Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Солидарноста е клучна за професионалниот развој: Интервју со тимот на Стела – првата женска менторска мрежа во Македонија
Женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.

Stella е невладина организација која придонесува кон подобрен пристап до образовни и работни можности за девојките и жените. Преку Менторската мрежа за образование, Stella нуди лично менторство и служи како алатка за споделување на образовни и професионални можности. Со тимот на Stella разговаравме за менторската мрежа и заклучоците од дискусиите во заедниците, женската солидарност и пречките со кои се соочуваат жените и девојките во Македонија во образовната и работната средина.

 

Стела постои точно една година. Како се роди идејата за овој проект?

 

Се започна со разговори на Skype, есента 2016. И покрај тоа што во тој период бевме ситуирани на различни места низ светот, ние не заборавивме дека многу девојки и жени во Македонија ги немаат истите можности, околности и/или поддршка која ние сме ја имале. Почнавме да истражуваме кои се клучните проблеми во ова поле во Македонија и бевме изненадени кога сфативме дека еден од најприсутните феномени е дека огромен број од жените кои успешно завршуваат високо образование, подоцна не се вклучуваат во пазарот на трудот. Ова нé натера да размислуваме за позадината зад овој проблем, водејќи нé кон препознавање на важната улога на механизмите за поддршка при пристапот кон образование и професионални ангажмани. Ова нé доведе до основање на професионална менторска мрежа.
Меѓудругото, бевме свесни дека родовата нееднаквост е структурален и општествен проблем. Па така, започнавме со организација на дискусии во заедниците низ општините во Македонија, сé со цел да започнеме теренска дискусија и да директно од жените слушнеме кои се проблемите со кои се соочуваат и како мислат дека може да се решат. На овој начин исто така сакавме да допреме до девојки и жени кои во друг случај можеби не би нé исконтактирале преку менторската мрежа.

 

Што би издвоиле од 2018 и од целокупното искуството со Стела, што според вас е значаен придонес кон родовата еднаквост во Македонија?

 

Особено сме горди на нашата менторска мрежа која е единствена од ваков тип во Македонија и има за цел да им го олесни пристапот на девојките и жените до соодветно образование и вработување, да пренесе знаења и искуства, со цел полесно соочување со пречки и донесување подобри одлуки. 70 менторки и 39 менторирани од Македонија, Косово, Србија, САД, Германија и Италија се дел од мрежата.

Организиравме 12 дискусии со 36 говорнички од различни етнички припадности и професионална позадина во различни општини во Македонија и креиравме сигурна и пријателска средина за околу 200 жени и девојки отворено да дискутираат на теми кои не се толку застапени во јавноста и да споделат искуства кои претходно немале можност/не сакале да ги споделат.
Ова беше особено значајно, од аспект на отворање дискусии во помалите заедници, каде ова прашање воопшто не се поставува.
Многу сме задоволни кога дознаваме дека жените се благодарни за постоењето на Стела, како за менторската мрежа, така и за дискусиите во заедниците. Подготвеноста на жените да бидат проактивни, да се појават на нашите дискусии и искрено да зборуваат за своите грижи е нешто што навистина се истакна во 2018. Знаејќи дека овие напори се правени во време на глобални движења чија цел е ставање на гласот на жените во фокус е исто така нешто што ни дава уште повеќе храброст и мотивација.

 

Кои се предизвиците со кои се среќававте во текот на годината?

 

Сакавме да има повеќе мажи кои би присуствувале на дискусиите на заедниците и кои активно би се вклучиле со поддршка на оваа иницијатива. Родовата еднаквост не е само „женско прашање“, напротив, им припаѓа на сите нас како заедница.

Исто така се надеваме дека ќе видиме повеќе отворени заложби и можности за жените, и се надеваме дека следната година и самите жени повеќе ќе се охрабрат да посегнат кон подобрување на својата позиција од општеството. Овие дискусии, се надеваме дека ќе ги охрабрат низ тоа понатаму.

 

Кои беа вашите впечатоци од дискусиите во заедниците, дали жените имаат различни потреби во различни региони и од различни етнички/религиозни позадини во Македонија? Дали може да се донесат некои генерални заклучоци за моменталната состајба во Македонија врз база на овие дискусии?

 

Еден од клучните проблеми со кои постојано се соочуваме е сексуалното вознемирување на работа и универзитетите. Ова е прашање кое ги надминува возраста, професијата, етничката припадност, регионот…Тоа покажува колку е сериозно ова прашање во нашата земја и колку нашето општество не успева да обезбеди безбедна работна средина за жените.
Недостаток на поддршка од семејствата или особено сопружници/партнери е друга тема која се провлекува низ нашите настани. Најчесто, жените стануваат градоначалнички, отвораат бизниси, започнуваат докторски студии и покрај недостатокот на поддршка од нивниот партнер и/или семејства. Тоа е, секако, многу тешка позиција за една личност. Замислете само една секунда колку е тешко кога лицето кое најмногу го сакате и со кое го споделувате својот живот, индиректно ви кажува “не си доволно добра за да го направиш тоа”. Ние сме импресионирани и ги поздравуваме напорите на сите овие жени кои не застануваат поради такви сомнежи или бариери и продолжуваат во стекнување на позиции во бизнисот, во политиката, во академијата, во војската, итн.
Жените во руралните средини се соочуваат со поголеми бариери во економски, социјален и културен поглед. Ова нѐ мотивира за оваа година да работиме напорно во тие области и да се обидеме на различни начини да ги отвориме патиштата за овие жени.
Затоа, можеме да кажеме дека женската менторска мрежа на Стела не е само група жени кои се таму за да обезбедат професионална поддршка за образование и кариера, туку и мрежа за поддршка за надминување на секојдневните општествени и приватни пречки и притисоци со кои се соочуваат жените во Македонија.

 

Во сржта на менторската мрежа Стела е концептот за женска солидарност и меѓусебна поддршка (професионална и лична) помеѓу жените. Зошто сметате дека ова е важно за нашата средина (и глобално) денес? Каква промена очекувате да создаде?

 

Ние гледаме и преку менторската мрежата и од нашите дискусии, дека солидарноста помеѓу жените, но и кон жените, е неопходна. Во разговорите што ги имавме низ различни градови и села во Македонија, жените споделија длабоко лични приказни за предизвиците со кои се соочуваат, почнувајќи од инхибициите што им ги наметнува традицијата, до искуства за вознемирување на работа.
Со сите овие случаи, стана очигледно преку нашите дискусии, дека солидарноста и заедничкиот простор и разбирање каде жените можат да разменуваат искуства е клучно за жените да ги надминат овие прашања или би биле многу важни таму каде што нема. Ние ги гледаме нашите напори како дел од формирањето на оваа солидарност. Фактот што многу жени се подготвени да ги споделат своите приказни, а и многу жени и девојки се спремни да бидат менторирани и да бидат менторки, покажува дека постои потреба за таква солидарност. Промената што очекуваме да ја видиме е тоа жените да бидат ослободени да зборуваат, да бидат слушнати и ќе се чувствуваат легитимно во барањето на нивните права.

Солидарноста е особено важна и во професионалната средина. Доколку жените би чувствувале поголема поддршка за своите професионални одлуки, работите би биле поинакви. Нашата менторска мрежа е само една од алатките преку кои целиме да се создаде култура на солидарност во професионалните односи, кои се рефлектираат понатаму и во личниот развој. Се надеваме дека ќе проднесеме до промена со самото актуелизирање на тоа колку емпатијата, разбирањето и поддршката влијаат врз нечиј прогрес.

 

Кои жени ве инспирирале (директно или индиректно) во професионална смисла?

 

Ние сме длабоко инспирирани од секојдневните хероини што ги сретнавме низ целата земја. Преку нашата работа со Стела, се сретнавме со толку многу жени од Македонија и пошироко, кои имаат постигнато толку многу во нивните кариери: многу од кои ги немаме сретнато пред Стела. Затоа, не само што Стела воспостави мрежа на ментори, туку исто така стана извор на многу инспиративни жени на кои можат да се огледуваат помладите генерации.
Членовите на тимот на Стела самите се инспиративни; жени кои и покрај тоа што се од мала земја со ограничени можности, успеале да влезат во најдобрите светски универзитети, најголемите организации, работејќи заедно со и како креатори на политики…

 

Што би споделиле со девојките и жените кои тукушто ја започнуваат својата академска/професионална кариера?

 

Не се плаши од неуспех. Контактирај ја Стела. Изгради мрежа за поддршка околу тебе со жени кои се повеќе од среќни да те поддржат. Ако ти оди добро, помогни им на другите жени околу тебе да го постигнат својот потенцијал.

НАПИШАНО ОД:
  • Калиа Димитрова
  • February 4, 2019
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Јавната соба е секаде околу нас
Јавни соби ќе постојат сè додека жртвите се виновни, виновниците неказнети, а родово-базираното насилство е „дружење и зезање“.
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Добро запомнете го името Исра
Интерсекциски преглед на феминизмот во Палестина
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Викторија Постоловска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Тие се бомби“: Машкиот поглед и борбата против родово базираното насилство
Хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Јована Ѓорѓиовска
  • ФЕМ 101
Целосната еманципација на жената било неотстварено ветување во социјалистичкиот контекст
Интервју на Славенка Дракулиќ со унгарската научничка која напиша книга за феминизмот во Југославија
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Коалиција Маргини
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Дали Академијата мисли дека филмот Little Women се режираше сам?
Време е да се фрлат номинациите за Оскар оваа година директно во оган.
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • ФЕМ 101
Збор на годината: Согласност
Се надеваме дека во 2019 ќе почнеме да ги гледаме плодовите од дискусијата за сексуалната согласност!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Кондоми – инструменти за игри на моќ
Стелтинг и отпорноста кон користење кондоми кај хетеросексуалните мажи
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Наталија Станојевиќ
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Skopje Pride Weekend 2021 | Настраното заедничко: Политики на пријателство, љубов и афекти
Оваа година фестивалот ќе се одвива од 2 до 8 јуни, во МСУ Скопје и КСП Јадро
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Човечноста и отпорот на Тони Морисон
Лесна ли ќе и биде земјата на Тони Морисон, тешката земја на овој свет повторно втурнат во стапицата на омразата?! - запрашува Ивор Мицковски во новиот текст за Дојче Веле.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивор Мицковски
  • ФЕМ 101
Протестен марш: Јавна соба е кривично дело
Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Голото селфи како нова уметничка форма
За многу жени-уметници, создавањето на сопствениот разголен приказ станува начин за реапроприација на стереотипната слика на жената од машките традиции на историјата на западната уметност.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
За „подобрите и попаметните девојки“ или Како да се искаже неискажливото
„На некоја друга жена ова никогаш не би ѝ се случило.“
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Фросина Крушкаровска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Личностите пред мојот објектив ме запознаваат со сама себе: Интервју со Лилика Стрезоска
Приказна за портретната фотографија, селењето од Скопје во Берлин, изолацијата и пријателството.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
5 серии за гледање за време на изолација
Серии чии дејствија ги осветлуваат присутните општествени проблеми кои предолго беа игнорирани од страна на телевизиската продукција
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Sex Education – серијата што ми требаше кога бев тинејџерка
Клинката на Отис и Мејв покажува дека има потреба од таков тип на советување – како од искусни терапевти, така и од врсници. Затоа што не е сеедно дали доволно се познаваме себеси – емоционално и сексуално.
  • Од Мартина Јаневска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Чекајќи го ветрот
На исклучително добра книга за деца се наидува прилично ретко.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Подгответе се за суров оптимизам
На 2 септември, со групната изложба Скршено, отвора овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Oва мое тело не е едно и се менува: Интервју со Верица Недеска
За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Глад – Роксен Геј
Ова е мемоар на моето тело бидејќи, најчесто, приказните за телата како моето се запоставуваат, отфрлаат или исмеваат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Од мое гледиште – обука за критичко феминистичко пишување на Прво па женско#9
Ги очекуваме вашите апликации до 28 мај
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како јас да ѝ верувам на правната држава?
Интервју со Џејлан Велиу.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Отпорот е клуч – феминизам и борбата за климатска правда
Без разлика кои системи на доминација се присутни во нашето општество, последиците влијаат на сите нас
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ана Аврамовска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА
Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
  • Од Калиа Димитрова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Сиромаштијата има женско лице
Галерија од вчерашниот Марш за женски права.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Подмолното прваче
Подмолното прваче наводно сака да научи за феминизмот, родовата нееднаквост и патријахатот, но сите информации сака да му бидат уредно сервирани и со питок јазик
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Рестартирање со Терапија
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Терапија се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Скриената неправда меѓу средношколските клупи
Со знаење и свест во борба против менструалната неправда и сиромаштија.
  • Од Ангелина Цветковска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зад секој хомофобичен и трансфобичен напад постои човекова приказна – Oва е мојата
Важно е жртвите на насилство да зборуваат и да пишуваат за своите искуства, доколку се чувствуваат спремни да го напраат тоа, но важно е и нивните пријатели и поддржувачи да им помогнат во процесот на опоравување.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марко и Елена

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram