Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.

Инспирацијата за овој текст се роди на една средба со „медузите“ во пандемската 2021. Не се сеќавам како одеше разговорот. Мислам дека влетав и ме дочека прашањето дали јас како психолог верувам во интуиција. И како од пушка реков – апсолутно да! Никогаш не сум згрешила кога сум донела одлука врз основа на интуиција. Интуицијата е една од омилените мои (и наши) супермоќи.

Во разговорот со „медузите“ ја споменавме интуицијата како „женска“ тема зашто патријархалните дискурси традиционално ја позиционирале интуицијата на територија на женски, речиси магиски, феномени, недостојни за научен потфат и како контакт со нешто отаде. Односно, доволно опасни да бидат жените гонети и убивани поради својата моќ која доаѓа од место што не може да се разбере, објасни, контролира и дисциплинира. Мене таа зафрлена територија на магични моќи доделени и препуштени на жените ми носи многу комоција и спокој. Интуицијата ми е гаранција дека сум/ќе бидам на свое и дозвола да се препуштам на тоа што доаѓа.

Во декартовската поделба што го расцепи западот на ум и тело, интуицијата припаѓа заедно со телото; на природното, второстепеното, дивото, непредвидливото, женското, тоа што треба да се заузда и покори. Феноменологијата и феминистичката теорија ги отвораат вратите за истражување на овој феномен преку концептот на отелотворено знаење. За мене, важност во разбирањето на интимните преживувања на интуицијата имаат и гешталтистичкиот поим поле и системскиот концепт констелации. Во овој кус есеј нема да ги објаснувам овие теориски концепти, но ќе пробам да го појаснам тврдењето што го давам преку живеена субјективна позиција.

Ова би била дефиницијата што ја имам на ум во моментот: интуицијата овозможува отворање и останување во контакт со тоа што е во полето. Така, имаме можност да осетиме/насетиме и преку тоа отелотворено, афективно искусување да „видиме“ доволно јасно одредени можности, исходи, сцени, динамики, кои потоа ни овозможуваат да се ориентираме, да се позиционираме, да согледуваме и да носиме одлуки.

Интуиција, за мене, е можноста да бидам во контакт со себе и со нешто поголемо од мене што во моментот ниту го знам ниту го разбирам. Се отворам и препуштам на тоа што низ мене може да се пројави и „чекам да ми се каже“, „да го осетам“. Често, телесно, интуицијата се поврзува со чувствата што ги добиваме во стомакот[1]. Но, за мене не било секогаш и само така. Во многу ситуации интензитетот на чувствувањето поминува низ стомакот, но интуицијата се пројавувала како слика или визија, за која сум сигурна дека не е моја, зашто немам некоја интенција да ја создадам, за разлика од фантазијата. Едноставно се појавува, а јас ѝ дозволувам да се одвива, да остане и да ѝ поверувам, како отелотворено знаење, што не е само когнитивно, туку припаѓа на други сфери на афективното и на релациското. Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е. Како енергија што се проживува во дадена ситуација или контекст. Како реакција на нешто што не е мое и не сум сигурна што е, ама е присутно само како назнака. Може да биде и одредено однесување што не ми е доволно јасно од каде излегува, како кога несвесно се приспособувам со однесувањето зависно од тоа со кого сум и некогаш е во толкава десонанција со мене, што ме чуди и ме повикува да разберам што се случува во тој момент, релација и ситуација.

Да дадам пример. На протестите во 2015 мојата лична ситуација и чувства беа поврзани со напрегањето кон промена, исчекувањето, со радоста да бидам со други и дел од токму тој општествен момент. Постпленумски можев да поверувам и да се надевам, да се носам со стравот дали и што е можно, исчекување на тоа што ќе се случи, сомнежи за себеси, дилеми дали правам доволно, вина дали ја оставам својата ќерка, партнер и дом предолго и пречесто и умор да постигнам на сите места во мојот живот.

Но, надвор од личното, осетив промена во доживувањето во однос на ситуацијата. Во специфичен момент на протестите енергијата, атмосферата што ја чувствував беше нејасна, дифузирана, доживував несклад, тензија и чудна дисонантно опуштена атмосфера со исклучително напнат фон, и на крај, промашување. Ова доживување предизвика да ги изгубам мојот ентузијазам и желба да продолжам да одам на протестите. Тоа беше периодот од „Протестирам“ кон „Шарена револуција“. Не бев директно вклучена во организирањето, иако имав спорадични информации „од заднината“, но тоа што ме сопре, на некој начин, не беа информациите, туку беа токму чувствата што се обидувам да ги дофатам и изречам кои во еден момент за мене се пројавија како „не, ова не е твојата борба, ова прераснува во нешто што не е твое“. Во тој момент ги напуштив протестите.

За мене, има нешто многу смирувачко во тоа да се потпреш на нешто што е поголемо од тебе. Како отворање кон светот, за да се насети, доживее и прифати тоа што светот го содржи, што го носи. Дозвола светот да биде помудар од нас, од нашиот разум, дури и во ситуации кога тоа што го доживуваме, што го гледаме, насетуваме е застрашувачко. Интуицијата ме прави доволно понизна и доволно моќна истовремено.

[1] Денес медицинските и невронауките се живо заинтересирани и веќе објаснуваат зошто токму стомакот е јадрото на преживувањата преку севкупноста и нераскинливата поврзаност на невролошкиот од другите системи.

НАПИШАНО ОД:
  • Ана Блажева
  • December 13, 2022
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Важноста на родителската поддршка за квир лицата
За важноста, контроверзноста и субверзивноста на родителската поддршка за квир лицата.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Рафики: Колективниот пристап е клучен за впечатливи искуства 
Запознајте го диџеј колективот РАФИКИ Берлин.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За изолацијата и перспективите
Перспективата е новиот ментален простор што треба да го отвориме за да може да ја освоиме слободата. Меѓите да се трансцендираат во просторот на можното, наместо во просторот на физичкото и ограниченото.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Постбалкански барок и евровизиска ренесанса
Констракта ги мапира невралгичните точки на современото пост-југословенско општество и ги поврзува во една конечна слика – портрет на пост-Балканот во неолибералната магла.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Силувач на твојот пат – чилеанската феминистичка химна се шири низ светот
Милиони жени во регионот излегоа на улица да побараат нешто што е толку основно, но сепак е повредено: правото да се живее животот без насилство.
  • Од Гала Насева
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Dykes on Bikes: Кратка историја
Зошто Dykes on Bikes поворката е клучен дел од ЛГБТК+ протестите и маршовите ширум светот?
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што е тоа согласност?
Kако неинформираното разбирање на согласноста влијае врз жртвите и сторителите.
  • Од Бојана Стевановска
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Meduza talks: Создавање речник за болката
Оваа среда, во 19:0ч., почнуваме со Meduza talks, а наши први гости се Ангел Димитриевски и Ана Блажева.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
BLM лектири
Не е доволно да не сме расисти. Мора да бидеме антирасисти.
  • Од Сара Миленковска
  • КВИР, ФЕМ 101
Нашите животи се важни!
Нашата различност ни овозможи да развиеме мрежи на поддршка и безбедни простори во кои дел од нас можат да живеат слободно и достоинствено. Нашата маргинализација ни овозможи да се солидаризираме со сите обезправени заедници, а преку нашата борба да се залагаме за еманципација на целото општество.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мојата постпородилна приказна
Мислите и состојбите по пораѓајот не те дефинираат ни како личност, ни како мајка
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Не мора да сме среќни за празниците
Настранување од божиќниот идеал во филмската нарација на Carol
  • Од Душица Лазова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Совршена жртва“
И јас бев тинејџерка која одеше на забави, но за среќа јас немав свој Брет Каванау
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Одиме во хоризонтала!
Шест препораки за летна читачка уживанција
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Заминувањето на Ана Карина
Иако во ерата на новиот бран никогаш докрај не беше постигнато целосно одвојување на женските улоги од веќе создадените патријархален наративи, за првпат почнаа да се отвораат прашањата за женската индивидуалност на филм, а улогите на Карина се токму оние кои го овозможија овој иновативен и неизбежно потребен потфат.
  • Од Гала Насева
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родителската поддршка: мост помеѓу хетеро и квир луѓето
За тоа колку јавната поддршка од родителите на квир деца е истовремено контроверзна, субверзивна и неизмерно потребна сведочат реакциите и вниманието кое го доби жената која држеше транспарент „Горда мајка!“ на Парадата на гордоста во Скопје во 2019.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зрачни и во полн цут: монструозното-женско во филмот „Мидсомар“
Родова перспектива на ликот на Дени во филмот „Мидсомар“.
  • Од Елена Петрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Скопски поетски фестивал за мене значи остварен сон: Интервју со Ана Голејшка Џикова
Оваа година Скопје конечно добива свој поетски фестивал. За програмата, тајмингот и поезијата, разговаравме со Ана Голејшка Џикова, една од организаторките на фестивалот. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се родиш повторно?
(опсесијата на поп-културата со новиот почеток)
  • Од Кристина Атанасова
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Родово-несензитивни закони и родови стереотипи
Правни бариери во пристапот до правда на жените-жртви на семејно насилство.
  • Од Адвокат Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Да се биде жртва на говор на омраза 
Жртвите на говор на омраза често имаат многу помалку моќ од личностите на политички функции и се обични граѓани кои едноставно припаѓаат на одредена идентитетска група.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • ФЕМ 101
Бараме од работодавачите да ги ослободат работничките за да присуствуваат на Маршот за Осми март
Маршот ќе се одржи на 8ми Март со почеток во 15.00 часот пред МВР (ул. Димче Мирчев бр.9, главен влез), а ќе заврши во Парк Жена Борец.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Нам жените потешко ни се простуваат грешки: Интервју со Лана Басташиќ
Пишувам главно за женското искуство затоа што тоа е и мое искуство.
  • Од Радица Стојановска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 17 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram