Skip to content
  • За нас
  • Контакт
Menu
  • За нас
  • Контакт
Facebook-f Instagram
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • MЕДУЗА TV
Search
Close
  • КВИР, МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Каде ни е дома?
Колку сме всушност безбедни во привремените простори за домување.

Во Скопје, како и во сите места на светот каде што престојуваат студент(к)и и има изразено економска, социјална и културна централизираност, постои град во град. Оваа неупадливо обележана територија се изделува од останатите куќи и станови и може слободно да се каже дека донекаде функционира хетеротописки во однос на останатите простори за домување. Со тоа отвора многу прашања за условите, општествениот контекст и луѓето коишто живеат таму. За хорор приказни поврзани со превисоки цени, супстандардни услови и ужасни газди можеме да зборуваме до недоглед, но она што ретко се среќава во онлајн групите за барање за простор за изнајмување се инцидентите со сексуалните предатори кои ги демнеат луѓето (девојките) кои живеат како кираџи(к)и, а често и во студентските домови.

Впуштањето во пазарот на недвижнини значи и зачекорување во еден строго контролиран хиерархиски простор, каде што невработената студентка, самохраната мајка и квир младите не се тие кои поставуваат граници. Без разлика на внимателно испланираните постапки и претпазливоста при изборот, овој процес не е ослободен од динамиките на моќ, социјалниот и финансискиот статус на потстанарите и локалниот контекст, којшто кај нас подразбира еден мувлосан патријархален тапет.

Кога барате стан или било каков простор за домување под кирија постапката е скоро секогаш иста: објавувате оглас на некоја од групите на Фејсбук, добивате неколку пораки со апсурдни цени и нефокусирани фотографии од некое подрумче или поткровје и сфаќате зошто истиот стан си седи празен и се врти со месеци по сите огласни групи. Покрај ваквата банална ревија на пожолтени дневни соби, којшто ви се единствено финансиски достапни, одеднаш наидувате на објава со фотографии со цензурирани имиња и неписмено срочени пораки. Сте слушнале неколкупати досега за силеџии кои изнајмуваат станови и ги вознемируваат најчесто кираџиките, но вака одблиску повторно сте шокирани, бесни, но сепак донекаде и задоволни дека девојката се осмелила да ги објави овие фотографии. И така се дур не отворите во коментари каде што дискусиите за моралот на потстанарката што не се спакувала истата вечер и оплакувањата за јавниот линч на силеџијата се во полн сјај. Ваквите виктимизации не сe ништо ново, напротив, веќе се неизоставен дел од патријархалната кујна на социјалните мрежи. И секако, најчесто доаѓаат од случајните пешаци во нашето општество на кои, ете, никогаш вакво нешто им се нема случено.

,,Во првите години од студирањето живеев под кирија во куќа, а над мене живееше газдата со сопругата. Таму доживеав вистинска траума: влегуваше кај нас често (живеевме само женски), замараше во секоја прилика, кога и да не видеше дофрлаше некоја невкусна шега или перверзен коментар кој тој го сметаше за шега. Освен тоа сакаше често да зирка низ завесите во собите, се закануваше дека ќе не избрка ако се заклучуваме дека тоа била негова куќа и можел да влегува кога сака и каде сака. Кога ми пукна филмот и заминав од таму, го објавив на социјалните мрежи, но за жал јас добив многу погрдни коментари и навреди од луѓето кои читаа низ што поминав. На крајот, жената е секогаш виновна.”

Причините зошто најчесто потстанарките не се во состојба едноставно ‘да се спакуваат’ и се принудени извесно време да трпат небезбедни услови произлегуваат токму од фактот што воопшто се во ситуација да бараат простор за привремено домување. Прекарниот статус на најголем број од ранливите категории коишто се честопати мета на насилство и вознемирување е тој којшто ги држи кираџиките во вакви околности. А до тој прекарен статус се стигнува особено лесно во стриктурално патријархалните општества како нашето. Причините за ова се добро-познатите дежурни виновници: родовиот јаз во платите, родовиот јаз во работоспособното вработено население и назадните практики со имотното наследство во РС Македонија.

Овој контекст во ќош ги втурнува токму оние коишто не се во состојба да излезат од егзистенцијалниот вртлог, па така имаме очигледни демографски импликации врз огромен дел од населението. Само 16,6 проценти од имотите во Република Северна Македонија се во сопственост на жени, во споредба со 83,4 проценти кај мажите. Состојбата со жените од руралните средини е уште поаларматна. Истражување од 2017 за жените од Полошкиот регион покажува дека 68 отсто од анкетиранитe жени кажале дека нивната сопственост е регистрирана на име на сопругот, а само 13 проценти од семејствата изјавиле дека сопственоста е на име на жената. Квир младината во Северна Македонија се соочува со уште потешка и поопасна ситуација. И покрај тоа што семејниот дом ретко кога не е извор на стрес и траума, просторите за привремено домување се исто толку потенцијално опасни места за живот.

,,Сум била избркана од стан под кирија само поради мојот родов идентитет. Кога го изнајмив станот газдите не ни знаеа дека јас сум трнасродово лице, но по едно мое појавување на национална телевизија добив повик од газдите дека јас морам да го напуштам станот за рок од 15 дена иако во договорот стоеше дека за да го раскинам мора да известам или да ме известат 1 месец однапред.”

 

Ковид-кризата дополнително ја усложни работата со секој вид на мобилност на жените и квир младите. Не секој може да го замисли развојот на настани каде и покрај небезбедноста на привремениот простор за домување, принудени сте да останете таму затоа што или немате каде да се вратите или едноставно немате пари за нов простор. Ова особено важи за студентките. Престојот во студентските домови за време на студирање подразбира не само живеење во заеднички простор за домување, туку и најчесто пристап единствено до руинирани и небезбедни заеднички тоалети.

,, Во студентскиот дом „Кузман“ во Скопје, каде што живеев кога бев студентка (2006/2007) туш кабините и вецеата беа комунални за целиот кат, а во собите на мојот кат живееја главно парови (иако блокот беше женски). Од трите туш кабини само една беше исправна, а и таа не беше безбедна за користење. Откако неколкупати непознато лице (лица?!) се обиде да ја тргне завесата додека се туширам и се обиде да снима со мобилен телефон одозгора од соседната кабина или оздола под завесата, почнав да се туширам исклучиво со придружба и тоа го правевме речиси сите женски лица што престојувавме во домот. Една на друга си чувавме стража на достоинството.“

Сексуалното насилство во студентските домови е детално документирано последниве години во САД, но за жал кај нас е моментално само нешто кое се подразбира и за кое сме слушнале од другар(к)и. Еден важен аспект којшто честопати отсуствува од дискусијата за сексуално насилство или вознемирување и согласноста, е тоа како просторот може да го овозможи и олесни овие престапи. Додајте го кон ова и прашањето за сопственост и имате една пространа и неодредена зона со имплицитни динамики на моќ, каде нетипичен е секој обид за преговарање на граници. Во публикацијата “Sexual Citizens: A Landmark Study on Sex, Power and Assault on Campus”, Херш и Кан мапираат корелација помеѓу просторните динамики како контрола, пристап и чувство на удобност и сексуалното вознемирување и/или насилство. Во еден напис за нивното истражување тие го спомнуваат мебелот, возраста и апсолвентските соби како важни варијабли во контекст на согласноста и сексуалното вознемирување. Отсуството на било каква студентска едукација за сексуално вознемирување резултира со намален квалитет на образование, чувство на небезбедност и секако, трауматични искуства за кои никој не одговара.

Неконтролираното ширење на пазарот на недвижнини и монополизирањето на просторите за домување во контекст на нашата патријархална реалност не дава знаци за некакво системско решение на проблемот со насилството и вознемирувањето кај потстанар(к)ите и студент(к)ите. Сопственоста, и уште поважно чувството на поседување на извесен простор, честопати зафаќаат поголема површина од фактичката реалност и знаат да си го најдат патот до нашиот личен простор и приватност.  Во отсуство на квалитетни пракси за заштита се создаваат неформални начини на кои се предупредуваме едни со други и споделуваме искуства. Ова е секако далеку од доволно и не се зафаќа детално и системски со проблемот, но покренување на ваква јавна дебата е првиот чекор кон воопшто отворање на ова прашање.

НАПИШАНО ОД:
  • Елена Петрова
  • November 29, 2021
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Meet the future: Интервју со колективот на дрег кралици The Haus of Fauché
На 26 декември, благодарeјќи на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, имавме чест, задоволство и привилегија да го проследиме блескавиот настап на дрег колективот The Haus of Fauché, првиот дрег колектив во Македонија. Уште веднаш бевме свесни дека овие четири кралици ќе го донесат дрегот како редовна понуда во Скопје, нешто за што очигледно градот чезнееше (особено судејќи по посетеноста на настанот).Пред да ја стекнат славата за која очигледно се предодредени, не можевме да одолееме на можноста да поразговараме со сите нив за нивните почетоци, емоциите по првиот настапот, дрег културата и плановите за иднината.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Инстаграм – гнездо на уметнички
Неколку уметнички чии дела варираат од забранети автопортрети до искрени исповеди и ноар фотографии.
  • Од Анастасија Марковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Гледаме порно: Отворено и искрено за женската сексуалност
Порно преференците не треба да се дочекуваат со осуда и стигма, туку за нив треба активно да дискутираме, да се преиспитуваме, да разменуваме информации, совети и, секако, порно страни кои го претстaвуваат и застапуваат она во што веруваме и сакаме да го гледаме, бидејќи очигледно, многу од нас гледаат порно.
  • Од Калиа Димитрова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
ПичПрич: Влакна
Во 20.00 часот во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.
  • Од Тимот на Медуза
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, ФЕМ 101
Машините можат да ги нагласат проблемите, но не се тие кои го создаваат хаосот: Интервју со Албена Баева
Мојата интерпретација за јавното наспроти приватното e како интимно наспроти споделено. Во моите интерактивни инсталации си играм со преклопните точки меѓу тие два концепта.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Политиката на трудничкиот стил на Ријана
Кога ќе се вкрстат правото да имаш контрола врз сопственото тело и правото да се облекуваш онака како што сакаш.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Последните моменти од одлуката Ро во една од најголемите клиники за абортус во Америка
Во клиника за абортус во Хјустон, ден на вознемиреност, конфузија и страв откако Врховниот суд го укина уставното право на абортус.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Интуицијата како отелотворено знаење
Имам некое чувство што не можам да си го објаснам, но тука е.
  • Од Ана Блажева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
КРИК 06 : : Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина
Предавање на Катрин Малабу, проследено со дискусија модерирана од Петар Милат и Славчо Димитров „Жена, женственост, трансфеминизам: алтернативи или дилеми?“
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Неутрално дебела
Бунтот кон правилата го почнав со тоа што го преземав назад зборот дебела од оние кои го користеа за да ме повредат.
  • Од Вања Кирова
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жена на годината
За справувањето со родово заснованото насилство и вистинските жени на годината.
  • Од Тимот на Медуза
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Немаме повеќе време ниту трпение за декларативни заложби за родова еднаквост во спортот: Интервју со Силвија Митевска
Спортистките и нивните спортски резултати и достигнувања се ретко претставени во медиумскиот простор, а во случај кога се претставени, тие најчесто се поврзани со изгледот. Спортските достигнувања се потценети и се во заден план.
  • Од Бојана Јовановска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Зошто жртвите на сексуално насилство истапуваат “дури” после извесно време?
Она што можеме да го направиме за жртвите на насилство, ако ги познаваме, е да обезбедиме безусловна емпатија и поддршка откако ќе ни се доверат
  • Од Лени Фрчкоска
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС: РАБОТНИЧКИ И РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! ЗАЕДНИЧКИ ВО БОРБА ЗА НАШИТЕ ПРАВА!
Помина повеќе од една година од пандемијата, а работничките и работниците, сиромашните, младите, жените и сите послаби општествени групи се оние што најмногу страдаа и ќе продолжат да страдаат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Сребрениот бран
Да се изразуваме како што се чувствуваме е слобода која најчесто одбираме да не ја прифатиме
  • Од Ана Илиева Лара Тасковска Надеж Кристела Нсингоулоу Николоска Емилија Кузмановска
  • ДИЈАЛОЗИ, ФЕМ 101
Искра во борбата против домашното насилство: Интервју со Анастасија Младеновска
Автобиографска приказна за борбата на едно девојче.
  • Од Ива Станојковска
May Sarton
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Како да се живее нежно во свет кој е суров
Меј Сартон за тоа како да се победи смртоносната рамнодушност на денешното време.
  • Од Тимот на Медуза
  • КУЛТУРА, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Како да се борам за подобро утре, кога веќе не ни верувам во утре?
Ода за откажувањето, автодеструкцијата и потрагата по надеж.
  • Од Калиа Димитрова
Hands
  • КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Стареењето, телото и погледот
Кон расказите „Невидлива жена“ од Славенка Дракулиќ и „Жената на каменот“ од Иво Андриќ
  • Од Радица Стојановска
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
НЕ треба да значи НЕ! – „Нетипичните“ жртви на силување во Македонија не можат да го пријават и да го докажат делото
Кривично дело силување според Кривичниот законик во Македонија е само доколку е употребена физичка сила и закана врз жртвата од страна на сторителот и даден видлив отпор од страна на жртвата. Случаите во кои отсуствуваат овие два елемента, а сепак се работи за силување, се невидливи и непризнаени од нашите институции.
  • Од Марта Стевковска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
„Нè третираа како животни“ – Приказни од породилните сали
Сестрите ми викаа „Не ти кажаа како е на пораѓај?! Убаво ти беше кога го правеше, сега што викаш, што плачеш?“
  • Од Калиа Димитрова
  • ДИЈАЛОЗИ, КУЛТУРА, МОЕ ТЕЛО
Цели генерации девојки пораснаа заедно со ППЖ: Интервју со Тиииит!Инк
Евоцирање на спомени од Прво па женско 2019
  • Од Калиа Димитрова
  • КВИР, ФЕМ 101
Зошто Скопје Прајд?
Затоа што никој не е слободен, додека сите не се ослободат.
  • Од Тимот на Медуза
  • КВИР, КУЛТУРА, ФЕМ 101
C.A.R.E.
Култура на солидарност како место на соживот:::::
  • Од Душица Лазова
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
Спокојното поврзување на телото и просторот
Ве запознаваме со Ивана Јовановска, поетеса од Скопје која се занимава со прашањето на телото и просторот (кон внатре и кон надвор) каде тоа се развива, боли, се бунтува...
  • Од Тимот на Медуза
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Со интеракција и запознавање меѓу заедниците во борба против говорот на омраза
Штетата која се нанесува со говорот на омраза против Ромите е повреда на достоинството на една цела заедница.
  • Од Марија Сулејманова
  • ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Жени жртви или жени злосторници­?
Случајот на Пале Илкоска.
  • Од Тамара Славеска Апостоловски
  • КВИР, ФЕМ 101
Радикална пријателска љубов
Зошто да не ја славиме пријателската љубов на начинот на којшто ја славиме романтичната љубов?
  • Од Елена Гаговска
  • КВИР, ФЕМ 101
@Skopje Queer Youth
Ново онлајн едукативно место за квир теми <3
  • Од Тимот на Медуза
  • ФЕМ 101
Ненси Фрејзер: Како феминизмот стана слугинката на капитализмот – и како да се врати назад
Движењето кое започна како критика на капиталистичката експлоатација сега придонесува клучни идеи во својата најнова неолиберална фаза.
  • Од Гала Насева
  • КУЛТУРА, ФЕМ 101
“Бенд со женски вокал” не е факинг музички жанр!
Навистина сакам да ги имам одговорите или брзо решение за тоа како да создадеме еднаква репрезентативност помеѓу мажите и жените во музичката индустрија, но тоа е нешто што ќе треба време да се промени.
  • Од Игор Јадровски
  • КВИР, ФЕМ 101
Што е нормално?
Најлошата услуга која си ја правиме себеси е да се ограничиме на она што било и она што досега сме можеле да го видиме и осознаеме.
  • Од Билјана Кочоска
  • МОЕ ТЕЛО, ФЕМ 101
Болката е нашиот отпор
Кон создавање речник за болката.
  • Од Ангел Димитриевски
  • МОЕ ТЕЛО, ПЛОШТАД, ФЕМ 101
Абортус на слободата на избор под светото начело „за живот“
Десничарските конзервативни партии и во Европа и во САД имаат слични политички аспирации во насока на забрана на абортусот
  • Од Марта Стевковска

Момент...

No more pages to load

1 2 … 15 Next »

Категории

ФЕМ 101
КУЛТУРА
МОЕ ТЕЛО
КВИР
ДИЈАЛОЗИ

Корисни линкови

ЗА НАС
КОНТАКТ
БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Copyright © Медуза 2023 | Developed by MASIVA

Scroll to Top
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Menu
  • ФЕМ 101
  • ПЛОШТАД
  • КУЛТУРА
  • МОЕ ТЕЛО
  • КВИР
  • ДИЈАЛОЗИ
  • ЗБОР
  • ПЕСНА
  • MЕДУЗА TV
  • ЗА НАС
  • КОНТАКТ
Facebook-f Instagram