Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • ФЕМ 101
ИЗГЛЕДОТ КАКО ПРЕПОРАКА
И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска.

Луѓето судат врз основа на надворешниот изглед во истиот момент на запознавањето. Надворешниот изглед е најчесто првото нешто што го забележуваме кај една личност, и врз основа на тоа донесуваме (најчесто неосновани) заклучоци за полот на личноста, културата и средината од која доаѓа, религијата, а неретко и за самиот карактер на личноста. Овие заклучоци, кои претставуваат предрасуди засновани на надворешните карактеристики и квалитети на личноста, често претставуваат и основа за дискриминација.

Сé поголем станува интересот за улогата на физичката привлечност како фактор кој влијае на однесувањето на луѓето, што неминовно претставува уште една основа за категоризирање на луѓето која, иако навидум наивна, пред сé поради својата широка прифатеност и распространетост, доведува различни луѓе во ситуации на нееднаков третман. Постојат различни позиции во дискусиите на оваа тема кои се протегаат од позиции на релативност на вкусови, па сé до дефинирање на овој вид на третман како посебна категорија на дискриминација регулирана со закон.

Како и кај сите видови дискриминација, така и овој случај претставува попречување на одредени лица да се вклучат во различни аспекти на општеството преку поставување на бариери за остварување на еднакви можности во различни сфери на живеењето, вклучително и на пазарот на трудот. Оттука, значајноста на надворешниот изглед на една индивидуа во процесот на вработување е забележлива во најразлични форми.

И покрај тоа што овој вид на дискриминација навидум делува родово-неутрален, сепак работната средина не е. Појавата на овој вид на дискриминација особено поттикна појава на голем број истражувања за поврзаноста на родовата дискриминација и надворешниот изглед, кои покажаа дека надворешниот изглед сам по себе изгледа како да нема негативни ефекти при изборот на кандидати за вработување, меѓутоа кога ќе се стави во интеракција со родовата компонента предизвикува сериозни дискриминаторски последици (изненадувачки или не) врз жените. Можеби на прв поглед ни изгледа дека станува збор за прилично субјективна проценка или само прашање на вкус во однос на надворешниот изглед (она што за една личност е привлечно, за друга личност можеби не е) сепак постојат некои универзални карактеристики кои придонесуваат една личност да се смета за повеќе или помалку привлечна, а кои се релативно константни низ времето и во различни култури, како на пример симетричност, просечни црти на лицето, итн.

Почнувајќи од самите огласи за работа, па сé до чинот на вработување, надворешните карактеристики на личноста неретко претставуваат значајни чинители кои се присутни во рамки на различни аспекти на пазарот на трудот. Затоа сé уште наидуваме на работодавци кои претпочитаат да вработат жена на одредени работни позиции, односно во огласите за работа директно наведуваат дека позицијата е наменета за жена и покрај законската забрана за истото. Многу често работодавците своите постапки за овој вид на дискриминација ги темелат на аргументи од типот дека конкретна работна позиција е “типично женска“, а најчесто станува збор за позиции како рецепционерка, секретарка, продавачка, итн. Нејасно е на која основа се донесуваат заклучоци за ваквото етикетирање на работните позиции, а оттука уште помалку за дополнително вметнување на факторот “надворешен изглед” како критериум за квалитетно извршување на работните обврски.

Со цел да се оправда овој вид на нееднаков третман од страна на работодавците, дел од економистите мака мачат да ја најдат поврзаноста помеѓу продуктивноста на работното место и дискриминацијата заснована на надворешниот изглед. Така, од аспект на работодавецот, за било кое вработување, унапредување или наградување на вработените кое се заснова на примена на дискриминација врз основа на надворешниот изглед, а резултира во зголемување на продуктивноста, дискриминацијата е оправдана. Ова произлегува од фактот што голем дел од работодавците веруваат дека привлечниот надворешен изглед на вработените придонесува за поголем успех на нивните компании и оттука следење на настојувањето да се вработуваат лица врз основа на надворешниот изглед и покрај нелегалноста на самата постапка и по цена да истата да повлече правна одговорност. Самите работодавци надворешната привлечност често ја поврзуваат со поголема самодоверба на вработените, па оттука и подобар перформанс на работното место од останатите. Оттука, често ќе наидеме на огласи за работа во кои работодавецот меѓу останатите квалификации потребни за одредено работно место наведува и квалитети како што се: привлечна, со добар изглед, висока, симпатична, итн. Воедно ќе прочитаме и дека заедно со биографијата кандидатките треба да приложат и најнова фотографија или дури линк до нивниот профил на некоја од социјалните мрежи. Меѓутоа, критериумот на “привлечност” е присутен и онаму каде што не е директно наведен како потребна квалификација. Со развојот на интернетот процесот на потрага по кандидати за вработување е целосно променет, така што веќе самите работодавачи располагаат со голем број алатки преку кои лесно можат да ги визуелизираат кандидатите за работа.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето многу често се водат од стереотипи за надворешниот изглед, односно претпоставуваат дека лицата кои се физички привлечни воедно поседуваат и други позитивни карактеристики, вклучително и интелигенција, комуникативност, искреност, успешност, итн. Оттука, неминовно е лицата кои се водат од овие стереотипи да бидат под влијание на истите во процесот на интеракција со кандидатите за работа, што влијае на крајниот избор и вработување на одредено лице. Кога две подеднакво квалификувани жени аплицираат за иста позиција, работодавецот претпочита да ја вработи кандидатката за која смета дека е попривлечна, пред сé бидејќи општеството нé учи да ја поврзуваме надворешната убавина со позитивни карактеристики на самиот карактер на личноста.  Некои истражувањата исто така покажуваат дека привлечните луѓе се многу поуспешни во стекнувањето вработување, а воедно и располагаат со повеќе можности на работното место, отколку помалку атрактивните[1]. Верувањето дека “убавото е добро” и “сексот продава” е толку широко прифатено што многумина не можат да ги препознаат негативните последици, во случајов економски, што ги предизвикуваат на одредени лица.

И покрај тоа што жените долго време ја водат битката за докажување на својата компетентност и квалификуваност на пазарот на трудот, на моменти и самите тие се обесхрабрени од праксата на вработување врз основа на привлечен надворешен изглед и убава насмевска. Интеракцијата на родот и надворешниот изглед резултира во нова форма на дискриминација од која жените повторно во поголема мера ги сносат негативните последици на пазарот на трудот. Аристотел рекол дека личната убавина е поголема препорака од било кое писмо на препорака, меѓутоа кога веќе знаеме дека таа препорака може да претставува основа за нееднаков третман и да има сериозни последици за одредена личност, не претставува ништо друго освен дискриминација. Во овој случај вработувањето се сведува само на еден обичен натпревар во убавина.

 

 

 

 

 

 

 

[1] Zakrzewski, K. (2005). The Prevalence of “Look”ism in Hiring Decisions: How Federal Law Should be Amended to Prevent Appearance Discrimination in the Workplace. Journal of Labor and Employment Law, 7(2), 433.

НАПИШАНО ОД:
  • Бојана Јовановска
  • January 9, 2019
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
За Атиџе, хероината на дваесет и првиот век
Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд.
  • Од Калина Качoровска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Со ПичПрич ги нормализираме женските искуства: Интервју со Ана Василева и Румена Бужаровска
Оние жени што ќе се охрабрат да зборуваат за нешто субверзивно и проблематично на сцена со самото нивно појавување веќе прават општествено поместување.
  • Од Калиа Димитрова
  • ФЕМ 101
Глорија Стајнем: Вистината ќе те ослободи, но прво ќе те напне!
Брилијантноста на ова дело е што може да допре буквално до секого – начинот на кој Стајнем твори е непроценлив, а игривоста и хуморот во нејзините реченици влеваат некое чудно чувство на надеж дека и покрај тоа што борбата е тешка и долга, сепак не сме сами.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Да се биде новинарка во Македонија
И покрај многубројните вербални и физички напади врз новинарките, повеќето резултираат со осуда од страна на здруженијата кои ги штитат новинарите и од јавноста, но неретко институциите остануваат неми и не излегуваат со јавен став против нападите.
  • Од Гала Насева
  • ФЕМ 101
Грижа за менталното здравје: Справување со социјална дистанца, карантин и изолација
Неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.
  • Од Иво Куновски
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Фиона Сампсон – Три песни
Жени во текст е темата на првиот Меѓународен ПичПрич што ќе се одржи во четврток, 29 април
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Што гледав кога ја гледав Бритни Спирс?
Вистината за состојбата на Бритни доцни. Само за еден краток миг, пред да се актуализираат темите поврзани со менталното здравје и грижата за себе, светот сеирџиски и малициозно го коментираше сломот на една талентирана жена.
  • Од Кристина Атанасова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Марш за 8 Март
Сиромаштијата има женско лице.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, ФЕМ 101
Улогата на „крвните сестри“ лезбејки во борбата против СИДА во 80-тите
За лезбејките кои храбро се обединиле за да им помогнат на геј мажите заболени од СИДА и им се спротивставиле на стигмата и неправдите врз квир заедницата.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Повредите на една класа: Текстилниот погон како страв и трепет
Влегуваш како на минско поле. Една ако се разболе, ојдеме сите.
  • Од Ена Бендевска
  • ФЕМ 101
Фемицид – од спалувањето на клада до женските инфантициди
Потребно е одвојување и разликување на фемицидот од останатите видови насилство
  • Од Ангелина Станојоска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Зад воланот
Ода за движењето, трансформациите и наоѓање засолниште во непостојаното 
  • Од Калиа Димитрова
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Мизогинијата упатена кон убавите жени
Кон „Моето тело“ на Емили Ратајковски.
  • Од Елена Гаговска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Писма од Украина (прв дел)
Ги споделуваме написите од дневниците на неколку девојки и жени од Украина, од првите денови на руската инвазија.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Жени кои ја зеле правдата во свои раце
Од Сестринствата во Шангај до Окупа во Мексико, ова се групите жени низ историјата, кои се обиделе да се оттргнат од идејата за полициска заштита и наместо тоа, на насилството одговориле на свој начин.
  • Од Благица Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Низ уметничките соработки ги преобликуваме начините на тоа како (можеме да) живееме заедно
Интервју со кореографката и изведувачка Викторија Илиоска по повод премиерата на нејзиниот нов танцов перформанс „Ми треба ново тело“
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Библиотеките како простор и за квир заедниците
Каква е праксата во клучните светски библиотеки со кои соработува НУБ и зошто библиотеките треба да бидат сигурен простор за ранливите млади луѓе.
  • Од Лени Фрчкоска
  • ФЕМ 101
Не ни требаат ветувања и уверувања, ни требаат санкционирани сторители и правда за жртвите
Солидарноста и емпатијата кон жртвите е првиот чекор на отпор против патријахалниот шовинизам. Поддршка за жртвите, не сте сами и вие не сте виновни!
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Родово и телесно пречитување на практиките на „пумпање“ и „цицање“
Кон танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска.
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
„Френсис Ха“ – првото „дете“ на Бамбах и Гервиг
Френсис е збунета, смотана, изгубена, весела, разиграна, уморна, висока, смешна, харизматична и чудна. Има 27 години и нема стабилна врска, работно место или дом. Често е сама и повремено осамена.
  • Од Калина Качoровска
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • ФЕМ 101
Феминистичка 2018!
Со желба да рефлектираме кон она што сме го постигнале во измината година, но и она што не' размрдало, возбудило, вознемирило, во денешниот текст неколку авторки од Медуза издвојуваат значајни моменти од 2018 година.
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Држава што не постапува е држава што силува
Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат!
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Феминизмот и сексуалната работа
„Јас сум сексуална работничка, доброволно ја избрав оваа професија, ги заслужувам сите права како и било која друга жена!”
  • Од Елеонора Чичевска и Маргарита Глигуроска
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Стварно ли ни требаат машки херои во женска верзија?
Зошто да не правиме нови наративи со сосема нова динамика и заплет, какви до сега не сме виделе? Зошто да не почнеме да си ги градиме визиите за нов подобар свет без атачмент кон стариот?
  • Од Билјана Кочоска Танеска
  • КВИР, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Кој се плаши од Прајд парадите?
Од говор на омраза против ЛГБТ заедницата до националистичка реторика.
  • Од Елена Гаговска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Историскиот миг на кој Милена Радуловиќ му даде лице
Од моментот кога Милена Радуловиќ одлучи да проговори и да го пријави насилникот за сексуално насилство, веќе ништо не е исто.
  • Од Лени Фрчкоска
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Преведувачка работилница: Оснажувачкото еротско во поезијата на Одри Лорд
Компарација на препеви на две песни од Одри Лорд
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Проблемот кој нема име
Извадоци од поглавјето од книгата Женската Мистика (The Feminine Mystique, 1963), Бети Фридан
  • Од Гала Насева
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Лезбејскиот бакнеж е револуција
Како и што да се пишува за првиот лезбејски бакнеж на дваесеттина квир жени кои го споделија своето искуство со нас? Како да се пишува во името на Х број лезбејки и квир жени кои не го сторија тоа? Има ли воопшто потреба да се каже нешто универзално за едно лично, интимно и субјективно искуство какво што е ова?
  • Од Душица Лазова
  • ФЕМ 101
Сопствена (универзитетска) соба
Зошто сè уште постои потреба од женски колеџи?
  • Од Милена Сливоска
  • ФЕМ 101
Што направивме: Краток осврт на една година Медуза
Пред точно една година во јавниот простор се појави Медуза со првиот текст „Феминизам, јас и ти“, но всушност Медуза во мојот живот се појави пред точно две години.
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Викторија
Изложба на фотографии по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Андоновистика (втор дел)
Лелееее! Венко, бре, не замарај!
  • Од Лени Фрчкоска
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Опкружeте се со заедница што ќе ве мотивира: Интервју со Katerinha
Бидувањето независен уметник е стресно и кога нема пандемија, така да им препорачувам на сите кои имаат пријатели во уметноста да проверат дали им треба помош.
  • Од Вања Кирова

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram