Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
Лана Басташиќ е родена во Загреб. Се занимава со книжевност и досега има објавено збирка поезија, книга за деца, две збирки раскази и еден роман. Добитничка е на многу награди за проза и поезија. Нејзиниот дебитантски роман „Фати го зајакот“ („Uhvati zeca“) беше во најтесниот избор за 65-тата награда на НИН за најдобар роман во 2018, а оваа година е награден со Наградата за литература на Европската унија. Пред скоро една година имавме можност да ја чуеме во МКЦ, на четвртото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“, а во оваа прилика споделува нешто за своето творештво, ангажираната книжевност и за потребата од коренити промени во насока на родова рамноправност. Разговорот го водеше Радица Стојановска.

 

 

Многу автори и авторки изминатиов период се изјаснија дека добро се справуваат со принудната изолација и дека ова време го искористуваат за интроспекција и пишување. Какво е твоето искуство и како новонастанатата ситуација влијае на темите кои те преокупираат и се отсликуваат во твоето творештво?

 

 

Сакам да поминувам време сама и немам никаков проблем со изолацијата, но е многу поинаку кога е наметната однадвор. Долго не можев ни да пишувам ни да читам. Во цела оваа ситуација – вклучувајќи го и земјотресот кој го погоди Загреб – сè што би напишала би ми изгледало лажно и претерано. Не сум од оние кои ќе напишат расказ или роман за ова што се случува – прво затоа што тоа сега ми се чини како евтин маркетиншки трик, второ затоа што мислам дека за пишување за што било е потребна дистанца. Моите теми се и понатаму исти, сега само ми е потребно да се вратам во секојдневието кое е доволно здодевно за да сакам да измислувам раскази.

 

Со оглед на тоа што женските наративи со сиот нивен спектар се сè уште ретки во книжевноста, понекогаш се добива впечаток дека пишувањето за/од жени е една форма на бунт кон постоечките текови и тенденции. Што мислиш за потенцијалот на книжевноста како општествено ангажирана уметност и дали своето творештво го доживуваш како такво?

 

 

Секоја добра уметност е ангажирана сама по себе – создаваме нешто што не постоело, нешто од ништо што зборува за местото и времето во кое настанало. Уметноста е еден вид вишок на стварност, така што со самиот факт дека постои, веќе е ангажирана. Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство, тоа е она што го знам и не сметам дека е посебно егзотично да се зборува за искуствата на педесет проценти од луѓето. Срамно е што тоа е сè уште вест.

 

Во твојот прв роман „Фати го зајакот“ („Uhvati zeca“) ја следиме приказната за патувањето на две пријателки. Неизбежно е да се забележи дека женското пријателство скоро и да не наоѓа свое отсликување во книжевните дела, секако не онолку колку машките пријателства кои континуирано се одржуваат во рамките на светската книжевност. Како се наметна женското пријателство како еден од главните елементи во твојот роман и колку ти беше важно да биде веродостојно претставено?

 

 

Да бидам искрена, воопшто не размислував да пишувам книга за женско пријателство. Имено, ми се чини дека после толку години нема вистинско пријателство помеѓу Сара и Лелја. Постојат само заеднички спомени и заедничка историја која е неможно да се игнорира. Однос кој ми беше многу поинтересен и поважен е оној помеѓу раскажувачката и нејзиниот лик – дали е можно вистинска личност да се претвори во книжевна јунакиња и што значи да се сфати нечија приказна ако ја немаме лично проживеано? За жал, нема многу наративи во кои доминира однос на две жени, па е сè уште новост кога се пишува за тоа. Се надевам дека ова ќе се промени.

 

 

Фотографија: Радмила Ванкоска

 

 

Во едно интервју имаш спомнато дека подготвувајќи го второто издание на романот си интервенирала и си направила некои ситни измени во текстот. Колку е потребно да се биде самокритичен? Од друга страна, со оглед на тоа што општеството секогаш има забелешка за изгледот, однесувањето, зборовите на девојките и жените, како да се заштитиме од премногу самокритичност и да се ослободиме од потребата да се објаснуваме?

 

 

Тоа е одлично прашање – и самата сум често растргната помеѓу тие два порива: да го средувам текстот до бесвест или да застанам зад него и да престанам да се правдам. Ми се чини дека за жените и за мажите владеат различни критериуми, како за сè друго така и за пишувањето. Нам многу потешко ни се простуваат грешки. Ако проговориме јавно, а да напишеш книга значи да истапиш во јавниот простор, мораме дополнително да докажуваме дека имаме право на таа позиција. Накратко, жените мораат да пишуваат беспрекорно ако сакаат да добијат какво било признание или место на сцена. Од една страна, тоа ни помага да бидеме доволно самокритични за да не се заљубуваме прелесно во себе и во својот наративен глас. Од друга страна, би сакала жените да престанат со тоа постојано правдање и објаснување и едноставно да пишуваат и објавуваат. Вистинска рамноправност ќе има кога и писателите и писателките ќе имаат еднаков број не само одлични романи, туку и средно добри и лоши. Потребна ни е просечност ако сакаме да одгледаме извонредност. Сето тоа оди заедно.

 

Истакнуваш дека ликот на Лелја е олицетворение на Босна, а и дека општо сакаш да пишуваш за Босна и за Балканот. Што е она што те фасцинира на овие простори? Што би сакала да промениш на овие простори нудејќи поинкава перспектива во својот дискурс?

 

 

Не би рекла дека нешто ме фасцинира. Од фасцинација патат главно привилегирани странци кои доаѓаат во Сараево, пробуваат пита, кафе и ракија, па наводно посакуваат нешто да сфатат или да објаснат. Мене Босна не ме фасцинира, таа е едноставно она што ме создало, моја појдовна точка. Пишувам за она што го познавам и за оние кои ги познавам така што би ми било неискрено да напишам роман за младите уметници во Бруклин. Можеби е тоа моја мана како писателка, и тоа е во ред. Едноставно мислам дека секоја земја е подеднакво книжевна и зависи од тоа колку е писателот способен во локалното да најде универзално. Не знам дали книжевноста може да промени што било, ниту размислувам на тој начин кога седнувам да пишувам. Литературата е само начин нешто да се каже, како што кажа една попаметна личност од мене, ова е просто мој начин.

 

 

Како би ја опишала позицијата на жената во книжевните кругови, застапеноста на жените на книжевните фестивали, во издавачката дејност? Како би ги охрабрила младите девојки кои сакаат да пишуваат?

 

 

Позицијата на жените во книжевноста е, меѓу другото, постојано да коментираат за позицијата на жените во книжевноста :). Не верувам дека едноставното додавање на жените на листи, фестивали, списанија е доволно за да се промени системот. Промените мораат да дојдат од корен – треба да се промени училиштниот систем, читанките, начинот на кој се разговара со девојчињата во основните училишта и климата која се негува во училниците. Треба да ги учиме девојчињата да имаат што да кажат и дека нивното проговорување не значи одземање простор на некој друг. Треба да ги научиме дека не е нивно да ја разубавуваат атмосферата. Дури тогаш тие девојчиња ќе израснат во жени кои ќе пишуваат слободно, без цензура и без правдање. Тогаш сè друго ќе има смисла.

НАПИШАНО ОД:
  • Радица Стојановска
  • September 21, 2021
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Три книги „за момчиња“
Три приказни што на различен начин ги критикуваат насилните аспекти на воспитувањето момчиња.
  • Од Лени Фрчкоска
Illustration by Chloe Cushman
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Не се враќаме во времето пред Ро. Одиме на полошо
Не само што влегуваме во ера на небезбедни абортуси, туку и на сеопшта криминализација на бременоста.
  • Од Елена Петрова
  • ФЕМ 101
Проблемите на лезбејската заедница се продлабочуваат: 26 Април – Ден на лезбејската видливост
Овој ден не смее да остане само потсетување за постоењето на заедницата, туку да биде поттик за насочен активизам кон надминување на проблемите и предизвиците со кои заедницата се соочува.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #8 : Жените се малцинство
Фестивал за феминистичка култура и акција број 8
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Марш за женски права: Ти не си виновна!
Вчера, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, марширавме под слоганот „Ти не си виновна!“.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што всушност се случува кога една земја го забранува абортусот
Романија под Чаушеску создаде дистописки хорор од пренаселени, нечисти сиропиталишта, додека илјадници жени починаа од "абортуси по подруми".
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Цената на менструалната сиромаштија
Даночењето на производите за менструална хигиена како неесенцијални производи има сериозни последици.
  • Од Ангелина Цветковска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зошто се заљубив во серијата Fleabag
Нема ништо ново во серија која се занимава со сексуални исповеди на главниот лик, фамилијарни трауми и невозвратена љубов, но серијата Fleabag го претставува сето тоа на еден маестрален и свеж начин. Еве ги моите 5 причини зошто треба да ја гледате оваа серија, веднаш.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
8 март – Леб и мир
На Меѓународната социјалистичка женска конференција во 1910 година во Копенхаген, бројни активистки за женски права, помеѓу кои и Клара Цеткин, предложиле да се одбележува меѓународен ден на жената за да се охрабри движењето за женски права и да се изгради поддршка за борбата за универзално право на глас за жените.
  • Од Вилдан Дрпљанин
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Крчкај си на тивко
За феноменот психолошка манипулација (gaslighting)
  • Од Кристина Ивановска
  • КУЛТУРА
Неортодоксна (2020) или за ослободувањето од товарот на традициите
Приказната за хасидска Еврејка од Бруклин која успева да излезе од рамките на договорен брак и заминува во Берлин, звучи фасцинантно и само како концепт, а уште повеќе кога се заснова на вистински настани.
  • Од Радица Стојановска
  • ДИЈАЛОЗИ
Кризата нè втурна во сиромаштија, а државата упорно нè исклучува: Интервју со сексуална работничка
Моменталната ситуација не ветува. Доколку продолжат сите мерки на претпазливот и пандемијата продолжи да демнее, сексуалните работници/чки како една од најзагрозените групи на граѓани може буквално да останат на улица.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Опасното користење на приватните сексуални наративи на жените против нив
Приватните сексуални наративи на жените се користат против нив, дури и по смртта.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Брачна приказна“ е крај на прикаските за бракот
Филмот „Брачна приказна“ е најдлабокото, најпотресното и најреалното нешто што го гледав оваа година.
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „природата“ на еден политички спор: хетеронормативност, трансродовост и загрозување на правата на жените (Прв дел)
Постојат цел океан на прашања поврзани со родовата трансформација и огромните глобални социјални промени во кои учествуваме и сме сведоци. Каде води сето ова?
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Балканските бездомнички
Зошто женските деца сè уште се дискриминирани при поделба на наследство?
  • Од Љупка Ѓошева
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Пенси во Неапол или за: ведрата трагичност на расличностувањето
Излезот од мапата на повредите, неочекувано може да биде светкав, и пред сѐ игрив. Тоа го покажа и Пенси.
  • Од Вики Младенова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Нивната борба е сечија борба – 50те жени на Сент Луис
Приказните на жените на Сент Луис не се само приказни од локалната историја или приказни кои се поврзани со националната историја на САД. Тоа се лични приказни кои во одреден сегмент, форма и време ги среќаваме кај многу други жени во минатото, но и денес.
  • Од Ангелина Станојоска
  • ФЕМ 101
„Дали е среќен 8-ми Март?“ – трет марш по повод Меѓународниот ден на жената
Во присуство на стотици учеснички, Маршот за правата на жените започна од паркот Жена Борец каде активистките јавно апелираа за промени кои водат кон вистинско унапредување на статусот на жената во нашето општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Класично анонимни: Старите вредности во современата класична музика
За да се разбере дека постои проблем во родовото балансирање, потребно е едноставно да се отвори годишната програма на било која светска или домашна музичка институција. Колку често се вклучуваат дела на композиторки на годишните програми?
  • Од Тамара Стојаноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Трчаш како девојче: Заговорот на тишината
Дисциплината е потребна во спортот, меѓутоа прашањето е која е границата помеѓу одржувањето на дисциплина и психолошко насилство и колку истото е навистина неопходно за формирање на подобри и поуспешни спортисти. 
  • Од Бојана Јовановска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 10 | Ecstatic Bodies
Јубилејното издание на Skopje Pride Weekend 2022, фестивал на квир уметност, култура и теорија, оваа година ќе се случува од 2 - 11 јуни и 15 - 17 септермври.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јас и моето драго чудовиште
Како можеш да прифатиш дека секојдневно ќе се соочуваш со нови проблеми, твоето тело постојано ќе се менува и ќе прогресира кон полошо, а да не се разочараш самата себе?
  • Од Викторија Пенова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Моника Стојановска: Пишувам отворено, сонливо и искрено
Може да кажам дека моите песни се една (за мене) потребна, но за жал погрешна психоанализа на другиот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram