Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Историјата на лезбејските блуз пејачки од Харлем
Како култните квир блуз пејачки направиле револуција во културниот пејзаж на Америка.

Вистина е дека носам вратоврска и фрак

Разговарам со девојки како секој маж

 

Кој би помислил дека во далечната 1928 година, длабоко под конзервативните едвардијански тротоари, во зачадените подруми на блуз клубовите, Ма Рејни (Ma Rainey), позната како „Мајка на блузот“, не само што ги испеала овие стихови во нејзината песна Prove It On Me, туку и го живеела животот за кој пеела. Имено, впуштањето во истополови односи во тоа време не било само обичен флерт и потенцијален скандал, туку и казниво со закон.

Музичарките како Рејни, Беси Смит (Bessie Smith) или Гладис Бентли (Gladys Bentley) изведувале и голем број песни за љубовта и загубата посветени на мажите, но блуз музиката во дваесеттите години на минатиот век била толку далеку од јавноста и мејнстрим културата што и тие повремено си го дозволувале тој луксуз да опеат неконвенционални желби во своите песни.

„Не се фасцинантни тие неколку песни што ги напишала Ма Рејни, имало илјадници такви песни, фасцинантно е тоа што во тоа време воопшто имало песни со референци за лезбејството и хомосексуалноста“, вели Роберт Филипсон, режисер на документарниот филм „Ничија работа: Квир блуз дивите од 1920-тите“ (T’Ain’t Nobody’s Bizness: Queer Blues Divas of the 1920)

Помалку од половина век по укинувањето на ропството, афро-американските музичари честопати биле под притисок да докажат дека можат да бидат подеднакво уметнички писмени и креативни како сите останати, па поради тоа ги попримиле христијанските вредности на американската бела средна класа во обид да се изедначат. Блуз заедницата била поштедена од такви „сеќирации“ и токму тоа ја направило совршена средина за оние луѓе кои доминантното американско општество ги сметало за сексуално девијантни. Она што тогаш се нарекувало сексуална девијантност непречено цветало на овој начин и затоа честопати било изразувано и преку самите зборовите на песните.

Беси Смит, штитеничката на гореспоменатата Ма Рејни, во 1930-тите пеела во нејзината песна „Момчето во чамецот“ (The Boy in the Boat): „Кога ќе здогледаш две жени како се шетаат по улица држејќи се за раце, погледни преку тоа и обиди се да ги разбереш: Тие одат на оние забави – со пригушени светла – забави на кои смеат да одат само жени“.

Додека омажената Беси секогаш кога патувала покрај себе имала љубовница и велела дека може да ја има која било од нејзините танчерки, помалку познатата Гладис Бентли го водела харлемскиот клуб Clam House и отворено ја шармирала женската публика со нејзиниот неизбежен смокинг и кратко потстрижената коса. Клубот се прославил благодарение на нејзината репутација, па познатите „булдожерки“ (bulldaggers – тогашен сленг за машкуданести или буч лезбејки) од тоа време постојано ја посетувале Jungle Alley (каде што се наоѓал клубот), а тоа го правеле и љубопитните белци од отмените населби.

Од друга страна, недостатокот на технологија, но и неразвиеноста на културата на славните (celebrity culture) која го следи нивниот приватен живот им овозможиле на блуз пејачките кои не сакале јавно да ги изложат своите романтични склоности истите да ги зачуваат за себе. Блуз и џез вокалистката Ethel Waters речиси цел век успешно ја криела својата партнерка, танчерката Ethel Wiliams, сè додека Stephen Bourne во нејзината биографија од 2007 не откри дека таа и Етел дури и живееле заедно.

Како тогаш oние музичарки кои отворено го промовирале својот начин на живот во повеќето случаеви останале неказнети, иако раката на законот во тоа време била немилосрдна кон истополовите релации?

„Сето тоа се случувало донекаде во тајност, во урбаните средини во затворени заедници“, вели Филипсон, додавајќи: „Имало некои јавни настани кои отворено ја промовирале алтернативната сексуалност во Харлем и Гринич Вилиџ, како на пример дрег баловите во Харлем кои биле посетувани како од љубопитните, така и од познатите личности. Имало и некои дрег изведувачи, но тие повеќе биле исклучоци“.

Филипсон продолжува да зборува за тоа како е многу веројатно дека овие блуз диви извршиле влијание и врз движењето на флаперите (flapper) кое ги отфрлило потчинетоста кон мажите и пост-викторијанската визија за жените.

„Сите овие жени потекнувале од работничката класа или имале маргинализирано потекло за време на еден од најлошите периоди на расна сегрегација во Америка, и успеале да создадат кариера и да заработуваат сами во време кога тоа било многу невообичаено за една црна жена,“ продолжува Филипсон.

Валканиот блуз „од дното“ како оној испеан од Ма Рејни, Беси Смит или Етел Вотерс, бил крик против црната буржоазија, која иако не го претставувала мнозинство на црната заедница, се стремела да се вклопи во едвардијанската бела заедница со присвојување на нивниот пост-викторијански морал кој, се разбира, подразбирал нулта толеранција за хомосексуалната заедница.

„Моралот тогаш значеше целибат пред брак, брак, создавање семејство, поминување на остатокот од животот во моногамна заедница, редовно одење во црква и растење на децата во духот на христијанството кои потоа ќе го заземат вашето место во општеството“.

Овие блуз диви кои ги изразувале своите лезбејски тенденции самите го трасирале својот пат во општеството, правејќи револуција во културниот пејзаж на Америка на почетокот на 20-тиот век.

„Нема време за венчавање, нема време за помирување“, пее Беси Смит во нејзината песна Young Woman’s Blues од 1926 година.

Извор: VoxFeminae

НАПИШАНО ОД:
  • Тимот на Медуза
  • October 19, 2021
  • ФЕМ 101
Фудбалот е за девојчиња, како што и куклите се за момчиња
Родителите и старателите немаат намера да се однесуваат поинаку кон момчињата и девојчињата, но доказите покажуваат дека тие очигледно го прават токму тоа.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Безбојниот јазик во Бојата на пурпурот
„На читателот не му должиме ништо, односно ништо повеќе од она што стои во текстот.“
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА
Кога сакаме, не сме сами: интервју со Јелисавета Благојевиќ (прв дел)
Кога скршеното срце е изложено, кога конците се видливи, тоа е сила, тоа е доволно за живот во кој 'јас' може да се пресоздаде, неумитно во себе да ги опфати грижата, болката, срамот, стравот, љубовта, себе-дарувањето, пријателството, радоста и конечно – гордоста да се биде ваков или таков, или никаков, но возможно е – секаков!
  • Од Вики Младенова
  • Од Вики Младенова
  • ФЕМ 101
Жените во Собрание: Претставување, дејствување и политичка моќ
За подобрување на застапеноста и учеството на жените во Собранието потребни се уште многу напори, и законски, но и суштински.
  • Од Сара Миленковска
  • ФЕМ 101
Причините зад криминалното однесување на жените наспроти апсурдите во застарените македонски учебници
Реалниот живот покажува дека во голема мера кривичните дела на жените се поврзани токму со домот каде се случува насилство, постојат традиционални очекувања од жената и/или виктимизација.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од вон. проф. д-р Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качоровска
  • Од Калина Качoровска
  • ФЕМ 101
Коронавирусот открива колку мачо стереотипите се вкоренети во општеството
Владата на Велика Британија и скоро сите машки „воени кабинети“, му прогласија „војна“ на коронавирусот. Ова е проблематична аналогија затоа што она што е главно потребно за справување со COVID-19 е грижа, социјална солидарност и поддршка на заедницата - не борбата и насилството.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
3 години Медуза
Дали дизајнов не' издава дека заборавивме на сопствениот роденден?
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Патишта на траумата
Што сè ѝ се случува на една жртва по злоставување
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Матеј Тројачанец
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Они би ги „контролирале младите“, ние би ги воспитале девојчињата да знаат дека можат да блујат оган
Кај нас редовно се појавувават луѓе кои не покажуваат храбост отворено да застанат зад жртвите на криминал, па својата недоволна информираност и конзервативност ја камуфлираат зад жалопојките поради губењето на семејните вредности.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.
  • Од Елена Петрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Ова не е трка, туку обид да се подигне свеста и да се поддржат жртвите на сексуално насилство
Клер Мекфарлен го избира спортот како начин да се исчекори кон промена, зашто тој ги обединува и поврзува луѓето. Но, и поради тоа што смета дека спортот е важен за физичкото и емоционално зацелување на тие кои преживеале насилство.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Павлина Симоноска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Згодна маратонка го истрча полумаратонот по гаќички“. Tоа што освои прво место е второ.
Родовите норми и стереотипи се овековечуваат и зајакнуваат преку неурамнотеженото и патријархално медиумско претставување на жените и мажите во спортот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ангела Рајчевска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Бел хукс: „Нашата прва љубов е љубовта кон себе“
Плодната писателкa, мислителка и теоретичарка дискутира за љубовта кон себе и за тоа како искрено да ја процениме сопствената вредност.
  • Од Душица Лазова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Очекуваме ослободителна пресуда за Пале Илоска
Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жртвите се множат, додека институциите тивко потфрлаат
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА НА ЖЕНИ-АКТИВИСТКИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН ЗА РОДОВО-ЗАСНОВАНОТО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
7 месеци мојот живот и траума лежат во фиока во обвинителство
Сведоштво на гевгеличанката чии фотографии се споделувале на „Гевгелија Хаб“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Интерсекционалноста и улогата на родот во книгата „Седумте мажи на Евелин Уго”
Евелин е жртва на сексизмот - од страна на големиот Холивуд. Евелин е жртва на патријархатот, за кој жената е секогаш виновна, дури и кога молчи.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ивана Цилевска
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
ЖЕНАТА И ГРАДОТ
Преку пишувањето му се овозможува на телото да продолжи да постои. Така обработувањето на сеќавањата е најмакотрпната активност во средина каде времето се забавува „до точка на застанување“ и каде часовите „како капки пот, лека-полека се откинуваат и капат“
  • Од Мања Величковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Отуѓивите права на жените
На многу начини бременоста е најнеприватното искуство во животот на една жена.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кога домот не е безбеден
Голготата на жртвите на родово-базирано насилство кои одлучуваат да го напуштат домот и да останат без покрив над глава со цел да се спасат од насилникот.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што претставува фемицидот?
Деновиве многу девојки и жени споделуваат црно-бели фотографии од себе под хаштагот #challengeaccepted  како знак на меѓусебно поддршка. Меѓутоа, изворот на овој „тренд“ всушност се наоѓа во Турција.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Теодора Соколовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Безбедниот абортус е основна здравствена заштита – и точка!
28 септември – Меѓународен ден на безбедниот абортус
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Хероините на нашето време: Интервју со Јана Јакимовска
По повод изложбата „Хероините на нашето време“ на Јана Јакимовска, Медуза разговараше со Јана за нејзината работа, отворањето на изложбата, неодамнешниот престој во Њујорк, хуморот и жената. Разговорот го водеше Калиа Димитрова. 
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, КУЛТУРА
Феликс Гонзалез – Торес: забавно провокативен, смртно сериозен
Талентот на Феликс како уметник беше тоа што ја разбра моќта на суптилноста.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова
  • Од Вања Кирова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто разводот е добар?
За децата и родителите е подобро да живеат среќно и разделено, отколку несреќно и заедно.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Ирена Цветковиќ
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Здравствениот систем и проблемите на трансродовите лица
Oсврт на трансродов маж од Македонија.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Тука сме и без закон
Марш за видливост на трансродовите лица
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА
ГУЖ #1 Yaeji
Мислам дека музика може да трансцедентира јазик
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Промоција на „Дијалози“
Во четврток ќе прославиме една година љубов, пријателство, и феминистичко пишување и дејствување.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Вирусите не дискриминираат – луѓето да!
Ако COVID-19 нè научи нешто, тоа е дека ниту еден вирус, ниту една болест не дискриминира. Тоа е карактеристика исклучиво на нас, луѓето.
  • Од Тимот на Медуза
  • Од Заедно посилни

Момент...

No more pages to load

1 2 … 12 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2022 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram