затворено кон различното: Интервју со Ана Алексовска
„Господата од Современа“ е пресвртница во мојот живот
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Скопје Прајд – Една година подоцна
Какво беше искуството и што е следно?
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Женска самоодбрана: историја, теорија и пракса
Доживувајќи ги позитивните промени од моето искуство со часови по самоодбрана, решив да го истражам влијанието и историјатот на концептот на женска самоодбрана.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Мора да зборуваме за полициската бруталност
Многу држави во Европа, вклучително и Македонија, имаат насилни полициски оддели со диспропорционално големи буџети кои често разултираат со насилство врз најмаргинализираните групи,
  • Од Елена Гаговска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Медуза препорачува: Што да си купите на Саемот на книга?
Повеќе предлог наслови кои ги склопивме во соработка со неколку македонски издавачки куќи. Истите можете да ги најдете на Саемот по намалена цена.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Суптилни приказни за болката и неприспособеноста
Кон Антарктик од Клер Киган.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Калина Малевска
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, ФЕМ 101
Во раните на нашите тела гледаме отвори преку кои градиме релации на отпор: Интервју со Славчо Димитров 
Месецот на гордоста и оваа година го започнуваме со Skopje Pride Weekend, фестивалот за квир уметност и култура кој секоја година успева да нé помести од нашите удобни позиции и да нé втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
По масовните протести, дополнителните забрани за абортус во Полска се одложени
Пресудата на Уставниот суд требаше да стапи на сила на 2 ноември, но сè уште не е објавена во службен весник.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Оклопни возила за спречување на семејно насилство
Очигледно гео-политиката е препуштена на мажите, додека жените се оставени на двојна дискриминација – редовната од патријархатот и вонредната од пандемијата.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Џејлан Велиу
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто толку малку мажи читаат книги напишани од жени?
Без разлика дали се работи за Остин или Атвуд, за сестрите Бронте или добитничките на Букер, статистиките откриваат дека мажите немаат желба да читаат жени, а тоа си носи свои последици.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повик за програма за истражувачки есеи
Доколку се залагаш за родова еднаквост, имаш пасија и искуство со пишување и ти треба простор за раст и пласирање на своите идеи, ова е повикот за тебе.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Феминизам (именка): множина
(вовед кон збирката Лоша феминистка)
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што научив од читање книги од писателки од секоја земја во светот
Во овие три години бев маѓепсана, изненадена и шокирана од приказните раскажани од жени од сите земји - и инспирирана од солидарноста што ја прикажуваат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Иво Куновски

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram