Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Куќата на соништата на Кармен Марија Мачадо
Избрани поглавја

Куќата од соништата како љубовен роман

Недела дена по враќањето од Савана, се ебете на твојот кревет, ти свршуваш и таа вели, „Те сакам.“ Двете сте испотени; силиконскиот стреп-он ти е сè уште внатре. (Кога се гледаше со мажи, секогаш сакаше како курот отпосле омекува во тебе; сега, задишана на нејзините гради, се тргнуваш и тоа рипнува повторно каде што си беше, глатко и исправено, но сепак истрошено.)

           Гледаш надолу кон неа, збунетост измешана со вибрациите од оргазмот, и таа ја става раката врз уста. „Извини,“ вели.

           „Го мислеше ли?“ прашуваш.

„Не мислев да го кажам баш сега,“ вели таа, „но го мислев.“

Ти си тивка подолго време. А потоа велиш, „И јас те сакам тебе.“ Чувството е глупаво, одвратно правилно и не разбираш како не знаеше сè досега.

„Ако не влезам во Ајова, не знам што ќе правам,“ вели таа. „Сакам да останам тука со тебе. Само тоа го сакам.“

(30)

Куќата од соништата како дежа ву

Таа те сака. Ги гледа твоите префинети, неискажливи квалитети. За неа ти си единствената на целиот свет. Ти верува. Сака да те заштити. Сака да остари со тебе. Мисли дека си убава. Мисли дека си секси. Понекогаш, кога погледнуваш во телефонот, таа ти пратила нешто неверојатно прљаво и го чувствуваш бодежот на желбата помеѓу нозете. Понекогаш кога ја фаќаш како гледа во тебе, се чувствуваш како најсреќната личност на целиот свет.

(31)

Куќата од соништата како таксономија на народни приказни

Во приказната на Ханс Кристијан Андерсен, на Малата сирена ѝ е отсечен јазикот. Во „Дивите лебеди“ Елиза е принцеза која седум години не зборува додека плете кошули од коприва за нејзините браќа кои биле претворени во епонимните птици. Потоа тука е и Младата гускарка на која ѝ се украдени идентитетот, титулата и мажот од лажливата слугинка, и која не може да зборува за маката затоа што се плаши за својот живот.   

Малата сирена страда и на други начини. Процесот на растење нозе е исто толку болен како кога ножеви би ѝ ја сечеле опашката. Таа танцува убаво затоа што секој пат кога ќе стапне е во агонија. Сепак, принцот не ја бира неа. На крајот, таа размислува да го убие за да се спаси, но наместо тоа одбира да умре и е одведена од ангели. (Преку своето страдање таа заслужила душа.) Но, пред тоа вештерката го зема мускулот од нејзиниот јазик и сече низ ткивото. Ако некогаш сте сечеле свински котлет со никаков нож од Икеа, тогаш знаете како е – тоа нишање, лулање напред-назад, гломазното и квичаво предавање на мускулот, масното ткиво како бел мермер.

Елиза, од друга страна пак, е среќлија. Среќнич-ка, да речеме. Океј, посреќна. Копривите журкаат и таа мора да ги собира од гробишта. И мора да биде безгласна за целото тоа време: безгласна додека ги создава кошулите со нејзините груби и плускави раце, безгласна додека некој маж се вљубува во неа, безгласна додека се обидуваат да ја горат поради вештерство. И дури и кога ја завршува задачата, таа се онесвестува пред да може да прозбори, па така нејзините браќа мора да зборуваат за неа.

А Младата гускарка? Таа преживува. Буквално преживува. Да, саканиот коњ што зборува на лажната принцеза е убиен, и неговата глава е ставена да виси на порта за сите да ја видат. Да, таа мора да гледа како некој танцува наоколу со нејзиниот идентитет облечен како костум, исплашена да го каже она што мора да биде кажано. Но, на крајот, со помошта на добриот крал и момчето-гусок, нејзината вистина излегува на виделина. Таа се мажи со принцот, владее со добрина и е среќна до крајот на нејзиниот живот.

Понекогаш јазикот ти е изваден, понекогаш самата го смируваш. Понекогаш живееш, понекогаш умираш. Понекогаш имаш име, понекогаш си именувана по тоа што – а не која – си. Приказната секогаш изгледа малку поразлично, зависно од кој ја кажува.

Постои една Кечуа загатка: El que me nombra, me rompe. Она што ме именува, ме крши. Решението е, се разбира, „тишина“. Но, вистината е, секој оној што го знае твоето име може да те скрши на половина.

(38-39)

Куќата од соништата како изгубени во преводот

Како да го толкуваш неjзиното студенило: таа е презафатена. Таа е незадоволна. Таа е незадоволна од тебе. Си направила нешто и сега таа е незадоволна, и ти мора да откриеш што е тоа за таа да престане да биде незадоволна. Зборуваш со неа. Јасна си. Мислиш дека си јасна. Го кажуваш она што го мислиш и го кажуваш после многу мислење, а сепак кога таа ти го повторува кажаното, ништо нема смисла. Дали го кажа тоа? Стварно? Не ти текнува дека тоа си го рекла или пак помислила, а сепак таа ти дава до знаење дека било кажано и дека баш така си го мислела.

(98)

Куќата од соништата како откровение

Повеќето видови на семејно насилство се сосема легални.

(129)

Куќата од соништата како прљав веш

Еден ден прашува, Кој знае за нас? Се претвора во рефрен. Чудно е—во некои минати генерации тоа можеше да значи толку многу нешта. Кој знае дека сме заедно? Кој знае дека сме љубовници? Кој знае дека сме квир? Но, кога те прашува, неизречената причина е грозна, испразнета од благородност или романса: кој знае дека вака ти се дерам? Кој слушнал за случката на Божиќ?

           Таа никогаш не го кажува баш тоа, се разбира; таа само сака да знае со кого зборуваш, кого треба да го избегнува, за кого не треба да се труди да го освојува. Секој одговор ја разгневува. Кога ѝ велиш, „Никој,“ те нарекува лажга. Кога ѝ кажуваш, „Само моите цимери,“ очите и стануваат остри и ладни како камен.

(176)

 

Куќата од соништата како дежа ву

Вели дека те сака, понекогаш. Ги гледа твоите квалитети и ти треба да се срамиш од нив. Камо да беше единствената за неа. Ќе те чуваше, ќе остареше со тебе, ако можеше да ти верува. Не си секси, но ќе има секс со тебе. Понекогаш кога погледнуваш во телефонот, таа ти пратила нешто запрепастувачки сурово, чувствуваш страв помеѓу твоите плешки. Понекогаш кога ја фаќаш како гледа во тебе, ти изгледа како да одлучува за најдобриот начин да те расчеречи.

(208)

 

Куќата од соништата како односи со јавност

А не ли мажите ги манипулираат психолошки жените, ги злоставуваат своите љубовници, ги малтретираат своите девојки, ги убиваат своите жени од почетокот на историјата до денес? И не е ли нивното насилство секогаш една фуснота, прифатлива жртва? Дејвид Фостер Волас фрлил масичка кон Мери Кар и ја бутнал од автомобил во движење, но никој всушност не зборува за тоа. Карл Андре речиси со сигурност ја бутнал Ана Мендиета од прозорецот на 34-от спрат од нивниот стан во Гринич Вилиџ и се извлекол. Во Мексико, Вилијам Бароуз ја застрелал Џоан Волмер во главата; нејзината смрт, подоцна рекол, го направила писател. Овие приказни се толку чести што веќе не се шокантни на ниту еден значаен начин; поизненадувачки е кога нема докази талентиран маж воопшто да повредил некој. (Признавам, никогаш не сум верувала во тоа; само претпоставувам дека тие мажи подобро го кријат тоа од повеќето.)

Со години се мачев да најдам примери за моето искуство кај квир жените во историјата. Листав и листав за квир жените од минатото, пенкалото поставено врз хартијата, прашувајќи се што би се случило ако му дале на светот до знаење дека биле уништени од некој со исто толку малку моќ колку и тие. Дали женкарењето на Сузан Б. Антони се протегало и до психолошко мачење? Што навистина ѝ зборувала Елизабет Бишоп  на Лота де Маседо Соареш кога многу пиела? Дали фрлале мастилници и фигуринки? Дали некоја од нив претпазливо ги допирала своите модринки и знаела дека објаснувањето ќе биде пресложено? Се прашувала ли некоја од нив дали она што им се случувало воопшто имало некакво име?

Никогаш нема да го заборавам ударот што го почувствував кога еден од првите венчани лезбејски парови во Масачусетс се разведоа пет години подоцна—еден вид на срамна паника. Бев тазе дипломирана, свежо аутирана, обидувајќи се да се гледам со жени во Беркли. Се сеќавам дека чувствував језа, како да разводите не беа нешто што се случува секаде околу мене во секој момент, како да не беа една целосна баналност. Но, тоа е стравот на малцинството, нели? Дека ако не си внимателна, некој ќе те види—или луѓето кои го споделуваат твојот идентитет—како правиш нешто човечко и ќе го искористи против тебе. Иронијата, се разбира, е дека на квир луѓето им треба добар пи-ар; за да се бориме за правата што ги немаме, за да ги задржиме оние кои ги имаме. Но не ли се обидувавме, цело ова време, да кажеме дека сме исти како вас?

           Не е радикално да се посочи дека луѓето на маргините мораат да бидат подобри од луѓето во мејнстримот, дека мораат да имаат два пати повеќе што да докажат. Во обидот да ги натераш луѓето да ја согледаат твојата човечност, ја откриваш токму неа: твојата човечност. Твојата суштински проблематична природа. Сите посебни и ужасни начини на кои луѓето можат да пропаднат и на кои пропаѓаат. Но, на луѓето им е проблематичен овој концепт. Исто е како кога после Пронаоѓајќи го Немо луѓето кои не знаеле да чуваат риба-кловн се стрчале во продавница да ги купат и рибите умреле. Луѓето ја сакаат идејата, дури и кога не знаат што да прават со неа. Дури и кога само знаат како да го направат токму погрешното нешто.

(261)

 

 

НАПИШАНО ОД:
  • Грација Атанасовска
  • February 9, 2022
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Телото и (постхуманистичките) феминистички практики во фокус на Венециското биенале
Претставувањето на телата и нивните метаморфози, односот помеѓу поединците и технологијата и врската помеѓу телата и Земјата се само дел од темите на овогодинешното Биенале.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како универзитетската култура ги прикрива злоупотребите на моќта
Сара Ахмед за пријавите од вознемирување и тактиките на замолчување во својата нова книга „Жалба!“.
  • Од Душица Лазова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Моето тело – мојот храм: Приказната на една нео – вагина
Решив за мојата борба да зборувам отворено и експлицитно затоа што сметам дека поинаку не може. Решив да зборувам зашто знам дека некаде има некоја жена што поминала или поминува или ќе поминува низ истиот пат но нема на кого да се обрати, нема со кого да сподели.
  • Од Гасеница
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да ги украдеме женските митски ликови
Со своето (женско) препрочитување на ликовите на Пенелопа и Деметра, Кавареро ги ослободува од стисокот на патријархалното имагинарно
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сè за љубовта: нови замисли – бел хукс
Да бидеме појасни: да најдеме зборови за љубовта
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Еден „клик“ може да уништи цел живот: Интервју со Дина Дума
Имав ретка шанса да поразговарам со околу 100 девојки на кастингот кои беа отворени да ги споделат нивните приказни на оваа тема.
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како (не) се известува за сексуално насилство
Интервјуто на Информер треба да се разбере како симптом на насилна патријархална култура која глорифицира сексуално насилство.
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Што ако сум „single“?
Сфатив дека за да бидам со друг, не би требало да го сменам моето автентично и единствено јас.
  • Од Сара Симоска
  • ФЕМ 101
Колку вреди неплатениот труд на жените?
Како да му објаснам на мојот 3 годишен син дека „на мојот компјутер нема цртан и мама праќа меил“? Честопати незавршената работна задача подразбира останување доцна во ноќта, за да се доврши несработеното.
  • Од Тања Стоименовска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Синдромот на дифолт родител
Или со други зборови “Детето си бара мајка”
  • Од Симона Симјаноска Ивановска
  • КВИР, ФЕМ 101
Кралиците кои создаваат кралици
Писмо на Миз Крекер која пишувајќи за нејзината релација со дрег-мајката, низ приказната за љубовта, пријателството, поддршката и растењето, доближува една перспектива за животот во дрег заедниците.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Зошто идејата за „родoт“ предизвикува бурни реакции ширум светот?
Сè повеќе, авторитарни личности го споредуваат „родот“ со „комунизам“ и „тоталитаризам“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Амбер Херд е несовршена жртва
Дали јавното говорење за партнерско насилство само им дава можност на насилниците да го продолжат злоставувањето на нивните жртви преку судските системи?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Ментален товар
Менталниот товар е продукт на вообичаеното организирање на едно просечно домаќинство во кое еден од партнерите, обично жената, има улога на „микро-менаџер“.
  • Од Мартина Стојковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Противотровот на нашата егзистенцијална беспомошност
Ник Кејв за тоа како да ги исполниме нашите животи со величествена смисла.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Неуспешната родова транзиција во Кожата во која живеам на Педро Алмодовар (La piel que habito, Pedro Almodóvar)
Ако ја боли, ќе си трпи.
  • Од Анастасија Марковска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Што е муабетот со манифестирање?
Постојат нешта кои ги посакуваме, вредности во кои веруваме и визии кои нè движат. Сакале или не, свесно или несвесно, успешно или неуспешно, правиме чекори кон нив.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
За неуспешните жени
8 Март беше и треба да остане симбол и поттик за борбата на непривилегираните, за солидарноста со неуспешните.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Александрија Окасио-Кортез за победата на Бајден, загубата во Домовите и што следува за левицата
Окасио-Кортез ги отфрли неодамнешните критики од некои членови на Демократскиот дом кои ја обвинија левицата на партијата дека ги чинела неколку важни позиции. Некои од членовите што изгубија, рече таа, станале „седечки патки“.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Прашање на почит, воспитаност и љубов
Средствата и формите на борба се различни во зависност од општествено-политичкиот контест, но за мене најпредизвикувачки останува да ги „ловам“ меките форми на ненамерно репродуцирање на патријархални вредности и очекувања, често и низ суштински искрени „најдобри намери“.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Со операцијата за потврда на родот конечно ќе можам да живеам слободно
И покрај тоа што сум редовно вработена како застапник и активист за трансродови права во граѓанскиот сектор и редовно плаќам здравствено осигурување, државниот здравствен систем не ги признава и компензира трошоците за ваква операција.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Република на пријателството – Блискоста на маргините
Опишувајќи го пријателството на неприфатените, но и тоа како на маргините на социјалните норми се појавуваат мали, приватни републики на неприлагодените, писателката ја исполнува мисијата својот глас да им го позајми на луѓето во тишината.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
смешно
  • ФЕМ 101
Што е тука смешно?
Пред неполни две недели македонската јавност се разбуди во едно од најодвратните случаи на родово-базирано насилство во земјава—Телеграм групата Јавна соба, чиј опис уште поодвратно гласеше ,,дружење и зезањe''.
  • Од Елена Петрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПРВО ПА ЖЕНСКО #9
Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Семејството на прво место: Подемот на антиродовото движење во Северна Македонија
Говорот на омраза насочен кон ЛГБТ заедницата во Северна Македонија е во пораст, но жртвите ретко го пријавуваат. Во меѓувреме, „антиродовото“ движење, остварува придобивки.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Every body is a beach body
Заеби кој што ќе каже или како ќе те погледне. 40 степени е, облечи бикини, шорцеви или кратко фустанче, ок е.
  • Од Кика Авеиро
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
ЦИЦКИ, КВИР, ШТО?
B-PROJECT Е КВИР КРИТИКА НА ФОТОГРАФИЈАТА И ОПШТЕСТВОТО
  • Од Елена Петровска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Завршни зборови
Верувам дека светот е создаден за нежност, надеж, љубов, солидарност, страст, радост. Но, во светот има ужасна, неподнослива количина насилство.
  • Од Лени Фрчкоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Апсурдноста на модерните вештерски кампови во Јас не сум вештерка (2017)
Што се случува кога мислењето на колективот ќе се земе здраво за готово, а молчењето како потврден одговор.
  • Од Радица Стојановска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Предавање на Лоренцо Бернини „Merde alors! Неофашистичкото татенце маршира кон Брисел“ во МСУ
Предавањето ќе се одржи во во Музејот на современа уметност во Скопје на 11 февруари, со почеток од 19.00 часот.
  • Од Тимот на Медуза

Момент...

No more pages to load

1 2 … 16 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram