Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
Почетокот годинава беше објавена првата книга на младата авторка Анастасија Младеновска под насловот Искра во издание на Ѓурѓа. Во книгата е претставена борбата на девојче кое расте со насилство во домот, каде авторката отворено пишува за своето детство и говори за последиците кои остануваат со жртвите на семејното насилство.
“Можеби поради тоа што младоста по природа е храбра, авторката не се плаши да ги разголи своите најинтимни размислувања, ниту пак да пишува за некои од најтрагичните детали од својата приказна, во еден исклучително тежок самостоен обид да ја отвори, исчисти и стерилизира раната, за да го спречи нејзиното понатамошно инфицирање“, пишува Ана Василева во освртот на книгата.
Приказната е раскажана преку ликовите на Калина и Дафина, мајка и ќерка, кои се главни сносители на дејството, но и самата авторка кажува дека делото има автобиографски елементи, а како такво, е реткост во македонската книжевност.
Тоа што најмногу ме погоди е како нејзините блиски не преземале ништо, тврдејќи дека тоа не било „нивна работа“ и не било на место тие да се мешаат. Честата појава на вакво „свртување на главата“ пред семејно насилство, кај мене вроди желба да поразговарам со авторката на Искра, Анастасија Младеновска. Разговорот го водеше Ива Станојковска.

 

 

Оваа книга обработува приказна за семејно насилство, тема која сè уште претставува табу, па и оттаму жртвите често го премолчуваат. Што за тебе беше одлучниот момент да го направиш овој чекор, односно книгата да биде издадена?

 

Тоа што книгата е за семејно насилство, всушност немаше некоја улога во мојот одлучен момент, веројатно затоа што сметав и знаев дека за жал, ваквиот проблем е доста распространет во моето опкружување и во Македонија, па знаев дека на одредено ниво ќе бидам, не само разбрана од другите, туку прифатена од себе во целост. Мојот одлучен момент, баш така, кога си реков дека книгата мора да биде издадена беше всушност моментот кога почнав да ја пишувам. Знаев дека доколку човек се зафаќа за нешто вакво, нема враќање. Си реков ова нема да биде како сите наполу завршени работи. Иако имав само 13 години кога почнав да размислувам за посветување на литературата, ми требаше една и пол година, за подоцна, на 14 години, си речам на себе, „Еј време е, време е да креираш нешто. Време е да излезеш од кафезот кој го креирале другите луѓе за тебе во своите мали мозоци и да видиш каде ти се простираат виножитата!“

 

Насловот на книгата е Искра. Што за тебе претставува Искра и зошто книгата го носи ова име?

 

Не за џабе на првата страна од книгата, имам ставено дефиниција на зборот искра. Мислев дека многу луѓе насловот „Искра“ ќе ги асоцира на името Искра и ќе си направат позадински фантазии за содржината на книгата и во право бев! Меѓутоа, освен ако се гледа субјективно кон книгата и да се долови апстракцијата на болката што ја остава родово-базираното насилство, но и иронијата на туѓите погледи коишто се слепи пред насилството, не би рекла дека некој ќе може да го поврзе насловот со содржината. Кога ќе размислам, насловот е многу поврзан со содржината, а и воопшто не е. Многу долго размислував за тоа како да се вика книгата, а воедно и го менував насловот неколку пати. Целата стратегија кога пишувате книга е насловот да биде доволно краток, а привлечен и мистериозен за поширока публика, но и разбирлив. Искра, за мене лично, беше најсоодветното, бидејќи во мојата глава можев да ја поврзам со секоја пасија која ми изникнала како долготрајна љубов, но и со краткотрајноста и минливоста на животот. А тоа е нешто што особено сакате да го запазите кога пишувате за ваков проблем бидејќи секој што преживеал знае дека времето во тие мигови се издолжува како пружина, а сепак се крати од убавото во животот.

 

Приказната во книгата е втемелена во твоето лично искуство. До која мера главните ликови Дафина и Калина ве отсликуваат тебе и твојата мајка и кој беше најголемиот предизвик да се пишува за едно болно, лично искуство?

 

Книгата е 100% автобиографска, со тоа што единствено имињата на ликовите се изменети. Сакав секој настан да го претставам во вистинска слика, без никакво преувеличување или литота, меѓутоа морам да нагласам дека иако настаните се прикажани во нивното вистинско светло, особено внимавав да не биде премногу субјективно, да не дозволам чувствата да ја поклопат книгата и мене самата да ме контролираат, иако лично мислам дека имав право и на такво нешто. Да се пишува за лично искуство е колку прекрасно, толку и страшно. Која приказна ќе ја раскажеме најубаво, ако не сопствената? За мене, не беше толку болно навраќањето кон она што било, колку фактот дека требаше да пишувам за нешта кои што моментално се случуваат во нашето општество. На пример, зошто разведената жена е распуштеница? Зошто е срамно, наместо да се смета за храбро кога сингл мајките ги одгледуваат сами своите деца? Зошто семејното насилство е нормализирано до тој степен што на улица ќе забележите како никој не реагира додека мажот си ја тепа жената? Или контрадикторноста во ставовите дека доколку жената пријавила во полиција, а чекала подолго време, дека нешто не е во ред со неа или дека е неморална и нечесна….

 

На кој начин пишувањето на ликот на Дафина и книгата во целост, ти влијаеше како личност?

 

Уфффф, ептен убаво прашање. И ќе одговарам на прашањево само низ неколку реченички од Марсел Пруст, мојот омилен новелист на сите времиња кој вели; “We don’t receive wisdom; we must discover it for ourselves after a journey that no one can take for us or spare us.“ Единствено ова и можам да го кажам за Искра, која ја сметам за едно големо патување. Размислете какви сте после патување, во моментот кога ги сумирате настаните, фактите и доживувањата. Просто, чувството е неверојатно! Како клетките да ви треперат, а всушност сè што сте направиле за себе било да си го проширите погледот кон светот.

 

Твојата мајка е борбена жена и неверојатна самохрана мајка. Имање на ваква фигура во твојот живот мора да има големо влијание на тебе. Дали можеби таа едел од причината и инспирацијата за книгата и на кој начин?

 

Апсолутно. Всушност, идејата за да почнам да пишувам книга беше на мајка ми. Интересно е бидејќи мислам дека таа имаше сосем поинаква замисла за она за кое ќе пишувам и беше ептен пријатно изненадена кога виде дека книгата ѝ е посветена на неа. Мајка ми е значајно делче од сложувалката на мојот живот и имам неизмерна почит кон нејзината храброст, кон нејзиното неконвенционално справување со животот, постојаниот ентузијазам и отстапување од нормата за она што отсекогаш сите сметаа дека е правилно. До небо сум ѝблагодарна, што ни дозволи на мене и брат ми да се разликуваме од другите и да чекориме по своите сопствени патишта.

 

Која е пораката која се надеваш да ја пренесеш до твоите читатели и читателки?

 

Јасно ми е дека Искра за поголем број на луѓе тешко се голта, меѓутоа она што би сакала да го присвои секој читател/ка после завршување на книгата, е дека литературата е душо-гал, дека среќата е неопходна да го одржува телото, но тагата е онаа од која можеме да израснеме и дека животот е тежок, пред повторно да стане лесен. Тешко е да се оддалечиме од болката затоа што еднаш кога ќе ја искусиме, стануваме нејзини зависници, притоа не знаеме дали постоиме if not being touched. Затоа кажувам, животот е краток, сакајте за да живеете!

 

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • Ива Станојковска
  • May 12, 2020
  • ФЕМ 101
На 8 Март марширам!
Нека ни е честит денот на женската борба
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспехот во уметностите треба да се охрабрува како интегрален дел од праксата: Интервју со Дарко Алексовски
Моја најчеста креативна одлука е политичкото и колективното да ги прикажувам преку личното и индивидуалното. Делата и проектите секогаш се иницирани од лични приказни кои понатаму ги транскрибирам со помош на визуелни средства и медиуми.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците
„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Пенова
  • ДИЈАЛОЗИ
Сексуалната работа е работа: Интервју со Лила Милиќ од STAR-STAR
Утре ќе бидеме на Марш на Црвениот чадор, по повод глобалното одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работнички и работници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Улицата на мачките
Трчаме боси по улица. Не ми се веруе дека дозволив да ме наговори на ова. Жешкиот асфалт ми ја гризе кожата, стапалата ми се смалуваат. Се одвојувам од него и се обидувам да го престигнам.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Гравитација
Бројот на варијации на формата на женските гради е веројатно соодветен на бројот на жени во светот или ко што би рекла една моја драга личност “сто жена, двеста сиса”
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се „плаши“ од трансродовите лица?
Анализа на анти-родовото движење во Македонија.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Нешто е гнило во УКИМ – забележани сигнали на сексуално насилство, но владее правило на молк
„Приказните се тие. И тешки и сурови и дел од нив (пре)чести.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Смилевска
Илустрација на Arsh Raziuddin. Извор: Getty
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Откупување на себеси“: Осврт кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски
Самосвесното проучување на експлоатацијата на женските тела на Ратајковски пропушта соодветно да ја истражи креираната и дотерана слика за себе
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за (не)дисциплираните девојки
„Таа беше најдисциплинираната, најпочитуваната, најсредената - совршена девојка, толку совршена што може да те извади од кожа. Накаде се стремеше таа? Ја следев. Таа можеше да ги среди дури и полиците на празнината“.
  • Од Кристина Атанасова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • MЕДУЗА TV, КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сексуалните малцинства, родот и медиумите
Медиумските дискурси не се огледало, туку активни креатори на нашата реалност.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што можеме да научиме за родово базирано насилство од „Squid Game“
За разлика од сите други натреварувачи, Џи-Јонг не учествува во игрите за да преживее, туку за да умре.  
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија #3
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Лажните вести и квазиинтелектуалниот хетеросексизам на Венко Андоновски
Во општеството каде авторитетот на машкиот интелектуалец се смета за извор на апсолутна вистина, навистина не е мала работа еден професор кој има илјадници читања на своите колумни, да пишува написи базирани на лажни вести и застрашувачки репрезентации на ЛГБТИ заедницата.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Приказни од изолацијата
Без конкретна форма, цел и насока, овој колажен текст служи да ни помогне да си ги структурираме мислите и да креираме една скромна меморија на ова време.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Дали го препознаваме сексуалното вознемирување?
Изгледаше како секој обичен ден, или барем така започна. Три часа патување до главниот град со автобус кој мириса како никогаш да не бил на хемиско, па потоа јавен превоз до близина на градот, па консултации, па назад во некој друг автобус кој мириса исто, можеби и полошо. Но, тој ден не беше баш така.
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Невидливиот хорор на семејното насилство во филмот Невидливиот човек
Додека хоророт како жанр доживува обнова, ова е солиден обид да се постави нова динамика помеѓу овој жанр и женскиот лик, после долга историја исполнета со еднодимензионални ликови и експлоатација на женските искуства.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Митот за геј изобилството: како ТВ индустријата продава современа квир елита
Дали поголемиот диверзитет и вклучувањето на квир ликови во новите верзии на „Озборувачка“ и продолжението на „Сексот и градот“ се знак за напредок или пропаганда за (не)постоењето на современа квир елита?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата болка е политичка
Мојата болка е сечија болка. Сè додека јас живеам со мојата болка сите живееме во грч.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангел Димитриевски
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Брза vs. одржлива мода: Зошто е ова феминистичко прашање?
Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Александра Спасеска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Женскиот поглед во визуелната уметност: Во комуникација со делото
Погледот отсекогаш бил, и е, политички.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска
Книгата „Димензии на бајките – мрак и светлина” од Лени Фрчкоска деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram